1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Можно е, јас лично до сега не сум имала такво искуство. Не сум ни прашала по колеги што е и како е, па немам многу информации околу деталите за тоа како сортираат, сега ќе имам потреба па ќе си прашам :)

    Со казни генерално мислам најдобри резултати се постигнува кај сите, ама пошто кај нас казните се кинат и тоа нема да упали.
     
    На Biljarkata, M&M, Желба и 18 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Не рециклирам.
    Фрлам во кеси од КАМ и СТОКО, во маалската канта.
    Мачки растураат кога ќе ја начекаат отворена.
    Летно време страшно смрди кантата зашто фрлаат коруби од лубеница па и потекува околу.
    Околу канта има и влажни марамици и по некоја тоалетна хартија.
    Понекогаш кога кантата е пре-полна и кучиња доаѓаат за да душкаат.
    ...
    Немам веќе сила да се расправам дека прво канатата секој понеделник и четврток се изнесува на улица.Само јас ја изнесував.На лист напишав и залепив лист дека кога е полна канатата, секој своето ѓубре нека си најде контејнер или нека си го чува на балкон во црна кеса па нека ја изнесе во понеделник или четврток на улица, вака подзината кантата само ја дрпаат мачки.
    Истата таа канта еднаш во 2-3 месеци ја попарував со врела вода и доместос се додека комшивката (медицинска сестра) не почна да ја полни со коруби од лубеница.Барем во кеса да ги ставеше.
    Комшијата над мене кат , многу грижлив, од стан до стан одеше за да се уреди некако ѓубрештијата, ама никој не го послуша, некои дури давале банални изговори дека расдрланото ѓубре не е нивно.
    ....
    Што сака нека биде веќе.
    Баш ме брига и мене.
    Кантата не сум ја пипнала една година, нит сум ја изнела а за дезинфекција да не чујам веќе.

    Добро утро
    Сакам простодушни луѓе кои функционираат едноставно.
    Ги обожувам.
    Го барам нивното присуство кога неможам да ги видам.
     
    На Skorpija25, Peco, Желба и 26 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Јас пауза земав за да те читам, повеќе очекував :D

    Сигурно не е совршено, ама читам и си викам - а зошто другиве земји не учат од вас?

    Не само за рециклирање...

    Сакам да читам и да мечтаам.
     
    На M&M, Alishan30, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    18.919
    @green.eyes велиш секој има ограничување колку смее да фрли ѓубре...ич не сте креативни,па тоа правило кај нас да е,ако имам јас повеќе ѓубре ќе фрлам во контејнер кај комшијата:D пошо нели...македонче.

    Како наставник се надворзувам на темава. Со децава вторачиња по природни науки оваа година учевме за рециклирање. Па најдов видеа каде што е прикажано како од рециклирање се доаѓа до готов прозивод, па факти дека со неколку рециклирани лименки се добива неколку часа електрична енергија итн. За нив беше возбудливо и им го задржа вниманието.
    Во училиштето од Пакомак има поставено контејнер за пластика,па носеа шишиња. После тој час носеа уште повеќе. Од Пакомак за рециклираните шишиња даваат за возврат течен сапун. Од кој ни трагс ни глас,јер македонче...замислете на децата да им кажам ако донесеш шише ќе имаме сапун,не ќе мора родителите да купуваат кој поттик ќе биде. Ама...
    Општината еднаш до два пати годишно прави еколошки акции во кои учествуваат училиштата. Последниов пат некаде во месец мај беше, директорката ни соопштува: утре има акција,ќе се чисти. Се организирав набрзина родителите им купија хигиенски ракавици на децава.
    Не се знаеше точно време,па кој кога сакаше излегуваше од одделенијата. Јас решив дека нема да излезам кога видов што прават колешките со нивните одделенија. Децата растрчани како од затвор пуштени,а тие со телефоните,ајде наведни се дека собираш нешто да те сликам. Си поиграа уште некое време и се прибраа.
    Ние чистевме после неколку дена од 'акцијата'. Се се прави колку да му помине редот. Ни култура,ни свест.
    Кога одиме на екскурзија секогаш на крајот се пакуваат и потоа се чисти. И секако различни луѓе,карактери,колеги. Некои ќе побрзаат да фатат место во автобусот не обрнувајќи внимание на ѓубрето зад себе.
    Моите кога собираат им кажувам и таму да исчистат. Добивам "ама наставничке , не е тоа наше". Велам знам, но знаете нели природата ја боли.

