Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata толку наназад немам читано. :D А да, темата е сосема друга.

    Колкави вкупни приходи во семејството мислите дека се доволно за да си рече човек дека нема да го интересира ништо повеќе? Дека се доволно за убав живот?

    За убав живот околу 1000-2000 евра, зависи од бројот на членовите во семејството. Грубо кажано за 2ца возрасни барем 1000, родители и еднп дете плус 500 евра, две деца уште 500. Ама оваа бројка зависи и од возраста на децата (основно, средно, факултет).
     
    На Milobebence, Annath, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    16.125
    Пол:
    Машки
    После се што се изначитав во темава за тоа како Југославија била крива што денес Македонија е во ваква состојба,и како Југославија не чинела (facepalm) ,би ги цитирал вашите коментари кои го потврдуваат баш спротивното и мило ми е кога ќе прочитам во гомила хејтање реални и со факти коментари!
    Инаку не не сум живеел во ЈУ туку после тоа, ама секој доколку сака и има воља може да се информира што и како стоеле работите,а не да носи заклучоци и шири дезинформации од рекла казала муабет како тие пример на татко му мајка му на баба му и одземала државата штала,дуќан која денес ќе вредела толку и толку и затоа не чинела државата,или завршиле по затвори ни криви ни должни туку онака му текнало на некој и ги затворил а ваму осудени со докази со сите марифети,и сл...
    Едноставно кажано да кривиш толку милионски народ и таква една држава која е изградена од 0 од патишта,образовни институции,болници,до тоа да секоја индустриска гранка била развиена,со фабрики,туризам, секоја професија се почитувала,работникот заштитен со закон со бенефиции,платени годишни одмори,патувања,признаен пасош во цел свет,и што уште не...и да велиш тоа не чинело треба стварно да имаш проблеми со самиот себе и добро да се преиспиташ!
    Е сега не велам дека не постоеле воопшто проблеми и дека системот бил совршен но се тоа со текот на времето би се средило и унапредило т.е. и денес не постои систем кој е совршен и каде се функционира без проблем дури и во најразвиените земји!
    А тоа дека се крадело во ЈУ па се продолжило и после распадот бидејќи така бил народот научен е само небулоза и празен муабет,тоа ти е исто како од сиромашна фамилија која немала ништо и сега да започне дедо ти,а потоа и татко ти да ти спечалат и изградат имот а ти да си некој токмак и се тоа испустиш и прокоцкаш за луксуз и на децата твои после тоа да им тврдиш дека за твојата пропаст не си крив ти туку дедо ти и татко ти зошто тие така те научиле, е така испаѓа и ова логика ниџе везе нели? :)
    И крајно само ќе кажам штета што се распадна од грешни луѓе на власт,да опстанеше со сите нејзини маани и предности ќе беше многу подобро да се живее во таа држава од колку во денешните банана пропаднати држави!
    ЖивЈели :coffee:
     
    Последна измена: 30 мај 2019
    На Milobebence, M&M, mira.mira и 3 други им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.582
    Допаѓања:
    114.491
    Пол:
    Женски
    Леле аман децава :worried: од каде ги набавиле екстазиве толку мали деца да ми је знати :@

    За лагоден живот мислам би требало 1000 евра без кредити. Доволно би ми било скромна душа сум јас. Милиони да имам никогаш нема да купам мобилен од 1000€, чевли од 12000 денари, патики од 9000денари (за патики, бидејќи не носам многу ми се и илјада денари). Скромна сум и со гардеробата. За блузи кошули фармерки повеќе од 1000 денари не давам па акп треба и најубаво на свет да ми стои. Не купувам работи колку за да се рече сум купила, купувам нешто што ми треба стварно. Ова се вика циција или рационалност? :?:
     
    На Cka, Milobebence, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.771
    Пол:
    Женски
    Еден виц пред спиење.
    Го прашувам шефот кога ќе има плата. Ми вели “ај не ми шири негативна енергија низ фирмата”.:D
     
