Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.073
    Допаѓања:
    268.880
    Ма ме претрка, пред мене стана мме ме осети дека нешто матам |(
     
    На NarCis@, M&M, do-re-mi и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.994
    Пол:
    Женски
    Нормално:D јас кога не умрев на плоштад во скопје, не умирам никаде:D



    @Biljarkata од мене и сонцето бега:D зошто ми е крем:P
     
    На NarCis@, M&M, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓенца како е?
    Кај мене е крш.
    Прв ден + настинка ме фаќа... Пијам риностоп јер кивам и ми тече носот ко луд.
    А, ваљда денес ќе добијам договор за работа.
    Не знам што е полошо... Да сум во неизвесност до понеделник или денес на судни маки да ме повикаат на разговор и договор.
    What the hell.
     
    На M&M, WildMk, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.165
    Пол:
    Женски
    @Bozica1980 Божо, среќна годишнина. Златна свадба да си правите :f:
    @dunika убав помин во Македонија :l:
    @Dust сакам да ја гушнам, нека летне побрзо времето и домче безбедна да се вратиш :hug:

    Ај добро утро.
    На темата и јас како @Sexybaby86 од збор до збор :lol:
    Денес петок, омилениот ден од неделата.
    Нешто деновиве не сум у форма за зборење, ми се ќути цело време :D

    Ај убав ден да имате.
     
    На NarCis@, Peco, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.515
    Допаѓања:
    115.070
    Пол:
    Женски
    од сабајле песнава си ја пеам

     
    На kuc, mareane, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.823
    Добро утро друштво,

    Се извинувам што повторно пропуштив неколку страници, ама додека ме држи вчудоневиденоста и сум под импресии на својата смотаност, да пишам тоа што сакав да ви раскажам.

    Ко што знаете имав вирус кој се предава преку комарци, веќе го нема, крвна слика по крва слика чисти. Ама јас секоја вечер до вчера завршував во итна каде плаќав накај 100ка натаму наваму. Супер начин да ја потрошам првата плата од новото работно место, нели? :))))))))))))

    Е како дојде до ова? Знаете сите, јас сум човек со здрави навики, правилна исхрана, умерено вежбање, млада со никакви истории на болести предходно. Добро, толку може не знаете ама за да ја доловам приказнава подобро, ќе го споменам тоа.

    Во болницата каде што одев, имам еден познаник доктор по општа медицина, ептен пријателски настроен, веднаш под кожа ти влегува. Уште првиот пат кога бев таму (одамна) ме убедуваше дека имам депресија, а и секој последователен пат, ама знам дека немам пошто сум среќна воглавно така да не допираше до мене.

    Ама со денги беше друга работа. Начитана од интернтет малце, упрпана бев да бидам искрена, не е заебанција. Што направи тој доктор. Така итро, користејќи го фактот што бевме преплашени цело време ми збореше како ништо не ми е, а од друга страна да ми препишува долга листа на сериозни лекови за инфузија. Јас слепо му верував, не ни прашував. Знам, глупо од мене ама имам оправдание. Денги создава конфузија, а бидејќи докторов го знам и пријатели сме со жена му, го рачунав за човек кој не би ми наштетил.

    Ама овде во медицината е профит пред здравје.

    При една од тие посети се изнервирав пошто не ми даваше да се доискажам и комбинирано со вирусот кој го имав на тој момент добив паничен напад до гушење кој помина за секунда благодарение на маж ми, ама ме остави со heart palpitation, вид на аритмија. При секое најмало вознемирување после, го чувствував ова и не е баш пријатно.

    И мене ми се создадоа нов симптом, дијареа, па ме лечеа од тоа. Тргнаа од инфузијата еден лек кој што често предизвикува дијареа, за да вчера кога ме праша како стојам со тоа и дозна дека ми е подобро, веднаш го стави тој лек во инфузијата.

    А како завршував секој ден на итна? Со тој лекар многу пати комуницирав периодов. Завчера после рутински преглед и инфузија да ме освежи во која ми набута се можно, маж ми излезе да плати, а он ме викна да седнам до него каде што седеа другите лекари и мед персонал. После минута молк ми вика, можеш да ми поблагодариш, ти го спасив животот. Јас уморна, збунета му викам фала, искрено мислев така. После ќути пола минута и ми вика следно: (а резултатите на тој момент чисти, немам вирус веќе), 90% се ќе биде во ред. Кај мене во глава милион прашалници на ова. Велам, останатите 10? Вика, тоа ни јас, ни докторот (на тој момент во итна) не можеме да ти гарантираме. И ќути.

