1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    За цигарите маж ти е апсолутно во право, а и како пациент мора да го слушаш докторот :!:
    Откажувањето од цигари не е прелесно, ама не е и толку тешко, првите два, три дена се најтешки, имаш малку физичка криза, минимална, после се е психа.
    Мене ми помагаше лупење на семки, ем ми беа зафатени рацете, ем џвакав постојано нешто. И јас се откажав пред се поради здравствени причини, а нема поголема мотивација од тоа.
    Силна си ти, ќе успееш, те чекаме од утре секој ден да ни се пофалиш дека не си запалила цигара дента и ќе ти ставаме лајкови за поддршка :handshake: (y)
    Со лесно (fingers) :hug:

    А зошто јас читав такви страшни работи за КТ на глава, демек некој процент луѓе добивале тумор на мозок, одвај се решив да направам кога имав дупло гледање :worried:
    Пишуваше нешто дека КТ е околу 400 пати посилно зрачење од рентген, дали е тоа точно?

    Заборавив да прашам, кај сте бе лепотици? :makeup: :D
    Јас денес задремав после ручек и од дремка преминав у длабок сон, сега ни Лоратадин не помага, очиве ширум отворени 8-| И така, со наочари, пошто ме потсетивте со диоптерите и цилиндите. Имам и јас слаб диоптер, со цилиндер на едното око, ама заборавам да ги носам наочарите, кога ептен ќе ми се замати, ќе ми текне да ги ставам.

    Имам долгогодишни пријателства, ама се проретчуваат, некои сами се оддалечија, од некои јас сама се оддалечив. Подобро е некои пријателства да се оддржуваат на дистанца, за да траат подолго, односно ако ништо друго, да останеме во контакт. Сите се менуваме со текот на времето и некогаш промените ни се во спротивен правец од тие на пријателите.
    Ама генерално, секогаш сум другарувала со помалку луѓе, на долги стази :) И повеќе работев на пријателствата, отколку на врските, врските секогаш ми беа споредна ствар, појма немам зашто...

    Чај од маточина за несоница :)
    [​IMG]
     
    На Biljarkata, Skorpija25, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Добро утро
    Уживам.
    Звукот на упаљачот ја разшпара совршената тишина.Првпат место да се радувам на палење цигара, се прекорив себе.Дури и шмркот на кафето прави бука.
    Нирвана.
    По цели денови сум со народ и во гужви, често главата ме стега од звуци, па ова наутро ми доаѓа како ментална вежба - пасење мозок во тишина.

    Секој ден ова време си правам груб распоред на денот, а уствари никогаш не испаднало како јас сум зацртала.Е, толку не сум битна во заедницата:D.
    И убаво ми е така.
    Колку подалеку од збиднувања, толку ми е подобро.Бројките ми се прибежиште-алиби и она "одете вие, јас имам уште малку работа".

    Им верувам на луѓетп на зборовите, ама не ги дешифрирам дали сакале нешто да кажат или лажеле.Ме замара тоа.Најголема вистина ми е онаа - што за себе и за фамилијата зборам и правам.Ама моја вистина,моја сатисфакција, без да ја величам и ставам на пиедестал ,ете, видете колку творам за нас.

    ...едноставно функционирање...

    И покрај облаците, денес некое сонце ми ѕирка.Правдата.Убаво ми е кога ќе излезе на виделина без да се докажувам и убедувам со некого.

    Почнав еден смирен ден.
    На сите Ви посакувам ваков.
     
    На Biljarkata, Skorpija25, M&M и 31 други им се допаѓа ова.
  3. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    73.123
    Пол:
    Женски
    Утринска главоболка, камо да беше од пиење. Ама не, од плачење беше.
    Толку некогаш не можам да се воздржам од некои постапки што на крај само јас завршувам повредена.
    Ви завидувам вам прекрасни жени на мажите кои ве поддржуваат во се. Ене го мојот лепотан не може да сфати дека ми треба време, са мене, за моите мисли. Не било болест моево, вишак слободно време било, да сум фатела да работам нешто (facepalm). Ко да сакам јас да ми е вака. И ќе изнакаже се и сешто и утрински ќе стане ко ништо да не било. А јас помеѓу ќе липтам во купатило да не ме чујат децава, па ни он да не чуе, не сакам да знае колку ме повредил.
    И еве сега за "мој раат" ги однесе децата во 7 во градинка за јас да пијам кафе на мир одсабајле, а јас осеќам грижа на совест. Идиот, ете тоа сум.
    Може ова требаше во спојлер да оди или во "на срце ми лежи" ама вие сте ми мои, нема да ми замерите на негативата одсабајле.
    Убав ден лепотици
     
