1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    45.816
    Пол:
    Женски
    Хелоу женски и понекое машко :)

    Ова со загаденоста во Скопје е ужас. Треба да се превземе нешто. Овде е каде каде почист воздухов. Можеш да прошеташ деца надвор, да потрчаат надвор.

    Зборевте за врски. Мене страшно ми пречи она постојано бркање врски за било што. Кој има ќе си заврши работа брзо кој нема ќе си дреме по шалтерите..
    Треба за сите подеднакво да важат законите.

    Инаку денес ми е посебно ладно. Ме тресе нешто. Чај нејќам ич. Освен ако е овошен . :D
    За мене само кафе :wasntme:
     
    На kjukli, Peco, toogood и 13 други им се допаѓа ова.
  2. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.806
    Пол:
    Женски
    Во право си вака дома, ке треба со жена да се расправаш,:lol:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    да не се вклучеше сега ти, ќе фатев магла некаде надвор...:lol:
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.808
    Допаѓања:
    323.871
    Во врска со загадувањето ..пред два дена на ТВ збореше др Сашо Дохчев.
    Многу изнакажа, страв да те фати.Опасно за возрасни , за мали деца ич збор да не стане, поготово што ги возиме во количка а тешките отрови се секогаш на таа висина, значи ептен се загорзени децава.
    Зимата тек почна..како ќе додржуваме дома , незнам.
    Има еден период од денот кога навистина не прифаќа ни анимирање ни цртани ни НИШТО и сака малку надвор.Во Моловите не ми се носи секогаш, многу зарази има...надвор воздухот е за никаде, дома не се издржува.
    Врзани раце.
     
    На kjukli, toogood, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    48.973
    Пол:
    Женски
    Скај да ти кажам право човек да си пукне од мака што воздух ни дишат децава.
    Дури откако станав мајка сфатив што значи грижата за здравјето на децата и грижата за себе.
    Би сакала да заминам во некоја пустелија, на планински чист воздух - баба ми и дедо ми имаат трошна куќичка во Порече, ама па без бојлер и спроведен водовод со мало дете не ми се иде. Никако.

    Инаку, можда ќе бидам оф топик, ама баш ме брига. Ви ја претставувам мојата елка хо хо хо, со празни поклони и хоум мејд машнички. Имаме и плави сијалички, ама не светат, штедам струја. Само пред гости ќе ги пуштаме. :rofl::rofl::rofl:
    ( Знаев дека пакетите што ги чувам од миксери и чуда, ќе се најдат кад тад. Само, гаранциите си останаа внатре, се надевам нема да ми требаат скоро. :rofl: ).

    12366828_10208003597071813_2008728629_n.jpg poklonite.jpg

    Ќе си постирам и во соодветната тема де. Не се чудете зашто толку се фалам, сама сум дома, нема со кого муабет да напраам. :D:P
     
    На kjukli, WORRIED.BT, Val-Dim и 21 други им се допаѓа ова.
  6. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.806
    Пол:
    Женски
    немој да си мрднал ,седи тука:*
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    седам...и ги игнорирам другарите што ми вртат на мобилен....:clap:
     
    На rose60 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.600
    Пол:
    Женски
    68551001_para_snegovichkov.png
    Поздрав до сите на форумов:hai: Блажена насмевка ми игра на лице..Ве читам сите по ред, се соживувам со вашата радост и возбуда, се присетувам и јас кога се радувавме со дедо и колку бевме возбудени пред новогодишните празници, па колку само правевме планови што да купиме, каде да одиме, како да ги изненадиме децата..:)ееееееееееех..:(..сега некако сакаме да ја продолжиме годината, да ја истегнеме, многу брзо доаѓа, ние сме се постари...УУУУУУф..колку малку траела младоста:(
    Немојте погрешно да ме разберете ама така се чувствувам празнично:)
     
    На WORRIED.BT, Val-Dim, friendy и 19 други им се допаѓа ова.
  9. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    абе само по едно кафе пиете на ден ?
    ај нека стави некој...:mm:
     
    На DVAANGELA и anel им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.808
    Допаѓања:
    323.871
    [​IMG]
    Новиот Дедо Мраз.
     