    На do-re-mi, Milobebence, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.244
    Допаѓања:
    181.721
    Пол:
    Женски
    Сум пропуштила родендени на две лепотици @ivi1987 и @joy1 :wasntme: Бидете здрави, среќни и заљубени :l:

    Јас се мислам дали да спијам или да јадам :?: Ова второто повеќе ме влече, а колку ми е мака да ја валкам кујната во доцни часови :doh:
     
    На Milobebence, Annath, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Да не ме удира сумата, може нема баш на чевли да трошам, ама на шминка?
    Без грам срам ќе плаќам за луксузна шминка и козметика.
    Ама немам. Се частам со луксузи на АБХ понекогаш, а реално, паааа... и не е ДО ТОЛКУ скапо да е се смета за луксузна козметика.
     
    На Milobebence, Annath, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Јас на шминка не, ама на часовници, очила за сонце, чевли, чанти, па и јакни и капути и те како. Јас и сега давам пари за истиве работи, ама ако сега часовник од 200 евра го сметам за луксуз, тогаш тој од 2000 ке ми е луксуз. Нијанси се во прашање. :D

    Кога би имала малку повеќе, без размислување би купила фустан од 100 евра, сега за тој од 50 се мислам дали да или не. :D
     
    На Milobebence, Annath, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Јас пак сакам да ги смениме вратите дома, пошто овие што идеа по дифолт со зградата се распаднаа :D
     
    На Ariel, Milobebence, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    Колкави вкупни приходи во семејството мислите дека се доволно за да си рече човек дека нема да го интересира ништо повеќе? Дека се доволно за убав живот?

    Зависи, за кого-како. Мое мислење е 2000 евра се доволни за живот месечен, и плус уште толку настрана:D
    Чевли од 200-2000 евра? Па да не се лажеме, реално ако би имала, би купила.зошто да не?
    Ич не ми е битно кој колку пари дал, и никогаш цена не прашувам. Не ме интересира. Не сакам ни друг да го интересира колку пари сум ги купила работите.
    Битно е да ми се удобни, ете тоа ми е пресудно.
    Може и 100 000 да се, ако ме жуљаат, џабе е. И 1000 че да се, ако ми се удобни ќе ги купам.:nod:
    Пари секогаш ќе требаат, и да имам би се стремела кон повеќе. Не за џабе рмбаме од јутра до сутра. Не, за лепе очи:wasntme:
    Уште не сум спакувана, значи многу ме мрзи овојпат.

    Ај добра ноќ:hai:
     
    На Thallia, Shelea, Milobebence и 21 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.096
    Кога правевме муабет за прстените, не знам кој рече као сулуди суми :)

    Некој рече - епа ако е ќеифот голем...

    Да не ни беа сите големи пари во еден голем проект и залак, ќе носев прстен од 2000+ евра, со вистински сафир де. И вистински дијаманти.
    Ама сега 2000+ евра ми се на друго место побитни.

    Сакам да кажам, за ништо не викам дека е прескапо.
    Прескапо ми е мене сега, оти немам.
    Ама да имам... и те како не би штедела на ќеифи.

    Оти, која е смислата на животот ако не уживаш во него?
     
    На Thallia, Ariel, Shelea и 19 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Јас се чудев на сумата...
    Може оти и јас немам да дам толку за прстен. :D
     
    На Milobebence, CameliaMiller, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.327
    Допаѓања:
    182.152
    Мој чоек(highfive)
    Секој со своите приоритети:D.

    Настрана од плата, ми даваат нешто као к15, некоја виртуелна сума на пари што можеш да ја трошиш исклучиво на одмор и релаксација, пример базен, фитнес, здравје (аптека), масажа. Секоја година живци кинам, мме колку растурикуќа буџет ми даваат, ќе пукнам шо неможам за тие пари да купам мебел, бои, плочки(facepalm). Лани сите за маж ги дадов, по аптеки и масажи. Да ги потрошам годинава ќе треба на пластика да одам, ама па нејќам да ме боли бе нешто за без везе;(
    Фашисти едни капиталисти префригани...Инаку данок треба да платат, ако ги исплатат како реален бонус.
    Ете тоа ви е деца еу, шарене лажи, светкава амбалажа
     
