Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    273.483
    Пол:
    Женски
    Ау до кај отишол мубетов за грепките а само сакав да кажам дека неможам да најдам да купам.Може е глупаво ова пишувањето по поканите ама па јас сакам да ја испочитувам желбата и побарав на неколку места но не најдов.
    Сакам да одам на свадби и исклучиво носам пари.И џвеќе кај поблиски или бонбоњера кај подалечни.Сега гледам ништо од тоа не се носи,па штом и пишале ај реков ќе побарам грепки.
    Кај нас одамна не се врви по маси со ништо и не се збира пари ама пред неколку години бевме старосвати таму кај Сесил и Алишан крајот ,леле верувајте да не не ни беа парите по 500 ки на сред свадба ќе останевме без пари.Незнам колку пати и невестата и зетот ги дарувавме со пари дома в црква в матично в хотел....
    До пред малку со гости бев а грлови и сите мускули и зглобови ужасно ме болат но денес немам тт.А зошто тогаш се ме боли?Има врска со ангина овој костобол?
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.150
    Допаѓања:
    207.593
    Пол:
    Женски
    Спротивно на тоа како сум правела јас,на свадба кога одам носам онака како што е побарано.Ако не сакаат цвеќе,а сакаат грепка-носам.Притоа нема да ми е криво и кола да им се падне,сметам не била за мене среќата.
     
    На Dust, Sexybaby86, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.773
    Допаѓања:
    150.599
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи на класична настинка, кога сум настината мислам дека кожата ме боли кога ќе се пипнам само. Тилолхот Марианке најмногу мене ми врши работа и чај од ѓумбир со многу лимон и мед
     
    На Dust, Sexybaby86, Bozica1980 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    273.483
    Пол:
    Женски
    Пијам чај од ѓумбир со мед и лимон и ми помага ,а бре поарна бев денес ама вечерва пак сум ко скапана ,аман веќе никогаш ко зимава не сум била болешлива
     
    На Dust, Sexybaby86, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.150
    Допаѓања:
    207.593
    Пол:
    Женски
    Мистериозни,@Lilit и@Lili Boz.Лилит во глава ми е зацртана како азган жена,со преубави бадемасти очи,коса долга нешто околу лешник нијанса потемно,посветло.Штом прочитам Лилит веднаш во тој фустанот,во кој патем се заљубив ми е пред очи.
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Толку ли се "леви" па да не ти се оди? :D

    Дали е водолија? :wasntme:

    Најмистериозна @M&M :ninja:
     
    На Dust, Sexybaby86, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.773
    Допаѓања:
    150.599
    Пол:
    Женски
    Не бе не се луѓето леви, јас сум баба па ме мрзи да се поддотерам и поседам до касно :)
    Не е водолија риба е.
    Јас, мистериозна :emo: :D, супер :)
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Добро, тука некаде сме. :rofl:

    Сега кога си го кратев брадулето забележав дека имам бело влакненце на мустаќов од милион долари. :rofl:
     
    На Dust, Sexybaby86, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Секаде носам цвеќе.:f: Убаво го доживувам, па сакам да го носам. Ако е напомнато да се замени со грепки (досега не сум начекала) тогаш би зела бонбониера чисто да не изгледам со празни раце.
    Подарок во плик е убава работа, посебно кога младите создаваат нов дом. Поубаво е така зошто некои подароци се дуплираат и од некои може да имаш дури 5-6.
    Купувам кафе со награда со желба им се падне нешто на луѓето. Ако треба да ми се падне - во моето ќе се падне и тоа. Истото го мислам и за грепките.
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.625
    Пол:
    Женски
    Колективно лудило е овде.
    ПМС пуштено на најјако.
    Со мажи работам. Кои драма квинс се значи.

    Главоболка. Не минува ни после неколку апчиња:swear:
    :shake: само не знам кај настинав. Врие надвор. Осеќав дека на одмор сум. Сите на куси шетаат, вратите на ресторантите отворени, коктелчиња со куп мраз се пијат.

    На свадба немам одено мнооогу време. Веќе и заборавив како изгледа. Треба наскоро да одам, поканета сум, ама ќе видиме.

    Читав на дејлимеил, коментар на британка црнкиња за романска свадба. Откако си платила авион и смештај за да појде на колешката на свадба, добила емаил наредниот ден после свадбата дека "подарокот" не бил доволен, па невестата и пуштила банкова сметка да и преведе уште пари :D

    Тука ко прават роденден, славеникот не ја плаќа сметката. Гостите ја делат сметката вклучително со неговиот дел.
    Одам тука на свадба, имаше црвено и бело вино на маса, за 10 особи, кој сака уште да пие, сам си плаќа на барот 8).
    Оти кога е гага, пијат ненормално многу, па може само пијалокот да чини и над 20 000 фунти.
    И така...
     
