1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Да бе нема. Ете го истото во Меана Б, ако постои уште:?::tmi:

    Богами ептен знаеме што јадеме. Досега авион ќе купевме од одредени луксузирања со храна.
    Во странство сите шопингуваат облеки и слично, тој со храни не знам какви ми се враќа:whew::rofl:
     
    На Biljarkata, Желба, fana и 18 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    И да има казни.. а има за фрлање ѓубре, сеуште е 'културата' на кинење на истите.
    Нели беше тоа муабетот уште пред месеци во темава?
    И прашање: А тебе ако те застане полицаец, плаќаш казна на лице место, или вртиш телефон?
    И мојот одговор: Плаќам казна- беше 'чуден', и 'нереален'.

    Епа чорба.

    Не е проблем името, не е проблем историјата, не е проблем политичари.. ние сме проблемот.. Ние како нација. Со цела своја неодговорност и подмитливост, која со радо срце ја нарекуваме 'традиција'.

    Уживајте во 'традицијата'.
     
    На Skorpija25, Biljarkata, happygirl и 31 други им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.783
    Допаѓања:
    285.303
    Пол:
    Женски
    Сега гледам дека стварно сум зависна од групава.Едино што ми фали на одморов што немам време да бидам овде...А и брзо пишувате па не стигнувам да читнам се.
    Поздрав еден од мене.
    20190710_151738.jpg
     
    На Dadusicka, Skorpija25, Viktorijaaa5 и 42 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Како нација ни е дно дна сме. Срамота е каков пример им се остава на децата. Покундурените сељаци на кои круната ќе им падне ако прошетаат некое метро плус со отпад во рака се најголем проблем. И џабе во школо ќе се учат децата на нешто кога тие прво од дома не го гледаат тој пример, ќе ги држи еуфорија некое време и ќе им спласне.
    Го шетам внук ми, фрла пакетче од грицки и го терав да го земе за да го фрлиме у канта, објаснував, кажував зошто, шо, како, ме сфати и ме послуша детето. Стигнавме до лулашките кај шо бевме тргнати, една ,,госпожа'' излегува од зграда, вади мастика и опаковката ја фрла на земја. Оди објасни зошто таа смее така, он не.
    Затоа пак на никој не му е срам да присвои нешто туѓо. Во едно школо магично го снемуваше течниот сапун од вц-то на учениците. Директорот вика: за учениците лесен проблем, на фин начин ќе ги фатам сами ќе се откажат. Шо да правам со вработените? Ставаме тоалетна во вц-то на професорите ја снемува, ставаме течен сапун го снемува, епа не ставаме веќе..
    Ист случај во една фирма кај што работев. Прекинале да им ставаат тоалетна и течен сапун во вц јер го краделе. Колку треба да не ти работи осетот пред цела канцеларија да вадиш тоалетна од ташна и сите да те разберат кога одиш на мо*ање, место да си користеш се оставено гратис ти треба да м'книш од дома и да се брукаш. Шо повеќе треба да се очекува од народ со ваков менталитет...
     
    На Skorpija25, Biljarkata, friendy и 33 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.409
    Допаѓања:
    222.536
    Пол:
    Женски
    @mareane си знаеш,шлапни се по еднаш за лепо феминско друштво:* и уживај.Колку обожаваат луѓето будала да прават некого,само кажав дека мојов штеди на храна па со патрони и мастило ме храни:tmi:
     
    На mareane, NarCis@, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Светска банка: Учениците во Македонија учат 11,2 години, ама знаат како да учеле само 6,8 години
    До наполнети 18 години, децата во Македонија имаат 4,4 години јаз во образованието. Од предучилишно, основно и средно образование, тие во просек поминуваат 11,2 години, но кога годините ќе се прилагодат според квалитетот на наученото тоа е еднакво на 6,8 години образование. Ова се податоците од најновото истражување на Светска банка за Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија, кој е понизок од просекот на регионот.
    ----------------

    И што ќе понудиме ние на светот освен ефтина работна рака?
    Ништо...

    Едит: почна да се спрема за невреме...
    А баш мислев да бришам прозорци...

    Како да не :D
     
    На Skorpija25, Sofi.ja, duffi и 22 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Аиии почна невремево, малку е језиво надвор:worried:
     
    На mal.ecka, NarCis@, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Еве членките што се во странство нека кажат дали сме ценети надвор.
    Дали се наоѓа работа и кој вид на работа.
    Дали факултетските дипломи ги нострифицирале и употребиле таму.
     
    На duffi, mareane, NarCis@ и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.252
    Пол:
    Женски
    Маж ти ептен мој човек.
    Иста сум:o
    И мене повеќе ме исполнува шопинг во маркети за храна и пропратни ствари, одколку молови:tmi:
    Ќе ти кажев што не се јавил маШ ти:),ама мојО е дежурен а јас лежикам на одделение.

