Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Ствар укуса и браво за тебе.

    @CameliaMiller јас секоја покана ја третирам како чест, а они зашто ме поканиле, тоа е нивна работа.
    Јас лично никого не би поканила ради реда. Свадба не сум правела за да споделам искуство, но од наши фамилијарни прослави знам дека некои роднини сме ги канеле, некои не.
    Ако не сме блиски, не сме контактирале со години, зошто да ги канам, башка сигурна сум и дека ако каниш некој ради реда и тој ќе дојде ради реда, непотребно замарање за двете страни.

    @Cosmi и јас многу сакам цвеќиња како подарок.
    Од татко ми секој роденден и 8ми Март имавме цвеќе додека можеше да оди и да купи сам. Внук ми по негов пример ја продолжи традицијата и сега иако не е во земјава, плаќа онлине и за роденден и 8ми Март обавезно имам достава на букет со картичка дома.
    Не е тоа само цвеќе и еден обичен букет, тоа е еден многу убав гест и за мене едно големо внимание, а во случајов и изразување на љубов и почит.
    И јас сакам да давам и добивам цвеќе, барем една недела да ми се полни душата со убавина кога ќе го гледам дома.

    Ама пошто пред некој ден зборев колку е супер темава и колку се респектираме тука сите, да не ја расипаме со непотребни разлагања за не толку битни теми, јас ќе завршам тука со темава свадба.
    Кажав само мислење, сепак е ова јавен форум кој на некој начин формира и јавно мислење и сметав дека е супер место да се каже за некои работи.
    Се извинувам само што го употребив зборот простачки, тоа е прегруб збор и можеби некого навредив, а немав намера и обично сум повнимателна кога бирам зборови.
     
    На WildMk, mareane, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.625
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190523_061445.jpg

    Кафе и појадок денес на Мејфер се јаде.

    Добро утро.
     
    На elena.mak, Желба, CameliaMiller и 24 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.773
    Допаѓања:
    150.600
    Пол:
    Женски
    Ах бре колку ми правиш лиги со сликиве, многу ми се оди бар на ефна недела :wasntme:
    Јас прашував и ги направив ама сувички малку ми беа, барај совет од некој поискусен :)
    И кога спомна некој, всушност кога ќе размислам најмистериозни ми се @Peco и @Mr. Right :)
    Од каде да се фати денов :worried:
     
    Последна измена: 26 мај 2019
    На Желба, Dadusicka, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    179.033
    Пол:
    Женски
    Добро утро, убав ден :)

    Зборот провинцијалка вооошто не ме навредува. Не сум од метрополата, значи сум провинцијалец и не знам зошто луѓето го прават тоа да звучи лошо. :?:

    На свадба одам од чест и ќеиф кај најблиските.
    Моите имаа голем круг на пријатели со кои многу се почитуваа, а јас и брат ми поголемиот дел од децата нивни не ги знаевме, или ги знаевме само од видување. Првите години кога татко ми почина, некои од нив женеа синови и ќерки. Нормално, мајка ми и татко ми ќе одеа, ама мајка ми првите години не одеше никаде, па јас и брат ми бевме замената. Тоа беа свадби на кои ама ич не ми се одеше, ама секогаш бевме поканети, значи чест ни беше напраен да ни се дојде дома да ни се даде покана лично, и со зборовите “стварно ако можете, би сакале да дојдете”, и на заминување истото било потенцирано. За мене тоа е чест и јас и брат ко попчиња ќе отидевме.
    Не ми падна круната. Испочитувавме долгогодишни пријатели на моите.

    Дали некој сака или не сака цвеќе, во смисла не е “цвеќар” сеедно, цвеќе ми е секогаш далеку посоодветен подарок за свадба или за било каква друга пригода од грепка. Цвеќето си има од секогаш убава симболика, и плус за него треба да потрудиш повеќе отколку да застанеш во прво тобако накај ресторан и собереш некоја грепка успат. Па и тоа што потоа пола ќе се поделат на другарки и братучетки што да не? Мене ми е убав гест.
    До сега никој не посакал грепки на свадби каде сум била, и среќна сум поради тоа.
    И прв пат слушам дека некаде се собираат пари со купоните за вечера. :o

    Овде од друга страна, кога те канат на роденден во кафиќ, сам си плаќаш за кафето или што и да пиеш. :| Ете, тоа мене ми е многу глупо. Може оти ние сме научени да се частиме за се нешто, ама па на роденден да отидеш и да си платиш сам еве што знам... :?: Или на пример секое дете си има свој кум и кумот носи подарок само за детето на кое е кум. Мене така ми е незгодно да делам 2 сестричиња на пример, па таму каде маж е кум, на мое инсистирање носиме подарочиња и за двете. Дете ко дете, даваш подарок на едното, другото те гледа во раце... како да ги делам децата така.. не можам да разберам и не можам..

