Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.326
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Допивам кафе, сработив нешто и милион мисли ми се вртат низ глава.
    Се приметувам дека сум станала ладна со некои луѓе и држам дистанца. Периодов дури избегнувам средби и телефонски разговори за да си го сочувам мирот. Не знам дали правилно постапувам, може грешам ама изморена сум од разглабање и дишење у врат.
    Ви се случило ли со душа да чекате да дојде време за да почнете со нешто, ама кога ќе дојде моментот да ве фати страв и да се мислите? Мене тоа ми се случува, кога дојде времето јас се плашам и тапкам во место, голема одлука е во прашање и се плашам да не се згреши па се преиспитувам и гледам опции. Многу било тешко големи одлуки да се донесат, порано полесно ми одеа тие работи, знаев да ризикувам и секогаш се исплатеше. Со тешки мисли се расправам уште од сабајле.

    @mareane со закаснување, нека и е среќен роденденот на ќерка ти, само убавини и посакувам :l:

    Убав ден :f:
     
    На Dust, BearMe, WORRIED.BT и 27 други им се допаѓа ова.
  2. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.965
    Допаѓања:
    273.557
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене.
    Ич не сум спиена,од главоболка и мисли глупави.
    Како зомби сум, незнам како ќе се турка денов.
     
    На Dust, referentka, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :yawn:
    Дајте дупла доза кафе :coffee: Спиев „на рати“, 100 пати се разбудив и презаспав, 100 пати станав да го покријам малиот немирен шутирач на ќебенца :sweat: Дека боса спие, па не сум мирна ако не е покриена, иако е топло. Знам, луда сум, ама не можам едноставно да се опуштам. Си ја мразам оваа особина кај себе, overthinking за СЕ'! Аман! Можам да замислам што ќе биде кога ќе тргне бебка во градинка. Ќе си препукнам од грижи :worried: Ваљда нормално е ова мое преголемо секирање, сигурно има и други вакви мајки како мене :wasntme:

    Три дена дома летнаа, а денес имам проблем да се вратам на работните обврски. Па и како за белја, еден досаден колега кој сите го избегнуваат, ме начека сабајле, ми се пикна во канцеларија и ме удави со глупости :@ Не ми се слушаат туѓи проблеми, не ме интересира едноставно. Не ми е близок, ни па пријател за да трошам мозочни атоми да го слушам и совети да му делам. Иди бркај работа :swear:

    Позитивното во целава негативна приказна :D е што уште неделава сум на работа, наредната цела сум на одмор :party: И нема да одиме никаде зошто две свадби имаме, ама тоа е. Во септември тек на одмор, здравје.

    Ај да ги исчитам мејловиве, имам еден куп |(

    Убав ден да имате, искрено се надевам дека времево ќе се одлучи конечно дали сака пролет или есен да биде, и ќе се нормализира :D

    :hai:
     
    На Dust, BearMe, Peco и 28 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.165
    Допаѓања:
    207.778
    Пол:
    Женски
    Добар ден и убава работна недела имајте.Тегнам кафе,си врни,само што не е ладно па порает.Не е за идеализирање бившата Ју,си имаше негативности,само народот некако поопуштен беше.Дали дека по војната маки имаа истргано па после некако се арно им беше.Немаше луксузи но така сите тераа.Додека држеше стариот под контрола,камшик играше,со неговото стареење презедоа контрола и над него па почна распашој.Голи оток беше рак раната од негово време.Но факултети признати беа,за чудо едно идеа странци да студираат,но рака на срце излегуваше образовен кадар.Со тогашен пасош кај сакаш одиш .И така,не беше се сјајно и бајно,не е злато се што сјае не се рекло џабе.
     
    На Dust, M&M, BearMe и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.427
    Допаѓања:
    171.995
    Пол:
    Женски
    Утро :hai:
    Понеделник ,а :$
    Мене недела ми е , срцката ми спие до мене , јас со слушалки зјапам некои емисии на таблет.

