1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    @Cka во право е дека се се чека од државата, тука пред куќите сите имаме тревник што е државно, сите си го косиме, никој не чека од општината да ја коси, во Скопје гледаш преубави куќи, испред куќата жбуновини, аман бре на општината не им е гајле дали змии ќе ти влезат во двор од жбунарникот ама неееее на државата и било тоа работа, ако му ја нагрдува неговата куќа.(facepalm)(facepalm)

    Во Скопје кога бев за дедо ми лифтот не работеше зошто нели цела зграда господа не можат сметката за струја да си ја платат е ај еден ден со деца и количка се мкнев по скали, вториотт ден го барам “претседателот” демек цело време си плаќам за одржување сакам лифтот да работи, тој ееее па ти ние цела година пешки одиме ти вчера дојде сакаш одма лифт, ај глеј си работа, многу нежна ти од тоа џунглата.(facepalm)
    Отидов во ЕВН им ја платив сметката од 48.000 денари и им кажав наредните 10 години немам никаква намера да плаќам за одржување, сите ненормална ме направија ама си го користеа лифтот, ни срам ни перде.
     
    На Skorpija25, Biljarkata, lunicka и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.781
    Допаѓања:
    93.334
    Пол:
    Женски
    Еднаш одамна имав проект да цртам илустрации кои после би се лепеле на вакви контејнери за собирање дождовница,да изгледаат убаво да им ги продаваат на луѓето во САД.
    Незнам кај нас дали некој би купил такво нешто.:|

    Е сега не е само ѓубрето,треба особено внимание да се превземе со испуштање на CO2 и автомобилите.

    Незнам колку е измерено кај нас со стариве автомобили :|,иако Европа е лидер во светот во смалување на загадување со издувни плинови и купување еколошки автомобили,посебно Данска.
    95 g/km е во Европа.
    Додека најголеми загадувачи во светот се Американци со 184 g/km и Австралијанци (190 g/km) испуштање на издувни плинови во воздух.
     
    На Biljarkata, lunicka, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    А бе пола зграда не вика „Добро утро, добар ден и слично“, вие па за ѓубрето сте се фатиле:!::tmi::@:rofl:

    Сто пати сум кажала и пак ќе кажам, нас само една атомска бомба да ни фрлат, па да почнеме јово на ново.
    Којзнае и тогаш дали ќе не биде|(

    Сабајлево се наоружав со праски, мусли, јогурт и еве пред малку изедов тоС и тоа појачан и 5 атлантис:envy::@Секогаш сум била колегијална:bandit::rofl:
    Го*но карактер сум...
     
    На Skorpija25, Biljarkata, lunicka и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Тој метеорот што ке иде у септември, за нас. 82 интелегенција... го уназадувме светот бе :(
     
    На Biljarkata, lunicka, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.685
    Допаѓања:
    147.478
    Не е до интелигенција, до казни е.

    За сеирџии како нас, треба слика да е валиден доказ за казна. Па после кога ќе фати да слика народ - непрописно паркирање, поминување на црвено, паркирање на тротоар, ѓубре, не знам што... јас прва ќе сликам, а и ќе ме сликаат, имам и јас гревови.

    Свеста преку казни и награди се развива, колку и да звучи сурово.
     
    На Biljarkata, friendy, lunicka и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Добар ден феминки!

    Денес уште посабајлечки организации фрчат на сите страни ... Зошто секогаш си ставам толкав товар на себе и јас не знам. Ама перфекционист сум,шо да праам. |(

    Иначе ме погодивте со темава.

    Јас кај и да одам, ако видам расфрлано ѓубре земам и фино лепо го собирам,успат се расправам со тие што се наоѓаат во негова близина и прашувам како не им смета, за на крај да ме направат будала дека премногу сум се замарала со ,,тие работи''... Mолам?! :@
    Ми се повраќа од овдешниот ментален склоп на луѓето (чест на исклучоци) ,постојано го кажувам тоа. Не само за третирање на отпадот, туку и многу други работи , незаинтересираноста на луѓето ,мрзливоста,третирањето на животните , ако застанам да набројувам до утре ќе останам.

