Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.552
    Допаѓања:
    104.110
    Пол:
    Женски
    Срцеви болесници не смеат да зимаат липа, го забавува срцето. И при тт не смее да се зима липа. Кога ќе видиш липата е етен од најконтраиндицираните чаеви. Во бременост доста читав за нив па сфатив дека безбеден чај нема, дури ни нане и камилица не се безбедни за секојдневна конзумација.
     
    На zhap4e, M&M, friendy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Кај што сум сега "дерењето" не го ни заушувам искрено, мада мене лично не ми се дерел никој. Сум имала конфликтни ситуации, ама ништо "до толку".

    А претходно, кај не ме плаќаа како што беше договорено, уште си дозволи дотичната да ми се развика... дадов отказ. Не знаев што понатаму, ама не вредеше да се борам со неа, едноставно не сакав ни да останам во таа фирма.
    После некој месец неа ја отпуштија, некој ја пријавил за мобинг кај нејзините надредени, па ваљда и тие сметале дека не им вреди до толку за да истражуваат, и така.
     
    На Mr. Right, ivi1987, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.288
    Допаѓања:
    158.027
    Ма колку што сфатив не беше вреѓање на лична основа, ама да живеам во стрес дека некој може да ми се обрати и да ми се издере, не би можела.
    Најзрел чекор е да си дадеш отказ. Некој друг ќе ти рече - не знаеш да се носиш со стрес, тоа е дел од работата или порасни, тоа е реалноста.
    Извини, ама не. Нема идеални услови, ама место каде што надредените се дерат, а ти водиш твои постапки каде аи ограничен во потезите, на крајот денот тие треба да те управуваат тебе и ако не си згрешил во процедурите уште и урлање. Не. Ни си доволно платен, ни па имаш таква позиција да ти се обраќа раководство па и да ти се дере.

    Се преиспитувам цело утро откако сведочев една случка и не бе, дефинитивно би си отишла без око да ми трепне. Не дека круната ќе ми падне, ама не можам да го дадам својот максимум во такви услови под притисок и урлање, јас сум личност што не и треба притисок, јас самата си го давам и знам што треба.
    Да сум на позиција каде можам да се лактам или да носам позиција која е платена - во ред. Ама вака... и да ми дишат у врат... секој ден...
     
    На kuc, zhap4e, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Па, освен ако финансиски немам друг избор, отказ секако.
    Ако баш немам избор, подобро е да не реагирам импулсивно, туку да најдам прво друга работа, па отказ.

    Така и правев искрено, не мора да ми се дерат, на многу начини пробуваат да те злоупотребат.

    Можеби "силата" сум ја имала оти знам дека и без работа да останам нема да е некој огромен проблем, ама сепак, во таква ситуација, најдобро е да не се реагира импулсивно и во афект.

    А знам дека не забушавам ич, секогаш 100% се предавам на тоа што го работам и најдобро што можам го работам, затоа и секогаш сум свесна дека со оглед на плата, тие повеќе од мене губат. А и знам дека знаат.
    Прв пат сфатив кога беше ситуацијата со оваа надредена, кога во ХР се убедуваа со мене да ги "решат проблемите" и да останам.

    Само што, многу работи беа лоши, не само таа ситуација, а мене ми беше преку глава веќе.

    Исто и сега. Ако сакаат да ме критикуваат, ако повишат тон, напуштам сАстанАк :) смири живци, па да правиме муабет.

    Јас црно на бело можам да докажам дека е така како што зборувам. И не дозволувам никому да ме малтретира.
     
    На kuc, ivi1987, zhap4e и 17 други им се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Нема плата и работно место доволно добро за да дозволам да ми се дерат. Јас сум тип што ако почне да ми урла надреден најверојатно ќе почнам да плачам. Ете до толку сум лигла :(
    Ама пак затоа слушам како корисници ми се дерат секој ден. На тоа сум научена и не обрнувам внимание.
    Ако дошло до тоа дереџе да ми се дерат надредените на работа одма давам отказ. Во секундата.
    Моментално пијам кока кола ( вистинска) и си мислам што ќе се прави попладне. Децава само заспани ги гледам. Срам да ми е.
    Ви посакувам убав ден на сите
     
    На TeddyGrey, Mr. Right, ivi1987 и 25 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    И јас.
    Да ми повиши некој тон плачам.
    Бес ме фаќа и не знам како да се справам.
     
    На kuc, TeddyGrey, ivi1987 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    И ја сум иста
    На криво некој збор да ми рече, одма солзите на очи.

