Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    172.223
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Станав со ненормална главоболка .
    И ужасна вртоглавица . До толку што ни кафе не успеав да сварам .
    Маж предложи да ме земе со него на работа, ама што ќе правам таму. Ми скиснаа веќе тие болници . Притисокот одвај 70 со 50. А толку ми се врти што одвај буквите ги погаѓам. Да сум пробала да поспијам уште малку .
    Уште полошо ми е кога ќе затворам очи .
    Ќе следам како ќе ми биде , ако не ми помине таксито и на болница .
    Баш безвеза била оваа вртоглавицата :doh:
    Душата нит кафе нит к кола ми сака .
    Упм , се нервирам кога не ми е добро. А баш сакав на пазар да одам денес .
    Ништо . Ќе пробам да дремнам .

    Бидете добри :f:
    И да ви кажам една тајна .
    Утре е петок и тоа последен ден од месец мај :lol:
    :hai:
     
    На Viktorijaaa5, Желба, Peco и 28 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    20190529_123755.jpg

    Добро утро.
    Денес кафе на работа се пие.
    Јужен Лондон.
    Нема шетање.
    Само работа.
    Колку е убаво чувството кога другите те искористуваат максимално. И физички, и психички и финансиски. Особено финансиски. Кога си тука да платиш за сè, за секое поголемо нешто, за секое помало, за секоја ситница.
    Потпора сум на сите, помагам во секоја смисла и кога тоа се бара од мене, а и кога не се бара. Ама, кога мене ми треба помош, никој не е тука за мене. Ти си силна, ти можеш. Јас си имам проблеми. Е тоа добивам за одговор.

    За моја жал, заработувам повеќе од што ми треба. Изгледа јас сум глупа па сум скромна за така да мислам. Ама тоа сум јас. Инвестирав во себе, и ми треба малку храброст да направам чекор и да започнам нова кариера која е супер платена. Ама уште стојам и чекам. Не ми се допаѓа брзината со која се одвиваат нештата. Затоа чекам.

    Мавам туш и на работа (facepalm)
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 32 други им се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Луѓенца убави, ајде на софра уште посабајлечки

    01_GHKL_JP-teres-Ramadan-2018_Buffet-Spread-1920x947.jpg 58319927-food-catering-cuisine-culinary-gourmet-buffet-party-concept.jpg caramello-cake-105070-1.jpeg collection-of-alcoholic-drinks-3d-model-max-obj-mtl-fbx-c4d-dwg.jpg ft-8-Skinny-Summer-Cocktails-That-Wont-Bust-Your-Diet.jpg

    Невестава во вторник почнува на новата работа! :dance:Колку сум превозбудена јас не можам да ви објаснам. Се тресам уште, не сум спиена цела вечер. Одамна не сум била толку многу нас'скана за нешто. Голема промена, голем чекор, малку (читај многу) опасен ама сега му е мајката.

    Ајде а се вратам да ве исчитам сите од вчера, прво дојдов да почастам. :^::beer::d::pizza:
     
    На JuLleE, Желба, Peco и 46 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Да варам кафе????
    94427276-coffee-and-venice.jpg

    Останете ми живи и здрави и најдобри :inlove: се друго е пролазно

    Поздрав.
     
    На Viktorijaaa5, Желба, WORRIED.BT и 39 други им се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    84.261
    Пол:
    Женски
    Честитки успех ти посакувам на новата работа....
    Добро утро !!!
    После ќе ве читам вчера цел ден во трчање но за убаво е со душа го чекам викендот и најубавиот месец во мојот живот...
    Кафе пијам и работно денес ,како и секој ден но прво да заигра правосмукалкава не е лошо...
    Убав ден ви посакувам!!!
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  6. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.177
    Допаѓања:
    207.930
    Пол:
    Женски
    Честитки за новата работа,успеси и задоволство од истата:*
     