    Не за џабе постојано му трубам на мм дека сакам да се преселиме што подалеку од тука. Ајде кога тогаш ќе го убедам :D

    Еве една случка околу отпадот. Пред неколку години бев на работа во Германија, летен период на 3 месеци како студент. Бевме сместени повеќе студенти,сите од Македонија. Газдите на смештајот убаво си ја знае работата (најверојатно поучени од предходни години) , па уште кога пристигнавме таму, не' собраа на заеднички состанок кој притоа траеше околу 2ч. и убаво ни објаснија како се одвиваат работите во пансионот ,градот па и низ цела Германија. Фер од нивна страна, ни дадоа насоки за тоа како да живееш како Германец наредните 3 месеци, или барем да се обидеш. :|
    Нејсе, во разговорот најмногу се задржаа во однос на рециклирањето на отпадот и колку е тоа ригорозно кај нив. Газдарицата дури на сите 3 канти имаше напишано листа и закачено на секоја од нив ,што се' можеш да фрлиш внатре, а и се понуди во случај ако за нешто не сме сигурни каде се фрла слободно да и ѕвониме и да ја прашаме.
    За сите нас беше збунувачко ова рециклирање,но секако дека за неколку дена се навикнавме. Сите,освен еден пар кои упорно се правеа или стварно беа будали,па сето ѓубре го фрлаа во која канта ќе им биде прва на дофат. На почетокот дури на кантите им закачив и превод на македонски што се' може да фрлаат во секоја од кантите (мислев не го разбираат германскиот јазик), за по некое време да сфатам дека тие воопшто не ни се замараат која канта за што е.
    Капакот на се' беше кога една вечер излегов во дворот и ја сретнав газдарицата на пансионот како брца во кесите за ѓубре, сите ги отвараше и ги претураше. Јас културно ја прашав дали треба да и помогнам да го изнесе ѓубрето и зошто го прави тоа, ѓубре е, нечисто е. Жената ме погледна со солзи во очите и ме праша зошто тоа се случувало секоја година, зошто ние луѓето од Балкан сме биле до толку некултурни и не сме се придржувале на правилата,ниту пак воопшто сме се грижеле за животната средина.
    Во тој момент ми идеше да пропаднам во земја. Знаејќи се себеси колку се залагам за тие работи избувнав и вечерта се искарав со паров,кој притоа сите нас не' прикажа како неучтиви и безобразни, а од нив го добив коментарот ,, Абе зошто да се замарам со такви работи,само 3 месеци сме тука, гајле ни е! ''

    E од вакви си патиме во нашава држава и најтрагично е што поголемиот дел од луѓето се баш вакви. :(



    Тежок метеопат сум, глава боли денес...

    Ви посакувам убав и продуктивен ден! :f:
     
    На Skorpija25, Biljarkata, lunicka и 32 други им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Епа да, после се чудиме зошто не нѐ сакаат Европјаните кога ќе кажеме од каде сме.....

    Најголем проблем е одговорноста кај нас, прво лична, после колективна. Оттука излегуваат сите проблеми, на секое поле, зашто секогаш кај нас е друг крив, на друг е тоа работа, „сум бил во подрум“, на пауза сме, еј извини не сум разбрал убаво.....итн итн.
     
    На friendy, M&M, Alishan30 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.407
    За ѓубре рециклирање, сега баш пред некое време одеа некои реклами од Пакомак, за селектирање на ѓубрето, имаше бајаги познати личности што као “секогаш го селектирале/двоеле ѓубрето“. Мене не ми е јасно како е тоа воопшто изводливо со нашиве крш контејнери. Да, има на ретки места посебни контерјнери за стакло, хартије... но, ние продуцираме толку многу ѓубре, секогаш контејнерите прелеваат.

    Кога го шетам кучево често гледам фрлени кеси во оние малине зелени корпи што се за ситен отпад. Башка ѓубре по тревници колку сакаш, мислам дека волку ѓубре по улици и тревниви немало со години. Се жалев од БМРО на режимот, ама чистеа бре, алал да им е. Ова сега...