    На Ariel, Shelea, Milobebence и 13 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ела си при нас, ќе ве згрижиме.
    Тука е уште попрефригано за неплаќање даноци :D
     
    На Ariel, CameliaMiller, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Фала, ќе го сликам и ќе побарам, што знаеш, може и мене исто ќе ми делува ;)
    Мада мене ми се има случено да ми исцаринат и пратка под 45 евра, некои 600 и нешто денари, рачунав ДДВ 18%, ама беше повеќе од таа таа сума, за некои 200 денари отприлика. Пошто беше мала сумата, не се расправав, ама да отидев наместо мм по пратката, сигурно ќе прашав зошто царинеле.

    Ги изгледав 4 епизоди од Чернобил, добра е, ама не ме воодушеви. Плус, некои детали ќе ги земам под знак прашање, сепак у секоја драматизација е дозволена уметничка слобода. Глумата е добра, само мислам дека фалат малку повеќе статисти.
    Но генерално тоа е тоа, невидена катастрофа, страшни последици, не поновило се.
    Страдањата на луѓето страшни, престрашни, да ти е страв уопште да замислиш како се осеќале кога умирале така како распаднати. Ужас.
    Ми се наметна прашањето и колкава количина на храброст и човекољубие треба свесно да се изложиш на толкаво радиоактивно зрачење, за да спасиш илјадници други. Малтене ко камикази. За тие што биле свесни, некои и не биле за жал...
    И уште едно прашање ми се наметна...еутаназија. Во некои апсолутно безнадежни случаи, кои трпат огромни болки и страдање, а смртта е неизбежна, нели би било похумано едноставно да им се даде избор за успивање?
    Не отварам тема, само си размислувам.

    Читав порано како во Индија ловеле мајмуни. Плетеле кошари, како полутопка, со еден отвор како дупката на зидот на Џери ( од Том и Џери), а отворот со големина колку да може мајмунот да ја протне раката.
    Под кошарата ќе стават овошје кое го јадат мајмуните, мајмунот ќе ја бутне раката, ќе ја земе храната, но кога му е полна раката не може повторно да ја протне раката низ отворот. Ако ја пушти ќе може, но он упорно ја држи храната, не сака да ја пушти и така ги фаќаат.
    Исто се понашаме и ние некад у животов, а особено за работа. Ќе најдеш некоја работа, не е кој знае што, плата незадоволителна, услови скоро никакви, ама од страв да не останеш и без тоа, се држиш за неа и стоиш у место со години како заробен, исто како мајмуниве со храната.
    Се што треба да направиш е да го отпуштиш стравот и да пробаш нешто ново, да одиш понатаму, ама...
    И ја правам исто, само сега добро размислувам пред да прифатам некоја работа, зошто знам дека после ќе се фатам за неа и ќе ми биде страв да си одам. Посебно па со годиниве...

    Со среќа на сите што барате нова работа и честито на тие што најдоа!:f::*::f:
     
    На Mr. Right, do-re-mi, friendy и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    135.928
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да си отвориш куп работа смени ги. Па тоа ѓубришта... (facepalm) Ако сакаш со помалце работа да поминеш исфарбај ги и смени брави, по потреба и прагови. Да ми го кажеше некој ова пред да нарачам врати многу убава работа ќе ми направеше.

    Кај нас мм е тој што тера ќејфови, јас сум си рационален тип. Гледам прво дали реално има потреба од нешто, дали ќе го користам па после одлучувам. Не зборам за облека посебно у сезона на попуст. Тоа у редовни потреби е :angel: Еве ми купи Ray-Ban цвикери, не се свиѓам како ми стојат, ги ставам ептен ретко, и коа ќе ме прашаат дали се оригинал кажувам дека се од пазар :tmi: Епа ме срам во држава кај што плата на 90% од населението е 200е јас да кажам дека наочари за сунце имам од толку пари :x Сакав узбуна да кревам коа ми ги даде, си викам ќути Сесилио, кажи фала и насмеј се :lol: Едно југо е бе толку пари :tmi:
    Скоро часовник купи, за мир у куќи и се бања со него, ќе видиме до кога. Со муабетот за викендицата уште ме труе, го прати татко му да го огради местото и шо ти ја знам каква дозвола да извади, за градба ваљда, му реков да не замара и пари од заштеда да не чепка, како знае нека си ја гради. Немаме потреба од викендица, посебно не на место кај што одиме еднаш у 2 години.
    Ах да се погодеше рационален економичен тип ко мене шо арен ќе беше :angel:
     