    Ај добар ден.
    Шашма ми е и во умот и во душата. Кога би било лесно да се избере победник...
     
    На TeddyGrey, Mr. Right, Dadusicka и 18 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.571
    Пол:
    Женски
    ако нешто најмногу мразам да правам а најмногу сакам да јадам тоа се палачинки :D а денес дури две дози ке правам.И благи и солени
    Маш е дома наредните два дена па се радувам како мало дете :)
     
    На TeddyGrey, Mr. Right, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    113.911
    Пол:
    Женски
    @Lilit јас тие што се дерат не можам да ги разберам. Што им значи дерењето, дека се авторитет? Авторитет не се стекнува со дерење, со глава гарантирам. Имам една непосредна претпоставена и две главни претпоставени. Една од главните се дере (мене лично не) а другата не (воопшто на никој). Што и да ми рече првата да сработам го одлагам и со мака го работам, што и да ми рече втората фаќам и тоа е во секунда завршено со ќеф. Заклучок-дерењето е непродуктивно.
    Немам раководна позиција но има вработени кој имаат пониска работна позиција. Во ниту еден момент никогаш не сум им се развикала, иако реално нивното однесување заслужува да им ја треснам една. Мојата непосредна претпоставена никогаш не ми се развикала ниту па на друг му се развикала. Ако ми се развика и јас ќе почнам да плачам и највероватно ќе си дадам отказ. Имаше едно на социјалните мрежи вика "Све што те кошта твог мира, је прескупо".
     
    На kuc, TeddyGrey, ivi1987 и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.631
    Допаѓања:
    201.991
    Пол:
    Женски
    Ќе се слават 20 години од матура... кога поминаа бре? :o
    Одвај чекам, за еден месец. Ќе се видам со драги луѓе, се надевам и оние кои живеат во странство ќе решат да ни се придружат. Ќе видиме.
     
    На simonka93, Mr. Right, ivi1987 и 30 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.288
    Допаѓања:
    158.027
    Може ќе заплачам од нервоза ако не ми дозволува културата и позицијата да вратам соодветно. Ако во моментот не ме сослушаат, а научена сум да ме сослушуваат, до сега секаде така, ама она што го просведочив, другата страна не сакаше ни да слуша. Ау... така или ќе почнам и јас да се дерам или ќе си заминам одма. Ама одма! Кај урлање, па и да не можам да се искажам, нееее, неее... не може така.
    Имам две плачења.
    Од тага, немоќ и тешкотија и од нервоза. Ако дојдам до дереџе да плачам од нервоза, урачунливо правам потези што живот менуваат. Сакам така кога сум нервозна, непогрешливи чекори се случуваат и добивам мотивација и сила за промени. Само нека се потруди некој така да ме "измотивира", слободно. А и во принципи не сум злопамтило, да чекам да вратам, туку во момент има све да им уплескам и веднаш да вратам се што ми лежело и сум толерирала и да си отидам.
    Долго време ми требаше тоа да го научам за себе, претходно мислев плачам од слабост, ама не.

    Никогаш не сум се развикала никому на работното место и мислам дека тоа е луксуз на лудите, а не на разумните. Можам да урлам дома, што и тоа не си го дозволувам ама никогаш особено не за важни работи, можам да урлам ако некој ме повреди, па од немоќ (ама за лична работа), ама да урлам на некој кој доаѓа лебот да го вади, никогаш. И мислам дека тоа е од одговорноста која оди со позицијата, да се има самоконрола и воочување на својата немоќ во ситуацијата.

    Нешто што најмногу мразам е неправда од позиција на немоќ. Да, знам, животот е таков, покакан, ама исто така сметам дека има места каде што треба личноста да си го реши тоа, а останатите околу да не стимулираат таква средина дека е здрава зошто некој е во можност тоа да го прави.
    И нема тука ситуација - епа така се поставила другата страна, не, не... видов дека нема врска со тоа. Никаква почит, никаков однос, а од другата страна беше личност со разбирање, дигнитет, образ, не не знам каков забушант.

    Тоа е... Македонија...
     