    И сега што видов пред пола саат. Млада мајка со дете 10-тина години, детево дотурка до џипот преку улица од оние малине колички од Тинекс, на скроз скриено место од маркетот Женава си ја растовари количката, малиов тргна да ја враќа назад, таа му вика “Остави ја“. Детево упорно оди да ја врати и му се развика женава. И малиот ја остави. Скорз на невидно место од страна на маркетот, зад едни грмушки. Важно таа си заврши работа. Што да се каже на ова... Грото од народот ни е таков, си гледа за себе, никој не гледа за општото/заедничко добро.
     
    На Skorpija25, Biljarkata, friendy и 24 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.409
    Допаѓања:
    222.536
    Пол:
    Женски
    Еве ме,по дома да зачистам ама скував.Кажав еднаш,акција чистење на градот,на различни локации-те гледаат од терасите и си играат мајтап.Што повеќе,кажано е се,какво сортирање ѓубре какви бакрачи.Подобро да не спомнивам што се се фрла на јавни површини,стан да опремиш комотно со се литература па до кондоми,овие употребени додуша:tmi:.Толку од нашата култура.Ако сте за кафе повелете душа да зберам:coffee::coffee::coffee::coffee:....
     
    На Skorpija25, Biljarkata, lunicka и 26 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Незнам зошто сите се чудат на ѓубрештијата во државава кога во време кога Денот на дрвото беше прогласуван за неработен ден и беше наменет за садење дрва, НИКОЈ не одеше да сади.
    Сите дома прозори бришевме.
    Оние што мораа да одат ради сликање и аплаудирање - отидоа.
    Ама своеволно - никој.
     
    На Biljarkata, friendy, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.011
    Хелоу,
    Каснам како вовчето од Боливачково, ама до нова година ќе ве дочитам:D

    Ова е иначе диетатата на Витамина, жената што тежи 40тина кила со се кревет;).

    А овде во спојлер може да оди песната Ал се некад добро јело, од Балашевиќ8)

    Јас имам уникатна диета. Јадам колку што ќе ми остави дете од една цела порција ресторански ручек, или јадам толку време колку што ќе ми остаи дете откако сум ја наранила нејзе.
    Ова второво особено деновиве, кај вторава баба.
    Ефект 1:кркорат црева (ама баба и дедо спијат кај фрижидерот па не можам да го испразнам по ноќе:bandit:)
    Ефект 2: денес се бендисав дури во 2 костими за капење:lol:(hollest)
    Налет ефектите, мене многу ми се пее гореспоменатата песна и ми се јаде и скара, и бурек, и нес ми се пие. И дете не било толку распрдено како што мислев (ваљда дека нова средина, па поумна е од вообичаено), ама пак не можам да седнам во кафана да пијам и јадам, ако нема игралиште, а во градов ете таква кафана нема. Леле, и баклава ми се јаде:tmi:.
    Иначе, научно, макробиотички, емпириски и незнам како е докажано дека можеш да се најадеш со било што, во толкава количина колку што ти собира дланката, на пример една дланка/шака ориз или една дланка јагоди. Проверено, функционира, ама и мајндсетот треба да е насетиран;)

    Ова погоре од вчера, денес да ве дочитам на омилените теми за пластика, вода и колективна свест. Многу сте убави, останете така. И убав ден имајте:f:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Skorpija25, friendy, lunicka и 21 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    27.146
    Пол:
    Женски
    За никаде сме со отпадот. Сами сме си криви што на секој чекор само ѓубре гледаме.
    Ме потсети @Alita за во Германија, слично нешто и мене ми се случи таму додека бев како студент. Живеевме во зграда, во апартмани околу 40тина студенти во предградие на Франкфурт. Кога шетавме по улиците, сите воодушевени колку многу е чисто таму, дека нема ниту отпушок од цигара ни лист од дрво, ништо. Улиците стакло, парковите исто, секаде свети. И сите тоа го коментиравме, колку е убаво кога е чисто.
    Уште првиот ден газдата на зградата ми објасни кој контејнер за што служи, како да го сортираме ѓубрето и како се рециклира понатаму. Залепи листи со слики што каде се фрла за да знаеме.
    И знаете што се случи? Втората недела од престојот таму ѓубрето натрупано до небо во и околу контејнерите, смрди, корне. Муви, инсекти летаат, за никаде беше. Ѓубраџиите одбија да го земат бидејќи не беше сортирано правилно, кој каде нашол таму фрлал.
    Го гледам газдата попладнето со ракавици до рамена влегол во контејнерите и буричка. Го прашувам што прави, ако треба да му помогне е со дм, и вели овој пат јас ќе ви го средам ѓубрето, ама прв и последен ќе биде, од следниот пат сите ќе платите казна затоа што не го собираат и се загадува околината. Соседите пријавиле дека депонија сме направиле веднаш.
    И се научија сите после тоа откако беа опоменати со парична казна.

