1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.779
    Допаѓања:
    93.313
    Пол:
    Женски

    Тоа не е хир тоа е емпатија битер.
    Да не можеш да гледаш гладно,жедно и смрзнато живо суштество.
    Не им набила страв комшивката,ти им набиваш страв на децата поради твојот паничен страв од животни,го пренесуваш ти!
    Пробај да се справиш со твојот справ,затоа што утре твоите деца исто ке бегаат км од животни.
    А многу е убаво деца да растат со куче или мачка.
    Ти зборува човек кој збореше
    -Леле,човеков чува две кучиња ,јас се плашам да поминам преку улица поради него.
    :nod:
    Човекот од секогаш живеел со кучиња и мачки,не може да ги елиминираме сите заради тој проклет страв.
    Никој ништо не трпи,ти си заробена од страв па и надвор пред влез би се плашела мачките да не те изедат.
    Се сложувам да ги храни надвор,но во зима им студи па и тие сами бараат топло.
    Ако не ги мразите купете им вие ампули против болви,купувајте им повеке храна ако сметаш дека е малку.
     
    На FreeMind, friendy, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Ок уште ово и готово не пишувам веќе за мачките а искрено ми се иде да ви напишам адреса да видете што трпаат луѓево од мачките па да ве видам дали истото ќе го пишувате за емпатија итн.

    @Cosmi моите деца немаат страв од ниедно животно освен од мачки и тоа не од мене туку од агресивноста на мачките од зградата.
    Јас што си имам страв си имам, на децата им го немам пренесено а на 39 години и безброј посети на психијатар не го надминувам стравот затоа што некој ќе ми рече ај не се плаши.
    И не, не е исто пред зграда куп мачки и низ цела зграда, тогаш јас кога бев беше пролет, не беше ни ладно ни ништо.
    Од кога платив струја им ставаше храна во лифтовите и во нив да не можеш да влезеш, нејзината емпатија каде е?

    И не знам дали истото би го пишувале кога би требало со три мали деца да се браните од мачките и да ја трпите реата од нив, а ниту еден од станарите не е должен да купува храна за мачките или ременчиња за болви, тие не ги прибрале, ниту ги сакаат во зградата па да и го подржуваат хирот на комшиката.

    Пак ќе кажам ако е толку хумана ќе чуваше дома некое животинче, дали од улица или со педигре ама не чува ниедно, повеќе ми се чини нејзиното е инает него љубов за животните.
     
    На Skorpija25, M&M, kukla21 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.335
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е многу некултурно да се коментира нечиј страв, па плус и дека така се пренесувал стравот и на децата.
    Апсолутни глупости.

    Еве јас пример, немав страв од ништо. Ни кучиња, ни мачки, ни било какво животно. Гуштери ловев и ги носев на тато да се фалам со нив, во неколку наврати и змии фаќав, еднаш мал поскок фатив, како не ме касна никој не знае. Кучиња, мачки, ги галев, дома ги пуштав, на маса јадеа со мене.
    Се така, дури неколку пати не ми се пуштија глутница улични кучиња. Добив страв малку, ама само на улични. Со домашни пак се гушкав.
    Се дури еден ден комшивски овчар не ни се пушти да нѐ гони, а јас со помали деца со мене. Тоа плачење на децата засекогаш ќе ми одѕвонува во уши, бегаат од кучето, плачат, пискаат, тоа трчи по нас и лае. Кога конечно дојде "газдата" да го врзе на ланец, најмалото се зајде од страв си го поголтна јазикот, па носење в болница, сите преплашени и плачат.
    После пак имав слично искуство со домашно куче.
    Од тогаш куче не сакам да видам.

    Можете да оправдувате како сакате. Секој што не сака животни си има причина.
    И не е ваше да судите дали е ок стравот или не.
    Еве јас веќе немам паничен страв од кучиња.
    Змии обожавам. Секакви влекачи ми се омилени.
    Дали смеам јас кога ќе ми дојдете на гости, да ви ја пуштам змијата да ви поседи во скут?
    Или мечка? Дали ќе се чувствувате удобно со мечка до вас?

     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.779
    Допаѓања:
    93.313
    Пол:
    Женски
    @bittersweet
    Стравот од животни најчесто се пренесува од родителите.
    Барај ја причината зошто се плашиш.
    Кај мене беше зошто мајка ми дигаше паники ако поминеше мачка или куче да не ја гребне или касне.
    Секое животно и беше потенцијална аждаја која ќе ја изеде.
    Не се надминува страв ако некој ти рече не се плаши ,точно.
    Само со соочување со него.
    Јас кога се соочив и го однесов на мајка ми, жена што ,60 год.имаше страв.
    Посредно и неа ја ослободив од тој страв,сега и е трета внука:inlove:
    Земи им куче на децата,и заради себе и заради нив,па после друг муабет ќе правиме.
    За случајот во вашата зграда и ја не би да коментирам повеке.
    @malerozna
    Не се апсолутни глупости дека стравот се пренесува на деца.
    И не само страв од животни,туку многу други стравови.
    Стравот има корени,дали е наследен или стекнат од траума.
    Ниту е точно дека секогаш постојат причини за несакање .

