1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.685
    Допаѓања:
    147.478
    Вода, строго чешмовача. Имам Брита бокал, го користам само за кафе (facepalm)

    Пластика џабе јас што не купувам, кога маш секој ден сок во пластика купува. Што да му правам, сака секој ден кока кола да пие :D. Важно децата ги воспитав.

    Живеам за денот кога повторно ќе се враќа стаклена амбалажа за сок и пиво. И кога пластична кеса во продавница пак ќе кошта колку кило леб. Како во 80-те години од минатиот век.

    Комфорот тивко нè убива.
     
    Последна измена: 9 јули 2019
    На kuc, Biljarkata, Viktorijaaa5 и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    @Sesil и @monik55, среќен роденден на двете, здрави, живи, радосни да бидете, секоја желба да ви се оствари! :f::^::d:

    Денес во маркет влегува жена, девојчето 2,3 метра позади неа оди и вришти. Мајкава оди напред и не се врти,се прави дека не го приметува, ваљда некој педагошко васпитен метод и детево продужава да оди по неа и да вришти уште погласно, мислиш ја дере некој.
    Немам деца, ама вакво воспитување надвор, на сметка на туѓи нерви, ич не бендисувам и се помалку можам да поднесам. На секое завриштување, па уште појако, се осеќав ко да ми буши во глава.
    Не знам што точно од воспитна гледна точка е препорачливо да се направи во таков случај, ама мислам дека јас би го извадила детето надвор или би се обидела да го смирам или утишам, сигурно нема да се правам дека маркетот не е пун со други луѓе и дека ама баш никому не му пречи толкава бука и не го вознемирува.

    Јас не рециклирам, пошто ионака ѓубрето оди во ист контејнер, ама пластика и хартии ставам во посебни кеси, пошто има луѓе што ги собираат, да можат да си извадат цела кеса, не да брцаат низ нив и да вадат што им треба.

    Мм рече да го почекам за сладолед, да сме јаделе заедно и уште го нема. Се мислам да почнам сама и плус ми иде да проверам дали ќе се налути ако го изедам и неговиот дел :wasntme:

    Сладоледов ич не е по хроно, ама понекад си правам вакви излети, ослабев доста и си дозволувам понекад да се почастам. Рани душа да те слуша, што би се рекло ;) :D
     
    На kuc, sweet.november, ♡BuBaLe♡ и 27 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.362
    Допаѓања:
    157.633
    Пол:
    Женски
    Мм многу го гледаше овој, сега на други станд уп е навлечен :)
    Не е тешко ама ги кршат, дал е педала, рачка за стискање, се се крши, не траат повеќе од некој месец зошто очигледно дивјаци живеат тука не нормално луѓе. Еден куп чешми имаше низ населбава, ништо не функционира, жими на булевар неколку, и тие беа на некој принцип на пуштање што е расипан па си течат неконтролирано сега. Не бе само казни и по еден пендрак на сите, не се превоспитуваме инаку никако и никогаш.
     
    Последна измена: 9 јули 2019
    На Biljarkata, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 18 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Нај ќејф летово ни се малине, 150мл шишиња Кока Кола. Памтите, и зејтинон дури беше у стаклено. Филм беа гајби со пивски шишиња:))
    Вода пијам од чешма. Инстант лошење имам од негазирана, флаширана купечка вода па, избегавам. Купечка вода само кисела, да реже.
    Нешто ко да не ми се сите овци на број. Дека дремнувам кај осум девет навечер, и скроз сум пореметена. Чекам есен више. Ми се смачи од времиштево.
     
    На do-re-mi, Желба, Alishan30 и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.605
    Допаѓања:
    264.642
    Пол:
    Женски
    Бреееј пишување....2саати ве читам :))))
    @emkaemka ме прелажа со фармерките у Зара, женска јас само од најмалечките бројчиња најдов. Може смениле робата :lol: ама фустан си купив (hollest)
    Може слободно по свадби да ме викате :nod:
    Гладна сум, ми се пие кафе. Сакав да се карам со маж ама ќе прескокнам (tumbleweed)
     
    На do-re-mi, Желба, Alishan30 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Стварно напет ден.
    Абе осеќам уште од будење каков ќе е.

    Нејќам елексче, ама ќе мора изгледа, оти ми оди некако на карање.