    На Dust, Sexybaby86, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    273.483
    Пол:
    Женски
    Ко така ние поарни од странциве сме биле,уште никој жиро сметка не напишал.:D. И одење на свадба кај странец а не фала...(fingers)
    Се расонив на мм му звони тел , не знаев дека е дежурен и одма тахикардија добив.
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.244
    Допаѓања:
    140.435
    Јас одам секаде каде што ќе ме викнат. И сегде ми е мерак да отидам. Свадби, крштевки, матури... за убави поводи само нека ме викаат.

    Маш е тој што некогаш сака да ескивира. Ама кога се оженил со мене, нема многу простор за ескивирање од веселби :devil:
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    :hai:селанка сум, и пред 6 години одев по маси 300 евра си собрав8) сестра ми имаа грепки, 10 тина им купив .пари имаа од грепките:D цвеќе носам и на знајни и на незнајни, и благо обавезно.
    Шта ќеш провинцијалка сум:o
    Рајт е најмистериозен, и на моменти страшно ме нервира со коментарите. Омаловажува, оговара, купува а ништо не продава. Диши длабоко ете не нема нас провинцијалците. Еее толку па|( :D сори, ама нот сори.

    Не ми е јасно како во оваа група се најдоа нај нај сите, во секој поглед. Идеални:o

    Поздрав од планетата земја, хиар ај ем:) не пијам нафта и не пасам трева, се разбираме. Кој како сака нека си прави, јас еве вака:lol:
     
    Последна измена: 26 мај 2019
    На Dust, Viktorijaaa5, mal.ecka и 30 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.096
    Допаѓања:
    269.048
    Не станува збор дали сум "по свадби".
    Не, не сум, никогаш не сум била, посебно оние со куп традиции и народњаци до смрт.
    Затоа селектирам каде одам. Не одам секаде кај што ме канат. Викендов бев поканета на две свадби, само на едната (вечерва) бев. На таа утре нема да одам. А денес невестата онака ја знам, ама со родителите нејзини сум многу блиска и за нив најмногу отидов. Утре роднина моја прави свадба и без грам грижа на совест не одам.

    Со други зборови, знам дека ме канат ради реда, и моето одење ќе е ради реда. Второ, ме поканија 1 недела пред свадба, се извинив, реков не можам да се организирам - во друг град е.

    Не е толку дека не можам да се организирам, не гледам потреба.

    На свадби кај што одам можам да наоѓам замерки од типот што јас не сакам на мојата, и да собирам идеи што сакам :) Така вечерва сфатив дека иако младоженците одбрале одлична музика, ресторанот за тие пари е чкљ. Значи нејќам таму :D

    Селски работи не сакам, а учествувам оти... ете, не ќе опраам јас нечии сфаќања. И' ставив стотче на невестата во Велес, глупо е и јас не би го направила тоа, ама што да и' правам? Да ја прашам зашто се сељачи? :)

    Има луѓе кои ги сакам и сакам да бидам дел од нивниот живот, затоа и ги почитувам нивните избори. Другаркава моја ептен адети истера за мој вкус, ама не се мажев јас, туку таа. Како сакаше, така правев.

    Затоа викам, селективно по свадби одам. Онаму каде што одам "прогледувам низ прсти" затоа што ми се драги луѓето.
    Кај оние што не ми се драги и што по мое сфаќање се сељаци, ич не одам. И тие пари на порција не трошат, и јас на поклон не трошам. Вин-вин :)
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Апсолутно! И плус и простачки. Да не се навреди некој, ама да пишуваш во покана поклони во плико и некакви грепки за кои прв пат слушам, е некултурно и простачки. Може на блиски да се каже, најблиски роднини и пријатели, ако прашаат што ви треба и дали сакате пари или некој конкретен поклон, ама да ги обврзуваш сите гости и да бараш пари и некакви грепки е тотално бедно. Извинете уште еднаш ако некој се осети навреден, но тоа е мое искрено мислење и тоа не треба да се прави, погрешно е.
    Во тој случај и гостите треба да одберат какво јадење сакаат, какви пијалоци ќе пијат, нели?
    Не разбирам зошто ги прават свадбите, сакаат да ја прослават венчавката со најблиските или сакаат на трошок на гостите да истераат адет, да си го платат трошокот и плус да им остане, па ако може и да изгребат нешто со тоа грепките, Бог да чува.

