Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    51.775
    Пол:
    Женски
    Србите се покул народ од нас, општо за се. Не сакаат и почитуваат многу. Мислам дека и најмногу од сите комшиски земји.
    Е сега, секаде ќе се најде некој што отстапува во негативен смисол, ама тоа не е права слика за еден народ.:nod:
     
    На M&M, Peco, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.700
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене:sun:
    За србиве точно дека се ептен гласни каде и да се појават меѓутоа точно дека и од нашиов народ има многу со таква култура .Во глобала сметам дека сепак нашата е на некое ниво повисока од нивната иако морам да кажам сепак се попитоми во однос на нас дури пцовките нивни ми немаат тежина како нашите :lol:.
    А за на плажа освен пијалоци и некој сендвич ,ништо друго не носам.
    Убав ден на сите :f:
     
    На Peco, kuc, NarCis@ и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.217
    Пол:
    Женски
    Да си се доискажам од прееска :wasntme:

    Јас на пример не можам да седам на пусти плажи, ме убива досада и после вториот ден сакам да се самоубијам. Си сакам луѓе да има, лежалки, чадори, beach bar обавезно :!:, да можам да си нарачам пијачка, да си мезнам клуб сендвич додека се прчам на лежалка итн. Мене не ми претставува задоволство да мкнам фрижидери, чадори, столици и што не. После таквиот одмор на Лефкада (каде се е стрмно, кој бил знае), реков никад више, по ниедна цена. Ѕврцките ми излегоа тој одмор, така напета не сум била никогаш. Нека сум свилена во нечии очи, ама тоа е мојот став. Носам сендвичи некогаш и вода за на плажа, тоа обавезно, ама тоа е тоа. Друго си купувам таму.

    Не дека имаше врска муабетов со Србите, ама го мислев прееска, па да си напишам :D
     
    На Dadusicka, M&M, do-re-mi и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.700
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 ќе се надоврзам на тебе ...и јас исто порано сакав само плажи каде што има гужва ,не можев да се замислам на некоја пуста плажа ,меѓутоа како што ми раснеше малиот ми се смени и мислењето :lol:
    Сега повеке гледам да идам на плажи каде нема многу гужви само заради него ем да можам да го пазам ем и он на раат да си игра и да си се бања :sun:
     
    На BearMe, kuc, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.217
    Пол:
    Женски
    Не велам не, може и мене ќе ми се смени како ќе расте малава. Ќе видиме оваа година како ќе поминеме, сега е поголема, оди, трча, ровари сегде :sweat: Ќе ви кажам во септември, здравје :D
     
    На kuc, WildMk, NarCis@ и 13 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Мене пак ич не ми е мака.
    Бидејќи локацијата каде одиме е позната и на буквално три чекори од плажа, првиот ден се растовараме и збираме се ден пред одење дома.
    Не се товарам и не се мачам.Со пешкир и чаша кафе си одам на плажа.
    За тоалет си одиме во апартманот зашто е на три чекори.
    За ситница си ,,тркнувам,, до соба.Фрижидерчето го носам на плажа за да не остане купено-неискористено, нели јал-нејал-пари си даваЛ:D
    Мислам дека на локацијава веќно ќе одам на одмор.

    Е сега, некогаш, кога сакаме да смениме, евра во џеб и ќе се пикнеме во гужвата.
    Ама тоа е навистина ретко.
    Оваа година беше дури еднаш.

    Имам колешка која одмор неможе да замисли сама да оди со маж и со деца.
    Вика-ќе побудалам така.
    Мора да има неколку пара, да се на лежалки и да има 50 деца.
    Многу и е убаво и секогаш си доаѓа со впечатоци и анегдоти.
    Интересна ми е да ја слушам и често ја прашувам нели и е напорно да прави доручек за толку многу деца ( зашто што јаде едно-тоа сите...па пржела лепчиња цело претпладне).
    И така...

    Друго ми е муабетот...
    ...БЕЛИ ЛАГИ....кажувате ли ?
    Осеќате ли кога некој ви кажува бела лага ?

    Дома кај мене на пример Рефо знае да ме ,,офарба,, - ручеков ти е супер, а и сама знам дека не е како што треба.

    Колку вие се служите со ,,бела лага,, и дали мислите дека се опасни.
     
    На Dadusicka, M&M, BearMe и 23 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.325
    Допаѓања:
    57.435
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    За плажи не зборувам, немам многу искуство во плажирање. :D
    Нејќам лежење со часови на сонце. Еден прописен одмор сум имала во животов, и тој го поминавме во движење па немав многу шанса да набљудувам Балканци. Ма да, некултурни сме сите на полуостровов и тоа си е факт. Кој е најнекултурен е предмет на дебата, а конкуренцијата е ептен тесна. :D


    Косата ми е изгорена скроооз. Нарачав нова колекција за коса, џоа ќе оправам ситуација ама тешка работа. Не за друго, кој ќе се бафта пак на фризер... мразам зашто секогаш ме боли главата.