    На Желба, Mr. Right, friendy и 17 други им се допаѓа ова.
  7. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Одвај чекам месецов да заврши. Па уште јуни да протера и да се оправам малку. Неиздржливо ми е со моменталнава здравствена состојба. Обожавам пролет ама последниве години поздрава сум на зима :).
    @elena.mak честитки мила, уживај на новата работа.
    Кога ве читам како аплицирате, менувате работни места, сфаќам колку сум смотана за таа работа. Многу мразам да менувам раб места. Кога ќе навлезам во одредена "проблематика" и ко ќе ја усовршам после ми е многу страв да преминам на нешто ново. Ме фаќа паника од непознато и губам самодоверба. Еве на моменталново реб место со месеци не спиев од грижи на почетокот. Сега сум махер :) знам и што треба и што не треба ама 6 години се пројдени и да ме прашаш мене ја би овде до пензија :D. Ете до толку сум.
    Пари никад доста и 100000 евра да имаме пак ќе најдеме начин да ги потрошиме. Јас од месецов решив да почнам да "крадам" од сама себе и од мм. Ќе видиме како ќе испадне :)
    Убав ден на сите
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 31 други им се допаѓа ова.
  8. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    @vitamina убав ден да имаш , ни фалиш :hug::hug::hug::hug:
    @elena.mak честитки само успеси
    @malerozna спиеш ли ти некогаш 24/7си активна по работа или така ми се чини не знам што работиш ама секоја чест за енергијата .....младост :hug::hug::hug::hug:
    @Bubce38 после рапорт да пишеш како си :)
    20190530_090932.jpg пари никогаш доста
    Чернобил почнав да го гледам уште минатиот викенд али нешто посебно не ме воодушеви ,приказната ја знам голема бев кога се случи се сеќавам ,трагедија во секој случај ,да не се повтори пак
    Ме интересира тие што имате поголеми деца дали за следната недела имате најавено тестови ???? Сакам да ми одговори некој , или јас не сум во право или не разбирам ,кога ќе ги прегледаат кога ќе поправаат или има нешто што јас не го разбирам
    Вчера синчето ми вика мамо ти си живеела во три различни држави ,,, викам е како ,,, е па кога си се родила си живеела во СФРЈ , кога си ме родила во РМ , а сега во СРМ ,,:rofl:ах што нема да им текне .....
    Убав ден да имате :sun:
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 30 други им се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    58.086
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!! убав денов и денес, сонце :sun::sun::sun:

    За пари никогаш доволно, АМА !!! ако новата работа е таа што тебе ти причинува задоволство и ти се будат пеперутките во стомакот одма треба да ја прифатиш...платата ако е помала исто така, не се секогаш пресудни парите, некогаш убавото чуство , амбициозноста, самоиницијативата ќе бидат наградени од новиот работодавач и пак платата ќе се достигне... Секој нов почеток и предизвик се убави и вреди човек дур може да менува работни позиции.. Во поранешната фирма , газдата често патуваше во Јапонија и кога раскажуваше што гледал во фабриките го потенцираше дека луѓето кои работат на одредена позиција се менуваат после 6 месеци на наредната , се преместуваат од одел на одел, ја учат работата на следниот одел и знаат кои работи да ги усовршат на претходниот (како клиенти се гледаат)...добра мотивација...
    Исто, ја знаете народната, дали да го сменам мажот или работата?? па работата нели?? мажот не си го давам...
    Требаат промени на работни места, штета што немаме доволно пазар овде во Македонија, ама тоа е..шансите да не се пропуштаат @Ariel а парите ако се помалку, пак ќе ги стигнеш на новата работа...

    @elena.mak честитки за новата работа..се радувам за тебе...

    Друго немам што да кажам...Имајте си убав ден
     
    На Желба, Skorpija25, BearMe и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    97.498
    Сум менувала работни места и ќе менувам додека не најдам нешто приближно на она што би ми било ок во оваа см*дена земја каде ништо не се цени и платите се средно-жалосни.
    Кога ќе дојдам до тоа скалило и ако имам веќе фамилија за издржување, не знам колку би ризикувала, со оглед на тоа дека во ваква земја може веќе втор пат да не ти се 'посреќи'.