    А околу отпадот во некои земји што се откупувал за да се преработува за електрична енергија... па и кај нас нели се откупува од Италија или од кај и да беше, само што нашата корист од тоа се ракови и тешки неизлечиви болести кои доаѓаат од загадувањето.
    Слушнале нашиве модерно било да се откупува,па ај и тие;)
     
    На Skorpija25, do-re-mi, Biljarkata и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Добар ден, арни?
    И јас ко @LiliBoz со прашањево :D
    Рециклирање како што кажав, ми е болна точка. Џабе јас да ги распределам, кога пак се се меша заедно. Пластиките од гелови за туширање, детергенти за перење и слично, како и од шишиња, ги давам на оние што собираат пластика. Ама што со отпад од бела техника (расипани, не се поправаат), електронски отпад и слично? Расипан парочистач го чувам дома, оти нема каде да го фрлам, а минатата недела старата машина за садови ја дадовме, ако може да се поправи дефектот, да ја користат. Апарати што функционираат, здрав мебел и облека давам во црквата кај нас, а на комшиите кои се вселија лани во нова куќа им го дадовме каминот што не го користевме, оти не сакавме така да стои, поарно некој да го користи, не беше ни стар, ни расипан. Остатоците од храна во бавча, за ѓубриво, а другото... сепак, генерален заклучок ми е дека многу ѓубре оставаме зад себе. Ѓубре фрлам во ќесите од продавница. И на плажа секогаш носам ќесе за ѓубрето, пошто со деца обавезно носиме сендвичи, овошје, сокови, истото тука во Охрид, па и во Грција го правам. Сите фрлаат каде стигнат, ама јас се трудам да не го правам тоа, и ги учам децата да бидат совесни.

    Факт е дека мора да не удрат по џебот за да станеме совесни и да почитуваме закони, ама кога и власта си игра држава, јасно е дека глувците оро ќе играат кога мачката ја нема. А немаме саглам држава, се повеќе свесна станувам за тоа, а особено кога @bittersweet ќе пише како е регулирано нешто кај нив. Тогаш ми се плаче. Многу ми се плаче, оти сме педа држава, со толку малку способни луѓе, а можевме да цветаме. Сепак менталитетот ни е лош.

    Ај доста, се разочарувам. Никаде не е идеално, свесна сум, ама кај нас е..... :x
     
    На Skorpija25, Biljarkata, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Имаше и кај нас писмо од матичниот еднаш годишно да отидеш на преглед. Мене ме викнаа и отидив, непотребно. Татко ми па се му испрегледале, срце, крв, чудесии... оти не бил 20 год на доктор.
    Имаше бесплатни тестови за рак на дебело црево, матичниот вика никој не се вратил да каже резултати, сигурно ги фрлиле.
    За екологија, ние сме депонија.Кај нас у маало не збираат, па у кола си го носиме. Со платени комуналии. Вода за пиење приватно си плативме.
    Имаше казни за фрлање по земја и плукање, сите врски фаќаа за да им пишат дека работеле општа работа.

    У светот ни органско веќе не фрлаат, јадев во Холандија кофтиња од лушпи од краставици кои се фрлаат вообичаено. Имаат автопат од органски материјали.

    Јас купувам 40 дрвца за кај мене у двор, мислејќи дека аправам нешто добро за околината, ама ги наводнувам 2 пати на ден со питка вода за која некој у светот умира. А кај да најдам хигиенски чиста вода , а не питка за да поливам? Од Вардар? 4ти степен загадена.

    некако после испитувањево колку глуп народ има у земјава... апсолутно не очекувам рециклажа или подобра еколошка свест. Со 82 IQ просек, не знам дали знаат газ да си избришат, не па да сортираат ѓубре. Одвај чекам да си отидам.
     