    Споредбата со мечка или змија не е соодветна бидејќи тие никогаш не биле животни кои живеат со човек.
    Ако некој не сака животни не значи дека животните треба да ги елиминираме затоа што тој некој не ги сака.
     
    Последна измена: 15 јули 2019
    На friendy, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.841
    Допаѓања:
    145.581
    Имаме куче и сум спиела со него, ама од улични имам страв. Посебно кога се соберени во глутници и непрестано лаат. Малото си пушта раце по сите и некогаш коски ми се тресат кога минуваме оти знаат да лаат и по колички. И апсолутнл никој нема право да суди за мојот страв или оти не ги хранам. Не се мои немам никаква обврска према нив.
    Нека обезбеди државата шинтер служба и нека се погрижи за нив.
    Дома имаат моите едно. За толку имаме услови. Не земаат 3 па после да ги пуштат низ улици.
    Комшијата чува мачки. Ама повеќе личи како ние да ги гледаме. И тоа го трпиме веќе 20 години. Епа извинете, не сме должни.
    Да биде иронијата поголема, истиот тој. Член на анима мамунди или како и да е, се обиде да ни го отруе кучето.

    Од светлата страна кај свеки има куче по име Ристе.:rofl:
    Цело време мислев дека се работи за некое бебе кога свеки ќе му кажеше на мали ај да одиме кај Ристе.:D
    Се додека пред некој не отидов и јас да го видам. И очекувам бебе. Оно кученце мало.:D
    А со свеки муабет и велам мал ли е Ристе, вика да да бебе е.:rofl:

    Комшиите на горен кат менуваат кров. Сами. Дадовме некоја пара ама ништо значајно. Оти останатите станари не се согласија. А горе им тече како со кофи вода. Ама кај нив не течело.:o
    Некои луѓе никако да разберат оти зградата е дом на сите. И сите еднакво се грижиме. Сметката за струја на плаќаме 3 стана. Секој месец се менуваме. А сите
    сакаат да свети.
     
    На Skorpija25, Viktorijaaa5, Желба и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.011
    Biljarka Padobranska nema kirilcna poddrska, a iten sovet i treba.
    @LiliBoz ili bilo koj, kaj moze vo Skopje da se kupi bezglutenski leb, po moznost Dr.Shar Pan bianco?
    Da ne ostaneme gladni, uste tri dena mora da preziveeme, posle Home sweet home

    Btw. Mi nedostasuvate, ama ovde osven bezglutenski leb ni WiFi babive nemaat:|.
    Od pozitivnata strana, ko kje dojdam doma, kj imam za citanje cel meces beletristika;)
    Bidete ubavi i umni:f:
    I nemoj da se zalite na vremeto, videte kolku ubavo i osvezitelno vreme sme vi donesle;)
     
    На Желба, M&M, Peco и 9 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.374
    Допаѓања:
    227.353
    Пол:
    Женски
    супер тинекс, рамстор, зегин
     
    На Biljarkata, Tajnaotrovna, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Не се животните криви, луѓето се. Конкретно во случајот комшивката на Битер. И да никој не е должен да трпи нешто ради нечија желба. Како пред некој ден сите знаевме за куќен ред и кревање галама кога е забрането сеа наеднаш од хумани причини демек се е дозволено. Си дошол некој од работа, некој мало бебе успива, некој стар човек има и му треба мир, а не да слуша звуци од животни како р'жат и се бркаат на околу.
    Затоа ептен сакам законот да излезе за задолжителна стерилизација и одгледување животни за размножувње во контролирани услови од луѓе со лиценца. Се живо ќе пријавам шо нема да има значка дека е стерилизирано.
    Нели е греотка да се оставаат штотуку родену животничиња во река, автопат, во контејнер. Или ај многу сме хумани ќе згрижиме едно/неколку а после сите шо ќе се родат ќе ги фрламе ]:)
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.959
    Пол:
    Женски
    Ај што убаво би билоо замисли тема +-/80 и сите од темава активни бабички и по некој дедо само за што ли ќе муабетиме?:wasntme:

    Милион пати сум пишала ги сакам кучињата али имам паничен напад од нив поточно од глутница скитници помалите улични и кога се сами ги галам ама а треба некаде рано да се оди одиме со такси.