    Јас веќе излечена, само имав дијареа и кашлица и он мене тоа ми вика знаејќи дека пред неколку дека кај нив имав паничен напад до снемување на воздух? Лекар е ова? Ѓубре е ова. Не дека не знае што прави, знае одлично да лечи. Ама кратката постапка не е исплатлива.

    Неколку пати сакаше во болница да ме остави на набљудување. За што? Сите анализи чисти. Здрава сум. Тоа што ми ставаат во инфузиите ќе ме разболи пошто не е за редовна употреба. Јаки лекарства се тоа. Сега пијам медицински јаглен да ми ги прочисти токсините од организмот колку што е можно повеќе.

    Колку пари дадов, пари за кои толку се трудев - ама не е битно тоа, ќе се заработат.

    И како ми стана јасно? Ќе дојдам до тој момент за кратко.

    Вчера бев супер цел ден, ама вечерта почна страната да ме боли и во глава одма аларми дека имам проблеми. Се јавив на докторот и он ми вели дојди во итна и јас ќе дојдам да видам што ти е. Кај мене уште толку. По пат едвај дишев, едвај. Таму се смирив и расположението ми стана супер и се тоа, ама целата атмосфера што ми ја создаваа постојано, со толкава сериозност ми кажаа дека сакаат да ме остават два дена на набљудување. Пулсот до небо. Само медитација и ти благодарам Господи (мантра) ме смируваа. И ќе останев таму понатака да будаат гадости во мене да не ни ја одбија картичката за осигурување. Среќа.

    За да ме примат бараат приличен адванс, кој со нас нормално го немавме. И се мислиме што да правиме, како, не живмее баш блиску до тоа место (огромен град), касно е веќе, се тоа.. кога ми дојде да рикам, една таква тага ме обзеде. Ужас. Маж ми ме смири, довлно е да ме допре и ќе се смирам. И ми вели, страв ми е дека ќе те разболат овде.

    И од тука почна клопчето да се разврзува. И ми текна како тој едниот лекар од итна кажуваше дека кога он имал денги и тромбоцитите му биле само на 20к (ептен ниско е ова, премногу) он идел на работа да не мисли. А јас здрава сакаат да ме направат болна и зависна од нив. Да ми го ослабат срцето со тие лекарства силни, да ми го ослабат имунитетот со тие анитбиотици од кои немам никаква потреба. И дискутиравме долго, зборевме. Ми се смири срцето постепено откако сфатив дека сето тоа се само стравови кои ми ги набутаа во глава, ми помина кашлицата дури иако кашлав без прекин.

    И сега како некогаш да верувам на лекар повторно? Никогаш повеќе и вам ви го велам истото, посебно ако се лечите приватно или во држави каде имаат материјална корист од секоја ваша анализа, лек, што и да е. Се прашувајте. Ако не сте во состојба поради омалаксаност, друг нека прашува се за вас и не оставајте простор за не јасни одговори. Јас знам дека повеќе нема да наседнам на вакво нешто.

    Здрава сум, здрава. ЕКГ супер, гради дури преку рентген ми ги снимаа, исто супер, секакви анализи супер. Што сакаат од мене?

    Е сега кажувајте народни средства што можам овде да ги најдам за да се исчистам од сите токсини што ги имам. Антиоксиданти ќе внесувам преку храна, плус медицински јаглен, друго не ми текнува.
     
    На elena.mak, bittersweet, sunshine2015 и 38 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас користам офлајн мапс на гугл. Што знам, не сум се изгубила уште. А без gps имам ориентација нула...
     
    На Dust, Rebecca_R, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @SV1911 жал ми е што мораше да поминеш низ сево ова. За жал, веќе се' e само од корист, приватното здравство особено. Игра со човечки животи еј, како не им е грев не знам, ама они ќе си ја носат на совест :nod:Добро е што ти се отвориле очите и мило ми е што ти конечно си добро :hug:
    За прочистување, пиј исто мнооогу вода и течности, да ти ги прочистат бубрезите. Чај од магдонос е исто многу добар антиоксиданс :)
     
    На NarCis@, WildMk, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.823
    Маж ми да не примети, мене не би ми текнало да бидам искрена. Им верував, затоа. Ама било и поминало.