    На kuc, M&M, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.749
    Допаѓања:
    140.336
    Ај добар ден,
    Дерење на работно место и јас не поднесувам и не знам како да се однесувам во моментот, па прва реакција ми е плачење:)
    Имам работено на такво место каде двајца браќа беа газди. Едниот смирен, културен, знае да те сослуша. Другиот некултурен, сите вработени ги гледаше ко робови, се дереше и урлаше низ цела фирма, независно дали во моментот има странки во фирмава. Јас па тогаш (и сега сум таква де) наивна и тивка, работев и глас не пуштав. И еднаш се направи една грешка (јас не ни знаев, не беше моја грешка ама колешка ме наместила мене).
    Ме викна во канцеларија шефот (лудиот:D) се дере ли дере. Не ми дозволи ни да објаснам. Излегов од таму и плачев. И дадов отказ(секако имав голема желба да одам во Скопје по работа:D).
    И најинтересно, уште не бев замината од фирмата и славеа 8ми Март, сите ги покани во кафана, мене не:D:D:Dко малите деца8):D

    Знам и други што своите фрустрации (најчесто приватни) ги вадат на вработените и ужасно ме нервира тоа.

    А еднаш се расплакав :Dкога давав отказ во една фирма. Не можев да се вклопам, тешка беше а и не ја сакав работата.

    Андреа помина или уште има најава за невреме:^)Излегов со малата само до продавница и назад. Сега ми се спие, ама нејзе не и ќе дремам покрај неа:)
     
    На TeddyGrey, Mr. Right, ivi1987 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.631
    Допаѓања:
    201.991
    Пол:
    Женски
    Нема оправдување за викање. Небитно кој, небитно кога, небитно кому. На работа досега не ми се случило да ми викаат работодавците, а пациентите да. Сум имала два-три случаи со директни закани за тужби, ми викале, ми се дереле, секогаш сум се трудела до крај да останам мирна, е после тоа можеби и сум пуштила некоја солза, од мака, пошто не трпам викање ич.
    Да ми повиши глас некој, се трудам да смирам ситуација, т.е да замолам да престане викањето. Ако нема ефект, игнорирам, додека не престане и после со убаво расчистувам. Е ако сум и јас изнервирана.... мислете му ја :angel:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, kuc, TeddyGrey и 25 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден:hug:
    Работа турбо, мозок ме боли:envy:

    Гледавте прва полуфинална?:wasntme:
    Ќе гледата втора? :wasntme:
    Јас сум во евровизија муд:lol: како не би била, кога сум во тел авив:rofl: :whew:
    Запознав многу фини луѓе тука, иако многу ставови ни се различни, си се разбираме.
    Прееска избувнав како што би избувнало торнадо сред берово :D :tmi:
    Израелецов ми вика - ти си добра девојка, што ти текна да кренеш 20 души на нозе]:) арно ама имам оток на ракава, ме боли, се ми фали.. па збеснав некако.
    Ми дадоа некоја маст со хиероглифи на неа8-| може ќе помогне:D

    Цело време збориме со алек да исцедам лимон во шише вода за да ме освежува на жешково, а јас му викам од кај лимони, треба да одам до маркет а ме мрзи... до вчера или завчера беше кога кренав глава нагоре:rofl: позади куќа две огромни дрва лимон:D
    Едни лимони, пола кило може има еден..не верував дека некогаш ќе видам лимон колку цитрон..
    А ми поклонија и соодветна чаша:D
    Ајде повелете
    20190515_155354.jpg
    Имам голема дланка
    20190515_155044.jpg

    Патем, @Bubce38 .. многу брзо отишло сирењето:D

    Уствари дојдов само да кажам фала за потписот :*
     
    На simonka93, bittersweet, mal.ecka и 28 други им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    77.613
    Пол:
    Женски
    Да се срамам со кафе служење? :wasntme: Screenshot_20190509_103649.jpg

    3 саати како сум будна, уште сум в черги. Имам мускулна треска. Сѐ ме боли, кондиција нула значи.

    За викање на работа, јас сум таа што вика :wasntme:
    Ама нели не сум шеф, нема страшно. Се шалам. Тука еднаш викаш и леташ од работа. Макар и менаџер бил. Освен ако не се ептен шорт оф стаф, па да те остават на работа. Ама прво ко мало дете ќе се извиниш на колегата и ќе го гушнеш.

    Имавме на времето еден газда што крекаше наоколу. Ама сите знаевме дека е крекало, се губеше на моменти |(
    Ама плаќаше добри пари, па никој не се растревожуваше што му викал.

    @Dust али како ми се иде кај тебе на шетња, немаш поима. Ама пусти страв, ќе одложам за подобри времиња.
    Попливај и за нас малку
     
    На simonka93, bittersweet, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Тука кај што сум јас никогаш нема да има доволно персонал:D верувај..
    Можам да опцујам се што мрда и пак да сум кај што сум..
    Тука ако си менаџер ќе летнеш побрзо затоа што има многу што се квалификувани за таа позиција.. исто и оние тешки физикалци што се. Се заменуваат преку ноќ, има многу мигранти иако израел е прилично затворена земја од таа перспектива..