    Јас одам на секоја свадба и воопшто на секоја прослава на која сум поканета. За мене е тоа чест.
    Само на една свадба не отидов, кај еден колега, бидејќи бев на боледување и морав да мирувам, но му заблагодарив и дадов пари исто колку што дадоа сите колеги што беа. Исто ко да бев, понуден ко почастен.
    И секој разумен човек знае дека секоја прослава е трошок, сите знаеме дека парите конкретно за свадби се најдобриот подарок, но е некоректно тоа да се нагласува и крајно иритантно.
    Ако не сакаат да влегуваат во трошок и сметаат дека нема да им се исплати свадбата ако гостите им носат поклони по своја волја, ич нека не прават. Еден ручек за најблиските, они нека им дадат пари за меден месец или за што им треба и ај чао.
    Се ова друго е апсолутно невкусно.

    Дали си направила брис од грло? Јас пред неколку месеци имав болки во зглобовите, но и некој притисок и болки во градите и сосема случајно, од ОРЛ ме пратија за брис, а таму иначе отидов за алергија.
    Излезе некаква стрептокока во грло, откако ја излечив болките престанаа.
    Може кај тебе е некој вирус, но чим те боли и грло не е на одмет да побараш и брис од грло да ти земат.

    Осеќам дека и вечер нема да спијам, се уморив денес и дремнав малку после ручек. Грешка! :!:
    Очите сеа 5 банки 8-|

    Инаку деновиве пред години, многу години, ја носев Штафетата на младоста, една од последните, ако не беше и последна, од пола школски двор, до капија. Требаше да ја превземе еден војник на ЈНА, симпатичен млад дечко и ја цела устрептала пубертетлика, ќе се пољубам со млад војник ^_^ Само што ја превземав, се вртам и трчам, меѓу мене и него бутнале некое мало девојче, сигурно ќерка на некој од школото. И ја и он се избацувавме со тоа девојчето, не знам за него, ама ја се разочарав :u:и од тогаш знаев дека непотизмот не е убава работа :D
    Добро не е баш пример за прав непотизам и не дека баш знаев тогаш што е непотизам, ама мислам ме разбирате :wasntme:

    Убава вечер и лесен сон :hug:|-)

    Едит
    @Alishan30 да го прочитав твоето мислење ич немаше ништо да пишам за свадбите, извини, стварно не сакам да навредам никој, посебно не тебе.
    Ја зборев за скопски свадби, еве малку да се извадам ако се рачуна :sweat:
     
    Последна измена: 26 мај 2019
    На Sexybaby86, LejlaD, wannaBeMomma и 17 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.096
    Допаѓања:
    269.048
    Јас не. Не одам, а ако не му се оди сам на мим може да си остане дома. Јас не му викам да не оди, и тој не ме тера мене.
    Не одам кај луѓе кај што не сакам да одам, ниту канам за "чест" да направам.
    Без оглед што е во прашање.

    Се погоди сега во јуни да сме поканети на две свадби во ист ден. И на двете сме ептен блиски, не само пријателски, фамилијарно.

    Ама се "поделивме" - мим на едната, јас на другата свадба ќе одам. И јас и тој ќе однесеме поклон во име на двајцата.

    Со сила убавина не бива, и како што од сред дискотека си одам кога ќе ми се здосади, а мим може до сабајле да седи, исто и со се' друго.

    Не е толку сериозна работава па ај со сила ќе правам. Исто на 100 слави не' канат, на некои одам сама, на некои од сам мим, на некои одиме заедно, на некои ич не одиме.
     
    На Dust, mal.ecka, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Одам на свадби, кај што стварно ми е ќеф.
    Не ми прај разлика како е организирана свадбата, дали имаат нагласено какви поклони сакаат или не, дали прават адети или не, дали врват по маси или не...
    Нивна свадба, нивен избор.
    До сега, не сум се налутила ако некој не ме поканил, ниту пак знам за некој да ми се налутил ако не сум отишла (ако има такви, нека им стои).

    Тргнувам од мене и мојата свадба.
    Сигурно имало луѓе шо не им било нешто по ќеф, ама пак не се мажеа/женеа тие, туку ние.

    Би сакала да одам на свадба која е во друга земја, со друга традиција и други 'адети'... се надевам некогаш ќе ми се исполни желбата :inlove:
     
    На Dust, Sexybaby86, LejlaD и 15 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.096
    Допаѓања:
    269.048
    Во јуесеј бев на таква свадба :D
    Класична храна немаше, буфет секоја маса да боцкаш и неколку пиења (безалкохолни), алкохолот сам си го плаќаш :D
     
    На Sexybaby86, LejlaD, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.549
    Допаѓања:
    114.276
    Пол:
    Женски
    Свадба правеа или излезени бевте викендашки? :?:
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Не е 'чест' да одиш, па после ако не ти се бендиса нешто да викаш 'простачки'.

    Зато реков во првиот пост на темава: Мразам 'од култура' канење, и 'од култура' одење.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.