1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Стави му на Србин "ијекавица" и ќе си го "добиеш" ]:)
     
    На Milobebence, kuc, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    ма није приблем, само нек го исклучат ,,микрофонот'' коа разговараат :D
     
    На Milobebence, kuc, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Ме нервираат македонци, не срби... у ствари, прво македонци, па после сите балканци...па руси
    Не си ја сакам семката изгледа :D

    Ко за чудо, иако сум по природа гласна, на море не сум се дерела.
    Ако треба нешто да и' кажам на ќерче, одам до водата, и мавкам да се приближи, па после зборам..
    Хм... видиш... не сум мислела на ова..:?: можам и тивка да бидам значи... :D
     
    На mal.ecka, TeddyGrey, Milobebence и 19 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Не можат, го лапнале :D

    Вајлд, како тоа да станам и да се приближам до водата? Ќе ми се расипе раатот, а и мразот на мохитото ќе се стопи. Не е баш така едноставно :drunk:
     
    На do-re-mi, TeddyGrey, Milobebence и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.779
    Допаѓања:
    93.313
    Пол:
    Женски
    Нашите први соседи на плажа Срби на Лагомандра:D,доаѓаат фамилија со две деца колку моиве.
    Фаќаат две дрва,врзуваат тенко јаже.( Јас не сфаќам за што е јажево,)тоа да ти било за сушење купаќи и пешкири,да ги пружат.
    Пумпаат 4 душеци од тие големите топ шоп што ги продава ко за спиење,се местат лежаите, две маси,големо плинско,мајкава мести доручек,и става ручекот на плинско,децава ги праќа да легнат..Се крчкаат манџи на плинското секој ден.Плус и скара.
    Јас мрчам.Мм па ги брани остај ги така уживаат.|(

    Јас не знам како успеваа да се донесат и однесат,стварно.
    Цел ден од 9 до 21.
     
    На WildMk, TeddyGrey, Milobebence и 20 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    :DНормално! Не ќе си го кршиш раетот!
    На одмор си или на шо!? :D

    мајтапо настрана, немам проблем со дерење... како шо рековме, пошто и јас сум дерла (lalala)
     
    На Milobebence, Dadusicka, Bozica1980 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    12.337
    :o:o:o (facepalm) Е ова е врв! На вакви за среќа уште немам налетано. Би ги снимила за Мотика :D
     
    На TeddyGrey, Milobebence, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.779
    Допаѓања:
    93.313
    Пол:
    Женски
    Па беа врв.
    И тоа ко за беља од прв до последен ден беа до нас,се навикнавме.
    А заборавив кога ќе викнеше мајка "Ручак"сите ко војници на маса.
    А на моиве им се заканував:D ќе ги пратам на превоспитавање кај мајкава, пошто пребираат.
     
    На WildMk, Milobebence, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.580
    Допаѓања:
    55.632
    Пол:
    Женски
    Ахахахахаа се пресмеав жими се, јас скроз разбирам српски кога ми зборуваат, ама да треба да им вратам усно или во пишана форма, не сакаш да знаеш како причам :rofl::rofl::rofl:
     
    На Milobebence, kuc, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.430
    Абе нека уживаат додека не сметаат на други.
    На диви плажи што сакаат нека прават.
    Во кафич просто е неприфатливо.



    Да.
    И метални тањирчиња, како во градинка што ми даваа.

    Можеш да замислиш...

    @Sesil уште не сум начекала БИЛО КОЈ да се однесува како српски турист на некое џабалК место.
    За нив сме 2 века понапред во култура на плажа.

    Не знам какви се по дома, не ни одам накај Србија, ама во Грција не можеш да ги утнеш.

    Еднаш играа оро на плажа.
    Српско оро.

    Абе деца што викаат не ми сметаат.
    Си играат, ок е.

    Ама чему бре возрасни како неартикулисани се дерат, или намерно "ги дават" децата и ги расплакуваат?

    Ама стандардно е тоа, таткото "ги игра" во вода, почнува да ги дави, тие пиштат нормално, на таткото му е смешно - не знам што е смешно во тоа од памет да извадиш дете... ама ај, доаѓа мајката ама не влага во вода од копно по таткото се дере....

    Аман заман.

    И секогаш се северни соседи наши.
    Ама без исклучок.
     
    Последна измена: 18 јули 2019
    На WildMk, TeddyGrey, Kate Rina 93 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    22.243
    Леле сериозно ова со кутлачата , тенџерињата и "ручаааак" ?!? На плажа ? :o
    (Зошто Камели Милер не можам да ја тагнам , да не си ме блокирала водолијо :( )
    Она што јас го забележав кај брача Срби е дека многу од нив имаат по три деца.
     
    На Peco, Kate Rina 93, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.430
    Не бе?
    Не знам зошто не можеш.

