Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    Јас мислам ДА! Имаше и објаснување од експерти за ова. Пробајте да ја најдете статијата ,,Оставете го детето да се извалка'' Mногу корисна да се прочита. И заборавете на користење средства за дезинфекција на раце после секое допирање на нешто. Само контра ефект се постигнува

    @Cosmi и сте шо ги занимаше името на кралското бебе
    The Duke and Duchess of Sussex are delighted to announce that they have named their son Archie Harrison Mountbatten-Windsor.
     
    На WildMk, ane.bella, Alishan30 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    103.105
    Пол:
    Женски
    Епа @Sesil во плевна на зима во сено таму правени таму раѓани и што рече @John Snow во седум сите легнувале и сите деца правеле сите зафатени никој никого не гледал.
    Женска денес си ми позитива на денот ме пресмеа :*.
     
    На WildMk, TeddyGrey, ane.bella и 14 други им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 сега една колешка се врати од Врњачка бања, досадија вика ептен...
    Мој совет Соко бања, башка за неа од времето важи "Одеш стар, доџеш млад":D ја препорачуваат ептен за лица со респираторни проблеми, била најдобра воздушна бања во регионов.
    Ние се токмиме за подмладување:Dа пред се ради Пупче дека многу осетлив на бели дробови, ама никако да дојде ред.
    Од блиски луѓе, викаат има и за шетање, а да не збориме за јадење, пиење:D
    Апартмани, хотели за доста солидни цени.
    Тукууу чек не брзајте, ај ќе идеме еве заедно и @M&M сакаше да оди заради децата, па и групно ќе се подмладиме:rofl:

    Полека но сигурно ни почнува сезона после градинка парк,попладне парк или во превод цееело попладне во парк(facepalm)
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, TeddyGrey и 23 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.697
    Допаѓања:
    149.319
    Пол:
    Женски
    Ајдееее се се ама ова Mountbatten од каде :)
    Богами стаеине биле по откачени сигурно, само пто не се зборело многу за тоа. И стварно немале друга занимација што да прават :D , ние сега секој на телефон или загледан во тв муабет ќе се заборавиме. И јас знам на баба ни дека доста деца и умирале на раѓање, сега наоредната медицина не го дозвомува тоа. @PUPICA сакав а не отидов овој мм ми мути вода, а уште ми се оди :), за врњачка не знам ама за соко бања како што разгледував на нет има многу да се види и прошета.
    Пмрчкам кафе ама поарно чај да си направев, имам чувство дека се разболувам.ќе видам после ако имам ѓумбир да си сварам тоа најмногу ме крепи
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, Alishan30 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    Убаво име Арчи,баш нетипично ројалити ,е сега повеќе ќе им личеше Артур или сл.
     
    На Alishan30, duffi, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    15972F9E-9828-4FB8-A8A9-5CF4A10A4194.jpeg
    Еве го Арчи. :inlove:
     
    На WildMk, WORRIED.BT, Alishan30 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    На Alishan30, duffi, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    77.434
    Пол:
    Женски
    Не можит, чичко Вил е Артур.
    Не се ко нас, во моја фамилија имаме дупликат имиња. Со исто презиме.
    Иван Ивановски и братучед му, Иван Ивановски.
    Толку да се немало осет за различно име да се стави.

    Mountbatten е од грчкиот принц Филип, мажето на Бетка. Баренберг во англиска верзија, демек не знаеме од која фамилија е.

    Мене Арчи ме потсеќа на Да пукнеш леле што ми направи
     
    На ♡BuBaLe♡, DAngel, Alishan30 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.240
    Пол:
    Женски
    да одите утре гашти на мажјата да купите :rofl:
    0AD45E88-3F5E-46B9-920A-A414E83772FC.png

    вистина ама убав квалитет имаат :nod:
     
    На ♡BuBaLe♡, diskreten32, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    93.855
    Пол:
    Женски
    И мене името Арчи ми е мех:smirk:
    Го глеав видеото,Меган ми изгледаше ептен напната,првпат ми заличи на вештачки насмеана.А и ја би била бога ми,два дена по пораѓај да треба пред камери да се смешкам и да одговарам на глупи прашања од типот”Какво бебе е Арчи” а оно еден ден старо(facepalm)

    @SV1911 да каже дали е подобро:hug:

    Јуле,со среќа на првачето,а на мама вработување:f:
     
    На ♡BuBaLe♡, DAngel, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Очекував да е повеќе на мајка му. Ама пак знаејќи на какви се днк тестови и истражувања подлежеше Меган се знаеше дека ќе е на тато.
     
    На WildMk, dunika, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека кралските семејства или оние кои имаат многу пари не ни забременуваат природно.
    ептен им дојде како нарачано одма после свадбата :) А Меган има и 37 години.
    Криси Тиген двете бремености и беа ивф па дури и изјави дека и за двете полот сама си го бирала.
    Ништо чудно и со војвоткиве ,и на двете прво па машко им се погоди:D
     
    На dunika, kuc, Biljarkata и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Арчи бе (facepalm) И мене ме асоцира на пејачот Арчи :lol:

    Меган се опнала на толкава штикла пустата, а ко едвај да стоеше ми изгледаше. И кога одеше, се шантраше на штиклите, ко во маки да беше (најверојатно и е). Како и да е, функциите им се такви, притисок пред јавноста, сите очи вперени во нив. Нека им е жив и здрав бебушот :) Ќе роди уште две сигурно, ќе ги иштанца ко Кејт и она :)

    Бебка си збори со мечињата, заиграна е, а јас сум ко воз да ме згазил. Настинав, пак :@ Јас не знам што е со мене веќе, мора да одам кај матичната. За три месеци пет пати се разболев :envy: Среќа немам температура, ама грлово партал ми е, носов чешма, и така. Препорачајте некој препарат за имунитет ако знаете, а да не е сируп. Имам гледано едни ќесички што се истураат во уста директно, како магнезиум, ама за имунитет беа. Да пукнам не ми текнува како се викаа.

