Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Шо рипка е ова? Да не е од оние отровните? И јас сум со ципели во вода, мене ми е језа од песокот и алгите, нема шанси. Ме нервираат и рипките што ме боцкаат оти нозете на почеток ми се бели и касаат таму сиренце мислиш јадат.
     
    На SV1911, LejlaD, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.092
    Ве читам и се смеам и плачам и све. Контрацепција у живот немам користено, кондоми заувјек.
    И сега со кондоми пиеме кока кола иако некогаш сме неодговорни, ама поретко. Второ бебе за година дена од сега би праеле. Седи мадро, си викам.

    Денес не ми се мрда никаде. Последниве денови цело време сме надвор со бебево, шетаме под сенки, во парк, во новата кафе книжарница у Центар, мислам дека ми се спојуваат деновите веќе. Арно, емотивни се и деновите и средбите и луѓето.
    Си направив грилд чиз тост, за мене бранчот заврши. Кога сме кај енглески језик, сабајле имав брзо и ефикасно телефонско интервју за работа, праќајте и пуштајте среќа. Сега ќе си точам лимонада и ќе морам конечно да го завршам говорот што го пишував. Немам ни фустан за настапот, ќе морам да прошетам викендов и да купам нешто не премногу темно и не премногу сериозно.

    Вечер сме читачи на промоција со маж ми. Мајка ми денес слави роденден. Не можам да и доизнаблагодарам за сета волја и љубов кон нас, кон животот. Ние ќе и ја однесеме внуката на чување и печена кокошка за подарок. Не се шалам, тоа ќе ја радува. Ем нема да готви ем ќе си го мезат со татко ми за вечера :D8)

    Ми се пие мохито. Лимонада имам, алкохол немам. Не иде кајсијовача да локам у 12:36:D:D:D
     
    На WildMk, M&M, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.637
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е отровна. Си седи само по дното и скоро и да не е забележлива. Има слична риба во Црна Гора, ама тие лебдат на површината на водата и личат на листови. Исто ако не се загледаш убаво, ќе помислиш дека е лист.

    Ако случајно носиш алка на нога ќе ти предложам да ја вадиш на пливање. Ја носам и забележав дека тракатанците на неа привлекуваат многу риби. :tmi:
     
    На WildMk, SV1911, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    21.247
    Сеа си присетувам тук там некоја од вас ќе се пожалеше на некои полетарци во пораки. Не беше се случило кај мене, ама ете денес после сексилавиот муабет за дурекс, фемина лик со 0 мислења ме поздравува.
    Зш бе вака?
     
    На WildMk, Peco, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.206
    Пол:
    Женски
    Пиши дека апстинираш и никој нема да ти пише :D
     
    На WildMk, M&M, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.770
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене:sun:
    Многу ми е жешко, и на работа и дома, и секаде.сакам Есен:whew:
    Не се сончам, затоа што црвенеам како вистинско ракче и качувам температура и со кисело млеко ме мачкаат после.:wasntme:
    Со фактор 50 ка сум цело лето.и до работа се мачкам дури.многу е нездраво изложувањето на сонце, многу нови бенки си видов по рацете, по лицето, затоа никогаш сончање и многу заштита. Шеширот на одмор ко залепен ми е за главата:rofl: се враќаме лани по 10 дневен одмор и дома ми фали нешто на глава, сватив дека е шеширот:rofl:
    На плажа од 9 до 12 ипол најкасно сме останале, потоа ручек и кока кола, дремка, па од 17 ч. повторно на плажа до зајдисонце:angel:

    Еве еден поздрав за сите оние што касно навечер се на диета(highfive)
    FB_IMG_1561632020393.jpg
     
    На WildMk, bittersweet, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.412
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам ај по некоја смешка.
    Татко ми, има многу интересна смисла за хумор.
    Па додуше и не е за секого интересна.
    Често знам да му кажам дека некој може сериозно да го сфати и да се налути.
    Обично ги пецка снашките од братучедите дека бебињата личат на свекрвите(дури и кога не личат), и така ги научува со која како може да се шали.
    Една така, од коа и го кажал тоа, уште муабет не му прави, не се сакала со свекрвата, овој и кажал така, оваа бесна ифрит. А детето копија на бабата, стварно. Па вика, не ми ни требаат такви луѓе.

    Еднаш на каса во најблискиот маркет пазарам, позади мене гужва редица се направи и он да ти бил во редицата. А јас поени на Телеком, па со картичка, па не знам ти што и слушам глас: Аман бе девојче, за твоите поени сите чекаме ние, дај побрзо, што е ова.
    Кога ќе се свртам, кого да видам.

