Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    102.809
    Пол:
    Женски
    Пријавено...џабе...
     
    На duffi, ♡BuBaLe♡, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    :@ Астероидот во Септември!
    Да ги испратиме децата некаде, и нека не акни нас... ич нема да жалам, ама ич!
     
    На Biljarkata, duffi, ♡BuBaLe♡ и 18 други им се допаѓа ова.
  3. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е најстрашното.
    Што не им се прави услуга воопшто со такво однесување. Здрав и прав маж веќе во 20ти треба да знае сам да заработи, да се облака, сам да се нахрани и испере.Што ако остане ненадејно сам? Како ќе функционира?
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, duffi и 12 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Живееше сам 4 години во Скопје.
    Ама мајка му идела и им го чистела станот (а со цимери беше), јадење од дома направено, за цела недела, перење дома, пеглање дома... ко ќе си иди за викенд.
    И ми дојде, нов-неотпакован :D
     
    На Biljarkata, Skorpija25, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Пишав веќе во Мајчински, денес срамот за цел живот си го изедов! Најмногу што мразам ме снајде, да седам на кафе и дете да рашетува низ маси, да трча и урива наоколу. Кога е сам не праи така, ама со друштво, леле мори мајко! Ми се плаче! И го фатив го стиснав за раче, оти чурев, многу бев бесна, кај пмс па и ова лудилото што ми го спреми, аууууу.... После неќеше да заспие ме гледаше цело време во очи да не сум му лута, го бацував од глава до пети, па тоа во игра прерасна и не заспа саатипол. Сега спие а и мене ми се спие ама не легнувам, оти сум идиот, ќе ми се спие после и ќе кукам.

    Дете по родители не крстам, сакав налик на татко ми да биде, Јани (Јован) ама не ми беше прифатено, па сакав Огнен, уште построго беше дочекано и на крај јас откако ги исфрлив идеите на маШ, да се вика Кире, го крстивме Матео. Ако крстевме по татко ми гарант ќе беше љутка од свекор, а неговото е премногу старско, може евентуално да го модифицирам Вилијам (Веле) По мајка би крстила во грчка верзија односно би се викало девојче Зои (Живка), по свекрва исто не би крстила (Мира) Животните сите ми имале човечки имиња, мачето беше Тоше, кучето Бренда, другото маче Чарли... Забавно!

    Во врска со чување животни во градот не се согласувам на создавање на глутница со нивно ранење на секој чекор. Едни бабички од старскиот од горе им џиткаат на кучињата пред нашата канцеларија свашта, од јајца пржени до остатоци од манџа, лебови мувлосани, остатоци од месо живи... Грдо е. Башка што се ствара глутница која не знам зошто ама многу мрази Роми а ние сме населба со големо ромско население и ни доаѓаат на работа па ги напаѓаат. Имаме колешка која добива панични напади од нив, мене не ми сметаат ама она се гуши, многу и е страв од нив. Оставање измет исто така многу ми смета, ужасно, смрди и често знам да нацапам на нешто зошто знам да скратам низ зеленило или да стигнам до едни клупи морам низ зеленило, па имам голем проблем со тоа. Ако сме љубители на кучиња и мачки треба соодветно да им помогнеме. Ако се нафатиш да ги чуваш треба редовно да им оставаш вода и храна, не еднаш неделно, така да не е решение и ова. Ми има пред точак излезено сто пати куче, ќе направиш беља, не е убаво така. Ама ги има и не треба да ги занемаруваме. Ние ги викаме од ветеринарната во близина, им ставаат ампули, апчиња за глисти, ремчиња против болви, ги средуваат, ама не можеш да превземеш грижа за сите. Искрено случајот со Бренда во Штип не требало да заврши така, ама касно е сега. Ако имала крлежи и била болна требало со време да ја средат тие што ја чувале, да не дојде до ова. Јас ги разбирам и љубителите на животни и оние кои се плашат, нема љутиш.

    За карање, ми се чини последните 3г сме повеќе скарани од смирени, ама два тврди орева сме и двајцата. Не ми се свиѓа, ама тоа е. Се трудам, ама некогаш и јас претерувам, најчесто во пмс. А тој пусти пмс, секој месец го има, па ај иди смири се.

    Не си во право, во куќен ред стои дека од 12 до 17ч градежни активности не смеат да се изведуваат. Кај кречење не да има галама, особено ако е со глетување, тоа шмирглата у мозок влага, тргањето скали, тропањето со канти, од празниот простор ехото се слуша до следната зграда... 14ч ти е најкритичниот период, еве ќе имаш бебе ќе видиш, ќе бидеш лута на сите во комшии што баш кога заспало се размрдале. Јас денес им се лутев на свадбарите што свиреа додека дете успивав.

