Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    104.212
    Пол:
    Женски
    Честитки и успеси на новото работно место.
    @Ariel пуштам среќа да донесеш одлука со која ти ќе бидеш среќна и исполнета.

    И јас се разбудив со главоболка бев кај мат гин за пап тест едвај се домакнав на работа да ме гледал некој како одев буквално ги влечев нозете а такси не ми се фаќаше сум можела јас ај да се размрдам и си го потрошив и последниот атом во мене.

    @malerozna јас кига те читам се изморувам како издржуваш девојче секоја чест .

    Така друшки ми се блокира мозоков сакав уште да пишувам заборавив што.
    Бидете ми добри добро :*
     
    На bittersweet, Желба, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    :~:Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе и цигара пауза, маж бања деца, јас да здивнам малку.:)

    @joy1 @ivi1987 среќен роденден и честито годишница.:party::party:
    @elena.mak честито нова работа.(y)

    Кај мене веќе мувлосавме од дожд, еве 10 дена без прекин секој божји ден, не можам да ги истрчуваа надвор децата, полни се со енергија а нема кај да ја тропаат па само смислуваат кој од кој поголема беља да направи.:drunk:

    Преска дремам во дневна и го слушам Матео плаче, дојде Конта го гледа брат му плаче па заради и тој и таман да станам да видам што им е го слушам мм како го оправа, плачело детево дека сакал пак бебе да биде, не сакал голем да биде(facepalm)што убаво го смири мм детево, да ти е мерак да го слушаш, каков е значи со децава срцево нааааа толкаво ми кога го гледам со децата.
    Не би можела да бидам со маж хомофоб или онаков со некоја замисла како треба да изгледа прав маж, некој што место да си го смири детето со убаво би му се развикал да престане да цимоли, дека не е женско и слични глупости.

    Е од друга страна вчера сакав да го убијам, малку му беше година дена без возачка, мастерати сака манекенот да си купи, таман 300 да може да вози и веќе возачка никогаш да не види.:@:swear:

    Истата работа ја работам веќе скоро 20 години, не сум сменила работно место, нема поента, каде и да одам истата работа ќе ја работам така да добро ми е тука.
    Пари се има, плата неделно земаме, од мојата плата плаќаме тековни трошкови и храна, бензин, едната неделна плата ми е доста за цел месец, три ми остануваат, ако одам по продавници може уште една неделна плата да потрошам, од кај мм земаат за куќата, нешто и јас убацувам по некоја илјадарка плус киријата што ја земаме за неа уште 5 години ни останаа да ја исплатиме. Маж плаќа и осигурување за куќа, коли итн и нему му е остануваат 2,3 неделни плати, калемиме доларчиња.:wasntme::rofl::rofl:

    Одам малку да се гушнам со деца и маж, вчера така испозаспаа ме сите во дневна уште во 8 30, пензионери.:lol::lol:
     
    На JuLleE, Viktorijaaa5, Желба и 39 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Карти за Оффест земени, ќе врискам по Крсте. Маж ми ќе ме трпи, што да прави? :D
    Ги изгледав сите 4 епизоди на Чернобил. Мака у стомаков. Невидена светска болка и чувство на немоќ, колку сме ние луѓето погрешно убедени дека сме богови. Не сме. Се распаѓаме секој ден!

    И купив дурбин на другарка ми за промоција вечер. Сакам и да пеам. Ќе видиме што ќе се случи. Денов ми е ултра виолетов, чувствувам возбуда во етер, а се отворија и некои врати што мислев дека нема да се случат. Пржев лепчиња во 8 утрово, кока кола се пиеше вчера :D:D:D.

    За нормален и лагоден живот во Скопје, вкупно требаат барем 1500 - 2000 евра ако си во брак со едно дете. Зборувам од оптимална гледна точка. Ние се бориме да обезбедиме за нас и за бебето, под кирија сме додека да се здесат одредени правни одлуки со станот и не сум баш најопуштена. За концерт, викенд, мини одмор има, за се' друго чекаме подобри времиња.
    Битно е да сме здрави и орни и да уживаме во секој момент што си го создаваме.

    ПС: сакам да летам со параглајдер ама сега дека сум мајка, ми фуфка. Требаше за 30ти роденден да си го овозможам тоа!
    Тоа ми е темата што ќе ве прашував - кои ви се најавантуристичките желби што сакате да ги остварите?
     