    Ти благодарам многу, ќе направам така. :hug:
     
    На NarCis@, WildMk, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Добро што сте завршиле со тоа, Св. Али, јас не би ги оставила така. Би пријавила, во најмала рака. :)
    Времево убаво денес, мада такви беа деновиве што ич не приметив како се менуваше од ден на ден. Стапалава ми се хорор, од сите страни со плускавци. Вчера за прв пат облеков едни патики и се изнапешачев со нив. Лошо планирање.
    Ич не ми се работи денес. Ем петок, ем завршив со некои битни ствари што ми висеа над глава, ем во исчекување на одговори од донаториве... Лудница од сите страни. Татко ми денес бил куварот :)) грав направил. Тргнал за манџа, испаднало тавче,нашибал сол и веѓета и се жали сега..го пресолил:) со душа чекам да го натовариме на авион во јуни. :) После други активности ќе му смислуваме. И така.
     
    На bittersweet, Viktorijaaa5, NarCis@ и 28 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @SV1911
    И јас сум осетила дека на приватно е некогаш само за пари.
    Исто со панични напади, сѐ ме боли, на крв ми скокаат шеќерот и холестеролот (стрес). Кога се собрав доволно да мислам на каде да тргнам, отидов на приватно кај еден интернист. Разговаравме, ѝ кажав што ме мачи и ми рече "иди на невролог, ама никако не на приватно. На клиника да идеш". И ме прати матичната на невролог на државно. Оваа ми закажа термин за рентген, ама беше многу далеку и терминот и локацијата (ко за беља скоро сите рентгени низ градот беа расипани, а тоа што беше читаво беше без термин). Отидов на приватно, докторот на сликата почна да цка, и со зборовите "ќе ти кажам нешто, паметна си, знам дека ќе ме разбереш. Ова не е воопшто добро. Магнетна треба да направиш за да се види што е. Не можам ништо друго да коментирам. Дојди за ден - два да ти направиме магнетна. Знам дека е скапо, ама млада си, ќе разбереш." Јас срцето 500 на саат. Излегувам потресена, на раб на колапс. Такси едвај наоѓам, трчам кај матичната. Оваа ме гледа и ми вика "што си се исплашила де, ќе те пратиме на физикална како пензионер и Вигантол ќе пиеш како бебе. Не е убаво, ама не се умира од тоа. Иди кај неврологот, ќе ти заке магнетна. Не ти се брза, не мораш одма, не плаќај приватно".
    Отидов, неврологот отсечна дека не ми треба магнетна, со други се консултирав, исто отсечни дека нема потреба од магнетна. Сѐ што требало да се види се гледало од сликите. Бев на физикална, се опоравив. Требаше пак да идам, ама со редовно вежбање не сум имала мака.

    Татко ми правеше операција на очите. Докторката негова децидна дека мора во Систина, на друго место нема да му ја направат добро (хирургот во Систина и е другарка). Не послуша, отиде на државно. По некое време почна да му се влошува видот. Никој не сакаше да го погледне. Докторот што го оперираше го избегнуваше, други му се вадеа со "лекарска грешка при операција е". Неговата докторка му се испонашала на последна посета со "кој ти е крив кога не отиде во Систина". На крај си закажал кај еден приватен што до скоро работеше во државно, познат специјалист. Му рековме да не штеди на пари, ако треба и пак да се оперира, пари сите ќе дадеме. Ни се јави по 15 минути од прегледот. Платил 4500 денари и за прегледот и за ласерско чистење на леќата. Се заматила само, нормален процес било. Верувам дека некој друг под нож ќе го ставеше цела леќа да му ја замени, само за повеќе пари од џеб да му даде.