    За месечни примања, со решено станбеното прашање и едно дете - 1000еу во Ск би биле ок за месец.
    Сакам и кога ќе имам дете, да не стискам само за него, туку да имам и за себе. Оти тоа дете ќе порасне, а мене годините нема да ми се вратат.

    Кога се разглабаат вакви теми, секогаш, ама секогаш!, сакам да си к'снам од газот зошто не си извадив пасош на време. Досега ќе бев ... Па сигурно ќе бев подобро од сега. И јас ќе им помагав на моите финансиски, а не тие на мене. Сеуште!
    Бедно е на 33г без разлика колку напор да вложуваш во себе, да не си самостален.
    Ова само тука го има.

    Се раздробив сабајлечки, ама си добив, па расположениево ме издава од секунда во секунда...еве додека пишев, да не е колешката до мене можев и да си приплакам слободно над некои мои одлуки кои ги споменав погоре.
    Ама па додека трчав по болници со мама, немаше ден да не помислам, да бев заминала, кој ќе ги оправаше кога само мене ме имаат...Ќе немаше кој на посета да и отиде... Па така, тука сум, живи сме, здрави, нека иде животот, како решил, така.
     
    На JuLleE, Желба, Peco и 35 други им се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.755
    Допаѓања:
    140.433
    @elena.mak честитки за новото работно место, да бидеш задоволна и исполнета од секој аспект. И браво за решителноста.

    Имајте убав ден
     
    На Желба, Mr. Right, BearMe и 20 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.578
    Допаѓања:
    114.470
    Пол:
    Женски
    @elena.mak честитки за новото работно место. Знаев дека ќе те примат, сите другарки ти пуштивме среќа :inlove:

    Како сте куклички?
    Јас работно од сабајле. Испивме кафе апнавме торта, на колешка и е роденден. Уште денес и утре па после две недели на одмор:whew:
    Не дека ќе одам некаде ама и дома да сум, одмор е одмор.
    Ајде, останете во убаво расположение, таков е денот сончев и убав:sun:
    Се читкаме :hai:
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Majuska83

    Majuska83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    @elena.mak Честитки за новото работно место, само успеси да те пратат!
    Сега откако сум подолго време во државно и стабилна работа иако малку платена и за жал како и на повеќето неценета малку ми е тешко да се одлучам за ризик да преземам за нова работа! И искрено ми е криво што така се чуствувам и треба да бидам похрабра и порешителна бидејќи не се чуствувам исполнета сега на ова работно место ама ај се надевам дека ќе се решам и јас самата некој ден за одлука некоја.
     
    На Желба, Mr. Right, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.698
    Допаѓања:
    104.780
    Пол:
    Женски
    Прво да и честитам на другарка ми за новото работно место, познавајќи ја и знаејќи ја нејзината пасија, залудно беше нејзиното потрошено време на старото работно место. Таков талент не е за таму! Другар @elena.mak со среќа и едвај чекам да се видиме на новото работно место :*

