Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.502
    Пол:
    Женски
    @Cka точно ти кажал другар ти.
    Барем овде е така.И да си ти,*Ана од Македонија,најидеален кандидат за бараната позиција,на работодавецот ке му требаат куп документи и многу време(кое реално никој го нема) да ти извади дозвола за работа.
    Швајцарија дека не е во ЕУ,си е сам свој газда,со свои правила,па и за луѓето со бугарски и романски пасош не важат истите закони,за нив има куп рестрикции.

    Одредени дипломи се индиректно признати.Тоа значи дека после спроведената евалуација на секој положен испит,се споредуваат со тукашните,па се дополага она што е разлика.
    Процес е ова,трае неколку години со се јазик степен Ц1,ама вреди.Искусен стоматолог има месечна плата од околу 9-10 илјади франци,тоа се пари за 4 члено семејство да живее комотно.

    Јас со мојата диплома на пример,можам да си направам селфи:D
    Ама,најдобрата инвестиција ми е јазикот и сертификатот,имав среќа одма да најдам работа за која сум супер платена со оглед на тоа што немам тукашно школо.

    Нормално е и човек да почне од МкДоналдс,продавница,чистење,сервисни услуги и тн,ако има амбиција ке ги зграби и искористи сите можности.
     
    На do-re-mi, WildMk, green.eyes и 29 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Можеш да замислиш кај мене на државно колку се краде? :)

    Тоалетна, брисачи за раце... а тек можам да замислам колку "услуги" си прават со лекови...
     
    На WildMk, Alita, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.091
    Допаѓања:
    124.341
    Пол:
    Женски
    Аииииии ќути.... :x
     
    На WildMk, Alishan30, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    183.423
    Пол:
    Машки
    Муабетиве ме потсетија на филмот The Day the Earth Stood Still.
    Keanu Reeves е дојден од вселената за да ја спаси планетата од уништување, на тој начин што ќе ги уништи сите луѓе на земјата.

    Тој метеорот во Септември, ако удира во земјата, нека удри во Македонија, оти ние сме непоправливи.
     
    На Желба, WildMk, Alita и 30 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Чекај бе Пецо, па каде така со такви мисли? Кредити треба ли да се отплатат? Така борчлии да останеме? :rofl:
     
    На do-re-mi, Желба, Skorpija25 и 28 други им се допаѓа ова.
  6. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Мислам дека баш се гледа влијанието кај нас што сме биле под турско. Далеку сме од ред и поредок. Да сме биле барем малку под Австро-Унгарија ќе не подиспеглале. Словенците ми се баш добар пример за тоа.
    Ние сме малку повеќе медитерански мрзи, ама злобни и завидливи зашто не излегуваме на море.
    И се согласувам, ако секој барем малку мрдне со прст околу себе, ќе има огромна разлика. Макар за ѓубренце, хартивче или кака од куче.
    Сум гледала како постара госпоѓа ја пика со сила ќесата со домашно ѓубре во мала канта, а контејнерот е буквално на 10 метри. Јас не би пипкала до толку ќеса за ѓубре :)
     
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 27 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    :)))) аааа, во Македонија нек не удира. Во северна и северџаните нек удри:rofl: Ме изнасмеа со муабетов. Не ми текнува на филмов, можда го немам гледано така шо, деновиве ќе го ѕирнам. Иначе, се почесто има денови кога го мислам баш истово. Деновиве се тие денови:D
    Кредитите на тој свет ќе си ги платите:))) се ми се чини дека имаше некој народ, некое племе кое си уредуваше меѓучовечко односи, облигациони :))) за и на тој свет. Ич не ми текнува од кај ми е муабетов.
    Рацеве ми се лом од боцки од кактусите. Зајачко уше кактусот се имаше шекнато на сонцето и му изникнаа две нови уши врз него и тоа огромни станаа, поголеми од тоа долниот дел и почна долниот дел да омлитавува, да се витка..почнаа и горните огромни уши. Читав негде треба да ги исечам другите уши и засадам посебно и ни така ни овака ми е океј, нејќу да ми умре. Од мајка ми е кактусот. И т'ј. Секој со проблемите.:bug:
    Туку, ако некој сака мене да ме зеза со јавување, го молам да се претстави ко Џејсон Момоа:))))
     
    На do-re-mi, Желба, Biljarkata и 20 други им се допаѓа ова.
  8. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Маалово дека ни е преполно со интелектуалци, да не речам сељаци:@:@:@
    20190710_191435.jpg

    Ќе ме полуди денеска мојов.
    Пред 2 часа рече еве за 10 мин доаѓам, дете збесна чекајќи да идеме по точак.
    Ѕвони сега и ме прашува ќе пиеш вино, пиво:?:
    Отров му викам.
    Којзнае што наумил:?:]:)
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 29 други им се допаѓа ова.
  9. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    12.337
    Денес на фб кај Ина Многуфина видов објавила платнени торби за пазарење и веднаш ми текна на муабетот од овде. Да не се крие некоја членка од овде зад тој профил..? Неможе тукутака исти теми и она да врти 8-|:D
    Времево денес се понаша како октомври, 20пати заврна и престана. Тмурно, стопати дигнав и спуштив ролетни, де да влезе светлина, де да не тропа дождот по прозорците. Ќе чекам посушен период да си планирам бришење, вака не ми се исплати, пак ќе ми ги дамкоса, џабе бришањето.
    Перев алишта денес, и сфатив дека имам едно фустанче кратко,лелеаво, што го носам скоро секојден. Тоа ми е за онака до продавница, до пошта, по дома, за плажа, за пат... Веќе ми е срам кога излегувам од зграда, на приземје продавачките ме запамтија по него :$ Морам што побрзо да набавам и друго така удобно ама секојдневно. Пред два дена си купив долг, летен фустан и уште не сум го облекла оти некако како поспецијален го доживувам, а нема врска ама ете. (facepalm) Лани купив едно обично залепено, што можам да го носам само ако не јадам три дена. А ова омиленото широчко, ме покрива, абе милина ми е :inlove:
    На тема рециклирање неможам да се пофалам ама ич. Отпадоци носам у ташна цел пат за да ги фрлам у канта, ама за рециклирање не обрнувам внимание. И мислам дека ако не се воведат некакви ригорозни мерки од владата нема никогаш да се смени состојбата тука. Само казни му е мајката. Како им успеа законот со забрана за пушење во затворени простории? Со казни нормално. Така и за ова да воведат казни и инспекции ќе има ефект.
     
