Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.770
    Пол:
    Женски
    Неможам да ти ставам лајк на ова.можам само да те гушнам борецу:hug: :hug: :hug:
     
    На WildMk, M&M, Mr. Right и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.720
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Лажам, сукано јадев, сега фатив полу-лежечка позиција и тегнам кафе.

    На темава, знам прикаски и судбини за луѓе кои животот им ставал сопки, ама успеале. Ниту добивале фер третман, ниту им било нешто подарено, со својата пот создале се. Замислете, успеале во државава без врски. Среќа можеби, ама труд е големата тајна. :!:

    Очигледно не сме се разбрале. Малтерџија е професија за која не ти треба ниту ден школо, ниту пак треба да ти сече аклот. Можам да кажам дека тоа е најпростата работа што постои, и ниту врските на другите, ниту Бранко или државата не ти се криви што си одлучил, здрав и прав, да мешаш малтер. Ако си чирак цел живот, до тебе е.
    Милион пати сте ги спомнале мајсторите, а јас за нив не кажав ништо. Зошто? Јер да си мајстор треба да вложиш во себе. Првин си чирак и учиш занает, па си млад мајстор и по години труд успеваш да бидеш мајстор и други да учат од тебе. Дневница за мешање малтер е 5 евра, мајстор има дневница најмалку 25 евра. Ете ја разликата.

    За себе сметам дека не сум ги искоростила идеалните услови кои ги имав, ниту пак целиот капацитет кој го поседувам. Очите ми светнаа кога видов колку лесно можам да заработам големи пари и факултетот го ставив во втор план. Во мирување е, а до сега можев да го завршам. Сега имам време на претек, да имав завршено ке работев по струка, плус париве од сегашната работа. :nod:

    Кој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На M&M, kuc, fana и 15 други им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Значи @mal.ecka е виновна што испуштив 200 и кусур страни, а таман ме пречекаа двојно повеќе непрочитани од четвртокот до денеска и фатив редот...
    Што е, тука е, ќе се уклопам некако.
    Нема првпат да ми биде.
    Ме тагнала, ама не ја карам;), со лесно и убава мисла да ја истераш бременоста:* :hug:
    Тебе и на сите мајки во најава да ви посакам умно бебе како Пупче мој, како кукличка ми беше дури не наполни 1 година и се уклучи на 550 волти:D :@:rofl: ама баш и заради тоа е посебен на свој начин, љуби га мајка белчо мој несташен...

    Многу имам за кажување, ама некако и ме мрзи, а нешто и време се нема.
    Преубав викенд истеран, ама напорно е и само да си ја прчиш, јадеш и пиеш:whew:

    Времево денеска исто ко вчера, а:?:
    Вчера чекав божем да преврне и да фатам накај дома, џабе чекав.
    До дома, на точак си играв мокри маички или како се викаше тоа:?:јас со бела маичка, троа малку повеќе намокрена од дождот, слика и прилика:tmi::D

    Денеска ништо чудно да избегам порано...
     
    На bittersweet, 24.07, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.414
    Допаѓања:
    222.588
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека воопшто не се разбираме или не сакаме,зависи кој како;).Муабетот беше дека некои луѓе со оглед на професијата без разлика која и да е,а при тоа имаат висока позиција им се даваат сите тинтрања оти ете кој е,им се улижуваат,па поклони па внимение и се по ред.При тоа не значи дека се луѓе,многу од нив се не луѓе.Ама мора.....Од друга страна оној кој не е ,,нешто,, и без разлика што е човек со големо Ч е потценет,се омаловажува не заслужува нит внимание ниту ништо.Се заборава дека секој еден и вратар и чистач,шеф и директор се пред луѓе кои треба да се почитуваат и ценат и секој од нив треба да е пред се човек,а не багер кој гази и руши ,,пониски,,од него,па сите да му се клањаат.Толку од мене,кој како сака нека свати,секој од нас има свест и совест па нека размисли кон каде живот ќе не однеси.Никој ама никој не би требало да е деградиран поради професијата,ниту дали стекнал многу или малку,туку според тоа што сорта е-човек или не човек,оти во сите професии не има ама баш секакви,исто и во богати и сиромашни тоа не те прави суштество одговорно,туку нешто друго....човек треба да си и никого да не потценуваш
     
    Последна измена: 25 јуни 2019
    На bittersweet, Love 83, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.971
    Пол:
    Женски
    @EuHenIa прегратка огромна од мене за подршка ќе биде се во ред мила :hug:
     
    На WildMk, kuc, NarCis@ и 9 други им се допаѓа ова.
  6. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.789
    Допаѓања:
    285.358
    Пол:
    Женски
     
    На Val-Dim, Peco, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.414
    Допаѓања:
    222.588
    Пол:
    Женски
    Лајкот ми беше за подршка,силна си ти-знам,ќе го поминиш ова :hug::hug::hug:
     
    На WildMk, kuc, NarCis@ и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.720
    Пол:
    Женски
    @LejlaD ама јас ги почитувам сите, не знам зошто упорно натака го вртите муабетот. Да бев малку понежна ке се осетев ко олош кој гази се пред себе.

