Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.315
    Допаѓања:
    102.877
    Пол:
    Женски
    Тука сум антишофер намбер уан! Имав еден обид да возам, со другар, ми вика ај седни да те учам и седнувам на сувозачко, ми вика па како ќе научиш, па викам не знам да возам не можам на возачко. Мхм, дилајла си, стани, ме застана пред хауба, ми вика ај кај е моторот, покажи со раче, го гледам ко теле во шарена врата, појма немам.... Океј, со тебе ќе имам работа, ми обајснува што е што, што да стиснам, кај да повлечам, кај да завртам, кај да пазам, едно 40 мин објаснување. Седнав и му викам и сега? Кај да стиснам? Како да запалам кола? Не бива од тебе шофер сестро, ај ќе те возам уште долго јас тебе, станувај. И така, остатокот од нашата дружба ме возеше. Ни мм не ме натера да се качам у кола на возачко, нашата па е од оние како на доктореса, со 7 седишта, мини ван, не се нафаќам. Имав од тате кола останато, мала, голфче, не се нафатив да ја возам, бегај уште една кола ми фалеше во буџетот.

    Ладно ѕивра, ми се јаде, не стигнав сабајле да спремам доручек и ручек, многу ми се спиеше а и мм ме имаше гушнато така убаво, не можев да станувам. Си поспав до покасно и идам на работа ми викаат ќе се јаде ќебапчиња, нормално јас стекче, не планирај ништо. Еве мачки ми гребат во стомак, ми се јаде ми се плаче. Синоќа вечерав банани, 2 мавнав, нормално дека малку ми беа ама доцна ми беше за вечера.

    Не можам да влезам во колосек, насобрана ми е една планина предмети до мене, плус две кутии да принтам планови, плус да одам на терен... Нешто нема да се заврши, само што.

    Одам да убрзам планот со доручекот, не се трпи :)
     
    На petunija77, Peco, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    Честитки за новата кола, да се полни со дечиња :sun: честитки за првачето, и убав престој на новото внуче на планетата земја :)

    Добро утро, убав ден :sun:
    Ми расцути алое верата, па ми расцути срцево. :inlove:
    Ја видов и јас Меган на толкави штикли и сеуште машала фин стомак и после пораѓај.. не ми се свиде баш тоа што го видов.. зарем не треба да спласне стомакот :tmi: бар малце? :tmi:

    За ручек ќе праам паста. Искрено многу сакам потпечени макарони со сиренце, неколку пати сум пробала ама никако не ми се погаѓаат. Горниот слој им е секогаш премногу тврд. Нешто праам погрешно. Па паста со пармезан за денеска. :emo:

    Конечно излезе новата сезона на Луцифер, едвај ја дочекав, па да се фрлам на маратонец пред тв. :wasntme:
     
    На ivi1987, fana, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    @Yowannty има нова сезона Луцифер? :o
    редовно ја гледав јас
     
    На ivi1987, petunija77, ane.bella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    57.202
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh sp planet vo Gorce? daleku mi e... ok Fala ti
     
    На LejlaD, CameliaMiller, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Саем на книга ти е фина прилика за трошење пари. Се мислам дали да одам, ако одам, сакам понеделник... и потпис да ќарам ако е можно.

    Ќе спласне стомакот, ама не преку ноќ. Растел девет месеци, не може одма да се израмни. Зависно од конституцијата, кај вежбачите се враќа побрзо во нормала.
     
    На ivi1987, friendy, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Добар ден ,убав ден за сите на форумот.


    Еден совет само. Секогаш кога се сака да се купат овакви работи кои се нови производи и убаво изгледаат , обавезно читајте коментари од некои кои веќе ги купиле па ќе знаеш дали се добри или не. Конкретно за гезвево коментарите се дека му треба најмалку 30 минути да ја стопли водата и нема шанси да зоврие.
     
    На Peco, dunika, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.900
    Допаѓања:
    177.148
    Пол:
    Женски
    Да да 4та, од вчера е цела на Нетфликс :)
     
    На ivi1987, dunika, ane.bella и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    103.120
    Пол:
    Женски
    30 минути серизно дан си разбрал погрешно за 30м јас ручек правам.:wasntme:
    Јас пак ретко читам коментари купувам па ако го биде нека го биде.
    Инаку можеш и на лажни коментари да наидеш конкуренција јака и на секој можен начин се гледа да се тргне конкуренцијата од пазарот.
     
