1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.252
    Пол:
    Женски
    Како тоа никој не можел да изеде кг леб?
    Еве ме!:bandit:
    Јадев ! И по три леба дневно можев да изедам! И 4 л фанта.
    Бајадера од најголемите малку ми се гледаше.
    Пола кг рум плочки таман ми беа за десерт после ручекот од 2 кг месо.
    Ужинка можеше некое хамбургече да се сплеска дур маШ грицкаше индиски ореви, или бадем.
    И пак Не бев дебела. Полничка си беХ:)
    Сега друга песна пеам :)
    Бело НЕ.
    Месо ретко.
    Црвени овошја и зеленчуци најмногу.
    Салатите од трева ми станаа омилени. И тоа навистина со сласт си ги јадам.
    Па тек водичка кога ќе се напијам што убО ми е.
    Не сакам и не морам да слабеам.
    Среќна сум што почна да ми се допаѓа новиот начин на исхрана.
    И најважното.
    Одговорно тврдам дека немам ама баш никаква желба за бурек.
    Неќни пекав за крофна, па купив. Каснав едно залче и ми се стужи искрено. Сувата брусница послатка ми се виде:inlove:

    Кај нас мечка се жени:)
    :sun: и :rain:.
    Салатка надвор тек вечер ќе се јаде надвор.
    МаШ здробен се врати. Само перница гледал пред себе.
    Од Многу к кола деновиве, чоекот притисок качил:lol:
     
    На Viktorijaaa5, Alita, Dadusicka и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Диспензер за вода е тоа. И ние зедовме пред нешто повеќе од година дена. Не пиеме вода од чешма. Иначе туба од 19 галони е 100-110 денари, од каде што сте го зеле апаратот, ќе ви носат и вода. Не ги купувајте тие пластичните од продавница, поскапи се. Ние една туба од 19 галони ја користиме скоро цела недела, повеќе се исплати така.

    @referentka и мојов големиов таков беше, т.е истото прашуваше на 4-5 години, после престана. Макар што уште знае да постави незгодни прашања. Пред некој ден, ги праша двеве мои братучетки зошто не сакале да се мажат уште, и нема врска што сме ептен блиски, потонав во земја. Му реков да не прашува такви работи, ама џабе. Упорно им труби дека сакал уште братучеди.
     
    На Dadusicka, Alita, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    За 3 месеци 10 км е одлично. Тоа треба да ти даде воља за да идеш напред. Тоа е супер снижење.
    Браво.
    Ама така да продолжиш.
    Не се предавај.

    @AngelOfArh еве и тука те тагирам оти се слагам сепак со жената, значи мора и самоконтрола и ГРАНИЦА за храна.
    Не се мора да се најадува и прејадува.
    Јас сметам дека за се во животот треба БАЛАНС И ГРАНИЦА што вика она не е работа да се накракаш до пети да ти појде.

    Не да се прегладнуваш туку да имаш сепак осет на желудникот да ти е лесно и количински сметам дека треба помалку.

    Јас така слабеев ама ова одамна многу беше се јадев али количински помалку.

    Мислам крај краева секој си знае за себе де. Секој со свое размислување. Па така и јас ете тој став го имам што не значи дека и ти треба да го имаш скраја да е.

    Терај само напред. 10 кила е одлично и дава и те како воља за идење напред.
     
    На Alita, Peco, Kate Rina 93 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Каков имате Анат и која цена го зедовте? Баш сега правиме муабет за тоа со мм, многу попрактично, отколку претурање 6-литарско во бокал.
     
    На Peco, Kate Rina 93, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Овој конкретно, од Аква Бар. На 6 месеци, некогаш и почесто го земаат за чистење, и искрено е многу практично. И топла и ладна вода имаш во секое време, и особено ми се допаѓа што децава не можат сами да ја пуштат топлата вода (жешка е). Цената е 12500, ама ние го зедовме за 8000 (сакаа и без пари на мм да му го дадат, оти неговата фирма им е еден од најголемите муштерии, но не сакавме така, па само попуст ни дадоа).
     
    На Bozica1980, mal.ecka, duffi и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.781
    Допаѓања:
    93.334
    Пол:
    Женски
    Ние чешмовача пиеме.:wasntme:ММ има теорија дека таа вода е секогаш подобра од флаширана.Јас не се замарам.:tmi:
    И надвор кога одиме ако водата се пие,пиеме.
     
    На Biljarkata, Dadusicka, Bozica1980 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    А колку плаќате за чистење? И дали има гаранција? И кај работи маж ти? :rofl: Се зезам за последното :D
     
    На Biljarkata, Dadusicka, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Да, ама не кај нас. Јас во Охрид си пијам од чешма, сите пиеме, ама овде во Скопје нема шанси. Камчиња има, т.е песок, некогаш и ко некоја чудна боја да има. Па затоа вака.
     
    На Alita, Bozica1980, Sandrin4 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    @Annath јас не се разбирам, и маж кажа дека од таа фирма и вода ќе купувал од каде го земал и диспазеров.
    Не ми кажува и цена, скапо е ова бре?
    Се смее под мустаќи:devil:
    Едит:и нашиот е аква бар, па скапо бре ова.леле ќе го утепам.
     