    На Skorpija25, petunija77, green.eyes и 17 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.362
    Допаѓања:
    157.633
    Пол:
    Женски
    Си симнавте апликација мој ддв? Мене ми е интересно скенирањето па едвај чекам фискална да земам да си поиграм :D. А викате ќе го биде ова со враќање ддв или си играат мајтап? Небитно за сумата, ете 1000ден годишно нека е ама да се оствари нешто што се почнало еднаш за промена.
    Овие неколку месеци ни излегоа еден куп непланирани трошоци, не ми се ни смета колку, не знам со кој памет уште одмор планираме, а тек што сакав од септември плус да се кречи и да се досреди нешто по дома :worried:. Ама мм е економистот во куќава вика да не се сеќирам се е под контрола, сепак параноикот и цицијата во мене не ми дава мира.
    Како ми минуваат годините така се повеќе кога треба да се подготвам за нешто надвор од рамките на моево секојдневие ме фаќа некоја параноја и ми се блокира мозоков, и наместо да направам план и да се подготвам јас бленам во празно и не мислам на нипто. Ужас сум станала :@
    Постов каша, и во главава ми е каша :envy:
     
    На WildMk, green.eyes, referentka и 17 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Пак со големиот на лекар.
    Тој истрауматизиран, јас веројатно повеќе.

    До толку плашливо куче не знам друго.
     
    На WildMk, green.eyes, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.781
    Допаѓања:
    93.334
    Пол:
    Женски
    Моево.
    Седнува,се укопува во место пред ординација и не влага.
    А ако и прават нешто,вакцина ,чистење анални до соседна Србија се слуша,има 5 кг.ама сопран во гласот.
     
    На WildMk, green.eyes, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  13. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    мачките се многу похрабри.
    кучето ми вришти ко да го колат кога го боцкаат, мачево мува не го лази дури и си легнува како векна на тоа масата и мижурка.
     
    На FreeMind, doubleg, Alishan30 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Да. И мене ми е интересно. Колку ќе соберам за побраток - толку. :lol:
     
    На green.eyes, M&M, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Мим е испогребан целиот, мислиш дива мачка носел.

    Да не зборам дека кучево успеа муцката да си ја разрани од што се опираше.

    А не оти нешто ужасно му правеа, уши му чистеа.

    Не е нормално колку е плашлив. А веќе стар е, 10 години. Не е за анестезија, опасна е за него.

    Ни КС не можат да му направат (facepalm)
     
    На green.eyes, M&M, FreeMind и 10 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.353
    Пол:
    Женски
    Мнооогу добар филм. Пак би го гледала.
    Луѓе смрзнав. Дома по дукс седам..
     
    На Peco, M&M, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Мачоров мој маскота им е таму.
    Баш завчера го боцкаа, вакцина редовна. Ни мјау, ни прет, ни бутур.

    Пролетва имаше алергија на полен, ама додека откријат што е, го проверуваа, од брцање топломер во гз, до брцање во уши, брцање во грло.... никаков отпор. Се гади, ама не се опира. После па го боцкаа за алергијата... без проблем.

    Кучево нема да ми умре од болест, само срце еден ден ќе го стегне од страв.
    Среќа добро му е здравјето па ретко сме на лекар...
     
    На Alita, M&M, FreeMind и 9 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.353
    Пол:
    Женски
    Мојов е најдобар пациент што постои. Влегува се качува на маса за преглед и седи ко во строј и чека да завршат што да му прават. Има матична, си ја знае, си ја сака. Да, за кучето зборам.
     
    На Желба, Alita, Sofi.ja и 14 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.439
    Допаѓања:
    279.449
    Како го воспита така да ми е знати....


    А еве и денес, абе кучево се одра, а на соседната маса мачка со скршена нога лабаво си чека да и боцнат инфузија..

    Мачоров кога го кастрираа, чекам да му извадат канила, лабаво си ја дава ногата и преде.

    Кучево кога го кастрираа, како заклан уште 3 дена лежеше и вода со лажичка му давав (facepalm)

    Јас сум крива што е таков лигуш, ни да му свикам да го скарам, не па да го удрам.
     
    На M&M, LiliBoz, LunaGrey и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    57.435
    Пол:
    Женски
    Мислам дека иста раса чуваме, срциња се. :)
    И мојава е такво гревче на ветеринар. Се плаши, ама си ќути и трпи. :( Глас бе, глас не се слуша кога ќе ја боцне.
    Ветеринарот ја знае и никогаш не и' става маска.
    Душа.

    На чистење уши, прави една фаца да ти дојде да ја избациш на лице место. Се гледа дека ја боли ама се стега и трпи.

    Камелија, тоа е веќе до неговиот карактер, не е до воспитувањето. Какво удирање и карање, таман работа.
     
    На Желба, CameliaMiller, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.