    Смешки живи е.
    Еднаш ме следеше со службена кола, со затемнети стакла, а ја ја приметив колава, ама не му ја знаев.
    Многу се исплашив дека ме следи, а знам тате на работа, мама дома сама, немам на кој да ѕвонам да ме спасува. И трга колава, викам добро е се отараси. Кога гледам врти право пред врата кај мене дома.
    И си пројдов улица, отидов кај трафиката да чекам да си отиде колава.
    Проаѓа време колава пред врата ме чека.
    У пм. Му ѕвонам на тате, вака и вака, на работа си, ќе те чекам кај трафикава.
    И почнува да се смее и ми вика: „Ај дојди си дома, со новата службена кола сум, те тестирав како ќе реагираш, браво.“

    Имам милион причи со чоеков. Просто го обожавам колку и да е напорен.

    Најново од вчера.
    Беше на пецање, а јас вчера имав слободен ден земено, и бев да се пријавам во ЕВН за нов корисник. И за во документацијата ми побараа венчаница (зашто во договорот за станот сум со моминско презиме). Им реков татко ми дека ќе им ја однесе денес, му се јавив да му кажам дека му оставив копија на маса, само да ја однесе. Ок ми вика.
    Ете ти го ми ѕвони после 40тина минути и збори без престан, не можам да го прекинам: „Теди ма, па зашто ти бараат венчаница за сметки за струја? Па ако не си мажена различни сметки да не праќаат? Бог да чува, да не ти побараа крвна слика и вакцинален картон?! Свашта ќе чуе човек, све сум чул ама венчаница за сметки за струја, не ми е јасно. Јас прееска ти викам добро ќе однесам, и сега еве седам, си викам со паметов зашто мора да си венчан за во ЕВН?“
    Едвај го прекинав да му кажам дека на договорот од станот сум со моминско.
    Е тоа не му имаше текнато.

    Да ми е жив и здрав.
     
    На WildMk, SV1911, M&M и 37 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.253
    Пол:
    Женски
    Ама јас стварно не лежам да се сончам у стил еве сончам се за боја.
    Или лежам на душек у вода и дремам дури не ме однесе струјата во ептен длабокото и маШ не почне да урла да се враќам назад. Или лежалката ми е во вода и таму си лешкам и се шлапкам во вода .
    Класично сончање немам , ама небитно, посекако цел ден ме пржи сонцето:tmi:
    Ќе послушам и веќе во најжешкото ќе си седам под сенка. И шеширче ќе си ставам :nod:

    И мене вчера ми пратиле две пораки со интересна содржина . Никовите немаат ни по едно мислење .
    Кај ли ме најдоа мене за дружби кој ги знае :)
     
    На WildMk, M&M, LiliBoz и 19 други им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.502
    Пол:
    Женски
    Маргарин по тело-чекд✔️
    Лимон во коса-чекд✔️

    Како побогу сме биле толку глупи и неедуцирани(facepalm)

    Порано и мене синоним за успешен одмор ми беше да се вратам гламјосана и да шетам навечер низ град така со сјаен темен тен:tmi:
    Сега освен со рак на кожа,со ништо не го поврзувам ваквото сонце.

    Кондом имам заборавено како изгледа.Долгото правење бебе има и светли страни:DОд заштедата за Дурекс (500 ден се тука х3) ке го извадиме пола ин витро8-|
    Иначе мразам кондоми,ми пречи латекс.Да допрам до едно бебуле па ке се чипирам.
     
    На bittersweet, WildMk, SV1911 и 34 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.707
    Пол:
    Женски
    Ти реков? Знаев дека не е твој стил.. ама кога ме праша зошто тука на темава искрено немав одговор без погрешно да ме разбереш дека не е во твој стил:rofl:


    Добар ден:hug:
    Многу ми е мило што ја читам @Espadrila пак во темава(fingers) ако има проблеми, пожали се слободно:lol:


    Другарка ми или подобро речено сестра ми:rofl: пошо немам сестра а ни брат, ми праќа сабајле тест за бременост и ми вика - гледај8-| не е малку бледа линијата?
    Кога прснав да се смејам:rofl: тоа нааа толкава дебела црвена линија а она ми вика бледа8-|
    Едвај се освестив дека беше пред 6 сабајле:rofl:
    Си се изнарадував баш како за сестра .. ја пратив да испита преку крв ама тие пари...аман веќе кога и за 400ден се премислува човек 100 пати:doh:
    Колку сакам да бев поблизу и да ја соберев со кола па правец на боцкање..Ги мразам далечината и работните обврски:doh:
    Со други зборови..знам дека е бремена и ми се плаче од радост, затоа што другата "сестричка" го изгуби бебуш во 6ти месец:( и никако "тетка" да станам:inlove:
    Ама и срцево ми е стегнато од страв за неа.. знам низ што се помина досега за тоа бебе..:sweat:

    И така..ве испозамарав со мои грижи..не дека ве интересира:D ама кога нема човек што да каже за себе...:rofl:
    Имам 820 мислења тука за читање и мислам дека ќе почекаат подобри денови.. само сакам да спијам и спијам...