    На ivi1987, Peco, Yowannty и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Машки
    Хехе, ами твое е дали сакаш да учиш на грешките на другите или на сопствени грешки. Обично се точни коментарите од купувачите, и може да коментира само оној кој купил така да помалку веројатно е дека некој ќе купи само за да го оцрни производот
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.710
    Допаѓања:
    149.526
    Пол:
    Женски
    Каде е саемот годинава да го пратам мм да ди изнакупи за летово книги да не трча во последен момент во топер :), па може и јас ќе украдам време да чутнм нешто.
    Денес ептен се олабавив на работа мислиш сабиоа е, ич не ми се работи не дека нема што
     
    На ivi1987, Yowannty, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Во салата „Борис Трајковски“. Од 8-14 мај трае. Ради морбиливе не ми се оди.
     
    На ivi1987, Peco, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Јас 3 години "возев" без возачка, со земени часови, еднаш на полигон паднато, оти се испаничив на рачна и не ни пробав да тргнам.

    И не пријавував за полагање.

    Кога се окуражив, уште 3 пати паднав на градска, оти ме фаќаше паника, ама се запнав и во 1 месец 3 пати полагав и положив :D

    Секогаш сум била паничар на испити. Будала, ама таа сум.

    Сега 0% страв имам од возење.
    Не само потреба, ќеиф ми е.

    Некогаш кога врне дожд или снег, одам и бесцелно возам. Одмарам мозок така :)

    Ах, а рачна не користам, освен за паркирање.
    Знам да ја користам, ама ја нејќам.
     
    На ivi1987, fana, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.076
    Допаѓања:
    206.726
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас.Покрај домашниве обврски,ручек де,и до комшии тркнав.Сега пишман аџијата во мене ми ровари.Во Лидло си потрошив,а демек немаше,аха,блузе,хеланки,прслук,и две на прерамки летни маици.Тоа покрај другото,еднаш месечно одам ама и тоа ќе прекинам,кога ќе врвиме покрај лидл ќе се правам дека не го гледам:D.Ова поевтинко,она поевтинко,и напрчи се на каса:tmi:.@Annath честито внуче тето,гордост да ви биде:*.@WORRIED.BT бомбонче малиот:hug:.
     
    На ivi1987, petunija77, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Здраво женски.
    Времево е од лудо,полудо не може да биде.Јакна купив сега од што ми застуде.

    Шофер сум веќе 20 години,часови земав на 17 години,чекавме 18 да направам за да полагам.Се испоположив од прва,само на градска 3 пати паѓав и се нервирав.Моите се радуваа што паѓам,викаа не се полгало од прва,а после сфатив дека се плашеа да возам сама.Имам некои неславни моменти во почетокот на мојата возачка кариера,ама ок е.Имам редовно гребнати браници,скенер е маж ми за тие работи,а јас никогаш не знам кај ја закачувам.
    Првите казнени поени ги заработив пред месец дена кога пајак ме собра:wasntme:,не ми се даваше уште пари за казна и реков нека пишат негативни поени.
    Прва кола на 18 години,втора на 24 и третата се уште ја возам.Магарица е и добро ме служи и не можам да функционирам без кола.
    Синко се почесто ми врти муабети за кола,каква сакал и кога ќе можел да вози.Сега ги разбирам моите.Косата ми се исправа кога ќе ми текне.

    Честитки за внуци,првачиња,вработувања и коли.
     
    На ivi1987, friendy, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас планирам сабота да одам. Во Џамбо вчера на литература на штандот се загледав, убави изданија имаа.
    Се надевам дека академска книга ќе имаат некоја акција како лани, имам пик на 2-3 книги за кои цената без попуст никако не ми се плаќа. Ако имаат ќе се испразни новчаникот.
    Неќам многу книги да купувам, немам кај да ги чувам :worried: ако купам нешто сакам да е затоа што сакам да го имам.
    Еден ден кога си купам стан ќе си направам огромна библиотека.
    Т.е. не стан, со либе зборевме куќа покрај езерото во неговиот роден град да си ставиме.
    IMG_20190501_174746.jpg
    Ама ќе мора прво работа од дома да си најдеме, оти инаку, тешко :D
    Инаку, ова на 15-20 минути од центарот на градот ви е.
    Ама градот има нула индустрија во урбаните средини. Сите можни фабрики надвор се.
    Еве ви слика и од реката, кејот, тој дел од центарот
    IMG_20190501_210705_944.jpg
    И така. Најдов кај сакам да живеам...
     