    А еднаш кажаното тешко се враќа назад.

    А и некои битки просто не вредат.

    И така.

    Убава вечер имајте.
     
    На Alishan30, kuc, Biljarkata и 22 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.362
    Допаѓања:
    157.633
    Пол:
    Женски
    Кока кола во стаклено шише има посебен вкус (на нормална мислам не на шифрата :) )
    Се е навика, ептен сме опуштени со подобностите што ни се нудат, да ги нема ќе собираме стакло ќе го носиме во продавница, ќе си зимаме назад кауција...
    Ми се спие, добра ноќ :yawn:
     
    На Желба, Alishan30, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    Еее кока кола у стакло. Носталгија. :(
    Тоа беа убави времиња.
    Звукот кога се отвора шишето посебно кога е ладна.
    Сите надвор игра, дружење.
    @monik55 Среќен роденден.:f:
    :^::d: Пиши некој збор одвреме-навреме.:hai:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Желба, Alishan30, monik55 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    6.031
    Допаѓања:
    158.701
    Пол:
    Женски
    Си наполнав батерии за цела недела...бев кај другарка ми која има 2деца +близнаци од неполни две години...
    Лудо ,убаво им е дома...се изнасмеав за сите пари...а со неа муабетите ми се скроз рилакс..ко пред пола саат да сме се разделиле...

    Си отворив мохито коктелче и си уживкам во ладовината на дворот...
    Пеколно е дома вечерва...
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На do-re-mi, Желба, Alishan30 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Super Travel претежно продаваат аранжмани на други агенции многу малце имаат сопствен закуп али имаат доста избор на понуди, не сум имала проблеми со нив
    Ekstra Bus тие имаат само нивни аранжмани, приступачни цени..
    МArtin Travel било која да ја избереш, супер се.
     
    На Alishan30, ♡BuBaLe♡, TeddyGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Кафе си направив уште едно зошто се спремам реферат да напишам за темата заштита на околината, кој не му се чита, тука нека престане.:wasntme:

    Еве кај мене како стојат работите со заштита на околината.

    Снег немаме па браните ни се полнат само со дождовница, рестрикции за вода имаме од кога паметам за себе, затоа што во 80 тите години научници дошле до закључок дека со темпото со кое се троши питката вода до 2050 година ќе снемало вода, не рестрикции за домашна употреба тука надворешна.
    Сите имаме танкери по 1000-1500 литра што собираат дождовница, околу $3300 се, државата ти враќа $3000, со таа вода се наводнува градината, пери кола што сакаш прави и вецињата ни се поврзани со танкерите, штедиме вода каде можиме.
    Да застанеш со црево од чешма да переш кола, теписи, така да се разладуваш е $10.000 казна а сите пријавуваат ако видат такво нешто.
    Перални за коли има на секој чекор, сам да си ја переш колата или низ онакво за перење, водата е рециклирана, исто во индустријата се користи или рециклирана или десализирана.
    Болници, шопинг центри, во сите такви масивни објекти се користи рециклирана вода.
    Позади во двор имаме и compost bin, сите отпадоци од храна таму одат па си ја ѓубриме после градината.
    Поволности има за штедачи на вода, пример 5 члено семејство треба да троши дневно 500 литра вода ако трошиш помалу помала цена плаќаш ако трошиш повеќе повисока цена плаќаш.
    За тие што имаат базени им носат од општина рециклирана вода и имаат одредено колку пати може да се полни базенот во текот на годината и ако немаш ограда со child lock казната е $20.000.

    Канти три имаме за отпадокот, зелената е за генерален отпадок, плавата за рециклирање, стакло, хартија, пластика, лименки и црвената е за трева, листови и такви градинарски работи, за генерален отпадок се собира еднаш неделно, другите две на две недели.
    Можеш и во нив да буташ што сакаш ама ако ти се погоди баш тогаш да поминат од општина казната е $5000 а може и самиот ѓубреџија да те пријави.
    Мебел, бела техника имаш право двапати во годината да ти соберат од општината, им се јавуваш за кој ден, ставаш пред куќа они собираат.
    Насекаде има да рециклираш стари телефони, батерии, посебно се рециклираат акумулатори, секаде каде што има канти за ѓубре има за генерален отпадок и за рециклирање.
    Ако реновираш или градиш нешто самите мајстори се должни да си го соберат шутот тој на посебно место се носи.