    Кога одам на посета, да речеме, целиот персонал од болничар до хирург имаат 'добар ден' од мене.

    Баш како што си кажала, во секоја професија има секакви, а вас како што ве читам, само директорите и докторите ги направивте дрски кретени. Фаќате на емоција што овие имаат ниска плата, па они никако не можат да бидат гнаси од луѓе. А еве ја до сеа поголем проблем сум имала со таксисти и мајстори кои гледаат да ти подвалат, па не спомнав јер ке извртите дека потценувам.
     
    На M&M, happygirl, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.414
    Допаѓања:
    222.588
    Пол:
    Женски
    Не Бека,зошто на емоција,па деми мајсторите во суштина земаат повеќе пари од доктори и директори,а не вложиле во образование;).Не сакам да се расправам ниту докажувам,муабетот почна за деградирање,не исто внимание кон колеги и надредени,високо образовани и необразовани.Образованието на син ми кошташе дебело,луксузни станови и кола,нормално дека очекува бенефит,но му имам кажано доколку не знае да кажи добар ден,како сте,дали можам со нешто да ви помогнам-на вратарот или жената која му го брише бирото да си ги искини дипломите.Дека секој еден е вреден,пред се е човек.Тоа од прилика беше муабетот,а не поделбите и улизување на секој еден според тоа дали има функција и пари.Толку од мене,немав ниту намера да те навредам со нешто,извини.
     
    На bittersweet, Peco, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.956
    Допаѓања:
    100.684
    А доктори не гледаат во џебот да им ставиш? Посебно ако се работи за оперативен зафат, па и ако истиот е похитен...ехаааа.
    Се е до човекот, не до професијата.
     
    На WildMk, kuc, NarCis@ и 11 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Тоа со ставањето на докторите по џебовите грото сами си го правиме или како мит сестрите го имаат измислено, чест на исклучоци. Сто пати сум ја кажала случкава. Најдобра другарка ќе се пораѓа кај прочуен доктор, ја спремаат сестриве негови да си спреми 300е и во мантилот да му ги брцне, ама не се разбрале, мислела сестрава во нејзиниот мантил. Е арно ама другаркава отишле на прием кај докторов, маж и се доближил и му спуштил раката во мантилот, докторот се штрекнал, почнал да хистериша, се кренало узбуна... Сестрата остана без работа за навек, чува деца сега како дадилка. Братучед ми, ова следна случка, запна мора да му даде на докторот во Струмица пари за да ја породи снаата и крај, е мора ама и не мора, оти се смотани ги пељуши како ќе им текне, сами си ги створивме тие моди. Еден не се нашол паметен да даде бележани пари па да те видам. Еј, за породување, една работа која е сосем нормална, тарифа 200е, срамота. Јас подароци не примам, ако сака странка да донесе може, пеки, ама на цела канцеларија делам како да донеле за сите, дома не разонсувам кафиња, бомбоњери и сокови, колеги носат а мене не ме занима тоа. Имам пар пати добиено вреден подарок кој не се јаде и пие бил уредно пријавен и предаден кај шефот, тој на сопствена одговорност ми го вратил. Еднаш странка под предмет и пари ми остави, 5е, ги претворив во кафе за цела канцеларија. Муабетот го развлеков, ме пораѓаше доктор кој се смета за еден од подобрите во Скопје, денар не дадов, доволно беше тоа во приватна што платив да се породам. Сум била на доктор и кај познати хирурзи никогаш пари не ми биле побарани, ни за мене ни за дете. А знам и пациенти кои од благодарност частат прасиња и телиња, комшиката од Валандово на докторката пред 20г што го оперирала маж и кој патем веќе е починат до ден денес и спрема цела зимница оти го оперирала од кила. Кога внучка лежеше во болница купивме подароци за сите доктори, затоа што ни спасија дете, ниедна докторка на чело со Софијанова не ги примија подароците, не од непочит, туку бидејќи рекоа тоа дете заслужува да живее, наша должност е да го спасиме. Јас за услуга не частам нејќам ни да ме частат.
     