    Одмор букиран, не знам колку е сигурно пошто не плаќавме, на лице место се плаќа, ама ќе видиме. Фин смештај, блиску до плажи, па ваљда ќе ни се погоди. Сега само да поминат овие 2 недели и чао адио аморе накај море, едвај чекам. Многу слатко ќе ми дојде овој одмор, ко што беше држ не дај ќе се оди не се оди.

    Убав ден! Одам да се растропам дете да стане за да ручаме.
     
    На Желба, duffi, ♡BuBaLe♡ и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    53.448
    Пол:
    Женски
    А јас се жалам што ќе сум 4 недели без слободен. @lunicka како издржуваш? (facepalm)
    Кај нас е така поради одморите. Платено ни е, секој час е платен.
    Менаџерот вика ајде повеќе плата ќе земете. Ама на човек некогаш му треба одмор ,а не пари.
    Одморот кога ќе го земам да не знам за што попрво да се спремам.
    @WildMk :hug:
     
    На Skorpija25, Желба, duffi и 19 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Фалааа :hug:
     
    На Sexybaby86, dunika, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.041
    Пол:
    Женски
    Пријави во министерство за труд и социјала или слободно на Мила на меил дека трудова не реагирала на пријава за таа и таа фирма поради тие и тие прекршоци од законот за работа.
    Те уверувам дека нема да биде за џабе.

    Ако се плашиш јас можам да процесирам, слободно.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    18.919
    А кога да работат мајсторите во 7 сабајле? Или во 8 навечер?
    Баш од причина да не пречиме на останатите комшии, мајстори доаѓаа после 9 часот наутро. Во станот до нас живее помлад пар со 5 год. дечиња,ако некој требаше да се буни тоа се они затоа што кај нив највеќе би се слушало,а не овие над нас.
    За галама со ваљак и канта не се слуша подалеку од влезна врата на стан.
    Време за одмор е од 15 до 18 часот, иако до 16:30 никој не е прибран од работа,ама не, ќе тераме инат,ние сме газди овде 70 години овие новиве купиле стан па ќе го дотеруваат!|(
    Уште да запазуваа они куќен ред, со правосмукалката од шеесдруга ко ќе ја стави на паркет како бормашина да работи притоа не припазувајќи дал е ден, ноќ, време за одмор или не знам што.
    Да не зборам за моментот дека отворивме прозорче од страна кое што не пречи на никого (најмалку на овие над нас) и трк во општина пријавување инспекции. Образложение ние тука живееме 70 години не сме отвориле,вие сега дојдовте ќе отварате!!:x
    И маливе комшичиња знаеле во сред ноќ да вреснат и да си играат,иако сме се штрекале во сред сон никогаш не сме изреагирале.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, ♡BuBaLe♡ и 15 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Куќен ред од 14-17ч. или 15-18ч., зависи од зграда до зграда како се договориле.
    Нас пред некоја година комшиката ни се жалеше дека сме отвориле прозори да се луфтира од кречењето и лакот за паркет, па да сме затвореле (facepalm) Ѝ рековме дека тогаш ќе мириса и во другите станови и во влез, ама не можеш да се разбереш. Ѝ мирисало надвор. Надвор!
     
    На Biljarkata, Skorpija25, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Правила и прописи сакам почитување, ама да бидат почитувано од сите. Во спротивно знае таков инает да ме фати, и покрај тоа шо свесна сум дека постапувам ко ѓубре сепак гледам најлошо шо може да постапам. Додека седев во зграда во студентски денови, комшијата гледаше утакмица шо почнуваше во 15 до 9 навечер, до кај 11. Тоа урлање, викање, мислев стадион има под мене. Во 10 саат ефтина струја почнува, мајка му пушта перална, тоа бучава ко цел погон машини да работи, а дека тишина сите учат и се слуша. Е од коа ќе видев закачени алишта на тараса почекував пола саат да заспијат и правосмукалка пуштав. Над мене немаше никој, до мене исто. Не реметев други. Со кое лице би дошле да се бунат.

    Мм коа е сам далеку од дома си купува, коа е дома сокината маица ако треба ќе облече ама не оди да купува. И или одам сама со ствар што веќе ја има за да мерам или шетам, разгледувам и го носам на лице место да проба. Не сум изненадена татко ми е бетер. Остала машка фамилија исто. Тетка ми демек ќе ги учи братучедите да купуваат сами, они фино лепо ми се јавија мене и на сестра ми што им треба да одиме да купиме ... си врежав у главата дека мажите се така програмирани и тоа е.
     
    На Skorpija25, Желба, Bubce38 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.532
    Допаѓања:
    18.919
    Гадови. Оваа прееска се дереше на еден дечко што се паркирал кај нас пред зграда на тротоар,кај што се паркираме ние со колата (мм беше на работа). Дечко што си се паркирал тука,ни правиш проблеми дома му вика.
    Плус е ментално болна, ако не се лажам биполарно растројство се викаше болеста, час се смее,час урла.
     