    Денес зборев со еден човек што работи во азил центарот, беше дојден тука кај нас.. вика секој ден има барем по 100 души што поднесуваат барање за азил.. од што има многу оваа недела прифаќаат само апликанти од Судан.
    Работат тешка физичка работа, има многу градилишта тука моментално.. ама па тие се научени на сонце. Јас за два дена ќе припаднам:whew: :D
    Ама да знаете колку руси и украинци има тука..страшно дури.
    И тоа повеќе од пола на малку нелегален начин т.е дупка во законот...
    Украинките се на цена моментално како што разбрав, не русинките:wasntme:


    Безбедно е тука, доаѓај ;)
     
    На simonka93, bittersweet, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Тоа сакав да кажам.
    Не сум на раководна позиција, но има многу на "пониска" од мојата.
    Никогаш не сум повишила тон.

    Ако сметам дека нешто не прават како што треба им кажувам, неколку пати, на крај ако не можеме да се разбереме боже мој, има над нас поставени.

    А никогаш не стигнало до таму да одам "нагоре".
    Се' со добро и човечки било решено.
     
    На kuc, TeddyGrey, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да ми се дере претпоставен. Беше метро и 60 и во штикли бев глава ипол повисока,па сиротиот лошо се чуствуваше кога ќе застанеше до мене и не знаеше како да се носи со комплексите и секогаш зборуваше со дерење и даваше некои иронични забелешки. Јас сум осетлива по природа и не ми е сеедно ама па имам толку добра самоконтрола па можам да се понашам ладна како туш и кога вријам.

    Тоа ми е дефинитивно најсаканата особина кај себе, мојата самоконтрола, може и единствена што си ја сакам:D

    На моите вработени не сум им викнала никогаш. Се случило да се изнервирам ама бројам до 10,се отстранувам од ситуацијата, се луфтирам, па после кога ќе се смирам,разговарам со нив. Е сега клиенти ми се дерат некогаш и јас не враќам на таков начин. Ама признавам имало ситуација кога сум рекла Ќе ве замолам да излезете и да не се враќате повеќе тука:rofl:
     
    Последна измена: 15 мај 2019
    На kuc, TeddyGrey, do-re-mi и 14 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.017
    Суптилен мобинг на пример, мене многу ме повредува. На почетокот се осеќав како рипче затворено во аквариум полн ајкули. Мојот збор не вредеше ништо, немаше врска што можев да докажам дека сум во право.

    Саати и саати потрошив на плачење заради неправда.

    Ама научив. На погрешни луѓе се докажував. Со тек на време дојде до тоа да не ни морам сама да ги терам битките. Оние на кои им требам, тие се борат за мене. Оти знаат дека им требам и дека реално, на потешко место како "казна" не ни можат да ме стават. Што и да направат, пак можат само услуга да ми направат.

    Финтата е што, без оглед, јас го сакам тоа што го работам. Може да "замолам" (читај замолам права личност, доста такви си ги стекнав) да ме пикнат негде да лабавеам. Ама мене ми е ова убаво. Напорно и мачно, ама убаво.

    Затоа одамна не ме ни закачкаат ајкулите. Оти поголемите ајкули ќе им се пуштат, јас не морам ништо да направам.

    И научив да си ги бирам битките.

    Еве пример. Некоја промена во работата ја знам и ја работам 2 месеци. После 2 месеци стига допис :D Значи знам дека сум во право, дека како треба така работам, не е моја вина што некој го мрзи на време својата работа да ја заврши. И нормално, одма тука има негодување.
    Викам - Извинете, не требаше.

    Во реалноста, ниту јас треба да се извинам, ниту сум погрешила, едноставно навремено и ажурно работам.

    Ама чему да се докажувам?
    На крај после сите периплетија ќе испаднам во право, ама што ако?

    Постојат битки кои вредат да се занимаваш со нив, и такви кои едноставно... ги игнорирам.

    Се' додека некој не почне намерно и смислено да ме зае*ава, немам никаков проблем.
     
    На TeddyGrey, ivi1987, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    113.911
    Пол:
    Женски
    Џабе, само енергија ќе трошиш безпотребно.
     
    На TeddyGrey, Sexybaby86, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.