    На WildMk, M&M, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.956
    Допаѓања:
    100.684
    Сами си го правиме?
    А докторите матични што си склучуваат бизниси со приватни лаборатории и аптеки за одреден процент од прометот?
    И тоа ли ние го измисливме?
     
    На WildMk, Sandrin4, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.016
    Има нешто и до менталитетот. Многу нешто.
    Мислам дека тоа што @Rebecca_R сакаше да каже, е дека треба да има разлика не меѓу малтерџија (кој несреќен избор, Беко мор, нема таква професија) и доктор, туку веројатно меѓу сестра и доктор, заради различното ниво на инволвираност, одговорност и инвестиција (пари=време) во професијата. Разлика во плата т.е. вреднување на работниот труд, не во односот кон истите или мито аспекти. Ако не Бека, јас тоа би го кажала. И дека во нормален свет не може сестрата да вози појака кола од докторот, просто се смета за непристојно.
    А од @LejlaD муабетот беше за жал за класичното обесправување на деца, по основ на клиентелизам, ете нејзиното дете нема вујко владика па нема повисока оцена. Ама поарно е да се нема вујко владика, барем според мене, немањето таков вујко/стрико/кум/родител мене ме направило самостојна и способна сама да се изборам за нештата, наместо да клоцам, плачам и да викам нема правда, Калимеро.

    За менталитетот, пак јас со мојот муабет, во МК многу се пати од фрустрации, комплекси и како се вика она, showing off? Чаталење? Да се покаже дека сме повеќе одошто сме, поуспешни, побогати главно во споредба со комшиите.
    Луѓето со навистина многу пари не се чаталат, напротив. Така бар вика видеово, а околу 7-ма минута објаснува и зошто
     
    Последна измена: 25 јуни 2019
    На WildMk, JuLleE, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.354
    Пол:
    Женски
    До утре сабајле можам на темава..
    Чале ќе се оперираше тек сеа, крај на јуни, ако не брцневме во џеб. Лошо или не, сите си гледаме да си го спасиме блискиот. Кој што сака нека рече. Јас велам фала богу што ете, има таква опција.
    Замислете маж, жена, дете.. Било кој ваш.. Ви речат 3 стадиум канцер. Нема ли да брцнете за поштењачи да изигравате!? Не верувам. Затоа и не судам. Во љубов и војна нема правила. Ова се и двете. Љубов спрема близок и борба со канцер.

    За струките што да дискутирам, само кога ќе запознаев некој нов и ќе кажев што раб одма се менуваше погледот. На поарно де.. Небаре ја не сум доволна само овака.
    А по безобразни од таксисти немам сретнато. Последен пат таксистот ќе ме истепаше. Уше ми вика ќе те оставам тука дома ќе си отидам. У 3 навечер. И сето тоа зашто сум рекла едвај најдовме такси. Му засскав иначе кој ќе го трпеше. Зборев на тел ко мрдната у пола ноќ за да не ги слушам до дома на крај му фрлив пари и му треснав врата.
    Гледам сеа и у јсп се шуто сакато и просто вработуваат. Контролори истепале патник немал карта. Шофер станал истепал патник јер нешо сугерирал.... Ај народ прост ќе речеш.. Ама овие што се згнуваат да тепаат од која џунгла се дојдени!? 30% од вработените им се суспендирани ради тепачка. Епа не е нормално бе луѓе. Не е..
     
    На Peco, Biljarkata, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.720
    Пол:
    Женски
    @LejlaD нема потреба од извинување, не ме навреди со ништо. :)
    Зборев општо, речиси сите се фативте за оние на високи позиции, чиниш оние подолу се најфини луѓе на цел свет.

    Нејсе, од каде им е силата на директорите?

    Еве јас до сега не сум добила барање за мито од доктор. Доктори им спасија живот на татко ми, мајка ми и маж ми, едниот зафат беше прашање на секунди, другите два беа итни, никој не побара ниту денар.
    За едниот зафат дознавме откако се беше завршено, буквално ни се јавија дека се поминало добро и ни рекоа дојдете на интензивна.

    Затоа од мајстори, ехехееее. Да не разбираше татко ми, ке ни подметнеа чешма која чини 2000, а ние се договоривме за онаа од 6000.
     