    На Biljarkata, Peco, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Вакви услуги правам и за познати и за непознати... некогаш се наоѓа некој таков што преку леб погача сака, ама ок.

    Е сега, лешеви да закопувам, или други криминали, или преку тела да газам..
    не.
     
    На Biljarkata, Bozica1980, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Ништо не плаќаме :D за гаранција не знам, немам поим. А последното, ако сакаш, во ЛП.

    @Alishan30, има и поевтини, до кај 6000. Мм овој го сакаше, да ни одговарал со кујната (facepalm) А еднаш на две недели даваме 200-300 денари за вода, бар мислам дека е толку, ќе го прашам мм за точна сума.
     
    На Biljarkata, Bozica1980, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    Прашај го оти мојот не ми кажува колку платил, и ние толку даваме за вода неделно, од чешма не пиеме. Било поисплатливо вака;)
     
    На Bozica1980, Sexybaby86, Kate Rina 93 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Поисплатливо е дефинитивно. Една туба ни оди неделно, и тоа не само ние четворица дома, туку кој и да дојде, од тоа пие. Е за готвење не ја користам, освен жешката за кафе и чај.
     
    На Bozica1980, Желба, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Нашата вода е една од најдобрите во Европа. На исто рамниште со Австрија сме. Природно тврда е, па нема потреба од премногу хлор. Затоа и нашата кока кола беше прогласена за најдобра, заради водата е тоа.
    Јас никогаш не би пиела вода од пластика па од кој сака извор нека e.
    Шишињата седат на секакви температури, а на високи, пластиката станува канцерогена.И со самото стоење испушта отрови во водата. Пластиката многу влијае на хормони.
     
    Последна измена: 9 јули 2019
    На V.odolija, Biljarkata, happygirl и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    Ако така размислуваме многу работи се канцерогени, мутирачки и хормон зависни.
    Знам дека колку и да е убава нашата вода, стомачни вируси има нонстоп и зиме и лете, и песок во бубрези кај секој пациент кој се враќа од ехо. За пластиката се согласувам, ама дека не е само таа причинител, така е.
    Многу коцки треба да се поклопат за да се развие канцер.
     
    На Biljarkata, Dadusicka, TeddyGrey и 18 други им се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    А да не збориме за цевките преку кои тече водата. Едно време се збореше дека флашираната вода е од чешма, ама па јас стварно препознавам. Некогаш маж ми пие така истечена од чешма, по грешка земам негова чаша и одма добивам нагон за повраќање. Да е во шише, мислам истото ќе се деси.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Не реков дека баш ради неа канцер ќе се развие:)
    Само дека е штетна и повеќе од што сфаќаме.
    Знаев дека влијае на хормони, ама откако специјалист на неплоднот му нагласи на маж ми да не пие и јаде од пластика, почнав да читам и сфатив дека има улога и кај мажи и жени. Од тогаш ја исклучив од се, сега пробувам да ја намалам и козметиката во пластика што е.
     
    На Biljarkata, bittersweet, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    57.435
    Пол:
    Женски
    И фискалните сметки не треба да ги допирате, истото штетно нешто од пластиката го содржат и навлегува преку кожата. Имаше истражување со касиерки, дека во нивните тела има многу повисоки нивоа од просекот.
    И јас едно време бев опседната со пластикава... ама сфатив дека целосно не може да исклучиш контакт колку и да се трудиш. Уште се трудам ама не сум веќе опседната. :D
    Најкриво ми беше за утринското кафе, садот за вода на машината е пластичен. Нормално е обележан со оние ознаки дека не содржи од тоа штетното ама се' друго што содржи не е доиспитано и ќе се докаже за неколку години дека е штетно.
    Како и да го вртиш, заебани сме зашто сме опкружени со пластика.

    Инаку, вода си полнам од испитан извор и ја филтрирам низ бокал.
    Сигурно уште има нешто штетно внатре. Ама од чешма дефинитивно не можам. Ми смрди.
     
    На ♡BuBaLe♡, Bozica1980, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    Знаеш како и сум пиела од чешма па и од пластика.па гледам неплодноста стана плодна.
    Многу треба да се исфрле од пластика, и јогурт треба да не пијам, ниту павлака да не јадам, ниту многу работи ако така гледаме.
    Дотолку не навлегувам во работите.
    Како е пишано-така.
    А специјалистот за неплодност ако не знае од што е неплодноста немора да дава вакви изјави, зошто се е потентно и ние сме луѓе неможеме да се ставиме во карантин и ништо да не правиме.
    Ние одлучивме да живееме како што знаеме и умееме, и многу многу да не размислуваме.
     
    На Biljarkata, Dadusicka, green.eyes и 14 други им се допаѓа ова.
  20. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Абе нормално дека не можеш од се да бегаш, факт е тоа.
    Ама некои покрупни работи ако можат да се исклучат, супер.
     
    На tigarce, Sexybaby86, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.