    Спржив момички за појадок . Два леба скоро.
    Па земав да ги бројам . 28 комада 8-|.
    Ај да се кладеме дека до вечер маф ќе бидат :D

    Ручек нема денес . Т.е само тиква и модар може да спржам . Ама и за тоа ќе видиме како ќе ме стрефи.
    Времево никакво .
    А баш ми се кулираше во двор.

    Ај се слушаме (highfive)
     
    На Dust, BearMe, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    135.777
    Пол:
    Женски
    Југославија? :?: Да била толку добра ко шо ја величат не би требало да се распадни... Ама ај да не се праам паметна, не сум живеела во тоа веме.

    Физура за на свадба :?: Освен пеглана коса друг фриз сум имала еднаш, не броејќи ја фризурката за мојата свадба, и тогаш бев ко тетка. Ма тетка и пол. Па и една шминка шо ми ставија |( Ами после едвај се измив, тоа лак, укосници... се осеќав ко бетон да носам на мене.
     
    На Dust, M&M, BearMe и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.427
    Допаѓања:
    171.995
    Пол:
    Женски

    Сто пати го слушам .
    Какви само емоции ми буди
     
    На friendy, dunika, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.079
    Допаѓања:
    179.142
    Пол:
    Женски
    Добро утро. :)
    Чернобил изгледана вчера вечер. Едвај чекам наредна епизода. :)

    Сум се родила во време на распаѓање на Југославија, па лични спомени и мемории од тоа време немам. Ама фактот што “друже Тито” се самопрогласил за доживотен претседател, многу говори за фактот во каква диктатура се живеело, а не биле свесни за тоа. На исто рамниште ми е со Путин и Ердоган денеска. Моите, и двајцата ја идеализираа таа пуста Југославија и кога човек нема тронка критичност дури и за она што го поддржува, не ми е баш меродавен да ми збори.
    Она што го имам запамтено како добро од тоа време е дека моралните вредности имале поголемо значење. Татко ми често знаеше да приспомне дека дедо ми иако држел јака функција во фабриката каде двајцата работеа, никогаш не го стаил татко ми на некоја функција како син да го протурка, туку тој си почнал од најнизок ранг како обичен работник како и сите други впрочем. Така дедо ми сметал дека било правилно, татко ми сам да работи и да стигне заслужено до повисока функција.
    Дали било само до дедо ми, или така било во глобала не знам. И искрено, не ми се верува.

    Понеделнички, прав сметена, доручек поминат, кафе ми се смешка на маса, и Два ипол мажи на тв. :)
    Цела ноќ истури дожд, и еве сега гледам сонце срамежливо ѕирка низ облаци. Нека поминуваат деновиве само... :)
     
    На Dust, BearMe, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.305
    Допаѓања:
    181.997
    Де бе па вие, ама резонирате. Еден СССР се распадна, една Австроунгарија, една Отоманска империја, па за Југославија. Големи игри за големи играчи се тоа. Технички Шпанија би можела да се распадне секој момент, или барем Каталонија да се отцепи, ама нема. Не дека нема народ кој би го сакал тоа, просто не е пожелно. Или УК.
    Јас памтам дека во екс Ју јадев еурокрем, после тоа јок. Сега, факт е дека во различни периоди различно било, имало и периоди кога немало масло и ред за леб се чекал, ама во секое село дом на култура имаше изградено и во секое село народ имаше. Е добро, кладилници немаше;).

    А за моралните вредности, да веруваш. Исто како што ја спомнав пред некој ден Шведска. Денес во Шведска ги учат децата да не се расфрлаат со пари и да не се покажуваат многу, многу, оти важно е да се биде скромен, да не се потенцираат разликите. Јас сеуште живеам (колку што можам) според тие начела.

    Толку за тоа.

    Денес и јас ко Иви, ептен исто.
    Еве го почнува... Фрка на многу планови. Ми иде да се покријам преку глава со ќебе, и да чекам да помине:tmi:, ама нити ќе помине, ниту само ќе се сработи:(.
    Да стегнам заби и да бувнам кафетин (најдоброто нешто измислено во екс-ју, мејд ин Мацедониа)

    Имајте убав ден:f:
     
    На Dust, M&M, BearMe и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.208
    Допаѓања:
    88.943
    Пол:
    Женски
    1991 Ју имаше долг од 20 милијарди $ .
    Поради тоа што беше "јака" држава имаше рестрикции за струја, имаше и ред за масло,леб.
    И национализација односно принудно одземање имот на поимотните.Нека ви го земе државата имотот што е ваша приватна сопственост,како ке преживеете?
    Прабаба ми умре од срцев удар поради национализиран имот во Хрватска ,денес вреден 1 мил.еура.