    Моите па не се плашат и од мала ме учеле да не се плашам џабе срцево ќе ми пукне а сум растела со куче ама тоа беше наше па од него немав страв.

    Инаку знам од кај ми е стравот
    Се сеќавам на ова кристално јасно бев мала имаше една улица на горниот дел само што ќе излегов таму од една од куќите излегуваше шарпланинец и трчаше накај мене.

    Се чудеа комшиите кои го чуваа викаа со ланци го врзуваме ги кине.

    И таа глетка уште ми е пред мене
    Тоа трча јас џом или кај дедо ми или дома зошто блиску беше.
    Па ај мајка ми ме носеше да го ранам таму заврзано кучето и газдарицата тука ми викаа да го галам јас го галев тоа тогаш мирно утредента иста приказна а стапнев на таа улица одма од таму кучево трча по мене.

    Можете да замислите мало дете по кое трча куче огромно шарпланинец.

    Стварно сакам да го надминам стравот ама не знам како да се соочам со него и надминам.

    А ги сакам ги гледам од балкон и стварно ми е жал како гладни се снаоѓаат се качува едно по едно во контињер и си земаат храна чиниш пазаруваат е сега знаат посилните да ја земат храната па овие послабите да останат гладни им флам од балкон храна зошто стварно е жално да ги гледаш.

    Ама дека еднаш за секогаш треба да се реши проблемов треба ниту животните треба да бидат заложници на луѓето но и луѓето не треба да бидат заложници на животните.
    Да вртиш низ улици само за да ги одминеш,да плаќаш такси само за да не бидеш нападнат да сакаш утрински да прошеташ на чист воздух а да не можеш зошто на секој чекор има глутница од огромни кучиња не е работа.
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 12 други им се допаѓа ова.
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    6.030
    Допаѓања:
    158.683
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам од Јужна,Македонија:)

    Добри сме...малку лошо по пат со синко ама денес,е ново дете...
    Вчера потоп ко дојдовме...такво грмење немам слушнато..татнеше земјата...по неколу часа ко на сосем друго место да врнеше..

    Супер е времето..тамам за да не изгориме...
    Се е ко што било претходно...ни трага одневремето од пред неколку дена..
    Кој е за наваму слободно нека трга...

    Ве гушкам СИТЕ до една
     
    Последна измена: 15 јули 2019
    На Viktorijaaa5, Желба, flower30 и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.700
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Здраво на сите .Прво да ве поздравам сите од групава ,дефинитивно станав зависна од вас :).Секоја од вас на свој начин ми остави позитивен впечаток и не можам да го замислам денот ако не ве читам .Многу работи научив исклучиво од вас.
    Е сега гледам разговарате на мојата омилена тема "страв од кучиња".И после толку години не успеав да го надминам стравот од нив .Не знам дали се пренесува стравот од родители на дете (среќа моето воопшто не се плаши),моите и спиеле и јаделе заедно со кучиња.Меѓутоа една ситуација од детството која ке ја паметам мислам доживотно мислам беше пресудна за мојот страв.
    Се секавам игравме во еден училишен двор повеќе деца и во комшии имаше едно многу лошо куче и секогаш беше врзано .Меѓутоа не знам како се пуштило и почна сите да не брка и како што бегав јас ме фато со шепата и силно ме изгреба.Голема рана имав и со години носев лузна .
    И мислам од тогаш до сега не го пребродив стравот.
    Сите знам викаат ако чувам дома куче ќе ми поммине стравот ,меѓутоа ете имав прилика деверот чуваше во иста куќа 2 г и тоа канекорсо и не успеав ни еднаш да поминам покрај него а да не ми трепери срцето .
    А многу сакам општо животни ,комшиските мачки редовно се кај мене зашто многу ми е жал кога ке ги видам гладни .
    Уште еднаш поздрав до сите и ако имате совет за го пребродиме стравот од куче ,кажувајте .:)
     
    На Skorpija25, senjorita-v, Желба и 9 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Стравот ми е од напад на куче кога сум била 8 месеци и ми рипнале кучето врз количка и ми збрцало забите во череп.
    Значи и стручна помош не ми помогнало тоа земи си куче ич нема, сигурно нема на некоја со депресија да и кажеш ај бе ништо не ти е стани не изведувај.