    Фатив јак стомачен вирус.
    И гадење,повраќање,пропратено со вртоглавици.
    За нигде сум.
    Тек па колку е жешко овде. Божем бучи клима и на сите им е таман, само јас се потам како створ:devil:
     
    На Skorpija25, duffi, mal.ecka и 21 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Почна невремево.
    Језиво богами
     
    На NarCis@, CameliaMiller, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Не ми е језиво мене... само глата ми е матна..
    И сношти така ми беше, пред да заврни, мислев ќе се онесвестам :drunk:
     
    На M&M, petunija77, NarCis@ и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.964
    Пол:
    Женски
    Со помин нека е бубче
     
    На NarCis@, Желба, Bubce38 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Што знам дали сме ценети :?: Конкретно, нашите генерации (нешто плус/минус во години) мислам дека имаа/имавме подобро образование, па следствено на тоа и добри познавања од струката. Затоа барем овде, мислам дека се ценети. Т.е. се на исто рамниште со другите, овде барем јавно никогаш нема да дискриминираат некого на национална база, не смеат. За во другите држави како е, не знам, немам информации.
    Во принцип, овде стварно прво гледаат способност, искуство, познавања.....се наоѓа работа, може е потешко кога не се знае јазикот (ова јас си го искусив), ама ако ништо друго со доквалификација може да се најде добра работа после некое време.
    Ова е мое лично искуство, она што јас го гледам кај луѓето околу мене :)
     
    На Skorpija25, Biljarkata, duffi и 26 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.409
    Допаѓања:
    222.536
    Пол:
    Женски
    Сеуште нема дожд кај нас,ноќеска околу два згрме истури кратко и толку,засега сонце и печи,а се надевав на дожд.@Bubce38 со помин да е,побрзо да се опоравиш:hug:
     
    На Bozica1980, NarCis@, Желба и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Мене вака ми кажа другар од странство - прво за работно место бараат од нивната држава, ако нема, бараат од ЕУ, ако нема, тогаш може некој надвор од ЕУ.
    Нашите само во Мекдоналдс, физичка работа, продавници.
     
    На Sofi.ja, mal.ecka, friendy и 8 други им се допаѓа ова.
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Не за во сите држави, и не во сите фирми. За сопругот кога се вработуваше имало и Швеѓани кандидати, ама после сите селекции се одлучија за него, веројатно зашто повеќе им се допаднал од тие Швеѓани што аплицирале во моментот. После тоа, пред да го потпише договорот, одговорната на човечки ресурси морала пред синдикатот да го презентира како кандидат и зошто токму него го одбираат наспроти локалните кандидати. После синдикатот морал да донесе одлука за одобрување да се почне процесот за вработување. Веројатно за вакво нешто зборувал другарот твој, @Cka :) Знам точно како беше, зашто сопругот го препорача бивш колега од Скопје, па беше директно вклучен во целиот процес на селекција и вработување. Истиот тој сега е CTO во една фирма, Македонец е човекот. Примен на регуларен начин, со селекција со све што треба.
    За мене не можам да кажам со сигурност, не знам ни колку имало други пријавено. Безвезе ми е да прашувам што и како :)
    Не дека нема наши луѓе што работат во МекДоналдс, ама реално, ако одат во земја кај што не го познаваат јазикот, а не се по професија некоја дефицитарна струка како на пример од ИТ, а истовремено сакаат што побрзо да најдат било каква работа, да, во МекДоналдс работат. На почетокот тоа е решението, додека не научат јазик.
     
    На do-re-mi, Skorpija25, WildMk и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас па имам сосема друго искуство од кажување на роднини и другарки.
    Последниве 2 години многу колешки,колеги воедно и другарки заминаа во странство. Сите од тука си најдоа работа (преку интернет праќаа CV) ,договараа интервјуа и потоа заминаа.Нашата струка (архитекти) тука е потценета,така да таму им е супер. Само пофални зборови имаат.

    Искуство од роднини (пошто веќе поголем дел од фамилијата ми е во Европа) - за инжинери е многу полесно да се најде работа, во однос на јазик можеш и со англиски да почнеш, па да го изучиш тамошниот.
    За општествените струки е потешко. Жена на братучед ми работеше како сметководител тука. Кога отидоа во Германија мораше да оди буквално како на школо кое и' траеше цела година и буквално секој ден по 8 часа. Исто така доста ја кошташе. Ама после тоа немаше проблем околу наоѓање работа, тие сами и најдоа. Сега зема добра плата и ги има сите бенефиции како тамошен граѓанин.
     
    На WildMk, duffi, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Е ако е дефицитарно е друго. А ако не е... нема работа на друго место
     
    На friendy, Annath, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.547
    Е еве си иам мака административна. Веројатно предметот е кај некој на одмор, и се ми е закочено. За да ми завршат работа треба да одамтаму, и да земам ден од работа. А ден не можам еден ос одмор мора 10 :) и така... ќе чекам некој да се исплажира, да одмори па да потпише.

    А обично впишување у имотен лист е
     
    На Sofi.ja, Alishan30, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.781
    Допаѓања:
    93.334
    Пол:
    Женски
    Тоа е само делумно точно,и само за одредени струки.
    од мое искуство со работење со странски компании и физички лица, би рекла дека сме ценети ,и тоа доста.
     
    На Alishan30, friendy, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.