    Болен човек со гангрена, речиси е сигурно дека ќе ја изгуби ногата. Покрај тоа што се лечи на државно, надрилекари му продаваат елексири од по 100 евра месечно. На државно не можат да го убедат да се оперира. Овие со еликсирот го убедуваат дека ќе му ја спасат ногата. Одат и кај приватен, исто во позната болница. Овој ги прима без да им наплатиле преглед (од добра волја) и им продава приказни за третмани со матични клетки кои коштаат 3500 евра и од кои, уште да каже дека нова нога ќе му израсне (веројатно видел дека човекот секако нема уште многу, па ајде да се играме). Во државна на анестезија го ставаат, неговите уште се мислат за третманот во приватната. Докторот ги убедува дека не постои такво нешто, ама и тој е доктор, а и оној другиот. Да го слушаа само тој на државно може и повеќе ќе поживееше човекот. Пробав да ги вразумам, ама викаа "не си ни во кожа, не знаеш" и така... Јас бев лошата што лошо им посакуваше.
     
    Последна измена: 10 мај 2019
    На lunicka, mareane, Bubce38 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.391
    Допаѓања:
    113.309
    Пол:
    Женски
    @SV1911 навистина ми е многу жал за тоа што си поминала.
    Јас слично на ова поминав на клиника. Страшен вирус ме потисна со повраќање, матно пред очи ми беше едвај стоев. Некако се довлечкав до државна не знам каде да одам. Отидов на ургентно вика повраќам имам температура не можам да стојам на нозе упат немам а ни матичен во Скопје.
    Ами оди на токсикологија. Одам повторувам истово. Ми вика ние сме само за труење со лекови и алкохол. Треба на инфективна да одиш. Каде е тоа викам? Па одовде само право и не неа ќе завршиш. Полека полека како стигнав и како ја најдов таа клиника немам појма. Влегувам таму кажувам маката и дека ме пратија од токсикологија. Врати се на токсикологија нека ти направат интерен упат и дојди. Сакав да умрам !!! Среќа свеќи имала познаничка таму (свеќи одеше на едукација 3 месеци на клиника) па се јави па ме примија. Страшно.
    @SV1911 земи таблети со селен и германиум, повеќе течности овошје зеленчук големи дози на вит Ц. Ќе бидеш подобра, сигурна сум :hug:
     
    На NarCis@, M&M, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  13. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    140.155
    @SV1911 мило ми е што ти е подобро. Еве уште еден доказ дека си храбра и разумна личност. Браво, ти се восхитувам на тоа.

    Јас пола година и повеќе одев по лекари, барајќе спас од главоболки. Не знам веќе какви не испитувања направив. Додека траеше сето тоа ми се појави и појака тахикардија па се преорентирав кон кардиолошки прегледи. И таму повеќе прегледи. Се било ок. Неврологот ми рече "ВЕРОЈАТНО е мигрена". Наградна игра може тоа, може не. Кардиолозите викат ок ти се резултатите. Ама јас испаднав голем страшливец и паничар и поради 2годишни главоболки и помалку време тахикардии опаднав психички. Со неколку панични напади и ужасен, ужасен страв. Не сум доволно храбра да сфатам и да мислам дека се е во ред. При секоја главоболка мислам ете готово добивам мозочен удар(мајка ми доби пред 7г). При секоја тахикардија ете добивам срцев удар.
    По пишаново знам, дефинитивно сум случај за психијатар. И некогаш се осеќам ко да сум некоја лудача. Посилно е од мене. Се осеќам ко тешка пропалица, изгубен случај.
    Немам храброст и не можам да ја најдам силата во мене, психичкиот мир.
    Еве и сега, бремена, секој ден ме боли стомак. Јас, секој втор ден мислам пак ќе се случи лошо ко преклани. Пак ми фали позитива.

    Извини многу што си ги пишав моите луди мисли во постот кај што требаше да дадам поддршка, но навистина си храбра, мудра и силна жена. Браво!

    За народни лекови освен овошје, зеленчук, пешачење друго не би можела да помогнам. Или од инрернет да си порачаш витамини.