    На Biljarkata, lunicka, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Во општина имаш пункт за собирање електричен отпад, однеси го.
     
    На LejlaD, Bozica1980, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.091
    Допаѓања:
    124.341
    Пол:
    Женски
    Здраво другарки и по некој другар. Како сте? Се дише денес малку :whew:
    Читам правите муабет за ѓубре. Страшно ме нервира. Менталитетот ни е таков.... Како може во Швајцарија (пример) после пикник да си собираат после нив а ние не можеме? Како може да си толку безобразен да дојадеш кифла и хартијата да ја фрлиш на земја, а кантата ти е 3 метра подолу? Ќе ти падне круната ако 10 секунди ја поносиш хартијата до канта?:@ Дајте мајко му стара да бидеме ние промената која сакаме да ја видиме. Ако јас не фрлам, нарцис не фрла бубче не фрла ете ти почиста околина. Навистина не е тешко.
    Вода скопска не пијам, купуваме флаширана. Толку околу ова.

    Сега малку помош од вас за две работи:
    1. Каде да најдам вакво https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/81JXteZJ01L._SY741_.jpg
    2. Предложете подарок за 40ти роденден на прв братучед?
    Фала однапред женски :hug: :hai:
     
    На Skorpija25, lunicka, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    @fana , ние вакви (под бр.1) од Икеа купивме.
     
    На Alishan30, LejlaD, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски

    За првото, има во Џамбо, само не се толку широки, со лепенка се прикачуваат наместо закачалка, и ги нема од страна додатниве мрежи. За второто, новчаник и каиш, изгравиран привезок за клуч за кола.
     
    На Желба, Alishan30, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    1. Веро Џамбо, Џамбо и Базаро
    2. сет за вино

    Ај мене кажите ми убав термос кај да барам
     
    На Желба, Alishan30, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Инаку знаете работам во општина и пред некој ден гледам во школово во општината пластични шишиња, нафрлани, околу кошаркарското игралиште. Знам кумот мој игра кошарка и му се јавувам, куме дај бе соберете шишињава, нема смисла, има трева не може да искосат луѓево, не се должни да собираат шишиња. Собраа се, ги пративме луѓето, искосија и пред некој ден пак шишиња. Им реков и на луѓето, цел двор да го косите таму никако. Срамота, тие луѓе имаат деца, вака ли ги учат. Во тој двор играат и деца, зар така треба. Немало канта, има контењер на 3м, ама не, не им е под газот. Ебате спортистите ако не се грижите за околината а се грижите за сопственото тело. Идиотизам! Да ги видам следен пат кога ќе играат ќе им речам. Планетава не ни е на користење дадена, наша е.
     
    На Skorpija25, lunicka, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Уморна бев, инаку уште ќе пишував.:lol:

    Ете ме потсети @Sesil кај мене скоро целата тоалетна хартија е од рециклирана хартија, исто и тетратките за децава, нотеси и такви работи.

    Во сите паркови на самата канта има мали кесички за изметот на кучето, нема шанса да се пос*ре кучето и така да го остават изметот, барем јас немам видено а со оглед дела скоро секоја куќа има барем по едно куче ако не се собира изметот ќе се удавиме во лајна.

    Казните се за нас дојденците, Aussie’s оние од англосаксонско потекло имаат многу висока свест за околината, се кажува од утре вака ќе се прави и тие си ги следат правилата, ние дојденците мора по џеб да не лупаат зошто што не боли к*р не е наша оваа држава, нема врска дека ние тука живееме и деца растеме ќе си правиме што сакаме, епа казна па пак прави што сакаш.

    Имам пишувано кога бев со внук ми во Мк малиот имаше тогаш 4 години и дедо му ставил лубеница во умиваоник и пуштил вода да се разлади и трча дете да ја изгаси чешмата дека трошел без везе вода.

    За стара облека има повеќе организации порано оставаа ќеси сега оставаат хартиени во сандаче со дата и време кога ќе собираат па ставаш што имаш и оставаш на таа дата.

    Кај мене се тепаат за да се запослат во центрите за рециклирање, $70 е сатница, за споредба јас земам $47, се исплати да си ѓубретчија.:lol:

    Ово не е плукање по државата ама првиот впечаток за Скопје кога доаѓаш од страна е дека се дави градот во ѓубре, многу нечист град.
     