    Сака некој домашно слатко од шумски јагоди?:)


    ама најсериозна сум.. ќе се собираат од следната недела во недопрените предели на малешевските планини, па ќе се преработува од вредните раце на малешевската домаќинка т.е идната ми свекрвица:wasntme: :D
    Правено во високи хигиенски услови и тако даље..да не ја фалам жената, 30 години сирење по највисоки стандарди прави..умрела циганката што ја фалела па сега јас:D
    Ќе има и сокови од бозел, аронија и многу други преработки:) домашни непрскани јаболка, сливи.. се тоа одгледано каде што нема пристап со обична кола и луѓе ретко одат натаму:D
    Ќарот ќе оди во ептен добри цели..не е за бизнис или кој знае каква заработка:hug:

    Да почастам :makeup:
    65707766_1379536475518014_2030437718940450816_o.jpg
     
    На bittersweet, WildMk, SV1911 и 38 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.253
    Пол:
    Женски
    @Dust сериозно ама најсериозно да ми пишеш во списокот 5 теглички слатко .
    Ама под услов во најбрзо време да ми обезбедиш и мала канта сиренце . Маж е веќе прегладнет .

    П.с Само еднаш во мојот живот сум имала "таквото" :) со кондом
     
    На Viktorijaaa5, M&M, LiliBoz и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.707
    Пол:
    Женски
    За сиренце ќе видам што можам да направам за побрзо:hug: знаеш сега колку е т'нка работата:lol: после големите промени од лани:D
    Иначе за крај на јули почеток на август ќе има, ама сега во моментов тешко:doh: ама ќе се консултирам со шефот(fingers)
     
    На M&M, LiliBoz, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.253
    Пол:
    Женски
    Ај ај намоли го даде од скриеното :)
    Еве го шефО се довикува , одма палел колата да дојде по него .
    Имал екстра вино вика за вас :D
     
    На LiliBoz, mareane, kuc и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.178
    Допаѓања:
    21.247
    А П С Т И Н И Р А М
    :D:D

    @Dust тенк ју. Ак може и за мене по 1 од се шо наброја :D, ама вистина.

    Како мала, ич не ги сакав домашните кашкавали, сокови, мармалади, сирупи за растварање. Ги јадев и пиев, али пре ќе изберев купечко. А бе зелка. А сега да не наслушнам за сок од вишни или бозел....прва сум. Многу ми се ммммм.
    Тоа дека сега го нема на изволте, затоа.
     
    На SV1911, Annath, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.707
    Пол:
    Женски
    Море ако имаш некој домат од тоа фолијата нема да е на одмет:wasntme: :rofl: од мене домашна сливова ракија за мене:rofl: за тебе што одбереш тоа:emo:
    Ќе кажам на мојов.. ќе ти пишам како ќе биде(fingers)

    @Espadrila иМбокс мољам:rofl: да не испадне оваа бизниси тера на форумот:lol:
     
    На Annath, M&M, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.444
    Допаѓања:
    279.469
    Јас се кријам од сонце... додека да поцрнам, прво жар ќе изгорам, пребела сум. И онака фактор 50 почнувам, за под сенка и за во море, па тек после прв одмор и 2-3 викенда намалувам на 30. И цело време под сенка.

    Не вреди болката и лупењето и потенцијалниот рак за лепота :)

    Ако одам на море крај на септември може повеќе да поседам на сонце, ама инаку јок.

    Ако баш ми е срам бела нога да покажам некаде, има фини самопотемнувачки лосиони, чисто да не бидам распар со рацеве кои секогаш ми се потемни :D
     
    На SV1911, Annath, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.818
    Допаѓања:
    323.912
    Каме,
    убаво е да потемни жена, ама малку.Она ,,преплануло,, што го викаат србите:D
    Ама да се направиш како со Сандолин премачкана, не ми е вкусно (за мене зборам).
    Поминаа тие времиња кога црнотијата беше ,,на цена,,
    @Bubce38 да ја најдам дека е, ќе отидам да ја тепам:punch:, несмее онака да прави, при сите предупредувања за сонцето:tmi:.Наредно одење на морено има чадАр да ти купам и да платам аргат да мава кога ке мрднеш од под него:D
    Така да си знаеш:!:
     
    На Annath, M&M, mareane и 20 други им се допаѓа ова.
  18. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    @referentka кај ти текна со Сандолин:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Annath, M&M, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.253
    Пол:
    Женски
    Домати и ќе има на претек .
    За две недели ќе почнеме да береме.
    1000 корени само розев јабучар има .
    И уште 1500 црвени.
    Еве ги.
    На 6 китки се пуштени
    100 кг ти берам за две грутки сирење :D
     
    На Annath, Viktorijaaa5, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.818
    Допаѓања:
    323.912
    [​IMG]

    Еве доказ, дали не е така со Сандолинот:D:D
     
    На SV1911, Annath, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.