    Јас сум архитект, сите знаете, нажалост поради сплет на околности излегов од таа професија, бар не работам веќе толку многу архитектура како порано, индиректно сум поврзана иако наскоро најавуваат да ме вклопат во друг сектор во кој би била поповрзана со проектирањето. Работам во јавна администрација, како архитект ама не проектирам. Што да ви кажам, средно жалосно. Јас сум креатива, сакам инспиративна работа, не сакам штура администрација, ама креатива не плаќа сметки и не носи на одмор. Затоа се откажав од соништата засега за креатива, ама еден ден ветувам дека ќе се вратам. Пред да дојдам овде работев во една цвеќара, преисполнета бев, многу напорна и тешка работа ама исполнета максимум бев. Маж ми вика очите ти сјајеа кога одеше на работа, среќна и исполнета беше. Да беше платата малку поголема и да не зезаше газдарицата да работам само втора смена богами и ќе останев, ама вака.... Многу далеку ми беше, саат време патување, на тоа додади константна втора смена, плата мала, не се издржуваше, кога ми се јавија да се вратам на старото работно место се препородив. Но еден ден ќе се вратам, ќе си отворам сопствена цвеќара, ќе работам тоа што сакам, до тогаш колку можам ќе подработувам и ќе стекнувам искуство. Сега ме чека една декорација на една прекрасна веселба семејна во нашето семејство и тоа ќе биде со многу љубов направено. Обожавам да работам со цвеќе, ме исполнува. Кога на крај ќе го видам исходот од моиве раце произлезен се осеќам како да сум добила на лото.

    Убав ден! Одам да се карам со банкари.
     
    На JuLleE, Желба, Peco и 28 други им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    273.719
    Пол:
    Женски
    Честитку за успесите, новите работни места,браво за храброста и решителноста за нови предизвици.
    А и некоја надеж ова дава дека некои работи ќе се променат на поарно во државичево...Па и реални и достижни може да постанат сумиве со кои пристојно би живееле.Би сакала да верувам во последново.
     
    На JuLleE, Желба, Peco и 27 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.675
    Допаѓања:
    202.264
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво!
    Арни?

    @elena.mak честитки, само успеси да редиш!
    @Ariel види што ќе ти понудат, ти пуштам среќа за интервјуто!

    Јас сакам промена, и барам нови можности. Малку сум ограничена со професијата, пошто е специфична, плус има хиперпродукција, ама каде нема? Битното е да се докажеш. Мене од тука ми се бега, иако имам солидна плата (имајќи предвид дека повисока на вакво работно место тешко се наоѓа), и не работам за викенди и празници. Досега зедов предвид неколку нови работни места, сите на кои се јавив нудат плата дупло помала, плус работа за викенди и празници, како му текне. А на едно работно место ми нудеа да работам само за викенди и празници, на процент, колку пациенти, толку плата. И упорно барам нешто ново, ама хоризонтот ми зјае празен. Свое да отворам не се нафаќам, поголем ризик ми е отколку да сменам работно место. Не губам надеж, па и на сите вас што се плашите да ризикувате, ви велам пробајте ако имате шанса. Не велам да напуштите работа, ама ако излезе подобра прилика зошто да не се искористи?

    Во однос на парите, си велам имаме доволно, фала Богу, затоа што немаме кредити, барем засега, за понатака не знам. Ама трошоците се поголеми, не купуваме ништо повеќе и поразлично од порано, но парите побрзо се трошат. Порано можев да заштедам, тргав на страна по нешто, сега тргам многу помалку. Цените растат, платите стојат во место, тоа ќе да е.

    Ај доста кукам, четврток е денес... викенд иде, наредна недела имаме неработен ден...

    Убав ден!
     
    На JuLleE, Viktorijaaa5, Желба и 32 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.088
    Допаѓања:
    179.221
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Браво на одлучност и решителност. :clap: Јас и сега да ме праша некој, сеуште не знам за такво работно место што ќе ме исполнува толку за да немам желба да барам друго. На страна финансискиот аспект. До сега само според него се ориентирам.
    Откако си накалемивме бебе и станбен кредит на врат за тука ми требаат минимум 3000-3500€ месечно, за никој од нас да не си крати од ништо.
    Ама околностите се такви какви што се, па кратиме од се, освен од бебе. Си дозволуваме и непотребни трошоци, ама ни се сведени на минимум. Фокусот ни е во најнеопходното и најпотребното, се друго чека на подобро време. Па оттука тргнуваме кога треба нешто да се купува, дали и колку ни е неопходно и потребно.