    Една партија ,немање алтернативи,опозиција,ништо.

    ЗА иселеничкиот бран што ја зафатил еден период никој не смеел да пишува.1967-71.
    Живот во мрак и розеви наочари.
    Измислување работни места за кои реално немало потреба(по 5 кафекуварки во фирма) ради мотото работа за сите,а се за да се купува лажен социјален мир.(денес реинкарнирано во државната администрација)

    Тој лажен меур од сапуница пукна.Југоносталгичари се нереални луѓе.
    Поради тој систем денес сите екс ју републики ,се давиме во корупција,научен модел.
     
    На Dust, BearMe, referentka и 17 други им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.752
    Допаѓања:
    145.211
    Хај!:hai:

    Излеговме на балкон да јадам на раат. Како не. Прво ми се истопори на стол, па ми ја истури водата. Толку од мојот доручек.:drunk:

    Родена сум во распаѓањето па ништо не знам од тоа време. А сакам да слушам како било ама без идеализирање. По тоа што слушам кредити се земало како ќе им текне, па враќале малку или ич. Секој втор имал стан од предузече.:D
    Повеќето уживале одмори, купони и што ли не од фирмите, а кој како плаќал , кој знае.
    Главно убаво живееле веројатно, па не им сметала диктатурата. Или не знам. Не сум доживеала па не сум паметна да кажам.:?:

    Секси ќе одиме заедно на одмор во Септември.:hai:
    После у градинка.:toivo:
     
    На Dust, BearMe, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.101
    Допаѓања:
    269.060
    Де мор :D

    Јас имам една фризура за секој повод - крупни локни, некогаш со плетенка, некогаш без.
    Вака:
    8b272457f5625ca74cd6c95b2908d0da.jpg
    Само најчесто зад уши ми оди плетенката, како венче :) Или класика виткана коса, крупни локни.
    Некогаш и сама така ја правам, ако не ме мрзи, за секој ден. А најчесто ме мрзи, па ја пеглам.

    За шминка... сакам шминка. И се шминкам. Многу :makeup:
     
    На Dust, M&M, BearMe и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    Баш ваква ми беше мојата фризура за свадба.ќе најдам слика и ке ти ја пуштам:*
    Едит:еве ја
    20190527_112237.jpg
     
    На Dust, M&M, BearMe и 30 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    22.059
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Времево крш.. јас кома. Не знам што ми е последниве денови, ептен ми се спие. Се комирам, не можам да станам.
    Не кажувам кога последен пат ми беше вака, оти не мислам дека е тоа.. мада никад не се знае.
    Да пијам кафе, да се избањам, вечер на мекици сме.
    За фризури, косава ми е хаос, немам некоја проверена фризерка за шишање и фризури. Ама стварно да шиша да остане линијата подолго, а не до наредно миење.
    За свадји праам фризури, ама не сакам сарми...
    И последната фризура отидов ко за нешо едноатавно(пример две плетенчиња од страна). Таа ме напраи ко кума да сум. Немав време за расправање, дете со тт, спремање хаос..
    Секако, никад веќе.нема да и влезам у салон.
    Да ми се витка лесно, или да ми стои убаво пуштена, така ќе ја носам, ама...
    Ме чека свадба у друг град. Таму нит шминка нит фризура ми се испробани, закажано е, ама каде што како, ништо не знам.
    Се надевам на кловн нема да личам.
    Ај кој е за кафе.
     
    На Dust, M&M, BearMe и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Може, така е планот секако (poolparty)
     
    На Dust, kuc, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.101
    Допаѓања:
    269.060
    Тоа национализација на имот и 90% државен сектор, не може да биде исплатливо.
    Може, ако сакаме да веруваме дека сме совршени суштества.