    На ♡BuBaLe♡, mal.ecka, petunija77 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.408
    Допаѓања:
    222.529
    Пол:
    Женски
    Мојава комшиница цигари на тераса што пушам и сметало,а при тоа ја користат нивната тераса која е сосема на спротивната страна.Оваа тераса си ја опремив за седење баш поради нив да не испадни во пајцни им гледам,вака тие од предна страна ние од задна и ете пак куршлук:tmi:.Кај и да е на чатија ќе пушам,барем поглед на моликите :?:.Муабет повеќе не ми прави поради мачорот и кучето,не ни одат кај нив со стап да ѓи тераш,од нашиов двор што се им сметале-ниту лаење ниту мјаукање има,бубакли се....
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Желба и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    6.007
    Допаѓања:
    183.421
    Пол:
    Машки
    Оти бе вака ги мешате печурките? :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:


    Уште три дена!
    [​IMG]
     
    На Biljarkata, Love 83, Желба и 21 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    - Абе шефе сите одат на одмор само ние работиме!
    - Гледај од поведрата страна. Они трошат пари, а ти заработуваш.

    @lunicka Под итно барај друга работа. А кој бара ќе најде.
    Не можам да замислам колку нечовечни луѓе има?!:@
    Според чл. 42 од ЗРО: “Работникот има право на неделен одмор во траење најмалку 24 ч. непрекинато, а ако е неопходно да работи на својот неделен одмор мора да му се обезбеди одмор во текот на наредната недела”.
     
    Последна измена: 13 јули 2019
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 21 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.408
    Допаѓања:
    222.529
    Пол:
    Женски
    @friendy тешко е за луѓе со години како нашите и без високо образование за работа
     
    На ♡BuBaLe♡, Dadusicka, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    Братучетка ми ми кажа дека сменила работно место, ама дека одма се префрлила без да има ден прекин во стажот. На новото работно место не и дозволувале одмор да си земе и покрај тоа што непрекинато работи повеќе од 6 месеци. Образложение: Немало кој да работи (facepalm)

    Инаку на детска хирургија е катастрофа. Пишува пола саат пауза дека имаат, а јас само бев сведок дека 40 минути имаа пауза. Може и повеќе си паузирале луѓето, кога стигнав никој немаше, а беше 10 минути пред почеток на паузата. Два цели саати окапав со децава и тоа со мој термин. Бебиња и деца чекаа со саати исто, сафра ги фати сите до еден.

    На маж ми кучето во село се викало Атанас ;)
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    6.007
    Допаѓања:
    183.421
    Пол:
    Машки
    Не е тешко, невозможно е.
     
    На ♡BuBaLe♡, mareane, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    Нека седне работодавачот да ја замени. Тоа е негов проблем.
     
    На Skorpija25, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.353
    Пол:
    Женски
    Не се умарајте со пријавување ука бука било каде. Џабе е. Полиција ќе дојде ќе предупреди и ќе е џабе. Инспектор од што го мрзи ќе рече ти го мразиш комшијата од љубомора што се средува ова го прајш. Куќен ред е за џабе.
    Посебно кај нас во зграда.
    Шетавме на дожд. Дојдовме утоп и право на бањање сите. И куче и дете и сите...
    Прв пат задоволна од мајстор. Каснеше само саат време.
    Пченка сварена опнав 1 клавче и сеа гувеам со дете.
    Дете у кафиќ немам носено ни кога бил мал. Пред се, пушач сум и не би го седнала во пушачка зона, а второ немам абер да трчам по маси. А знаејќи дека дете е нормално да не сака да седи во едно место... Ич. Одам само кога можам и без него.
    Ќе помине и таа фаза.
    За имиња... Мојот само буквата на татко ми ја има. Највеќе зашто тоа име и на маш му се допадна. Стефан не ми пројде. Наум па ич. И така бидна името што го носи.
    Е сеа 2 год за женско име се тегнеме. И двајцата го сакаме анастасија ама со презимето ич не ми иде некако. Реферат цел. Дур се потпише среда ќе фати. Во игра се марта, ведрана а највеќе го сакам бисера. Само маш некако... За последново.. Тешко.
    Ај нека бидне женско па ќе видиме :D
    Искрено сакам уште 2. И тоа наеднаш. Ич не сум скромна знам. Ама ако се погоди едно не верувам дека трета бременост ќе се нафатам, трауми имам од првата. И за втора ми се стега срце ама љубовта кон второ бебе е поголема па затоа збирам м*да да носам пак.
    Ко личност сум јака, трпам и болка. Ама бременостите многу, многу тешко ги поднесувам. Телото ми е далеку од благосостојба. Повеќе ми е во 'ко преживи причаче' зона дур сум трудна.
    Ај.. Велат не мора да значи дека ќе е пак така. Ама и првата која заврши неуспешно а и вторава која фала богу беше успешна беа мнооогу лоши. Немам јас убав спомен од бременост... За жал.
    И така.
    Вие арни?
     
    На Biljarkata, Love 83, fana и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.