    Да... озбилна сум.
    Имам ризница дешавки :D


    P.S. Само еден член на форумов имам блокирано, а тој тука не пишува :D
    Сите ве демнам 8)
     
    На mal.ecka, TeddyGrey, Kate Rina 93 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    За малце ќе ги заборавев глупите вицови од ,,комшиите'' Пример ,,jел знаш како се зове човек ко зна да употреби фен? - ФЕНомен! И тука едно громогласно ХАХАХАХА од цел чопор.|((facepalm)

    Сеа имам сретнато и цивилизовани семејства ама ретки се. За пример ми беа еден пар со две ќеркички, мајката под чадор си читаше нон стоп книги, девојчињата со таткото се бањаа, ги учеше да пливаат. Ништо неартикулисано не слушнав.
     
    На Роберт 7, Peco, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Србите стандарно ги ДАВАТ сопствените деца во вода, само они се дерат, српските мајки никад не влагаат во вода, само од копно се дерат (facepalm):rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Одма знаев дека ти си ороводец во пљукањево по Срби, по било која основа, во било која тема.
    Од кога те прочитав за Срби на работа што збореле српски, па се понатаму....
    Али не си крива ти, така си одгоена, со омраза према Србите, мислам дека прочитав негде дека татко ти ти кажал дека они се криви за се....Еве ако грешам, однапред се извинувам.


    Ти посакувам се најдобро во животов, ама немам намера веќе да те читам, идеш у игнорирани членови.

    Ти ги пријавив мислењата, @Sesil и твоето, ти си модератор, не смееш да си дозволиш вакви постови.

    Дечки, се залагам и ја за слобода на говор, ама ако продужите на темава да бљуете по Срби, ќе се одјавам.

    Многу се разочарав вечерва, многу.
     
    На Milobebence и kuc им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.801
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    @kuc среќен роденден, сите желби реалност да ти станат.:party:
    :party::party:

    Ја вака од сабајле
    :@:@:@:@
    За после да бидам вака
    :devil:]:):devil:]:):devil:]:)

    Си доаѓам сабајле од работа и една глуперда се паркира на приодната патека, и свирам да се тргне, се прави демек не и свирам нејзе, викам као тргни се не можам дома да си влезам, таа сори но андерстенд енглиш:headbang:вади децата од кола им викам на нив да и кажат на мајката да се тргне и тие како мајкава ми викаат сори но андерстенд инглиш:headbang::headbang: и си одат и мајкава уште ми вика као фак ју.:@:@
    Ок фак ми сега ќе видиш кокошка ниедна глупава, се јавувам во општина дека не можам дома да си влезам, одма кажувам дека од трета смена си доаѓам и не можам децата на училиште да си ги однесам а и нема каде воопшто да се паркирам, заглавена сум на сред улица.
    Доаѓа пајак за 15 минути и ја креваат колата, трча глупердава која одеднаш го научи англискиот јазик за да се расправа како не знаела дека не смее тука да се паркира, типов стапот го боли она што збори си ја крева колата и конечно си влегов дома а пред тоа и викам на госпоѓава да се тргнеше кога те замолив и ти објаснив дека не смееш да се паркираш тука и уште фак ју ќе ми викаш епа фак ју сега плаќај си ем казна, ем за пајак, ем што ќе ти ја држат колата барем неколку дена, е убаво е*ање од најмалку $1500 ќе ти направи општината.

    Е многу ме нервираат вакви створења, да бев влезена дома ќе ме нервираше дека не почитува сообраќајни правила ама оваа кај ме гледа дека дома не можам од нејзе да влезам па уште фак ју ќе ми вика епа не можам а да не си ги превземам соодветните мерки, трет пат ми се случува да им викнам вака пајак ама на ептен безобразните им го правам.]:)

    Во контекст на муабетот за србите Константин во одделение има соученик Немања кој на англиски се изговара Неманџа и Константин го вика нееманџа:rofl:брат му Стархиња кој е Страхинџа, разбирам и патриотизам и се ама имињава за ово говорно подрачје се ептен безвезе.(facepalm)

    Имав уште нешто за пишување ама ми се приспа, лепотица сум зошто 11.30 сабајле е, цела ноќ сум будна јас мис ќе да сум.:lol:

    А уште ово, стварно не разбирам зошто после или сред секоја дискусија се прогласува темата за тензична не знам ти каква, аман си дискутираме не е страшно, никоја на друга нож под грло не и ставила, ниедна не сме се извреѓале или нешто слично, веќе да му е глупо на човек воопшто да пишува.:?:
     
    На Peco, do-re-mi, flower30 и 28 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    Конечно си призна дека не си ја сакаш нацијата, фатена на дело :P

    Јас нема што да кажам во врска со муабетиве за Грција. Не одам, скоро и да не ја поминувам со кола. Само еднаш сум била во цел мој живот и толку.

    Инаку моите одмори се повеќе замор. Стално сама со децата оти таткото наш секогаш работи. Ама барем децата нека уживаат. Јас не сум се избањала асално 5 години. Влегувам во вода најмногу до бутови да пробањам деца и тоа е сѐ. Додуша и не сум некој љубител на пливањето. Ама да се брцнам цела во вода ми е сѐ уште тешко достигнување.

    И мене ми пречи препукување и гледам секогаш да се држам настрана од таквите тензични ситуации. Мислам може барем ситниците да ги избегнуваме, да не се фаќаме костец за секој пишан збор.