    Бара лепче бебка, да одам да и’ дадам :D
     
    На ♡BuBaLe♡, DAngel, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    пробај со масло од семки од грејпфрут ако сакаш нешто поприродно. го има во аптеките http://herbanatura.mk/масло-од-семки-од-грејпфрут/?lang=en
    јас купувам некогаш од зегин ампули за имунитет,нешто со витамини се се пијат една на сабајле
     
    На dunika, CameliaMiller, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.978
    Пол:
    Женски
    Хола другари :)

    И јас сум од оние што мислат дека старите во тоа време биле и поперверзни од она што ние сме денеска. И раѓале многу, ама и им умирале многу. Баба ми по татко биле 9 деца, со тоа што најмладата тетка на татко ми врсничка со него :D

    Со баба ми по мајка, знаев и јас да си зборнам за тоа време. :) Во тоа време, таа немала гаќи, а дедо ми сакал да ја земе на коњ на ден на свадба. Па таа му рекла - ако сакаш да се качам на коњ, ќе ми купиш гаќи, како инаку да се качела сите ќе ја виделе? :lol: Така си ги добила првите гаќи. :muscle: :D Било срамота на мажот да се обратиш со неговото име, па место името викале “море” по мажот. (facepalm) Еднаш имале гости, и на баба ми и излетало името на дедо ми кога го викнала, сите ја загледале како којзнае каков грев да напраила, пропаднала од срам и нормално добила укори од старите како тоа било несоодветно. :rofl:
    И најсмешното, баба ми таква бела, плава, природно без ниедно влакно по тело, дур била млада посакувала да и пораснат влакна. Оти кога ќе виделе тоа време жена со влакна по нозете, сите коментирале - е таа е права жена! :D

    Ама колку мило ми беше на душава кога ќе ми се обратеше со “чедо” не можам да објаснам. :inlove: Или “бире” ама ова никогаш не сфатив што значи. :wasntme: Сега веќе.. си ја победува времето. Којзнае дали ќе ме препознае нареден пат кога ќе и отидам...


    Со маж најдовме ајфон на сред улица. Веројатно им паднал од мотор. Екранот беше сол, не можевме да одговориме кога ѕвонеше па го однесовме во полиција. Чичко полицаец не гледа и не прашува дали е наш. :| Да, сигурно да ми се скрши екранот на телефонот ќе им го однесам во полиција место на сервис. |(
     
    На ♡BuBaLe♡, DAngel, ane.bella и 30 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Маслово баш добро звучи, ќе земам да пробам :) Фала на препорака :*
     
    На dunika, kuc, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    и баба ми ме викаше бире, и никогаш не ми текнало досега на тоа, зошто почина кога бев основно...ах ме врати 20 години наназад , бире:inlove:
    порано немало технлогија, не се гледале серии и не се дремело на форум, се знаело што се прави навечер:D
     
    На ane.bella, WildMk, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    Секое време си има своја приказна.А дека старите на времето не биле невини ,ми покажува и една приказна за комшии соселани кои добро си живеат,дека си ги менувале меѓу себе партнерите,често и во исто време. Сега не би верувала ама сум слушала приказни од очевидци кои изигрувале воајери...:D
    Или имам братучедка која ,за жал,нема деца,а сум ја слушала баба ми како и велеше...
    -Будалче ,види пун рид сас војници (нели тогаш време на ЈНА,па вежби и такви работи),кој од кој поубав,избери си некој и заврши си работу,ќе си исчуваш детенце...:o
    А таа...
    -Бабо Мари,немој да те чуе ...,има да ти се наљути за век...
    -Ништо не разбираш ,нели видиш дека проблем е до њега а не до тебе...(било утврдено дека до него е)
    Јас со отворена уста ги слушав муабетиве и ништо не ми било јасно...:|

    За хигиена,па сите порано така живееле,мајка ми ми кажувала дека ќе собере крошна јајца,да ги продаде на пазар,да си купи сапун,црвило и белило...кутиите од нив се уште ги чувам,а какви биле по состав појма немам.Или чорапи ...или шамија,па покасно оние чорапи свилени...
    Кој знае па мојава генерација ќе биде смешна за моите внуци на пример....
    И така,испив кафе,и сега се шуткам што да правам.Не дека нема што да правам,ама не сакам да си најдам работа или занимација...
     
    На ♡BuBaLe♡, ane.bella, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.259
    Допаѓања:
    170.187
    Пол:
    Женски
    Мајче ми е на гости.
    Ја прашав што е бире.
    Бире на женско,биро на машко значело чедо .
     
    На ♡BuBaLe♡, elena.mak, petunija77 и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.719
    Пол:
    Женски
    Добро вечер, да ве поздравам...денес само ве читав, сега добив прилика да пишам...
    Ме потсетивте на приказните што ми ги кажуваа бабите и дедовците...биро и мене ме викаа, на времето.

    Нејсе, се надевам арни сте...се читаме!
     
    На ♡BuBaLe♡, elena.mak, ane.bella и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.