    На V.odolija, do-re-mi, Biljarkata и 34 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    кај нас се учени луѓето дека државата треба да чисти, да им оди по газот, да ги вработи, да им даде детски додаток, да им исчити ѓубре... се треба државата.

    Ние у маало имаме еден пат кој го користат 100тина луѓе на дневна основа, општината не го прави. Собиравме пари, сами го направивме, и замислете кој не даде пари? тој што живее прв на улицата, што користи 20 метри само од патот, и има фирма таму. Врвулица коли кај него. Не дава пари, општината требало. Сега ќе се собереме и ќе му ископаме дупка, да мора да си ја мава колата кога вози. Оти е глуп. Епа требало општината, ама гледаш веќе 4 години не лажат, колите ги искршивме, само ние имаме 9000 дадено за поправка на колата, не знам за другите...
    Ист принцип со лифт у зграда, он на први бил, не давал пари. Она сама си метела не давала пари. Клети се луѓето, многу.
    Викаш, дај бе исчистете зградава, ааа не, шо се мешаш ти не живееш тука го продаваш станот. Па дебил, не можам да го продадам оти кој и да дојде гледа гомца од кучиња, гулабарник... страшно е.
     
    На Biljarkata, BlackNight, M&M и 27 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.412
    Пол:
    Женски
    Добар ден друшки,
    Неколку дена само ве читам никако да стасам нешто на раат и со ќеиф да напишам.
    На работа ХПЛ, дома исто.
    Се е растурено.
    Ништо не знам каде е.
    Ќе се средиме ли?
    Паника ме фаќа.
    Сигурно ќе се средиме.
    Ама многу смешни маки имам, дај Боже вакви да ми се цел живот.

    Многу модерна машина имам. Мислам за мене е многу модерна, до сега перев со Горење 30 години стара машина, таму нема ваков програм онаков програм, степени местиш и таа пере.
    Сега ваму степените ги местиш на екранче ваљда, не сум пробала уште. Па едно не знам колку програми има. 11 ли, 14 ли, што ти ја знам, човек да не знае да се испере.:wasntme:
    Башка што старава ми переше со прашок, а сега ваљда треба течен детергент?!
    Не бе, кај сум ти ја за ова, штрокави ќе шетаме од толку технологии.
    А да, сега си перам се и чисто си носам, зашто мислам нема да знам да се исперам во новата дома.(fingers)

    Други проблеми што ми искочија, машина за садови.
    Па тоа ти било научна фантастика.
    Сол, сјај, апче... На мм му викам, а да си измијам рачно.
    Ако си будала ми вика пери.:smirk:

    Рака на срце, не сум пробала ништо, си стои така ново.
    Не сум толку старомодна, ваљда брзо ќе се уходам.:^)

    А пазете ова луѓе :!: се си биравме заедно, ама коа се разболе детево, него редот за ТВ му дојде да купува.
    Викам одбери каков сакаш.
    Е и тука проблем.
    Не знаете колкав телевизор имаме.:tmi:
    Маживе нешто изгледа стварно се опседнати со големината.
    Ама и за тоа ми вика ќе сум се навикнела. За тв-то де. ;)
    Он читал, мерел растојание од гарнитура до тв, точно одговарало.
    Добро ај.:emo:
    Можел и поголем, не викам не, комшијата од карши ќе можеше да гледа. За добри меѓусоседски односи, не за друго.:rofl:

    И такви проблеми.
    Сите пари ги потрошив.:cash:
    Кантички за ѓубре, легени, четки, држачи, сталажи, чергичиња, пепељарче за на тераса итн.
    Чекам плата во Август сега.
    Не ме потсеќајте дека е 10ти.:o:

    Доста досадував со моите „проблеми“.

    Инаку, многу го сакам 10 Јули.

    Скоро баш пишував дека некои мисли ме демнеа, па ми текна со денов дека се поврзани.
    Нека е среќен 10ти Јули.
    Помислив да честитам, ама зошто би си ја барала бељата?!