    На Mr. Right, friendy, Milobebence и 17 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.979
    Допаѓања:
    273.748
    Пол:
    Женски
    Изгледав 3 епизоди од Чернобил,4 тата утре му се приспа на детево а сама не ми се гледа.И што да кажам: жално,реално,да не се повтори.
    И арно и после многу други зрачења на кои сме изложени ко сме и олку нормални и здрави.Ете од каде ракот најзастапен последниве децении...
    Ај ако не да легнам,оти ќе станам да јадам пак.
     
    На Mr. Right, M&M, Viktorijaaa5 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Убавото кај мене е што скапи брендирани парчиња можат да се најдат за многу малце пари.
    Кога идам за Мкд обавезно носам патики за сите и ташни за мајка ми и снаа ми.
    Последниот пат кога идев му донесов на брат ми 2 пара Пума патики и 2та пара заедно ме коштаа само $60.
    Минатото лето си купив Најк патики за $29.99.
    Имам доста брендирана облека и сето ми е купено за малце пари.
    Додуша фрлам многу пари на шминки :makeup:
    Не сум некој авантуриста но имам желба барем еднаш да отидам скрос сама некаде на одмор, за брзо нема да се случи :mm:

    Се придружувам на тајфата тетовирани што нема да одат во рајот, во план ми е летово да си ставам уште тетоважички ;)

    Ја почнавме Чернобил, епизода и пол изгледавме и се откажавме, не е наш стил на серија :shake:
     
    На Mr. Right, M&M, friendy и 19 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Сосема се согласувам.
    Кај нас не знам дали воопшто некој спомнал идеја за закон за еутаназија.

    Убо ќе беше да се бојадисваа...
    Превлачени се со некоја пластифицирана обвивка, а внатре е иверица со никаков квалитет, в рака можеш да ја здробиш. Кваки кај што сменавме, сите се откорнаа, пошто не држи иверицата внатре, се распаѓа.
     
    На Желба, Mr. Right, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.737
    Допаѓања:
    322.972
    Се разбравме погрешно дечки.
    Кој колку си има -си троши.
    И како си сака ,така си купува.
    Јас сум позната скржавка на темава, не ми замерајте.

    Добро утро.
    Станав кода да мијам.
    Не ми се оди масна во глаата.

    Денес мај ќе го испратиме, ама надвор како последен ден од септември да е.
    Не се опраивме и не се опраивме...
     
    На Желба, WildMk, Ariel и 18 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190523_061751.jpg

    Добро утро.
    Денес, петочки, се пие јако кафе на Мејфер (да ме ококоре)
    Се чудам зошто и спиев.
    Се разбудив со силна главоболка.
    Глупости сонував.
    Мај дошол до самиот крај.
    Стиже плата сутра :lol:

    За мојата дома не знам колку се потребни за убав живот. Знам дека зема, покрива и штеди дури.
    Ама покрива само најосновните тековни трошоци. На мене е сѐ друго. Од а до ш.
    Како само дете да сум.
    Секогаш јас сама ги поднесувам сите трошоци, колкави и да се.
    Зошто едното дете секогаш мора да биде себичњак и да гледа да се огребе колку што може? Да го насамари другото за плаќање, а тоа да се прави на тошо.

    Прашање.
    Ги делите ли трошоците околу родителите со браќа/сестри или и вие ко мене се фаќате за паричник во секоја пригода? Као ајде сега јас ќе платам :?:
    Ама тоа сега кај мене е секогаш.
    Кога е на друг ред, тој се прави луд, се нанервирувам, вријам :swear: и фаќам патичник, пак јас
     
    На Желба, WildMk, Ariel и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.