    На Val-Dim, Peco, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  11. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    покрај толку жени, сам правам кафе...:^)
    [​IMG]
     
    На Peco, toogood, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.385
    Допаѓања:
    206.355
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Повелете! :D

    И чајче кој сака
    [​IMG]

    Денес петок... полабаво малку, дај Боже да биде вака до крајов на денов, синоќа заглавив ептен на работа, касно се прибрав... белки денес полесно ќе се дише.

    Арни? Викендов ми е планиран кај соседите, ама ќе видиме дали ќе се оствари планот, мали ми беше сомнителен сабајле... или нешто глуматаше, или друго е проблемот...
    а за воздухов ич да не коментирам, страшно... ми иде да не дишам кога сум надвор, не дека дома е друг воздух, ама ете. За среќа, дувна синоќа тро ветерче, расчисти малку, ама овде во дупкава треба асално да се издува за да осетиме прочистување. Не знам што им е на надлежниве, спијат, ништо не преземаат, аман! Ми иде да баталам се, и во Охрид да си се вратам, барем детето чист воздух да дише.
     
    На kjukli, Val-Dim, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.696
    Допаѓања:
    138.147
    Пол:
    Женски
    Добар ден . Еве од мене салеп за овие зимски денови. Мојот омилен зимски напиток [​IMG]
     
    На friendy, Peco, toogood и 6 други им се допаѓа ова.
  14. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    8.526
    Eli i ja ko tebe beba spie pa nemozam ni da i peam, a pa za muabet ic:( a pusta zena kaj moze bez muabet
     
    На Abrakadabra, baba Rada, Mekuska и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.806
    Пол:
    Женски
    еее.... така де колега тури едно мушко кафе:P па и ние како дами:makeup: да пиеме, не само ние да вариме:lol:
     
    На Abrakadabra, ninja35, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.806
    Пол:
    Женски
    Туку Рефке јави се на раборт,кажи нешто интересно не само по едно зборче:P
     
    На Abrakadabra, vitamina, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.808
    Допаѓања:
    323.871
    Имаме ,,конференција,, овде, дискусијата е ,,како правилно се пегла кошула,,:D
    Едни тврдат дека се почнува од ракавите
    Другиот табор дека ракавите се последни.
    Циркус.Па и двата табора доаѓаат до заклучок дека спротивниот ,,немаат поим од пеглање,,(facepalm)(facepalm)
    Јас со едно уво слушам, со друго вртам предмет :worried:

    Во меѓувреме не реметат странки.

    Кога имаме работа да не се ваквите ситни муабети и препирки ќе не ,,сотре,, работава.
     
    На Peco, mareane, Abrakadabra и 6 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Јас денес бев proud mama :lol: дечките имаа Божиќна претстава, играа и двајцата а ние сме се собрале цело племе, баба, дедовци, вујко, чичковци, чиниш им доделуваат нобелова награда а не дека имаат претстава.:rofl::P
    Во понеделник сме кај внук ми и тој ќе пее песна, убав на тета:lol: и таму ќе се собереме цела банда, најгласни сме.:rofl:
    Уште другата недела е на школо и завршува школската година, ќе почне периодот на ајм боооооооооред.|(:rofl:

    Прва работа што ми влезе во глава кога го видов името Константин на ливчето од кумот ми беше баш гифот од нинџа, таа сцена со цигарата, кога ќе порасне Конта ќе му го пуштам филмот да види од кај си го доби името.:lol::lol:

    Кај мене е така, нема чичко, вујко, те слика камера, ти стига казна, нема кај да се жалиш, си згрешил, ќе си платиш, секогаш со пари, некогаш со одземање возачка и кола, некогаш и со затвор се во зависност од прекршокот.
    Полиција кога застанува, сите со ред ги застанува, прават од три ленти една и сите дуваат, сите лижаат за дрога, сите се проверуваат дали им се регистрирани возилата, не ги интересира дали возиш кола од 100.000 или од 10.000 се исто им е, за нив сите се исти.:)


    Дрес код на работа имавме, си носев униформа, не смеев да носам накит, лак на ноктите, долги нокти или надградби тоа само кога бев слободна, можев само под униформата дека на кратки ракави беше да носам тесна маичка на долги ракави, сите го почитувавме затоа што ако не го почитуваш ти кратат плата а може и да ти следи отказ.