    Бели лаги, мислам дека кажуваме сите. Не ми текнува во моментов на некоја, ама сигурна сум дека кажувам.
    Па некој да те праша како си и ти одговараш - добро, бела лага е на дневна основа. :D
    Безопасни се, ама и скроз непотребни. Мислам дека ги кажувам само ко одговор на прашање, ама сигурно сум и повиновна од тоа.

    Ај, ќе се потрудам да биде толку од форумов за денес. |(
     
    На do-re-mi, BearMe, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.430
    Ама и навистина имаше - ако ја следите на фб Live from Greece - самите Срби коментираа (групата е претежно српска, на Никана е), за вакви ситуации, имало и во самата група повеќе дебати, зошто не се прави зимница во студио. Во принцип одма ги бришат таквите постови и прашања - зошто не, не е ИЧ во ред, да правиш зимница во студио, да искористиш струјата.

    Милион постапки сме критикувале на Македонци, баш лани јас коментирав дека додека бев во Калитеа беше совршено чисто, фати продолжен викенд во Македонија, и во морето пливаше секакво ѓубре, измет, пелени.

    Не беше тоа од Срби, од Македонци беше.

    Дека Србите повеќе "циркузи" од нас прават - прават, а дека ние грам осет немаме за хигиена - немаме.

    И тоа секако не важи за сите.

    Многу ми смета немање осет и култура, не си сам со себе и не е твое, па од ѓубре оставање до правење зимница во студио е нешто што е за осуда, оти 1. Првото ги загрозува сите и 2. Го оштетуваш сопственикот на смештајот

    Исто.
    Сакам да се излежавам тие денови, малку обврски имам тука, бар тогаш раат да сум.

    За храна ние 100% од времето појадуваме во апартман. Најмалку 2 саати после будење сме таму.
    Пиеме кафе, јадеме, лека полека на плажа одиме.
    Затоа и секогаш барам апартман со убава тераса и со поглед, оти секое сабајле 2-3 саати таму одмараме па важно ни е.

    После носиме фрижидерче зависи каде одиме, ако одиме на подива плажа обавезно сендвичи, вода, пиво, сокови, чипс, благо, овошје... ако одиме на лежалки, најчесто не носиме ништо, освен чоколадно млеко за мене :D И некои такви работи што во кафичот секако ги нема (чипс, сончоглед...). Срам ми е во кафич да седнам и да извадам храна.

    Кога сакам така, дали оти ете ќеиф ми е или да заштедам, си одиме на страна со наши реквизити.

    Јадеме и во апартман и надвор, ама во апартман кога готвиме секогаш внатре, ете и тоа готвење на тераса сметам дека не е во ред зошто ги замирисуваш сите наоколу. Внатре готвиме секогаш, срамота е надвор.

    На Лефкада под нас имаше Македонци, ненормално мирисаше секој ден, инаку имавме сите посебна кујна од спалните, скроз опремена, со аспиратор, ама они сами си го измолкнаа решото на тераса.

    После некој ги пријави (мислам Србите до нив што беа) и беа опоменати да си приберат внатре.
     
    Последна измена од модератор: 18 јули 2019
    На M&M, BearMe, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.335
    Пол:
    Женски
    А за нас бугарите што ќе кажете па и ние да се најдеме увредени и да си тргнеме од темата :wasntme:

    Добро утро.
    Кафе испиено.
    Сега во јсп се возам. Тфл де :D
    Надвор дождец мил, ама пак е топло у пм.
    Ко права англичанка излезеФ со мокра коса :o
    Не стигна да се исуши, ме накваси дождов :rain::rain::rain:
    Или чекај, требаше за британците ко зборевте да се навредам :rofl:
    Искрено, таква пречувствителност ме нервира. Секој на некоја основа се наоѓа навреден, дискриминиран. Те црни, те бели, гејови, стрејтови, не го зеле на работа оти е странец...
    Да не смее човек збор да каже. Па како сеир ќе тераме. Стига шеги на наша сметка. Кажи го балканец или слав, исти сме. Што оти друшката ми е од Русија, исти сме бре луѓе. Ме караше шо сум носела адидас тренерки и патики, прав славик сум била. А мислев само аеродромци носат :wasntme:

    Зоврев. А само 18 е надвор
    Screenshot_20190718_103151.jpg

    Појадок денес на Миконос се јаде
     
    На V.odolija, Dadusicka, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.438
    Допаѓања:
    279.430
    Вас Британците исто ве избегавам, оти слушам хорор приказни и за вас :D
    Иако немам лично искуство оти не одам на такви журкачки места :)

    Најкултурни луѓе во Парга имам затекнато, а смештајот цел комплекс беше само Македонци и Срби, на плажите исто.
     