    Сум била на две свадби овде лани и преклани, кај најдобри другари на маж. Едната во Пела, другата на бар на плажа тука на островов. Концептот е ист. Со никој не се сликаш и не се поздравуваш на влегување. Носиш исклучиво плик, кој ќе го дадеш во текот на вечерта.
    Ама отворен буфет со огромен избор на јадења и неограничен алкохол. И нормално, луѓе кои без срам ќе полнат планини во чинија по 3-4 пати како да не виделе храна со очи. :envy:
     
    На Желба, CameliaMiller, Dadusicka и 30 други им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе, цигара и фемина, заслужен одмор, децата гледаат филм со татко им, некој од тие Лего филмови по милионити пат.:lol:

    @mareane честито матура на ќерката и роденден на другата.:party:
    :^:

    Немам некое мислење за свадбите, немам одено на многу освен на најблиските и по некоја колешка/ колега. Кај мене си имаат gift registry и според блискоста си плаќаш подарок, имаат од $20 до $500 во вредност.
    Ние не сакавме подароци за нашата свадба им кажавме на гостите да уплатаат која сакаат сума во фондација за деца за која доброволно работи сопругот.:)

    Ние на блиските во Мк им даваме по $ 1000 дали присуствуваме или не и плус подарок, зошто парите се тропаат а подарокот си останува засекогаш.
    Тетка ми за синовите ги организираше свадбите за да можеме и ние да присуствуваме па срамота ќе беше да не отидеме, нив повеќе им даваме дека ептен нај, нај, нај блиски сме со нив.

    Кога имаа деца им праќавме полни пакети се со име не од $2 работи:wasntme:и плус некоја пара ама кога се роди внук ми никој ништо не им текна да пратат освен тетка ми, после и близнаците на брат ми и Матео се родија пак ништо па и ние веќе нема потреба да праќаме и нашиве деца се деца, никој не барал да се дава колку ние што даваме ама едно ќебенце сите можат да си дозволат, никој не е за жалење, сите се ситуирани.

    На мм му понудија многу добра работа во друг град, да биде главен на хирургија што за негова возраст е големо достигнување, се двоуми зошто не сака сам да оди, не сака на децата да им го ремети редот за сите да одиме, ај има уште 2 недели да одлучи ваљда ќе одлучиме до тогаш што ќе се прави.:)

    Мислам @Yowannty напиша дека со 30 години касно било за 3 деца да роди, јас на 31 првото го родив до 34 третото, секое летенце, детенце.:lol:

    Друго не ми текнува што сте лафеле:lol:одам да гледам Лего филмот со мм и децата.
     
    На elena.mak, Желба, CameliaMiller и 40 други им се допаѓа ова.
  6. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.305
    Допаѓања:
    104.004
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug::hug:
    Многу е срцко лепотан е мачорот :inlove:
     
    На Желба, mareane, Dust и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.222
    Допаѓања:
    136.332
    Добро утро.
    Проект трева завршен.
    Проект остава у кујна почнува.

    За свадби сум кажала. Поголема глупост нема. Затоа не правевме.

    17 прозорци избришани, 18тиот не можам да го докачам:(
     
    На WildMk, mareane, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.008
    Допаѓања:
    68.273
    Јутро! :coffee:

    @bittersweet многу интересно раскажуваш. Секогаш кога те читам, исто ко да гледам краток филм. А да земеш да пишуваш раскази? :))))

    @Yowannty од вчера мислев да те тагнам за соновите. И јас сонувам такви језиви соништа од време на време. Ништо не значат, тоа е само начин твојот мозок да ги процесира информациите кои ги добива во текот на денот. Што помалку им обрнуваш внимание, побрзо ќе ги заборавиш.