    П.С. Ова погоре за Вајлд е зафрканција, да не ме сфатите погрешно и да ми се нафрлите одма.:tmi:
     
    На Peco, WildMk, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.359
    Допаѓања:
    157.632
    Пол:
    Женски
    Во Охрид во Хотел Метропол, на патеката над плажата, камп масичкани на неа цело печено прасе, жими се, не ми се веруваше, на 30 и кусур степени :) . Седнати си јадст си пијат, цареви :D, ај на дива плажа ама у Метропол, хотел е некако не иде :)
    Да ги здружиме со мојов големиов, ќе си се изнајадат, вечито гладен. Е не вика многу освен кога игра Фортнајт мрежно су другарите и со слушалки на уши (facepalm)
    Ај одма говор на омраза се ширел, дај не зезајте, мала шала. И они вака се зезаат за Македонци па никому ништо. И ние не сме ништо поарни на плажа, не има и вакви и такви.
    и јас морам да викам на плажа некогаш, пробувам да не е толку страпно ама со 2 деца немаш избор некогаш :wasntme:
    Леле вчера заборавив :$, @kuc среќен роденден, најсреќна да си :party:
    Ај добро утро :)
     
    На Peco, WildMk, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    119.769
    Пол:
    Женски
    @Желба 50% сум србинка по таткова страна, неговите се од таму. Цела фамилија ми е таму, од неговите и многу си ги сакам.
    Се омажив за човек со српско потекло и неговите баба и дедо се срби, и тој има фамилија таму.
    Незнам зошто свати дека "бљуаме" и ги навредуваме. Се смеевме за смешни ситуации од плажа, кои патем и ние ги правиме. За што е културно а што не е. Се надевам дека и твоето мислење е дека маси со манџи и плинско не се за на плажа. А и да не е така, ок е. Сигурно и мене си ме пријавила, и јас се смеев со "Немања", но не во тој стил како ти што не свати.
    Извини ако си навредена, но тогаш и јас би била заради моето српско потекло, а јас не се чувствувам така. Мислам дека е ова недоразбирање, во смешна конотација беше мојот муабет:hug:

    Добро утро да кажам сега:hai: :sun:
     
    На M&M, Peco, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.633
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    За викање деца по плажа сите сме горе долу исти. И срби и ние, а па за грциве да не зборам. Ама па не ми смета кога се вика по деца. Ми смета овде што британциве мислат дека е ок фамилија од 14-15 души да ги зафатат и да се распоредат по 2ца на сите сепареа во барот и да си праат муабет меѓу себе како да се еден до друг.
    Е сеа ние малку од малку се делиме, барем од мое искуство живеејќи овде, оти ние некако повеќе осеќаме незгодно пред народ, генерално како народ, на срби и грци многу не им чуе. Македонец препознавам преку тоа што на дете често демонстративно му се обраќа со раце, и очи да дојде или седне некаде. :D


    Ја немам против да се понесе сендвич на плажа, или нешто полесно. На страна ефтините понуди од агенцииве, сиромашни народи сме, не секој може алл ин да си дозволи. Мене море до гз ми е, па често си носевме сендвичи со нас. Па и да се готват манџи, ама во соба. Зарем мора на плажа баш манџа да се јаде? Мене и за жените ми е жал. Па на плажа дошла да одмори, да плива, не да готви. Ама секој за себе си знае. Ако ним не им смета, мене уште помалку.

    Од посмешна ситуација издвојувам една од лани. Си поминуваат повозрасен пар срби, мажов го здогледува тушот од барот каде што седевме, застанува фино, културно ред си чека, и ок, многу доаѓаат да се исплакнат од солта после пливање, ама жена му вадење шампон, тој се шампонира на сред плажа, пена на сите страни. :D Не велам дека некој наш тоа не го напраил никогаш, ама ете во случајов срби беа. :D


    Има некоја нова апликација каде ќе се сликнеш селфи и апп ќе ја обработи фотката и ќе те покаже како ќе изгледаш на старост. Вчера маж цел ден ме пукна со тоа. Де тој се проверуваше, де со брат му си разменуваа фотки, де мене ме сликаше. Толку сум нефотогенична, што на неколку фотки, апликацијата одби да ме обработи. :rofl:
    Попладнето ми стигнува порака од брат ми. Ни што праиш, ни како си, туку фотка од него - стар. Абе викам не сте нормални, зошто некој би сакал да знае како ќе изгледа на 90? Не сакам да знам. :doh:
    Маж вели сите на фб тоа праеле, кај мене на фб ништо такво. Се до утрово. Утрово гледам сите пријатели ми остареле преку ноќ. :wasntme:
     
    На M&M, Peco, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.430
    Грешка си за татко ми, а српски туристи на плажа, тоа е мое искуство :)

    А тоа дека не треба српски (или кој било друг јазик, патем, бугарски, грчки, германски...) да зборуваш упорно ако работиш во јавна институција, не знам што е тука спорно :)
     
    На M&M, flower30, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.