    На Biljarkata, Skorpija25, M&M и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.227
    Допаѓања:
    145.542
    Добро утро, со кафе.
    Правам огромно кафе секое сабајле. Го пијам со саати.
    Знаете каков е живот у село?
    Си одиш со колата накај дома. Секоја куќа си има бавча, мала, и си ставаат гајбиче напред со производи. Од една комшика купуваш пипер, од друга краставици, ти берат патлиџан пред тебе, зимаш од непрсканите производи... купуваш клавчиња, договараш утре кога ќе пораснат тиквичките да ти тргне три... следната има кокошки, па зимаш јајца од неа, денешни. Стигнуваш у твое маало, комшиите на пижани, купаќи...децата растрчани низ пат. Берат сливи од некое дрво, лапаат праски...
    Правиш салати, седнуваш у двор, дете трча низ тревата, иде куче од некои други комшии, па дете го рани лепче, се додека се стемни... Мир. Нема коли, нема галама...
    Се стемнува, туш и заспиваш со отворени прозорци.
     
    На Biljarkata, Skorpija25, M&M и 37 други им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.412
    Пол:
    Женски
    Нешто до денот беше и јас се спукав со маж вчера.
    @EuHenIa :hug:
    Не можев да спијам, па пуштив машина во 12 ноќеска.
    А работа куп.
    Ми треба концентрација, кај да ја барам?!
     
    На Желба, WildMk, EuHenIa и 20 други им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    @EuHenIa да знаеш мене како ми фали време само за мене? Ноќе не спијам за да уживам во тишина и во самата себе. Ама се надевам дека за брзо ќе се смени оваа ситуација оти 5 години ми е веќе вака.

    Четврта недела како живеам во неизвесност за еден важен одговор и сум константно под стрес поради тоа. Баш поради тоа се мислам дали да одиме пак накај маж ми или да останеме дома со децава. Од една страна ми се оди, од друга срце не ми дава.

    Кој е за пица бујрум, децава тоа посакаа. За големи има и кафе. :pizza::coffee: ;)
     
    На Skorpija25, M&M, Желба и 25 други им се допаѓа ова.
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    87.269
    Пол:
    Женски
    Добро утро:rain:!!!
    Немам чувство дека е лето прогнозава е иста и за август:x
    Кафе пијам и во позадина си слушам како врни дожд и убаво е малку за одмор на мозокот;)
    Некогаш мислам дека дури ни маж не може да те сфати за некои работи ,они мислат лесно му е на жените во се ...но јас викам дојди да се смениме...
    @EuHenIa :hug:
    Од денес центарот затворен почнуваат со подготовки за Пиво Фест и од оваа манифестација ми е смачено оти културата ни е за никаде ..
    Ајде убав ден!!!
     
    На Biljarkata, M&M, Желба и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.634
    Пол:
    Женски
    Добро утро :rain:
    Се молев на сите богови за малку дожд. И ух ла ла деновиве. (fingers) Нека ми простат одморџиите, ама мене ми прекисна од жешко. :tmi:

    Од неизвесности... живеам во неизвесност од Април. Знаете, кога немате добро чувство за некоја работа.. и навистина се оди многу тешко, ко на гурање, милион застои, па пак одново и одново...
    Ама ова е јас која е јас последниве 3 години. Една друга јас, многу ќе плачеше и ќе паѓаше во депресии.
    Животов ми е далеку полесен откако се тргнав од “пријатели” што ми ја цицаа енергијата. И откако научив да прифаќам ситуации кои апсолутно не зависат од мене, па според тоа, што и да напраам не можам да ги сменам. Борбата остана да ја насочувам кон она за кое можам да направам нешто, за да ми биде мене или на некој друг поубаво.