    Последна измена: 9 мај 2019
    На petunija77, x.Daisy.x, dunika и 20 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.076
    Допаѓања:
    206.726
    Пол:
    Женски
    Возач сум 20 тина години,арно ама со моево мало количе,мм ме убедува неговата да сум почнела да ја возам.Страв имам од големи т.е. погабаритни и подолги коли,немам ориентација,ќе соберам некој ми се чини,а и по стартна е,јас си сакам помеко,побавно возење.Старичко ми е лавчево,добро не толку ама полнолетство помина ланска год:tmi:,ама љубов ми е,како да седнам во подолга:shake:
     
    На ivi1987, dunika, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  17. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Јас возам ама точак...возачка немам ,на времето не ми падна на памет инаку досега ќе положев.Повеќе е немукает него нешто друго...
    Како пензионер се осекам само седам и веќе ми се здосади.
    Врни кај нас само за спиење е времево...
    Честитки за првачињата само успех во иднина ..
     
    На ivi1987, dunika, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  18. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.331
    Допаѓања:
    148.080
    Пол:
    Женски
    Второ кафе на ред дур се крчка ручек...

    Страв ко @PUPICA имам и јас...конкретно оти многу закаснивме со второ дете..
    Најстара мајка на прваче ќе бидам...а со ќерка ми во помладите бев...
    Мм на 40стана родител вторпат...јас троа помладичка од него сум:makeup:
    Како ќе одреди горниот така нека биде...ама молам само на пат да гиизведиме колку толку...после кој сака нека умира:D


    Честито внуче тета @Annath !
    Најголема желба ми е да станам тетка:(

    Одмарај и побрзо опорави се @kuc
    Докторке @Alishan30 со здравје да се вози количето...Посакувам за скоро тесна да ви стане:inlove:

    Успешен почеток на сите првачиња (y)

    Дојдов уствари на @Yowannty рецепт за потпечени макарони да и кажам
    едно пакетче макарони
    Парче сирење издробено
    150мл.масло
    4-5јајца изматени
    1литар кисела вода
    400.л.млеко или јогурт(мене со јогурт ми се поубави))
    Се се меша во подлабока тава и се става во рерна...еднаш се промешува пред да зоврие и се одтава да се пече на потивко додека течност а не испари
    Омилени ми се вака ...
     
    На ivi1987, dunika, Tea678 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    90.178
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и да ве поздравам друштво.
    Положено имам пред 10години и бев пасивен шофер :D последниве 2 години возам често а и се повеќе имам потреба од кола или навика ми е незнам:D за своја кола ќе почекам малку повеќе изгледа и оваа што ја имаме нека служи доволно е.

    Од толку што ми беше убав денот вчера денес од дома не ми се мрда.
    Сакам кога придонесувам за насмевка и среќа на други лица:inlove:

    Сакам и на саем на книга и јас...утре или вторник се деновите кога може да се оди,потпис морам да ќарам :D
    И се што заштедив периодот ќе потрошам знам :| нон стоп имам потреба за нешто :wasntme:

    Честитки до сите кои имате повод за славење само убавини нека ви се множат во домовите.
     
    На ivi1987, dunika, Tea678 и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Денот ми почнува со чаша цеден портокал, лажица мед, банана и кафе ама греота е да го менувам воведот. :D

    И ја сум убедена дека кралското семејство си ги прави децата по нарачка. Абе ептен темпирани им се, да се чуди човек. Ко порачани, дете неколку месеци по свадбата прават, плус и лични им се децата бе. Оние на Кејт да не ги изгледа човек, посебно најстарото, еве бебушов на Меган исто многу е убав.
    А тоа што се на нозе толку брзо после пораѓај ми е верно, редовно читам породилни приказни, еден куп жени поминале многу лесно, некои за 12 часа биле на нозе, па зашто да не и војвоткиве? Плус ако земеме во обзир дека они добиваат кралска нега, би се обложила дека се на посебен режим за јадење, не ми е нешто ептен за неверување вака да изгледаат по пораѓај. (hollest)

    Возач не сум ама фантастичен совозач сум. 8) Пуштам фантастична музика, не спијам додека се возам, муабет правам по потреба, плус и мапи одлично знам да читам, до сега маана не ми нашле. :emo:
    Многу сакам да патувам, ич ама ич не ми е мака да се спакувам и да седам да се возам со часови. Само некаде да се оди.

    Туку и мене некако ме чешаат парите а времево за никаде. Да не беше дождов, одамна ке го потрошев купот планиран за тековни трошоци. :*:

    Кој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На ivi1987, dunika, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.