    На Желба, lunicka, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ви благодарам луѓе убави, ми значи многу озитивната енергија! :l:
    Во тековнава фирма не се воодушевија од мојата одлука, ама па и јас не се воодушевив од нивната одлука за мојата плата и плус 1000 нови обврски и нервози. Ми отиде младоста тука, една деценија доста им е. Беше одлично, имав многу за учење, милион шанси за напредок. Арно ама, од тука не можам ни погоре ни на страна, освен ако го дадам газот под кирија. (mooning)Оу, ноу. Нема шанси. Толку време со сите постави не играв со табори, сега па ич. Плус, ова е нешто што е надвор од било кое школо што сум го имала, ама е основа на мојата пасија. За љубов се работи, од срж. Онаква љубов со страст. :rofl: Храбра сум за вакви одлуки, иако од мене зависат две деца и маж со покомплицирана здравствена состојба. Мои се и си ги сакам скроз, ама се сакам и себеси! Мора да сум среќна за да бидат среќни и они. Платата е секако поголема од овој забит кај што сум сега, така да и финансиски нема да ги оптеретам да страдаат заради мои хирови. Нека е на арно за сите, да не остане голема неостварена желба. :l:
     
    На LunaGrey, JuLleE, Viktorijaaa5 и 42 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    @elena.mak , колку си возбудена, ми ја пренесе и мене возбудата :sun:
    Честитки за новото вработување, дај Боже да се вклопиш брзо и лесно, и само успеси да редиш :hug:

    Синоќа напипав малечко топченце во градата.. ко грашоче е. Маж паника го фати, трчанката седна на компјутер и закажа преглед во Ремедика (таму почнав со прегледи на дојка, па затерав).
    И друг пат сум напипала , па не било ништо, некои јазли шо биле нормални не знам шо, се надевам и овој пат ќе е така.
    Зошто да биди лесно, ко можи тешко |(

    Можеби некогаш пак да имам тројка... од екстремни спортови, само секс поштовам. :D
     
    На Shelea, JuLleE, Желба и 31 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.279
    Пол:
    Женски
    :hug: Денес поарна сум. Пешачев до работа да се раздвижам, уживав во утринската свежина.
    Пред 8 години овој ден ми беше последен како трудница за прв пат. Цел ден го поминав во шетање ко последен да ми е :wasntme: и баш ова време беше кога бев на цтг и на преглед и докторот ми кажа дека почнат е процесот, дека за брзо ќе се породам и се сеќавам како ми се озари лицево од среќа, а тој ми рече - смеј се, смеј, за брзо ќе плачиш - и така и би :D Вечетра на пат кон болница го натерав мм да застане на бензиска да ми купи чоколатца за на бокс да си се заблажувам :rofl::rofl: * имав многу епизоди на ТЛЦ за породување гледано :lol: Накратко, после најдолгата ноќ во мојот живот, го допрев најубавото девојче на светот :l:

    @elena.mak честито нова работа :f: Да те исполнува !

    Околу финансиите, колку се потребни, јас мислам и факт е - никогаш доста, ама со колку располагаш, толку ќе трошиш. Има патики и од 1000 денари и од 1000 евра, па кој со колку располага. Еден достоен, безгрижен живот, според мене, вклучува да се покриени режиски трошоци, храна, облека, скромен одмор бар еднаш годишно и некоја сума да се трга настрана за убави себапи и црн фонд за недај Боже. Сум била и со 2000 евра плата и со 200 евра. Се живее секако. Факт е дека сите се стремиме кон поубаво, нормално, но, особено при избор на работно место, приоритет давам на поудобна работна средина и достоинствено колективно опкружување, зошто пола ден го минувам таму, ја оставам снагата и најдрагоценото време, па искрено би избрала подобри работни услови пред поголема плата.
     
    На JuLleE, bittersweet, Viktorijaaa5 и 39 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    104.212
    Пол:
    Женски
    Најавантуристички желби
    1. Да ја пропатувам европа со само ранец на мене.
    2. Да кампувам во дивина од правење засолниште до ловење и преживување без ништо или минумум залихи.
    3 да се спуштам на ова

    Дур најдов преска погрешен линк копирав
     
    Последна измена: 30 мај 2019
    На Желба, Peco, Mr. Right и 23 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ми се виде: Да ја упропастам Европа :rofl:
     
    На Mr. Right, boomsleng, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    135.911
    Пол:
    Женски
    Чесито ново работно место @elena.mak само успеси да си имаш

    Авантуристички желби немам, во смисол банџи - џампинг, параглајдинг... плашливец сум си, само стабилно и рамно тло за мене. :tmi: Инаку пат околу светот сакам.