    Децава немаат страв од животни, дедо им е ветеринар, има ветеринарна болница и плус одгледува булмастифи, децава од бебиња го јаваат, немаат гајле ама од кога бевме во Скопје бегаат од мачка.
    Јас може во иста просторија да бидам со кучето на свекор ми ама да не ми се доближува и тоа затоа што имам неограничена доверба во свекорот дека може да го исконтролира кучето, му ги слуша сите команди.
    Првиот пат ме душна, срцево 200 и после му кажа свекорот дека се плашам и подалеку од мене и еве 12 години е така и со помладокот е исто.
     
    На Biljarkata, Skorpija25, senjorita-v и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.480
    Допаѓања:
    206.905
    Пол:
    Женски
    Весело ви било на темава :tmi:

    Ич не ви се мешам во муабет, имам дома две кучиња и една мачка, и не, не се гушкам со нив, ниту пак ги пуштам дома. По мое, миленик треба во двор да се чува, во соодветни услови. Во стан ако живеев, немаше да чувам миленици. Не е дека не ги сакам, можеби и би сменила мислење, ама реално, животните се за надвор.

    Секој си има причина што се плаши од одредено животно, а богами, кај нас не би ги ни обвинувала оние кои имаат страв од кучиња особено, имајќи предвид какви глутници шетаат низ цела Македонија.

    Поздрав само сакав да пратам, а се распишав. Ај малку да смирите страсти
    [​IMG]
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Sofi.ja и 20 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Иди да те видам на 3 годишно објасни му што е страв и дај му да држи куче, куче од една педа. Пробав викендов и сега син ми нејќе да ја види тетка му и да влезе кај неа. Татко му има страв ама не паничи само се трга, јас немам некој изразит страв, исто а видам опасност се тргам, ама не паничиме и детето нема од никој наследено туку одејќи накај градинка некое мало пинцурле го нападнало за тренерка го зџапало и сега е исплашено, ако мислиш дека од соочување ќе го решиме проблемот грешиш. Ни мачка, ни куче, ни жаба, ни мува, ни ништо, а види бега, а пред 1 година сите улични мачки ги бркаше, си играше со нив, сега се качува по мене ако види маче.

    Сакајте си ги кучињата и мачките, никој не вика не, ги сакам и јас, и улични и маалски и домашни, ама не бива да создавате глутница со тоа што еднаш во денот ќе им фрлите по една шака храна или по една паштета.

    Ако мислите дека градоначалниците се расправаат само со кучиња извинете ама слатко ќе се насмеам. Во добри 50% од општината уште се бориме со непостоење на атмосферска и одвод, на јами се луѓето, еден дожд да заврне нема кај да згазнат, нема места по градинките од што е пренатрупано, секојдневно доаѓаат граѓани со некакви жалби и верувајте уличните мачки и кучки се на крај памет.

    Убав ден!
     
    На Skorpija25, Sofi.ja, flower30 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    102.809
    Пол:
    Женски
    Страв...немам паничен,но да ми се поткреваат влакненцата на телово кога ќе наидам на некој примерок како магаре.Од причина што на 6 г.ќерка ми беше нападната од волчјак,и денес има белег на раката.Тоа трауми беа,и којзнае дали тоа е потиснато кај неа или стравот постои.А кучето беше откинато од ланец,не знам од која причина ја нападнал.Да не бил комшијата којзнае што ќе се случело...
    Мачка имав,ја чував како бебе.Ама зли комшии фрлиле отров.Ја закопав со нејзиното кебенце.Љубов ми беше.Би чувала куче од помал раст или мачка,ама чекам да се повтори моментот на моментална поврзаност како што беше со Микица.
    А можеби и нема да се повтори.
    Убаво времево малку спарно но подносливо.Ќерка ми се спрема за на одмор,син ми ме дрибла да сум подигнала кредит да му помогнам да си купил кола...мајсторот вети утре ќе дојде...
    ХПЛ со големи букви...
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    @Milobebence ќе зборуваме за шилци во коските, за болки по телото, за вилиците и за непцата кои ни прават проблем при јадењето, за пелени од фонд кои треба да ги земеме, за катетерот кој еднаш месечно треба да ни се смени:rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ќе имаме и тогаш теми:envy:
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Sofi.ja и 15 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    И кога ќе стигне пензијата :worried:
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Sofi.ja и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    Вајлд ќе не советува да пријавиме во институциите, кога ќе ни касне пензијата.:D

    Искрено, најголем страв имам од старост.
    Не си го замислувам тој период, никако.:(
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 17 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Какво каснење, ние ќе бидеме склеротични :rofl:
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Желба и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    У мојто село донесиле ваква кока кола, купив 6 лименки и ставив да се ладат во фрижидер.
    Ја има пробано некој?
    green-cola-330ml.jpg
     
    На Желба, Tajnaotrovna, Milobebence и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.