    А не сме. Секој за себе сака повеќе и тоа не било различно ни тогаш. Ама штотуку излезен народ од војна и окупации, прв пат во вистинска држава и релативен мир, верувам дека им годела ситуацијата.

    Баба ми, родена 44та, не е ју носталгичар. Имала образован татко за тоа време, имотно семејство. Скоро се' изгубиле со Југославија.
    Од друга страна, татко ми, роден 61ва (син на другата баба) е ју носталгичар.

    Ама тој не видел ни војна, ни па живеел одма после неа. Во "златното" време на Ју му била младоста, и се изнаживеал слободно, без претерани грижи.

    И освен офицери во ЈНА, другиве постари (30-40та родени и порано), нема баш ју носталгичари.

    Генерацијата на моиве е по така :)

    Ме бендисва многу :)
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2019
    На Dust, Alishan30, referentka и 14 други им се допаѓа ова.
  17. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Ќе видиме ли лето ?? 20190527_112739.jpg Имам чувство како во Лондон да сум со времево
    Банани и чоколади во Ју. Толку памтам , плус одмори на море од по 2 недели ,а сега едвај за 1 недела се стига да се плати
     
    На Dust, BearMe, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  18. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.165
    Допаѓања:
    207.778
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум сакала ваква коса,но мојава ретка,ниту пак држи виткана,за брзо пушта:inlove:
     
    На Dust, BearMe, Alishan30 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    :o
    Само од надвор толку или и од дома?

    Мене вчера пак ме нападна истото куче од лани, ме фати за ногавица, успев да побегнам, ама сега више стварно не се осеќам сигурна да шетам по улициве.
    Дајте предлог што да носам со себе, свирче би ми помогнало да го уплашам?
    Се мислев стап да земам, ама што да правам со стапот, да го утепам? Ако тргне да ме каса може само повеќе да го изиритирам ако мафтам со стап....не знам стварно:?:
    А ако ми се с'снат 2 или повеќе.. Ај ваљда не сум баш таа среќа...

    Ај нема да прозивам, ама феномен ми е како постарите Срби дојдени за време на СФРЈ, кои основале семејства тука, ги воспитале децата како граѓани на оваа држава и зборат српски, се поголем трн у око од цела популација што не ја почитува државата и се труди својот јазик да го наметне на цела држава. Сега ко ќе почнат да се одлеваат пари од државна каса за секое можно место у МК да има преведувачи и кај што има и кај што нема албанско население и како што веќе почна да станува предност познавање на албански за вработување, не знам како уште српскиов ќе пара уши. Мислам стварно.
    Постарата генерација Срби ќе ја снема набрзо, со ова другово што правиме?

    Eдит
    Имајте убав ден
     
    На Bratot, M&M, BearMe и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.666
    Допаѓања:
    202.242
    Пол:
    Женски
    ^^Ќе учиме албански :)

    Поздрав набрзинка. После продолжениов викенд многу ми дојде што требаше да станам за на работа. Инаку немам проблеми со станување :D
    Сакам сонце, ама времево не ме слуша. Се надевам дека ќе ни се погоди времето за одморот.

    За екс-ју, па живеев десет години во неа, не ја паметам по лошо, ама што знае дете. Мм е југоносталгичар, демек 4 години повеќе од мене фатил во таа држава. Убаво му било, само што, не знам, неговите мачна младост имале, студенти, со дете, работеле што ќе најделе, под кирија живееле, со тек на време се снашле, и стекнале имот. Имале шанса и во Канада да заминат, ама останале тука, оти добиле вработувања и двајцата. Сега свекрва ми се кае што не отишле, ама нема назад.

    За свадбите - кој како милува, така. Одамна не сум била на свадба, а и чинам дека ни во догледно време нема да одам, освен ако братучеткиве се решат да променат статус, што не ми се верува, други блиски луѓе немам, другарки и другари сите веќе со деца, сега ќе чекаме децата да пораснат. И не ми фалат свадби, реално, арно ми е и без нив. Немам главоболки за тоа што да облечам :P и каква фризура да правам :D

    Се читкаме подоцна... убав ден!
     
    На bittersweet, Dust, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.