Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    90.470
    Пол:
    Женски
    Поздрав друштво :)

    @Yowannty прекрасен цвет од кактус,совршено изгледа...колку време трае цветот? Јас го немам тој кактус и ќе бидам во потрага по него преубав е :inlove:
    Исто и од @lunicka видов убав цвет,исто од вид на кактус мислам беше :angel:
    Јас денеска се радувам баш поради едно цветче кое секоја година овој период ме радува :f:

    Првпат на одмор сама на 17со друштво,претходно со наставник во Охрид секое лето кисневме :D период со многу убави спомени.
    А со дечко на 20години првпат сегашен маж, уште од тогаш знаев дека тоа е тоа :wasntme::D

    За месечни примања доволно би биле 1000е.Имаме кредит и успевам нешто ситно да тргнам на страна.
    Некој кажа погоре среќа што се кредитите и можеме да живееме сами во спротивно не би било ништо исто,џабе пари без мир :)
    Не се жалам ама тоа дека очекувам подобри денови нема да лажам.Барем поплатена работа да најдам да биде полесно во иднина.

    Се радувам на времето поминато со квалитетни луѓе...неможам да правам муабети кои немаат никаква цел или со небитни луѓе.Мислам дека околината овде ме промени,луѓето околу мене направија да се повлечам и внимателно да ги избирам оние кои треба да бидат во моја близина.

    Имајте убав ден,петок е јас бројам денови за средба со најмилите:$
     
    На Желба, friendy, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.215
    Допаѓања:
    89.032
    Пол:
    Женски
    Јас богами сум шпараџија или што би рекла Сесил рационален економичен тип,секогаш купувам што ми треба.
    Знам и со 200 и со 2000 .

    Колку се потребни ,како за кого ,без кредити и такви товари,јас мислам за 4 членови сем.1000 е доволно .ние толку трошиме месечно.
    Околу 30000 храна
    3000-6000 струја
    2х3000 за деца за џепарац во школо.
    Гориво 3000
    Остатокот (20000),секакви трошоци.
    Обично одиме еден одмор годишно (10 дена)и плус една прошетка низ Европа..Со се деца.
    Годинава 2 во 1 ќе пробаме.

    Редовно си пратам акции,зошто да купам банани од 70 кога ги има за 50.
    Мм не знае да пазарува , купува по 3 кг домати,краставици , јагоди ,се по 3 кг|((толку знае да пазарува)и пола од тоа ќе скапe и си ги фрлил парите.
     
    На Желба, friendy, Rubiii и 21 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    Па верувам таму кај вас не се баш необични понови, поскапи модели по улиците :) Кај нас кола над 50-60 000 нова е реткост. Такви коли од 250 000 можеби еден или двајца екстремно богати имаат.
    Кај нас и "богатите" не се исто богати како богатите во Австралија, Америка итн. :)

    Кај нас "богати" се оние кои според мене живеат нормален, убав живот.

    А мајкава на снашка не е од Оустрелиа? @bittersweet

    Ако е од тука, тоа објаснува многу работи :D

    Какви ситни души на Балканов живеат... посебна врста се :D
     
    На friendy, kuc, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.094
    Допаѓања:
    179.295
    Пол:
    Женски
    @Viktorijaaa5 Кога го земав ми беше кажано дека цвета цело лето, и тогаш го гуглав и баш прочитав дека во добри услови расцветува од рана пролет и трае до доцна есен.
    Го купив лани Октомври ли, Ноември ли не памтам точно и тогаш имаше мали пупчиња, ама сплет на околности тие не расцветаа. Сега цветот е затворен. Се отвора на сонце и се собира навечер. Вчера беше облачно па ич не се отвори. Колку ќе трае додека падне не знам..прв пат го чувам.
    Сакам уште еден, ако најдам следен пат таму каде што обично купувам обавезно ќе земам.
    Не сум сигурна, ама се си мислам, дека во Скопје во Веро Џамбо долу во цвеќарата еднаш одамна имам видено ваков кактус...
     
    На Желба, friendy, kuc и 17 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Мојот е од видот сукулент не е кактус,цветот му е во големина на дланка...:inlove:,само кратко трае,2-3дена...(waiting)
     
    На friendy, kuc, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.785
    Допаѓања:
    150.810
    Пол:
    Женски
    Што ти се меша у штипки :) , од кој џиџан сакаше да земеш? И јас си одбрав џиџан, и мојов е точкар што се разбира демек ама не му најде мана, и еве 1г освен гума што ми се има дупнато топ е. Само ми рече да не бирам без брзини бидејќи се спори, и добро што го послушав. Мојот е visitor гледам многу жени во последниве 1-2г ги возат, сите се шарени ептем џиџани и со корпа. И welcome to the club кажи кое олеснување е м?
     