    На Biljarkata, WildMk, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Зборам за пари пикање во џеб, не за бизнисите. А за тоа има избор, никогаш не зимам она што ќе ми го даде докторот со негово ливче со печат, секогаш одам сама барам нешто без тоа ливче. Пример бев на орл специјалист, докторот ми даде што требаше и ми вика сестрата ќе ти даде рецепт, мхм, сестрата одма сврте телефон да одам во таа и таа аптека, реков нека ако, ќе одам јас во нашата аптека кај што си одиме од таму ќе земам, пак ми пика ливче рекламно онакво печатено од аптеката и печат од докторот, ја гледам и и викам немате розева рецепта, без вакви реклами, ме погледна чудно и ми напиша на лист ама пак со печат од докторот, си отидов во аптека и не го понесов ливчето нормално. Фала богу едини случај ми бил тој. И нормално кај тој доктор веќе НЕ.

    Можеби не сум имала потреба, ама под тоа сами се криви луѓето мислам баш на оние кои даваат и да не им побараат, од благодарност. Од благодарност се дава 200гр кафе, 2л кока кола и Атлантис бомбоњера, не 500е. Среќа не сум имала потреба, пак ќе речам, не знам како би изреагирала.
     
    На WildMk, friendy, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.720
    Пол:
    Женски
    Само да се разбереме. Ако треба да се пораѓаш, добиваш болови и вртиш телефон да дојде одреден доктор, јасно дека ке платиш одредена сума, јер у болница увек има доктор кој ке те породи.

    Е ако отидеш со болови и дежурен доктор бара пари за да влезе у сала, тоа е барање мито.

    Кафе и благо за персонал не се мито.
     
    На M&M, Bozica1980, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.251
    Допаѓања:
    147.886
    Секакви луѓе има. Жално е само што доктор кој дал заклетва не оперира, ќе те матка ако не дадеш пари. За Угриновски мислам беше, бев чула дека викал "јас риба конзерва не отварам без пари, а не па глава". И тоа што е?! Чудовиште:@
    Мајка ми кога беше во болница и имаше удар, докторот беше многу добар со нас, со неа. Тоа му е работа нели. Ама татко ми му однесе виски, бонбоњера. Не сакаше да ги земе, рече да ја спасиме прво жената па после донесете ми. Е му кажаа дека си барале пари сите, па на крај мислам му дадоа нешто пари.
    Ама не не уцени дека нема да ја оперира ако не платиме.

    Сите сте до некаде во право. Ама во секоја професија има "умислени". Од доктори, до продавачи во маркет до хигиеничарки(без навреда на никој). И јас луѓето ги ценам по тоа што се луѓе, а не по професија. Сум работела со луѓе и со сите исто сум се однесувала, со почит. Само што оној "необразованиот, сиромашен" ќе те величи до небо ако си фин и го почитуваш. А оние "богатите, умислените" ќе те деградираат и не добар ден нема да ти речат.
    Јас моето дете од мало го учам да почитува, да вика добар ден на сите. И ќе ја учам на тие вредности.
     
    На bittersweet, Peco, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Во вакви случаеви јас инсистирам да одам во лабораторија јас кај што сакам и сметам дека треба, макар и друга приватна. Велам дека јас пак таму имам мој човек и не ми се бунат :D За таблети од рекламно ливче одам во аптека кај пријатели, не таму кај што ме праќаат, па и јас имам мои де, нив сакам промет да им направам :angel:

    Дека има доктори што пребаруваат мито еве верувам, макар што немам лично искуство директно да ми е побарано туку пример дојди во мојата ординација, подобра апаратура имам таму ќе те прегледам. На државно партиципација 100тина денари, кај него 2000 :angel: Некогаш немаш избор ...
    Тоа што плаќаат одредени суми за пораѓај кај одредени доктори е измислено/создадено од народот. Никоја не останала непородена до сеа само ради тоа што не пикнала Х сума у џеб. Со години кај нас кружи приказна дека гинекологот, единствениот што беше во болницата пари бара за пораѓај, 50е природно, 150 царски. Еве сите шо ги знам, во градската болница се породија, денар не им побара човекот, дури лично се ангажираше за некои работи.
    Кафе, бонбоњера, винце, не е мито, гест на благодарност е.
     
    На WildMk, M&M, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.414
    Допаѓања:
    222.588
    Пол:
    Женски
    Не се караме ниту за коси ќе се фатиме.Добро е што секој/ја од нас ќе си каже мислење,па белким ќе размислиме за своите ставови,мислења.Секој има шанса да се поправи,подобри,во однос со друѓи луѓе,и не мора 100% сите,доволно е барем 20-30% белким малку емпатија едни кон друѓи ќе се роди.Знам де дека во реалноста тоа така не е,но еден по еден можи ќе бидне некогаш-или кога врба ќе роди грозје:?:но човекољубец сум ј...а
     
    На bittersweet, Peco, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.