    Секаде ако носиш со себе reusable cup, кафето ти е поефтино и плус секое 5 то гратис, цевките на повеќето места се хартиени.

    Ќесите по продавници целосно ги забранија пред 3-4 години, пред тоа се наплаќаа едно време за потоа целосно да ги забранат, се бунеа народот па си се навикнаа да си носат платнени торби, во Алди ( брат му на Лидл) никогаш не ни пакуваа во ќеси па ете пак сите пазарат таму.
    Од кога ги забранија ќесите почнаа и со исфрлање на употреба на пластични контејнери барем каде стои храна во нив, се заменуваат со бамбусови контејнери.
    И тука имаш наградни поени ако носиш сопствени контејнери за салати, сирење, такви работи.
    Ние на работа носиме храна во бамбусови контејнери, исто за децата во такви и спремам храна за на училиште, вода носат во термоси, сокови е забрането да се носат на училиште
    Исто и за на пикник имаме комплет садови од бамбус.

    Електричната енергија прават напор целосно да биде reusable energy, сега некаде околу 40% ни е од ветерници и соларна енергија.
    Поставување на соларни панели за електрична енергија за домаќинство е околу $12.000, државата ти враќа $10.500, што ти остане неискористена се продава на елекричната компанија, не знам точно што беше финтата со ово ама битно сметките ни се намалија за 50%.
    Топла вода имаме константно ама таа се грее на плин, бојлерот е 550л.

    Јавните автобуси последниве 5 години користат био гориво од рециклирана шеќерна репка.

    Фрлање запален отпушок од кола во лето е $10.000 казна во зима $5000 а изгасен е $2000 без обзир на сезоната.:wasntme:

    Сигурно има уште што се прави тука за заштита на околината и генерално за здравјето на народот ама не ми текнува сега.

    За здравјето, матичниот гинеколог ти праќа писмо на две години за пап тест, забарот еднаш годишно за преглед на забите, децата ако ги носиш на 6 месеци на забар државата те части со $1000, за сите над 50 години им се испраќа кит за домашна употреба да испратат примерок од изметот за рак на дебелото црево и тука има уште ама не ми текнува во моментот.

    Тоа што сум пушач не значи дека не можам да водам сметка за околината или здраво да се хранам, не ми е оптеретување ништо од овие работи, начин на живот ми се.

    И да сите еден ден ќе умреме ама не е лошо да оставиме малку почиста планета за идните генерации и сметам дека не е оправдување тоа абе овој ништо не прави, оној ништо не прави па нема ни јас, evil exists because good men choose to do nothing.

    :sweat::sweat::|
     
    На do-re-mi, V.odolija, Peco и 50 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.362
    Допаѓања:
    157.633
    Пол:
    Женски
    Ја читам Битерка и гледам колку сме далеку, ама ете од тука се гледа дека само со строги правила и казни се постигнува нешто, после секое правило што го напипа си стои убава сума за казна ако не го почитуваш. Кој има пари за фрлање нека се зафркава да го видиме. Уште да го имаше сето ова кај нас, вајда ќе почнеме некогаш. Барем контејнери за рециклирање да ни ставеа, еднаш од една организација ни понудија да собираме во посебни ќеси тврда и мека пластика со тоа што требаше на 2 недели да доаѓаат да ја собираат, 2 пати дојдоа и ги снема |(. По школиве собираат пластика и ја праќаат на рециклирање, тоа е барем колку толку нешто.
    Добро утро :)
    Ќе врне ли денес? Се спиеше ноќеска, гледам деновиве попријатно ќе биде.
    Да допијам кафе да се спремам.
    Убав ден :hai:
     
    На Peco, Желба, Alishan30 и 27 други им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Добро утро :hai:

    Уште се мислам што да се јаде за доручек, нит за овошје сум, нит за месено. Денес некако крајот не ми се наоѓа. Ќе пробам да се залажам со некоја праска.