    На Желба, friendy, PUPICA и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    104.245
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Арни?
    Што сте ми тивки нешто?
    Петок викенд а?

    Деновиве турбо за бајрам троа од троа повеќе луѓе.
    Утрово бев во банка да уплатам за следниот викенд за Острог вака чиниш луѓе нема ама пред шалтер машалааа!!! гужва останав сат време.

    Интересни ми се повозрасниве 70 па и згора чиниш не знаат на мобилен а они фејзбук вибер whatapp ее што слики праќаат пред да купат обавезно консултација со помлади членови од сем ќерка снаа многу ми се интересни па и на камера да ги видат ме изнагледаа и во Германија Италија секаде :D
    Не го видов светот ама светот ме виде мене.

    Секоја чест мајке ми:lol:

    Сега немојте погрешно да ме сватите и немам намера да навредам некого но тукашните забулени жени ми се врв во позитивна смисла како забулена жена од над 60год возат коли користат тел на тач и се она што погоре ги набројав а нашите жени си ставиле во глава дека се стари баби и дека за нив не е тел интернет коли не можеле да сватат ова во поголем број (у мое опкружување)се разбира за среќа секогаш има исклучоци.

    Многу сакам луѓе што знаат да живеат и уживаат во животот и годините не им се пречка да уживаат во него.
    Сакам и јас таква да сум.
    А каква ќе бидам?
    Бог знае.
    Младоста не знаев да ја живеам може на старост ќе ми се спојат жичките па ќе уживам у животот.

    Толку друшки од меН
    Бидете ми поздравени
    Добри
    Мили
    Убав викенд
    За нас кој ќе го немаме овој викенд
    Лесен работен викенд
    Поздрав
    И да сте ми сите добри добро
    Ова е наредба!
    Чао!
    :*
     
    На Желба, bittersweet, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Хелоу!

    Што сака дождов побогу? До кога?! Мувлосавме, доста му е. Глава ми е матна ко Вардар, а предавам должности и ич не е забавно. До душа мене ми е забавно, ама смешно ми е како бегаат луѓево и не сакаат да слушаат ништо. Ич не ми е гајле, оставив писмени работни упатства. Нека се снајдат.

    Пари не се никогаш доста. Кој колку троши на нештото не ме интересира воопшто, ниту пак сакам да ме препрашуваат или осудуваат луѓе. Ние имавме голема инвестиција дома за која знаевме дека ќе е тешко неколку години, ама решивме да ризикуваме и не жалиме. Ако не се кредитите и те како комотно ќе можевме да живееме, ама сега сме на буџет. Купувам евтино за себе и мм (освен чевли, тука можам да офукам колку и да е без да ми трепне око), за децата внимавам повеќе. Односно трошам повеќе. Се штеди за сметки, тоа е прво што излегува од буџетот, ама затоа за храна трошам така како што мислам дека треба. На пример, замрзнато месо немам купено во животот. Или ќе е како што треба, или нема да го има. Може да нема десерт, ама затоа ќе има свеж зеленчук и овошје по секоја цена. Вештачки намази, прженици и полуготови производи, шу подалеку. Ќе заштедам на друго, ама квалитетот на храната што се готви дома ќе е како што треба. Во аптека исто оставаме поприлично голема сум на пари за жал, ама тоа е. Не жалам за ниедна одлука од финансиска гледна точка, бидејќи мојата струка и "занаетот" се секогаш добро платени и тука, и на страна. Исто и на мм, најбарана струка на цел свет е. За леб и за со леб секогаш ќе има, е сега за луксузи да сме живи и здрави.

    Веќе нема да шетам по другите теми, тука ќе си седам. Ама најсериозно! Какви ликови се шетаат по форумов, што не се начитав. Сите тие имаат право на глас инаку.......

    Убав ден луѓенца, глејте да не мувлосате. :hug:
     
    На Желба, bittersweet, Viktorijaaa5 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    58.108
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене..

    Што да кажам, @elena.mak и мене ме нервира дождов ми се здосади... ајде нека запече сонцево да почнеме да се жалиме од него веќе...

    За пари , колку ти е долга чергата толку ќе си ги пуштиш нозете , така беше народната...
    И со штикли од 200 евра и со штикли од 20 евра се живее..така да се е моментот колку заработуваш.. а и зошто да не се купуаат скапи и луксузни работи?? ако имаш се разбира...