    И се бунтував, и расправав, и години минуваа, сега како возрасен човек научив многу и веројатно имам уште многу за учење. Многу работи што некогаш ги бранев денеска не ми изгледаат толку бистри, и многу работи што некогаш ги напаѓав денеска изгледаат почисти и пореални.
    Валда се си доаѓа со годините. Ма да, не и кај сите за жал.
    Среќа мозок не е статична алатка. Па константно учиме по пат.

    Кога врне неминовно размислувам за животот. Ама сега сум на такво избалансирано место со срце и ум, кога мислам дека ниеден избор до сега не би сменила. :)

    EEDEAB27-FB75-4092-8A50-B38F94D81AC9.jpeg
     
    На Skorpija25, M&M, Желба и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    62.610
    543330_283359308420651_266408203449095_623914_1370709183_n_large.jpg

    Добро утро девојки :hug:
    Ретко кога пишувам во овој дел од денот... но Ви кажав дека понекогаш додека пијам кафе ѕиркам на темава.
    Ве сакам, сакам да Ве читам и од недостаток на време за дружба на +/- 40 нелогирана читкам :bandit: :)
    Ноо сега моорав да се логирам за да ја гушнам @EuHenIa :hug:
    Многу е тешко кога најблискиот не те разбира... Го живееш животот и правиш се за семејството, не очекуваш ни благодарам за своите жртви и дела затоа што тоа така треба и да биде... И што добиваш за возврат? Критика дека "аздисуваш" :@
    ... Еее тоа навистина боли, БОЛИ со големи букви!
    И што правиш... голташ, собираш во себе, продолжуваш да се смееш, а длабоко во себе венееш и страдаш. Илјадници жени го поминуваат животот угодувајки им на некои си "мажишта" кои што не се ни свесни дека најголемото богатство што го имаат во животот е до нив и пати заради нив!
    Ноо, животот тече, минутките незапирливо летаат... а има толку многу убавини кои што треба да се проживеат! Затоа, главата горе, игнорирајте се што е кажано, а знаете дека не е вистинито! Кругот на нештата се врти и на површина секогаш излегува правдата :)

    Убав ден, Ве гушкам сите :hug:
     
    На Biljarkata, V.odolija, Skorpija25 и 31 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.782
    Допаѓања:
    285.291
    Пол:
    Женски
    Аман не зборувајте за мажи оти ќе го удавам мојот.Обично знае на одмор да ми ги крене нервите ама овај пат успеа откако дојдовме.
    Ама на сон утрово го изгубив никаде не можев да го најдеме,е ама не ми беше сеедно.:PНит со нив нит без нив:?:
    Леле колку глупави сонови откако призаспав...
    Ај едно големо кафе за трезнење
    20190714_121005.jpg
    Ова од гркото останало:)
     
    Последна измена: 16 јули 2019
    На Skorpija25, M&M, friendy и 30 други им се допаѓа ова.
  11. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.959
    Пол:
    Женски
    Добро утро добар ден
    Јас не смеам кафе ама за моабет ако некој е расположен тука сум.
    Притисок висок за прв пат секогаш низок но сега баш висок.
    Докторот на одмор замената ми даде егнонил и бедоксин белким вртоглавицата од нив ќе ми помине.
    Убав ден друшки мои и бидете те ми барем вие добри ве :hug: сите
     
    На M&M, Желба, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  12. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    вардариште е тоа со ново име:rofl:и нова директорица

    кој црни центар само ново име има, истата депонија е, со лешови на кучиња на секој чекор.

    не се секирај бе Фана, не е ново ,старото е со ново име, не се секирај ти само.
     
    На LejlaD, TeddyGrey и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.092
    Добро утро. Тргна возот. Завршив битна работа, во 12 имам состанок за новиот проект што ќе го работиме со невладината. Драфт верзија и пишување сосе дете со мене. Веќе почнав да се распрашувам за жена за чување оти вака веќе не оди. Ем ми треба личен простор ем греота е секој пат со мене да дреме и кенка додека јас работам.
    Во петок и е првиот роденден. Порачавме торта и резервиравме игротека. Мама и купи балони и единица свеќичка, фустанот и чевлињата се спремни. Кога порасна, кога ми ја акна од глава животната философија дека џабе се нервирам за глупости, најбитно е да сме живи и здрави, на број. Тука да сме. Не смеам тоа да го заборавам.