    Пошто уште сме на тема ѓубре, кај нас пред зграда, има контејнери само за обичен отпад и пластични шишиња. Батерии собираме и ги оставаме по тие што ги има во маркети, маж ми се грижи за тоа. Али услови за сортирање хартија, стакло, итн. кај нас нема секаде. Кога ќе се постават контејнери (дури мањак сме и со обични), тогаш веќе може да се работи на свест, казни и сѐ што е потребно. Не знам која земја беше, од ѓубрето произведува електрична енергија за цело население, па дури и увезува ѓубре од странство. Можеме и ние, барем ѓубре имаме во изобилие, ама не, изгледа нема да има профит никој од тоа. Кога реновиравме, викнавме камионче за отпадот, баш ме интересира кај го носат. Али исто реновираа и други комшии од друга зграда, па сѐ вишок од градежни материјали и нешто од намештај, си ставиле покрај обичните контејнери. Нормално, не го земаат таквиот отпад, па седеше со недели, може и месеци. Зезнато во зграда е што нема посебни простории каде што ќе го пуштиш ѓубрето, знам една кула во Ск имаат специјален "тунел" преку кој си фрлаат така. Арно ама, почнале сѐ и сешто да буткаат, па се затнувало и сега им е вонупотреба. Ние по 100 пати се симнуваме да исфрлиме, пошто мириса. На балкон или пред врата да оставам не бива, ќе им мириса на комшиите. И не се искажав претходно, дека од таа причина користиме мали кеси од маркет за ѓубре, а не вреќи, затоа што треба да чекам да ја наполнам, а за тоа време сѐ ќе се умириса. Фала Богу имаме пари за пазарење, па не земаме 5 кеси за една павлака. Ова за душегрижниците ;) Башка се помалку штетни за околината од вреќите.
    За услуги, порано бирав на кого правам, а сега бирам и од кого земам. Знае да се случи онаа со чорбаџијата, сиромавиот и џигерот. Затоа веќе близок ако не ми заврши работа, не ни барам.

    Убав ден :hai:
     
    На Peco, Желба, Alishan30 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Добар ден :)

    Ме погодивте со темава за рециклирање, плус @friendy побара да кажам за овде како е.

    Многу им значи да придонесуваат за почиста средина и поздрав живот за следните генерации. Сортирањето на ѓубрето во домаќинствата варира од општина до општина, кај тие што живеат во куќа зависи и каков договор имаат потпишано за ѓубре, т.е. дали сами од дома ќе рециклираат и ќе фрлаат во посебни контејнери или ќе фрлаат сѐ на едно место. Ако сортираш отпад, плаќаш дупло помалку месечно во споредба со тоа да буташ сѐ на едно место. Генерално, најчесто се сортира во 4 категории-органско и разградливо ѓубре, пластика, картони/хартија и разно. Во оваа последната група спаѓа сѐ она што не може да се сортира-на пример ѓубрето од купатило што е во корпа. Ова по домаќинствата е вака, инаку има посебни центри каде што може да се остави секаков вид на ѓубре (стари електрични апарати, бела техника, мебел.....) Многу се купува и second hand, до некаде е ок за мебел и слично, ама кога видов на фб во група една продаваше цуцли од бебето нејзино па друга мајка заинтересирана беше да ги купи... :^) Е не знам, до таму не би одела, искрено. А има многу такви.
    Водата е многу убава и чиста, хлор нема, бигор нема воопшто, многу е чиста водата од чешма. Дури од кога се доселивме овде сфатив колку е грозна водата во Скопје :puke: И флаширана и од чешма.
    Приметив кај голем број од колегите дека многу совесно размислуваат во однос на купување производ, како после би се ослободиле од пакувањето, и кај би го сортирале од кога ќе престанат со употреба. Повеќето колеги ручекот што си го носат на работа е во стаклени садови, јас сум со пластичното :x Ама имаме повеќе такви со мм и ги користиме со години. Кога пазариме во маркет гледаме да понесеме голема торба за пазарење (гратис ги даваат во маркетот кај што пазариме), пластичните кеси се сѐ уште најевтини, но веќе објавија дека од септември сите пластични кеси ќе бидат минимум дупло поскапи од хартиените. Оној предизвик што беше пред месец дена да покажеш колку си исчистил овде го прават секојдневно сите, од кога сме дојдени овде го гледам тоа. Стално се случува кога шетаме по природа или по плажите да гледаме како некој прибира ѓубре, а не е од служба надлежна за тоа. Во црквите и разни други организации секаде се прима стара облека, сега скоро сите бутици за облека плаќаат симболична сума на клиентите ако им однесат стара облека која веќе не ја носат. Гледаат да фрлаат храна што е можно помалку, дури и во нашиот договор за ѓубрето имаме ограничување колку можеме годишно да фрлиме, ако се надмине мислам нешто се плаќа плус. Повеќето автобуси се на биогас, имаат проект наскоро сите до еден да бидат на биогас. Настрана фактот што скоро сите користат јавен превоз или точак за на работа, во зима на -20 продолжуваат со возење точак како да е лето :bow: Ставаат зимски гума на точаците и решени се проблемите со мразот и подмрзнатите коловози :D
    Течностите сѐ поретко може да се најдат во пластични шишиња, стаклото е најзастапено сега за сега.
    Инаку, државава е еден од најголемите увозници на ѓубре. Кога добро ќе размислам, што пара лежи во Македонија ако реши некој да го продаде цело ѓубре.....:o