    Викендот може да почне!!!
    Убав викенд на сите:)
     
    На Желба, bittersweet, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Да кажев јас вие што одите по одмори и викенди дека крадете па затоа имате ќе ми се нафрлевте повеќето. Двојни аршини. Исто срање ми е дали сум тука или надвор помеѓу луѓе. И тука некои "смрдат".
    Ќе гледам што помалку да сум на форумов.
    Ти на крај почна со работа. Би требало да си онаа лево. :lol:
     
    На Желба, Anarchy, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Зошто? Што ти е гајле кој што зборувал? Двојните аршини се застапени ама баш секаде. Секој за себе си знае. Сум живеела со 200 евра и со 2000 евра, односно сум живеела и преживувала. Многу ми било гајле кој што и дали зборува! Најриви си капата и зеи зготви некоја лепота. Сакаш некој нов рецепт? За безобразно вкусен чоколаден колач со една рака што се прави? ;)
     
    На Желба, friendy, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Кафе дома се пие денес :$ :P
    Нема дожд, жешко е и тешко.
    Деновиве по 25 степени е, да заврне да подишеме свеж воздух.
    Петок е а? |(
    Избеглиците работат и за викенд. Нема саботи, нема недели 8-|
    Од јутра до сутра се ради 8)
    Стигна нова тура апчиња. Имам залиха за цело лето сега.
    Ќе пуштам перална :lol: предвикендашки.

    Спрема мене, сите деца треба да учествуваат во трошоците за дома. Сѐ треба да делиме со родителите, како што тие делеле со нас дури нѐ растеле. Ама не се сите со размислувањето како мене. Јас лично не можам да си дозволам јас да имам, а родителите да немаат. Ќе се разболам од мака ако не помагам.
    Не ми за финансиите, колку што ми е за ладното понашање.
    Ама кој мене ме прашува...
     
    На Желба, bittersweet, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.279
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Во петок е најјаката "журка" во моја канцеларија, а јас денес сама :drunk:
    Свратив само да почастам, кој ме читал вчера, знае зошто :angel:

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Желба, bittersweet, Viktorijaaa5 и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Памтам јас :)
    Среќен роденден на девојчето, жива и здрава да е и секогаш да те радува :l::party: :f: :hug:
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.325
    Допаѓања:
    104.245
    Пол:
    Женски
    Ако добро ме служи меморијава роденден на ќеркичката ако е тоа среќен најсреќен роденден.
    Ако не извини.
    Но што и да е честитки!!!
    Добро е ме служела меморијава да сте сите четворица живи здрави среќни и весели.
    Мистере за тебе редактирам
    @Mr. Right тука да си седел да не си бегал
    Добро друже?
     
    Последна измена: 31 мај 2019
    На ♡BuBaLe♡, kuc, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.710
    Среќен роденден на лепотицата. Да биде жива и здрава, да те радува секогаш со батковците... И да порасне во паметна девојка како мајка ѝ :hug:

    @Mr. Right да не си мрднал од тука :!:

    Толку сакав да кажам.
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.181
    Допаѓања:
    207.980
    Пол:
    Женски
    Бубале,здрава,жива да е куклата,убавини низ животот нека ја пратат:^::hug:
     
    На friendy, ♡BuBaLe♡, kuc и 8 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    @Mr. Right изгледа не си го сфатил муабетот или јас нешто не сум во тек.

    СДК ако некој ти каже дека добра му е живеачката со 200 евра... не е реално. Или не знам што прави за да преживее, а не за да живее.
     
    На friendy, ♡BuBaLe♡, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    135.935
    Пол:
    Женски
    Па како да не ги пратам акците. Еве Head&Shoulders шампонот во Кам минатата недела беше 159, во Тинекс 249. Не е мала. Речиси цела 100ка.

    Ај сеа да ми кажете со @Annath како да си ја упраам пеглата. Ставив од тоа за кафемати од Кам. Еднаш цела наполнета со вода на мах температура ја испуштив како пареа. Ама пак ми излегува црно. Нешто утнав? Или нормално е така? Шо следно да напраам да прекине тоа црнилото?
     
    На friendy, ♡BuBaLe♡, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.113
    Допаѓања:
    269.099
    @Sesil и јас пратам, и никако не ми е јасно, како во Стокомак Dove спрејот е 99, а сегде 169...
     
    На Желба, friendy, ♡BuBaLe♡ и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.