    Пари секогаш се малку и сите колку и да имаме се стремиме кон повеќе. Не сум болно амбициозна. Не ми е цел голем бизнис и многу недвижнини. Сакам само нормален живот, дом, солидно количе, еднаш - два пати годишно одморче надвор од земјата.
    Дека сума од 2000е за три члено семејство е потребна за нормален живот, мене ми е нереално. Можеби мислам така дека немам кредити.:?:
     
    На Желба, PUPICA, ane.bella и 29 други им се допаѓа ова.
  10. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    104.212
    Пол:
    Женски
    Хахахх а па види со мене се е можно пу пу да недаде Бог :rofl::rofl:
     
    На doubleg, Peco, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    За секојдневие без флуктуации, 1000 евра се сосема доволни, ама станува проблем кога е здравје во прашање.
    Сакале ние или не, за сериозни здравствени проблеми, професионалноста има да ја платиш, и натплатиш.. многу често и надвор од земјава.
    И не се ич заебанција суми како 10.000, 50.000, 100.000евра па и повеќе...
    Видов како изгледа со таква работа да се справува и некој што има и некој што нема да си ги дозволи тие суми.
    И здравјето е со пари некогаш.
     
    На Shelea, bittersweet, Желба и 29 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.755
    Допаѓања:
    145.216
    Хај!:sun:

    Се успавме денес со мали, па скроз се порамети денот. Од утре ќе му наредам на мм да не буди кога излегува ако не сме будни.

    Не би знаела да кажам колку се пари се доволни за нормален живот. Лакомо е човечкото око, колку повеќе имаш, апетитите се зголемуваат, џергата се пушта. Најважно е да останува по некоја сума на страна, за некоја сигурност. И за убаво, разбира се, не за црни денови.:!:
    Кога минималната, не просечната би била кај нас 500е и две вакви плати да влегуваат дома, сите би живееле понормален живот. Е сега на оваа сума не ставам кредити , само тековни трошоци.

    Не сум авантурист и јас. Море ич. Адреналинот само на рамна линија го сакам. :rofl:
    Не ме фаќа мерак ни за банџи ни за нешто слично. Може на стари години ќе ме удри во глава. Сега не баш.:D

    Хроничен страв од висини имам. На балкон надолу не гледам. Колку и да е ниско мене екстремно ми личи.
    Му викам на мм да ставиме на ограда од овие мрежите дополнително оти детево стои и се држи за решетки. Ми вика тесни се нема шанси да помине. Море ако, за секој случај.:D Мене страв ми е кога го гледам вака.

    @elena.mak честитки! Со среќа и само успеси да редиш!:party: Која енергија избира кога пишуваш за работата, не се сомневам дека брзо ќе се вклопиш.
     
    На bittersweet, Viktorijaaa5, Желба и 34 други им се допаѓа ова.
  13. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Здраво како сте?:inlove:

    Само што стигнав од работа нема никој а станот на рогови.. На кој каде му текне таму ги остава работите.. На секаде има по нешто.. После ќе фатам да чистам сега ми се јаде многу. Ќе излезам некаде не можам дома да јадам никој не е тука. Секој си има свои обврски.. После ќе треба и да се подзачисти..|(

    Инаку да ве прашам како можам да ги исчистам патиките ги извалкав со црна боја фарба ми капна а пошо се платнени и се бели пробав со оцет ама не се исчистија.. Некој трик за воа? А мн ми се убави патиките..

    @elena.mak честитки!!
     
    На Ladygugche, Kjutche, Желба и 16 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.736
    Допаѓања:
    322.970
    Несакам авантури.
    Банџи сакав кога бев помлада.
    Сега кога гледам какви несреќи се случуваат - од смеа-плачка, ич ништо не сакам од егзибиции.
    Вчера се судреле два брода во Будимпешта.Изгинаа еден куп туристи....зарем тоа за опасно сме го сметале за да се пазиме..
    Додуши ако човек рестриктивно размислува и се пази од се, судбина си е судбина, ако ти е пишано до тој ден може нема да се удавиш, може ке те згази кола, важно жив нема да си:tmi:

    Муабет што почнав:puke:

    Времево го оболе народов.Сите замлатени во главите.
    Или нека врне или нека се појави сонце.

    Друго немам да кажам.
    Се е исто.
     
    На Желба, dunika, friendy и 26 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.084
    Ако некад решиш да кампуваме, ама да не ловиме, барај ме :) И мене ми е тоа желба.
    Мада повеќе сум за "глампинг" него за "кампинг" :)

    Сакам да одам на патување со брод, ама фуфката е голема :)

    Најголема авантура и најголем страв ми е имање дете искрено. :sweat:

    Не знам зошто нереално... дома, јас и моите родители комбинирано заработуваме нешто повеќе од 1500. Искрено, не би рекла дека на "богатата" страна влечеме :) Едвај нормален живот може. И пак со рестрикции и ограничувања разни.

    Може сите имаме различно поимање на "нормално" живеење.
     