    Ама следната година газдата не прими ниту еден Македонец во зградата. На друго место баравме смештај.

    Ова е само еден мал пример колку не се грижиме ние.
     
    На Skorpija25, Biljarkata, friendy и 25 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Ич не те разбрав што сакаш да кажеш ама најобилно :)
     
    На LejlaD и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Јас одев секогаш, освен кога бев трудна и со мало дете.
    И дома садев дрвца. На ден на дрво по 50 садев, 2 да се фатат секако се повеќе од ниедно.
    Прекинаа да одат луѓето оти почнаа да зборуваат како само се фрлалепари, а не растеле дрва, па сите станаа економисти место екологисти. А фино можеа барем по едно дрвце да засадат.
    И мило ми е ридчето што го садевме првата година што е полно зеленило сега, ама она од следната година ни го фати пожар :(
     
    На Biljarkata, mal.ecka, friendy и 15 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Кај нас од општина засадија дрвца.
    Пола ги искршија дегени.
     
    На M&M, Alishan30, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Секој можен ден враќам во Кам по 4-5 колички господата што ги мрзи 6 метри наназад да го вратат, секој ден! Без исклучок! Пу јазк! Кам ни е до нас практично.

    Сакате исход од муабетот со комбето? Пола колеги и комшии ми кажаа што се буниш, што се мешаш кога не може да се среди, некои ми кажаа па знаеш во која држава живееш што те чуди... Ми се гади!
     
    На friendy, Alishan30, Kate Rina 93 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Во колку саат ќе фати невремето:?:
    Како во конзерва сум овде, ниту гледам, ниту слушам што се случува надвор:doh:
    Алармирајте со време вие што гравитирате од Ѓорче наваму:D

    Му викам пред малку на маШ, да дојдеш да ме земеш да идеме по точакот, утре да поднесеме за субвенции, оти кај и да е ќе се потрошат.
    Вика аха важи. Извини викам, каде си? Во Мрзенци да кснеме(lalala)(lalala)(lalala)(lalala)
    Дека во Скопје нема што да се јаде:@:@:@
    Значи од такт ме вади со вакви испади:headbang::@:devil:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На friendy, M&M, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.353
    Пол:
    Женски
    Глава ме заболе.
    Цел ден зјапам во пц и во тел.
    Налет.
    И на крај за џабе.
     
    На friendy, M&M, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Ама во Скопје нема јагнешко како во Мрзенци. Кажи му на маШ ти знае шо да јаде, браво за Пупо!
     
    На Желба, Alishan30, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.335
    Пол:
    Женски
    Од еколошко друштво садевме дрва, преку 5000 украсни зимзелени плус други сорти, цел ден на сонцето изгоревме, за после неколку дена кога се вративме да видиме дали "се фатиле дрвцата" да најдеме пустош. Некој идиот ги пуштил козите внатре и дали дваесетина дрвца имаше останато :D
    На друга акција, чистевме излетничко место. 400 огромни вреќи со ѓубре собравме за 4 саати. Снемавме вреќи, направивме групна слика до ѓубрето и си тргнавме 8)

    На 21 март секоја година од школо не водеа на локации во градот да собираме ѓубре. За 2 недели пак ќе се најдеше некој да фрла.

    Добар ден.
    Појадок леб и маргатин.
    Така е кога се дружиш со пољаци :rofl:
     
    На Biljarkata, friendy, lunicka и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.