    Со маж ми вчера пушевме цигарче и пиевме шприцер на балкон и ме фати нежност дека одамна на раат не сме биле сами. Мора и тоа да си го испланираме. Доцна вечерта, сите спијат, јас крчкав џем од кајсии. Нема мир за мене. Ќе се смирам ваљда на оној свет. Не знам што да кажам, ама не ми е дадено да бидам демек зен, раат.
    Ни со јога ни со дрога:D:D:D

    Отидов да спремам ручек, ве поздравувам:hug:
     
    На Biljarkata, Skorpija25, friendy и 23 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    жал ми е:( ќе се среди со терапија,не се грижи.
     
    На FreeMind, dunika, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    70.949
    @mareane :hug::hug::hug::hug: фала ти за поздравот :l:


    И за останатите еден поздрав да упатам. Не ми е до ништо периодов. Се осеќам ко робот, сѐ механички терам. Кај и да е и батериите ќе ми се потрошат.

    :hug::hug::hug:
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    А да не треба да се даде приоритет на кучињата кога бебиња се прегледуваат во змијарници? Да е само змијарникот во Ѓорче, магнет нема со месеци да закажеш, на тие 4 низ цела држава што ги има нема термин или пола не работат, ама немој уличните кучиња некој да ги пипне, оти сиротки се, а девојчено на ФБ што кружи со сронет колк ако е, ќе се снајде она. А јас сакам кученца, обожавам, ги тинтарам овие на улица на работа, дома исто, ама не ми се приоритет кога деца страдаат за помош.
     
    На Skorpija25, friendy, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.091
    Допаѓања:
    124.341
    Пол:
    Женски
    Да да, ич не се секирам. Шо е страшно тука, змија е бог да чува, ќе станеш земаш книшката под мишка и бегаш, не е побрза од тебе змијата. Колку можеш ќе се спасиш.
     
    На Skorpija25, An-na, Tajnaotrovna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Пак со измислување.
    Абе кај прочита дека јас велам да има за кучињата врз цена на здравството на луѓето?
    Дал сте нормални?
    Не ги истурај фустрациите на мене, ако имаш жалби и поплаки упати ги до соодветно место, нели работиш во општина?
    Тоа што јас сум нахранила животно на улица не влијае на тоа што нема мој термин,доста веќе со испревртувања, само кажав дека е стариот стационар со ново име,chill.
     
    Последна измена: 16 јули 2019
    На WildMk, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.992
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Комшо кај тебе позади зграда има многу опасно куче кое напаѓа внимавајте,сиво е налик на волк.
    Да не беше една жена сабајле отидов курбан.
    Комшии ми кажаа дека напаѓало да внимавам со детето.
     
    На Желба, WildMk, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Никој не измислува, ти напаѓаш, со ироничен став спрема нас останатите кои сметаме дека уличните кучиња не се приоритет, односно се ама не мора во Хилтон да се сместат баш па.

    Пошто редактираш и не можев да те прочитам првично морам вака. Јас фрустрации не лечам, ме заболе лева патика за кучиња улични. Ако ме прочита ќе го знаеш мојот став не ми скокај ко да сум јас таа што ги носи во Вардариште и ги убива. Ти со тоа што храниш улични кучиња создаваш глутници кои не си свесна ама се опасност за луѓето, зошто ти ќе нахраниш едно, две, пет, ама не можеш сите улични кучиња да ги нахраниш, а тие се сироти истрауматизирани од оние кои ги маваат на улица, ги газат со коли, ги шутираат, ги пукаат со воздушни пушки од забава, од оние кои воопшто ги исфрлиле на улица, па напаѓаат зошто мислат дека сите им се закана. Стварањето глутници е опасно за децата, ете едно такво го нападнало син ми, мало ама доволно да му втера страв, и јас бев како мала нападната од куче ама сепак поголема и немав до толку многу трауми како малово.

    Не мразам кучиња ама не сакам да бидат потенцијална опасност за моето, твоето и сите деца на улица, а се.
     
    Последна измена: 16 јули 2019
    На Skorpija25, friendy, Желба и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.