    За денес има најава дека ќе биде 22 степени :?: Да видам и пак нема да поверувам :rofl:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Skorpija25, do-re-mi, Peco и 33 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    Добро утро:sun: Убав ден.:f:
    Ако народот сам нема свест се знае казна и ќе се стави во ред.
    Две - три казни месечно и ако сака да гладува негов проблем. Добро ако има некој да ја спроведе таа казна кај нас.
    Во Грција ќесите од повеќето маркети се био разградиви.
    Во Турција забранија употреба на пластични ќеси. Употребата од јануари до сега се намалила за 50%. Било утврдено дека еден човек во просек годишно троши 440 ќеси. Бугарите и они се поцивилизирани од нас. Во еден Петрич и Ќустендул не можеш да видиш ѓубре по улица.
    Тоа е прво нешто што се забележува при влез во местото.
    Секојдневно се борам со ѓубре околу влезот и се повеќе и повеќе се фрла. Абе канта има ѓубрето до неа го фрла. Да не расправам за памукчиња со крв.:puke:
    @green.eyes Знам дека ѓубрето пред да се фрли се мери на вага и според тоа колку фрлаш толку плаќаш. Точно ли е тоа?
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Skorpija25, Peco, Желба и 26 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    До пред 2 и пол недели живеевме во зграда, таму ѓубрето се фрлаше во големи контејнери во посебна просторија и немаше ограничувања, или барем ние не знаевме :D Сега се преселивме во куќа, чекаме да ги донесат контејнерите за сортирање, засега сите оставаме во огромен контејнер на едно место и никој ништо не мери, па фирмата за прибирање и сортирање го собира. Ќе видиме како ќе биде од кога ќе ги донесат, ама не верувам дека на секое фрлање ќе мерат. Планот им беше за секоја куќа да има посебни контејнери сместени во посебни простории во близина на куќите, да се знае кој што и колку фрла. Пред некој ден кажаа дека испаднал некој проблем со вратата на просторијата за ѓубре и затоа не можат да донесат контејнери. Мислам дека е малку спорна и локацијата на просторијата со контејнерите, зашто е на неколку метра од една друга куќа, па се побунил комшијата од таму дека не сака да биде блиску до него, зашто нели храна ќе се фрла па се собираат муви и други бубачки.
    Ќе видиме за некое време како ќе биде :) Мада, одмори се, овде во лето жив петел нема...........можно е да почекаме до Август за било каква одлука.
     
    На Skorpija25, Peco, Alishan30 и 21 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Баш си мислам, и да воведат казни кај нас, сѐ дури врват моторчиња со приколки од типот "старо купујем" и растураат по контејнери, а децата нивни се тепаат со ќеси ѓубре (нешто ко pillow fight и да, пред наши очи се деси), џабе ќе бидат казните за нас, кои редовно си плаќаме комуналии.
     
    На Peco, Alishan30, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Оооо тема што ми одговара!