    Ааааааааа го пропуштив муабетот за многудетни семејства, како така без мене правите такви муабети, нели знаете дека јас сум веќе експерт на таа тема.:rofl::rofl::rofl:
    Кој си сака и си има услови убаво е повеќе деца да се има само јас да ги планирав ќе направев малку поголема разлика, мачно е со три мали деца, само си се тешам дека уште малку ќе потпораснат и после полесно ќе ми биде, знам дека тоа нема да се случи ама надежта последна умира.:rofl::rofl:

    @galapce ја доби првата повреда од малото галапче, да знаеш само уште колку те чекаат, јас сум цела во модрици од децата, кој со лакт, кој со колено, кој прст ми брцнал во око, кој ме изгребал. како од војна да сум вратена а не деца да чувам дома.:wasntme:
    :rofl:
    Инаку со операцијата чекам да бидам спремна а тоа нема никогаш да биде значи ќе си чекам да ми дојде јајцето до газот па тогаш да превземам нешто, сега за сега не ми се оди на операција, немам проблеми ќе видиме до кога.:lol:
     
    На kjukli, Val-Dim, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  19. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.806
    Пол:
    Женски
    Ова за мажите ама слабо денес не дружат, го нема ни Петре наш:*
    Постојат три работи што треба да ги направите за една жена.Треба да ја сакате,да страдате заради неа или да ја претворите во литература;)
     
    На Val-Dim, Peco, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Се ближат новогодишните празници...Ние сме си луѓенца кои особено имаат верба во Бога и си ги славиме домашните слави, а особено најславена од сите е славата Св. Никола. Грижливо подготвуваме колач, црвено винце и одиме на бричење во црква. Пред поповите ред колку сакаш, во џебот се стискаат последните 400 ден. од скромниот домашен буџет, ама нели мора да се испочитува ценовникот на црквата, на денот на славата на масата мора да има и од пиле млеко, за да роднините цела недела потоа раскажуваат колку сме добри домаќини, па макар и наредните месец дена за доручек, ручек и вечера да се јаде славскиот колач, бидејќи за други трошоци, ќе мора да се ограби банка.И во таа хармонија на чепости и прекупотребни луксузи, овој пат црквата ја покажа својата голема „дарежливост“, па реши на социјалните мрежи да сподели проповед, дека наместо носење масло во црквата за славата што ни иде в пресрет, да сме носеле детски играчки за децата без родители. Идејата е сосема во ред и сметам дека освен детски играчки на дечињата треба да им се подари облека, пакетчиња и други подароци, иако никој не може да им ја исполни желбата за топол дом и родителска грижа, меѓутоа црквата е таа, што првата треба да донира, па би сакала во еден наврат да ги прашам надлежните богомолци, што правеа со маслото што луѓето до сега го носеа во црква? Зошто не отворија некоја народна кујна за да ги нахранат сиромашните? Што прават со чорапите, бањарките и кошулите што луѓето ги оставаат за здравје? Зошто не ги подарија на социјално загрозените, туку ги продаваат? Зошто имаат ценовник? Ако земеме в предвид дека едно венчавање чини околу 5000 денари, закоп 6000, крштевање 4000, сечење колач 400 денари, за крстена вода 200 ден., за палење свеќа, осветување икони, бројаници и сл., во еден град со над 500000 жители, пресметајте која сума пари секојдневно се слева во нивната каса, па воопшто не е ни чудно што свештените лица, живеат подобро од папата во Ватикан. И така умните си дошле до идеја, сега да бидат добротворци и донатори, ама пак на туѓа сметка. Нивната дарежливост повторно ќе се натовари врз грбот на народот, а тие ќе си продолжат да си го собираат кајмакот. А народот ќе даде. И јас ќе дадам и многу повеќе од детска играчка, само сум крајно револтирана што тие најмногу што имаат, никако не си го одврзуваат своето ќесе, научени цел живот, своето богатство да го стекнуваат на туѓите жалови, радости и вербата на народот во Бога. Ете тоа ти е иронија, најнеморалните ги проповедаат моралните вредноsти во животот.
     
    На Esmeralda-MD, ozbilnazena, Val-Dim и 26 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.