    Да се фатам за работа, куќава ќе избега. :tmi:

    Убав ден! :sun:
     
    На Желба, CameliaMiller, Dadusicka и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.401
    Допаѓања:
    174.841
    Пол:
    Машки
    Добро утро, како сте денес? :)

    Не сум мистериозен, туку нема за што да зборувам. Секој ден е копија од претходниот. Само работа и дома, нема ништо интересно што да се каже.
     
    На Желба, CameliaMiller, Dadusicka и 25 други им се допаѓа ова.
  10. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Леле муабетов за свадби не ви требаше, една крај на август, друга почеток на септември]:)а на одмор тоа време одиме, којзнае како ќе се организираме:?:
    Ќе му ја мислиме до тогаш.
    Сега уживам во моментот...
    20190526_104917.jpg
     
    На Желба, CameliaMiller, Dadusicka и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    181.941
    Само добро утро да ви посакам, и демократски да ви порачам, на кој како му одговара, така нека прави.
    Многу муабети отворивте, а немам време ни да ве дочитам.
    Селани/ки или граѓани/ки, ништо не ми менува, подеднакво ве сакам. Јас сум и онака вонземјанка:lol:.

    И другарот Пецо да го поздравам, специјално
    Оти ние останатите, секој ден различна агенда имаме, еден ден во Париз, еден ден во Рим, не можеме да постигнеме од динамики(hollest). Седи таму, мистериозен си. Јас дури незнам дали си Пецо или Пеко (како продавницата за чевли) :D.

    Ајт, умни да бидете:f:.
     
    На Желба, Dadusicka, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.875
    Допаѓања:
    171.199
    Пол:
    Женски
    Не гуглам поќе шо да јадам, најдов.
     
    На WildMk, Dust, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Супер!! Браво, одлична е !!
     
    На Ladygugche, WildMk, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @SV1911 може некоја идна професија да ми биде пишување раскази, сега имам инспирација од деЦиве ама немам време.:lol:

    Моменталната слика дома кај мене,, Константин ми е качен на главата, поголем бил од татко му сега, Лети пробува да се качи врз него за она да биде поголема од тато а Матео ги сска и двајцата дека уште не се поголеми од татко им, повисоко да се качат, ако ме нема да пишам ми го скршиле вратот.:lol:

    @Желба

    Еве јас колку чекори правам а не сум ни на работа, кога сум преку 25.000 на вечер правам.

    10E44610-44D2-4832-B8C3-987B5DE1F1F1.png

    Ете сега гледате колку имам дадилки, батлери, вода стои јас не стојам.:rofl:
     
    На elena.mak, Желба, V.odolija и 30 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    181.941
    @bittersweet ај сега да признаеш дека апликацијава од батлерот е, кога веќе го спомна;).
    Уште е дење кај вас?

    Ќере има некоја интересна опсесија периодов, повремено прашува, а сега каде е дење? Демек ако кај нас се стемнило, во Индија било ден? Или во Австралија? А вчера ме праша за Северен пол, дали е ден или ноќ. Незнаев што да и одговорам(facepalm)
    Дали да се надевам на иден нобеловец? :rofl:
     
    На elena.mak, Желба, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.073
    Допаѓања:
    179.033
    Пол:
    Женски
    Битер, ова е најдоброто нешто што ти се случило, и без разлика што велам, потајно сакам и јас така. :wasntme: Ама за тоа, треба многу коцки да ми се наредат и многу богови и ѕвезди да ми се наклонат. :) Само никогаш не се знае... :)


    Неделно, вадев кактуси и други сукуленти, и ги декорирав со бели камчиња што ги купив пред некој ден. Некои ми беа сомнителни, може нема да ги биде, па нив не им стаив камчиња во случај да треба да ги менувам со нови наскоро. :D
    Гледам и сончогледите кај и да е ќе се отворат и конечно балкончето ќе заличи на мала цветна градина.
    Во две саксии, каде маж лани садеше јагоди, сега се полни со коприви. Да ми е да знам како тоа се случи... :?:

    Денеска денов ми е посебен вид мрза. Ми се средува нешто низ дома, ама не ми се излага надвор ич. Ќе се истегнам само до кај неговите на ручек, со желба да не фатиме некоја кривина и да си дојдеме директно дома. :smirk:
     
    На elena.mak, Желба, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ај сега не ме издавај, таман ќе ги убедив дека сум супер жена.:@:rofl::rofl:

    Темно е кај мене, зима иде се стемнува околу 6 часот,сега сме 8 часа разлика, во зима кај вас 10 часа разлика, како и да вртиш ајм ин д фјучер.:wasntme::lol:

    Константин му се налути на татко му, му го зема телефонот и му го џитна во канта, лош татко бил.:rofl::rofl:
    Додека се смеев на мм дојде го зема и мојот и го џитна во канта дека сум била лош мама дека сум му се смејала.:rofl::rofl:

    Децава 90 %од времето ми се цепки а 10% од времето се мали ѓаволчиња.:devil::rofl:
     
    Последна измена: 26 мај 2019
    На elena.mak, Желба, V.odolija и 28 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    181.941
    Правосмукалчам, варам, кафе пијам...
    Ми се разбуди мозокот, ми текна @bittersweet e уствари алтер-его на Оливера.
    Со мераци ја читав пред година, две, тоа е уствари последното нешто што сум го прочитала од белетристика.
    Кое и да е его, одлично е за читање, кој има мерак на убави зборови, повелете

    Убав ден имајте:sun:
     
    На elena.mak, Желба, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Здраво женски

    Периодов да го опишувам,серија ќе можам да снимам.
    Ама да не ве трујам со глупоштии,еве цреши,тазе берени од двор,ќерче се истопори на дрво и набра,има доволно за сите,праќам по карго,цена иМбокс,ама за другарки феминки гратис.
    147ED693-110F-46CF-AC33-5844EDD0CCD0.jpeg

    На свадба цвеќе и пари носам,грепки не ми се случило да видам на покана дека сакаат,а ако сакаат нека си купат младенците,поглупо нешто од изумот грепки на свадба,немам сретнато до сега.Бракот не е игра на среќа и не ми е јасна симболиката на грепките.
    Вечер сме на матура,а овој мојов дал веќе пари на славеникот.Сега со празни раце ли ќе се истопориме таму:^)?Да не сум купувала ништо,он веќе завршил работа.Епа не можам со празни раце,барем некоја ситница ќе земам.
    Инаку и јас сум матурантка годинава,ќе се слави годишнина,Едвај чекам да си ги видам сите,каков клас си бевме...

    И кога сме веќе кај матуриве,синко уште од сега ни кажа дека сакал голема матура во кафана,многу интересно му било,па почна да збори што ќе носи.Не мисли некоја оцена да поправи,тој веќе матурирал.

    Тоа би било тоа,многу теми имам пропуштено да прочитам,ама како што ви кажав еден куп работи периодов.Најубаво е што чекаме принова во фамилија за некоја недела и што си купив карти за на одмор.

    Сите ве поздравувам:*
     
    Последна измена: 26 мај 2019
    На elena.mak, Желба, CameliaMiller и 24 други им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.752
    Допаѓања:
    145.211
    Хај!:hai:

    Летово имаме свадби колку уште еден одмор. И скоро секое лето е вака последните години. Ама па за убаво да се гледаме.

    Ќе одиме на сите. Никој не делиме и двоиме. И мене некогаш не ми се оди на свадби од колеги на мм кои не ги знам ама најчесто ме канат и мене. Па за чест на мм и нивни , одам. Не ми е тешко. После и ми се бендисува иако сум промрчела.

    Лани се погоди свеки да имат две блиски свадби во ист ден, различни градови.
    Не замоли да одиме ние на едната свадба. Нормално дека и направивме чест, ем на неа, ем на домаќините. Поседовме, извртевме некое орце и назад. Ништо страшно.
    Не сум ни јас некој голем фан на свадбите, ама правам чест.

    И самите правевме свадба. Колку сме толку сме , многу сме си. На кој ми текна нагласив да не се трошат за цвеќе. Оти и онака куп собравме. Поканата ни беше како на Ками замислата ,,Чест ќе ни биде да присуствувата на нашата свадбена веселба,,... Толку.
    Сме носеле и грепки на свадба. И не сум земала и тоа за зло. Ако така решиле- океј.

    Не го сакам поклон во плик од една причина. Може тетка ми нема да ми даде 100е ќеш(карикирам) , ама за тие пари ќе купи Тв на милион рати, а ќејф и е. Ние , а и скоро сите носат веќе плик. Најлесно е и најпрактично. Кај нас немаше ништо назначено па имавме 2-3 поклона само. Се што сега користам.

    Море само нека има поводи за радување. :music:
     
    На Желба, V.odolija, do-re-mi и 27 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.