    Се надевам брзо ќе биде сето ова зад тебе и едно искуство од кое си излегла како апсолутен победник:hug:
     
    На NarCis@, Peco, lunicka и 23 други им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.184
    До цм стигнавте? Тоа не знам да ви кажам. :rofl:
    Ама и да знам не ви кажувам. :lol:

    @SV1911 за жал здравството секаде има по некоја дупка. Ама тоа не значи дека не треба да немаш доверба во сите лекари. Ги има вакви многу, секаде . Важно е ти да си добра и да се чувствуваш подобро. :hug:
    За да не ти е мисла повтори ги испитувањата на друга клиника, да ги види друг лекар. Точно е тоа дека психата и те како е важна.
    Го почувствував после породувањето. Сама на себе си направив филм дека сум нешто болна, па нормално и сите симптоми се појавија. Се ми се собра луди хормони, неспиена, нејадена, дехидрирана. Без неспособна детево да си гледам. Ги направив сите испитувања и сама на себе се уверив дека сум здрава и морам да се кренам оти едно мини човече зависеше целосно од мене. Деноноќно одев на инфузии, со триста лоши мисли. Хорор период. Никој да не го доживее.

    @PUPICA тука ќе продолжам за ригите, да не ја силувам темата.:D
    Љубов се ригите. За сите купувам, дете, маж и за мене. Мм знае да врти очи или да каже у ригите ли ќе ме облечеш.:swear:
    Иначе мислам оти моето детее најцрно на форумот.:tmi:
    А толку желба за бело, ама ќе треба кај комшијата на инсеменација да одам.:rofl:
     
    На Viktorijaaa5, NarCis@, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  15. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.165
    Пол:
    Женски
    @SV1911 добро е што на време завршило се, ама и јас ко Жапче би ти рекла дека во најмала рака треба да се пријави, за здравје и живот се работи. Пиј многу течности и ете чај од магдонос за прочистување :hug:
    Јас само едно можам да кажам, многу зависи човек на каков доктор ќе налета. Имав среќа после нападот да ми ги откријат цистите и да ми дадат соодветна терапија па сега додека ги пијам апчињата немам главоболки и функционирам нормално. Ама другар во Градска болница не помина добро. Падна од шлепер и ногата му ја потрупаа гуми па заврши во болница на набљудување. И место на време да се реагира, со модар прст и страшни болки го чекаа, џигер модрото било нормална појава. После неколку дена хитно кај Жан Митрев доби дијагноза гангрена на прст и итно сечење (му рекле дека требало многу порано да се реагира). Инаку без нога можеше да остане од несовесни доктори.

    Страшен пмс ме дрма, да можам би го преспала денов :envy:
     
    На NarCis@, M&M, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.422
    Пол:
    Женски
    битно снаати ќе е бела :rofl:
     
    На Viktorijaaa5, M&M, GirlyGirly и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Уф @SV1911 морав брзински да прочитам, ама ја знам ситуацијата, ја поминавме и ние, задодуша медицина не за профит туку за побрзо да те откачат, па си добив дома маж со листа од 10 апови и стомак на пробиотик во наредни година, година ипол. И стрес и 15кила, плус, минус, наваму, натаму. А немаше денге, бтв.
    Само да те гушнам, ќе побарам некое чаре после. Држ се, пари се заработуваат, само здрави да сме:hug:
     
    На M&M, mareane, Bubce38 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.184
    Добро е, имам надеж за бели внуци.:whew:
     
    На Viktorijaaa5, fana, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    325.422
    Пол:
    Женски
    шо фино ма мажите ни имаат иста опсесија а ја и ти исто сако и сандали :D
    Пар снова сме ја и ти :rofl:
     
    На Viktorijaaa5, Bubce38, fana и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.247
    Допаѓања:
    103.222
    Пол:
    Женски
    Добро утро мил народе!
    Стверно бре немате мерено?
    Метро и лењир и шублер зошто служат.
    Ја одамна мерев.
    Радозналост :wasntme:
    немав дома шублер инаку и тоа ќе мерев :D

    Вечер сум спремила изненаџење на маШ
    Јагоди шлаг шампањ и кока кола ако ние се разбудуме за на пат ќе биде интересно.
    Маж ми прв пат ми рече дека многу ќе сме потрошеле го Вати маја од мене стипсата и само го 8-||( и толку зачути чоекот.
    Вчера се замрзнав пиев парацетамол да се одмрзнам.
    Бев на сопро одмрзнување:D.
    Досадно ми е незнам што да правам...
    Ај кој е за :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:
     
    На NarCis@, M&M, ivi1987 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.