    Лошо е што финансиите се променлива категорија и човек не може да спие на тоа уво, па не ретко го губи фокусот. Ама здрави прави и работоспособни луѓе можат да заработуваат. Тешко на тој што не може.

    Човечкото око секогаш ќе биде ненаситно и секогаш ќе бара поише, и искрено сметам дека ако човек верува дека може повеќе и треба да се бори и да не се откажува, само тоа не мора да го прави преку експлоатација на други луѓе.
    Малку повеќе човечност и љубезност во тој процес никогаш никого не убила. А кармата е многу опасна кучка. Гризе во најголемата слабост.
     
    На Viktorijaaa5, Желба, Peco и 27 други им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.112
    Пол:
    Женски
    Честитки за @elena.mak, со среќа нека е новото работно место :) Обожавам да те читам со сите твои згоди и незгоди, да знаеш!

    Мене ова работно место кај што сум сега ми е второ, на претходното се задржав само 6 месеци. Ми излезе прилика да дојдам овде и сменив и професија, и град, и начин на живот :)
    Овде сум 5 години.
    Првото работно место ми беше по струка, се вработив само што го завршив факултетот, ама воопшто не се пронајдов како наставничка. Школото ги имаше најдобрите услови, најнова технологија, нови простории, млади колешки и колеги ама платата ужас.
    Ова овде ми излезе ко кец на десетка, и без многу размислување прифатив да дојдам и да почнам заеднички живот со мм(тогаш дм). Платата ми растеше брзо, па тоа ме мотивираше плус.
    Сега сум на породилно отсуство, многу работи се сменија на полошо за овој период, и искрено не ми се враќа таму. Затоа секојдневно гледам огласи, можеби нешто ќе излезе.

    Само треба малку повеќе храброст и одлучност.
    Иако, многу полесно е да менуваш работа додека немаш дете и кредити.
    Јас сега ги имам и двете :) Едвај чекам да ги исплатиме кредитите со мм, мислам дека ќе се преродам тогаш. А имаме уште 4 години. Ама само здравје и се ќе биде :)
     
    На Viktorijaaa5, Желба, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.084
    Хај.

    Денес уште првиот сабајле ме нанервира :)

    Не постои позаморна работа од работа со луѓе. На моиве ми е некако полесно да простам кога се однесуваат идиотски, ама вие што работите со ем здрави, ем идиоти... секоја ви чест, искрено.

    На сите вработени во банка секоја ви чест.
    На касиерки. Во пошта. Сегде.


    Јас сега излегов да се излуфтирам, до сега немав шанса.
     
    На Viktorijaaa5, Желба, friendy и 24 други им се допаѓа ова.
  20. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    19.785
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Мене ме нема, па ќе се изгубам. :D

    Јас само да се согласам со Анатх дека е битно да се докажеш. Секогаш сум сакала да научам,и да си сработам баш како што треба. Ама за жал, Марфи е тука да ми покаже дека тој што забушава поубаво си поминува.

    Се вработува во Тинекс, среќа ми беше блиску. Ама ми се погодија колешки оговарачки. Повеќе гледаа кој што прави, што носи отколку да работат. Повеќе беа на пауза, а мутава Крејзи да не може до вц да отиде. Ме нервираа со тоа, ама гледав денот да ми помине, па не им продава значење. Е сега видоа дека работам, почнаа да бараат од горе ( т.н супервизори) да одам и на замена во друг маркет. Покрај мојата смена, друга смена во друг маркет, оти немаат персонал. И ми скисна тука, се побунив. И добив одговор: ти сакаш да работиш или да си одиш. Ок си отидов.
    За два дена друга работа си најдов. Исто во маркет, ама ем помалку работа, ем повеќе пари. Отпосле кога веќе видоа дека муштериите ме бараат, се јавија од Тинекс дали сакам да се вратат. Фала, не сакам.
    Е така, си кажав :D
    Убав ден на сВите.
     
    На Желба, Mr. Right, BearMe и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.