    Рециклирам! Пластични шишиња ги собирам во оние вреки за компир што се и договорена сум со дечките што ги собираат да ми ја оставаат вреќата за пак да полнам, баш синоќа одделив 10тина 2иполлитарки и уште 10тина литариполки, ќе се офајди Рамиз од маало, го видов сабајле тргна. До скоро комшијата собираше ама прекина па сега на нив им оставам. Без исклучок. Кога веќе пијам вода од пластика зошто стаклото ми е прескапо можам да рециклирам. Водата реков, е загадена и прљава, кој што сака нека ми каже, сум извадила лично од ситото и пластика и стакло и камења и влакна, а богами и не ми одговара на бубрезите, додека ја пиев ми сметаше и имав страшни напади на бубрези. Хартија носам на работа во контењер на Комуна или мм носи на работа во нивен контењер а треба да си земам за дома, ич да не е за 3м ќе го наполниме со на детево талентот за цртање, а богами купуваме и весници и списанија. Ќеси зимам од маркет ама таму кај што можам носам моја корпа за пазарење или пак зимам торба платнена, ама со оглед на тоа што ги рециклирам пак ќесите, односно фрлам ѓубре во нив, мислам дека е подобро од тоа да зимам ќеси и да ги фрлам во друга ќеса за ѓубре. Органското ѓубре оди во бавча за компост, има мм направено како заградено едно од палети и тука се истура, он на пролет и есен го растура по бавча, бавчата не ја ѓубриме со вештачко ѓубриво и не прскаме со хемикалии зеленчукот и овошјето. Во кантата од комуналец оди само пластика која немам кај да ја фрлам, најчесто кантичките пластични од сирење, сладолед и слично ги реупотребувам, одат пелени на дете и хартија од вц, оди отпад кој не може да се рециклира. Торбата/ташната/детското ранче во секое време ми е полна со ливчиња, кесички, отпадоци, пелена не фрлам никаде на друго место сем во кеса, значи ни во корпа во парк, ја носам дома и во канта оди.

    Во оваа смисла има една мајка која ја следам на Инста, @nemajka она вчера зборуваше баш за тоа, колку оставаме позади нас чисто односно прљаво. Вчера додека шетала со децата имало ситуација да кучето на една сопственичка се искакало и жената не собрала, ја опоменила а оваа изреагирала Кога другите ќе почнат да собираат тогаш и јас! Истата порака ја има и Немајка како мене, луѓе од нас зависи, од нас се започнува, ако јас фрлам на улица и правам ѓубре тоа ќе го прави и моето дете и неговото дете и така натаму! Не смееме така! Ако јас фрлам во канта отпадок позади мене на комшиката нема да и е мило да фрли на улица сигурно, а и да и е, ќе се најде некој што ќе ме последи со пример па лека полека сите ќе се освестиме. Не може да бидеме говеда до толку. Тркало е екосистемов, ако ние го загадуваме ќе ни се врати во храната и водата. Не може да викаме а па другите не пазат нема ни јас.

    Денес наапана од сабајле, нема плата, странки ме нервираат, пмс ме дрма, муж ме нервира, луѓево на улица се понашаат како само тие да постојат, општествово е во аут, се мислам која планина да ја фатиме веќе.
     
    На lunicka, Peco, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    @green.eyes Имам видено - има направено една полуотворена просторија заградена и заклучена. Си отклучуваш, си го мериш ѓубрето, ти излегува сметка и на крај на месец си плаќаш. За поголеми отпадоци не знам како е решено. Најверојатно има служби за рециклирање кои бесплатно доаѓаат на повик.
     
    На Желба, Alishan30, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Од камионџии имам слушано дека ипак се извезува по малце отпад. Најчесто хартија за Словенија па тамошна фирма ја рециклира и произведува тоалетна хартија. Не ми текнува на името ама е тоалетна што ја има и кај нас во продажба.

    Веќе е изградена фабрика за рециклажа на комунален отпад во близина на Кавадарци, Еко Енерџи, италијанска инвестиција а со истиот проект се опфатени уште неколку градови, не знам дали е почната со работа, имав пред скоро време аплицирано за работа таму, огласите се сеуште активни за сите позиции.

    Највише треба да се работи на свеста на луѓето за собирање на својот отпад, прво, а потоа и на селекција на тој отпад. Жално е каква слика оставаат позади себе луѓето. Скоро, видов каква депонија е околу Тиквешкото езеро, рибарите што си понеле со себе тоа си оставиле, куп шишиња и друга пластична и стаклена амбалажа има на брегот. Срамота! Не само дозвола за рибарење шо им наплаќаат трреба и да се контролираат што оставаат зад себе. Или да им се наплаќа дупло дозволата па средствата да се искористат да се плати служба редовно да се собира отпадот.
     
    На lunicka, M&M, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.