    Имав тежок период, се надевам е завршен, затоа и ме демнееше овој 10ти Јули.
    Сфативте дека 10ти Јули е човек, ваљда?
    Нека е среќен, пак ќе кажам.
    Може во некој нареден живот заедно ќе бидеме среќни, со плаво дете со виткана коса.
    Како што отсекогаш замислував.
    Сега во овој, нека остане рециклиран (да се уклучам во темата, де):)
     
    На Skorpija25, do-re-mi, Biljarkata и 32 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Многу ми се погоди темата. Кај нас секое сабајле чистат од КХС и од општина, ако не им кажеш да соберат нешто нема да соберат. Имаме пред канцеларија една кајсија, попаѓаа кајсиите така, ужас, ги мачкаме со нозете секојдневно, никој не реагира, не метат. Денес и викам на едната де замети те молам, ќе се утепаме, зема измете. Пред офисо сама си метам, имам пензионерски дом над канцеларија и од горе ги ранат кучињата, може да замислите какво е. Абе не знам, мислам утрово како бев наапана можев комотно да ми дадеа власт за еден ден да наполнам градскава каса од казни, не имам немам, одма плати или утре дупло. од работа до дома имавме 16 дупки вирови, 3 ме испрскаа, за да заштитам дете ме напраија лом, немам време да се вратам да се преслечам. Од една кола огромна мерцедес отворена вратата не можеме да поминеме, од еден хаварисан камион не се гледа улицата ќе не испогазат колите, лубеничарот се послал на пола улица, цел тротоар фатен со лубеници, на улица камиончето, маалската перална за коли пере и водата загадена оди во атмосферска, нормално сјајот останува на асфалтот, се лизга, да не збориме дека секогаш е мокар и ќе се уништи, во градинка климата во 7ипол сабајле на 16 беше пуштена и 1 воспитачка се грижеше за 3 групи деца, другите сеа ќе дошле... Што да ви кажам, ништо не функционира, ништо, ми иде усвета да фатам! Се гледа дека ми фали одмор нели? Од ништо од одморот излезе дека сепак може и нешто ќе биде. Оф мори мајко!
     
    На Skorpija25, lunicka, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  17. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    73.123
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey :hug: сите имаме по некој 10 јули. Еве мојот е 20 мај :), со години наназад не сум била трезна на тој ден, еве годинава го заборавив :rock:
    Само да ве поздравам, јадам на норма и влагам во бубањ. :sun::sun::sun::sun::sun::sun: на вас прекрасни луѓе
     
    На Skorpija25, do-re-mi, lunicka и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.481
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Стварно е нечист. Не само Скопје, цела држава ни е таква. Оти такви сме, се чекаме другите да ни завршат, ние да не се измачиме (facepalm) @Cka ти даде типичен пример какви сме.
     
    На Biljarkata, lunicka, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Ти текнува на тој твитот или што и да беше од студентка во Пелагонија?

    Некој сликал отпад буквално во сред студентски, а иднава академска граѓанка искоментирала дека има вработени да им чистат (facepalm)

    Простотилук. До срж.
     
    На Skorpija25, M&M, FreeMind и 18 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Апдејт! Ви кажував, на улица имам хаварисано возило кое игра на случајноста е во регистрирано. Се јавив кај колегите од инспекција и ми викаат не е до нас до полиција е, на улица е. Е добро ајде ќе се јавам во полиција. Се јавувам ми вика јави се во општина! Молам!? И нашите колеги се курназ, па полициската им е до гз, иди покажи фотографии, реагирај. Е не ти јави се. Ми вика дај ми регистрација и марка на возило. Немам моментално викам. Ај попладне јави се. Ок! Ама ми вика комбе пајак не го крева! И сега што да правиме, да изгинеме таму? Сега ќе се јавам да ми сликнат и да одам одма да пријавам. Ми се повраќа од нашава неажурност, ми се плаче! Од префрлање топки, од се. И колегиве се такви, ако не е твоја работа не се мешај, како бе не се мешај, зошто да го терам да дојде друг пат, па јас сум овде за нив, не они за мене.
     
    На lunicka, M&M, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.