    Последна измена од модератор: 30 мај 2019
    На Shelea, bittersweet, ane.bella и 25 други им се допаѓа ова.
  16. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    104.212
    Пол:
    Женски
    Важи нема проблем не мора да ловиме
     
    На CameliaMiller, kuc, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Нормално е колку да се покријат сметките, ако искрсне нешто да се замени со ново, одмор нормален, храна исто. Алишта нормални, обувки исто. Нормално е двајца да работат. Заштеда 30% од примањата.
    Се друго е непотребно луксузирање, барем според мене.
    Гледав во Ск, обувки од 13 000 денари. Па кој побогу купува обувки од 13 000 денари? Не дека не се може, ама нема потреба.
    Чанта од 20 000ки. Секако.
    Поскоро би купила 4 пара годишно од по 50 фунти, отколку едни од 200. Ама сите сме различни.

    Џамби банч немам желба. Уствари ништо немам од тие луди спортови. Си носам белези по нозе од обично одење, не е тоа за мене.
     
    На Желба, ane.bella, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.766
    Допаѓања:
    173.052
    Пол:
    Женски
    Добар ден убавици:hug:

    Што да пишам, што да кажам.
    Искрено немам веќе зборови. Ми иде да спакувам едно куферче и да се иселам таму каде што никој, ама баш никој!!! нема да ме најде.
    Зборам и зборам и зборам.. зборам на ѕидот и дрвата..
    Водата ќе ме разбере што сакам да кажам и овците на комшиите ама овој мојов не разбира. Целосно сум разочарана и веќе не се ни обидувам да зборам. Немам сили, немам зборови, немам ни желба. Кажав, ми иде да се спакувам и толку... секој атом во мене е исцрпен, психички попуштам и го осеќам тоа.. Да може да се мери нервозата некако, апаратот ќе се расипе од што нивото е до максимум..
    Бев амбициозна, дури и премногу. Бев дива, сакав да шетам, да истражувам...сакам банџи, параглајдер, офроуд вожња во екстремни предели (веројатно би се исплашиле само од гледање на тие видеа на јутуб:D ), сакам како и @Milobebence да ја пропатувам цела европа а после и цел свет само со ранецот на грб..

    Ама сакам и дом. Семејство. Спокој. Смиреност. Сакам оваа година да искречиме, па да ја сменам дневната од корен, сакам нова спална и кујна горе на спратот... а тој не сака ништо. А време е...
    Покрај јадењето банани за битни прашања, ни на крај памет не ми е да се напнам и за овие желбиве од погоре. И така останувам само јас таа што многу сака, па бидејќи само јас имам желби веќе почнувам да се гушам, голема е веројатноста да си заминам и да си останам сингл уште долги години. Сакам цел пакет, а веќе ни трошките не ги добивам.

    Пари никогаш доволно, со денешниве цени во МК 1000-1500 евра месечно со едно дете и без да си скратам на тоа што сакам. И да тргнам на страна дел од тоа
    Друго нешто, барем 10.000 евра на страна за црн буџет и 10.000 евра на страна за ако не дај боже се случи нешто па цела година не можеме ни денар да извадиме, како претходната зима кога од кревет не станав со месеци.. потрошивме околу 4-5000 евра на лекарства, прегледи и трошоци што на прв поглед ситни изгледаат а кога ќе ги собереш фискалните паѓаш во кома..Не дај Боже пак такво нешто...
    Арно ама и тука не наидувам на разбирање.. почнавме тотално различни гледишта да имаме за животот и се знае тоа до што доведува..
    Се исцрпив цела. Веќе сум и тажна дури.. а тоа не ми се има случено откако знам за себе.



    На сите ви посакувам добро здравје, среќа и сите да сте си на број:hug: честитки за нови работни места, годишнини и родендени..
    Секогаш да бидете позитивни и да гледате само напред, особено кога некои работи ви изгледаат недостижни.
     
    На bittersweet, Желба, PUPICA и 37 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.736
    Допаѓања:
    322.970
    Има што купуваат.
    Мојата околина купува.
    И тоа јакни пролетни НА ПОПУСТ за 18 000 денари.
    И се чаталат со тоа.

    И да купам такво нешто нема да кажам цена зашто ми е мизерно да зборам дека 13 000 ми се чевлите кога некој за 8000 работи 12 часа во КАМ маркет на пример.
     
    На Shelea, Viktorijaaa5, Желба и 29 други им се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.783
    Допаѓања:
    150.783
    Пол:
    Женски
    10.000евра да имам плата не давам 13.000денари за кондури :) , а може и ќе дадам, не знам зошто никад не сум имала 10к плата :D
    Инаку има што даваат, ехехее и тие што можат и тие што не можат да си дозволат.
    @Dust една :hug: се надевам дека ќе изнајдеш најдобар начин да се справиш и да бидеш среќна.
    Не сакам да давам совети кога јас не знам да си ги средам коцките, ама на друг план :envy:
    Авантуриста не сум, барем не за екстремни работи. Би сакала и јас да ја пропатувам Европа и пошироко само не со авион :!:
     
    На bittersweet, Желба, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.