    На M&M, BearMe, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.076
    Допаѓања:
    112.957
    Пол:
    Женски
    Добар ден другарки и дуругар Пецо!

    Како сте ми?

    Јас арна фала на прашање.

    Маж ми често знае да ми рече да си ги прашам друшките од форумот за совет уствари ми вика:прашај си ја твојата фемина!
    Му викам да ни се приклучи во форумов ама го мрзе да пише за празници ми го дава неговиот тел и листа со луѓе на кои треба да им се честита и ми вика пишувај а ја изигравам секретарица.

    Одмор за мене нема
    Грција не сум била
    На плажа носам овошје така и почнав да јадам смокви во албанија праски, грозје, банани, чипс, грицки, пивце лименки сос кикирики.
    Тивки сме си
    Како го исклучувам мозокот кога сум на плажа тоа ти е чудо приметувам згодни женски тела без целулит и коментирам колку се среќни што имаат брз метаболизам :wasntme:(се шалам знам дека си водат грижа за нивното здравје и тело)
    И згодни машки тела сос мускули кои пливаат.
    Знаеме да бидеме и бебисистери на плажа да чуваме дечиња мм е махер за ова може комотно 20 деца да чува и да излезе на крај со нив.

    За другата тема понуда за брак пишав па избришав ми будат некои случки од минатото немир па поарно да не се потсетувам.

    Друга тема незнам шо беше ве поздравувам и оставам во добро расположение.
    Кисс
    И
    :hug:
    Чао!
     
    На Dadusicka, M&M, do-re-mi и 22 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.335
    Пол:
    Женски
    Ние британците сме човек 3 дни да бега и назад да не се врти.
    Во Шпанија ич не сме омилени :P
    Сакаа забрана на ол ин да стават. Товење со храна, за алкохол збор да нема. Паѓаат по улици, повраќаат, тепачки насекаде, не машко, не женско, ко некое достигнувања да им е тоа. И после се фалат кој попијан бил :D
    Ама плаќаат по 1200 од особа за 7 дена :party: и велат ефтино е.
    На Ибица сме први, влез во диско 50ка плус по 20 од пијачка. Белите ствари не знам по колку им ги продаваат. И сегде е полно :rofl:
     
    На Dadusicka, M&M, do-re-mi и 19 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.782
    Допаѓања:
    285.288
    Пол:
    Женски
    Јас од србинките во вилата на Јадран научив бурек да правам.Вредни беа.И цел спрат на вилата беше се само жени и деца.
    Сега во Калитеа имаше многу млади срби баш млади средношколци ама деца арни си беа.Ни прегласни ни некултурни.
    Сакам јас да не е многу гужва ама па и така на баш пусто место не можам.Сакам навечер да има шеталиште покрај море,тоа ми фалеше овој пат.
    За нареден пат кажувајте кај да барам такво место.
     
    На Dadusicka, M&M, BearMe и 23 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.480
    Допаѓања:
    206.904
    Пол:
    Женски
    Само јас и мм сме по тивки места, не бараме шетање навечер, барем сега не. Додека се мали децава, бараме мирни и тивки места без многу гужва и буквално по цел ден сме на плажа, освен со паузата за ручек и дремка, вечерта сме толку уморни, што не сме за шетање, оти ние на плажа не седиме на лежалки, туку играме и пливаме со децата. Кога ќе бидат здравје поголеми, планираме поактивни одмори, ама тоа кога ќе дојде време. Друго, при толку убави плажи и места во Грција, греота е секое одење да одиш на исто место, без разлика колку и да ти се допаѓа. Само на едно место би се враќала, а тоа е Амолофои плажата. Ради плажата, не ради друго. Поубаво ми е и од Лагомандра, супер е за сите што сакате гужви, бидејќи има многу млади, доаѓаат од околните места, особено за викенд, барови, гласна музика, журки, спортови на вода, баш е супер. Ама нема сместувачки капацитети на сама плажа и тоа е голем минус. Кој оди накај Кавала, моја најтопла препорака за плажава. Само Грци и Бугари има :D
     
    Последна измена: 18 јули 2019
    На Dadusicka, M&M, do-re-mi и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.633
    Пол:
    Женски
    Не можам да си дозволам коктели на плажа. Додуша во живот никогаш не сум пиела коктел баш на плажа.
    Почнуваме со плажирање од Мај, и Октомври фаќа ако е потопол. Реално, не можам да си дозволам да јадам по барови цело време, па и кафе во најмала рака.
    Ептен годинава не можам на пешкир и чадор, јер ќе ми треба кран да ме издига ако легнам долу :wasntme: иначе ќе си поминевме повеќе од пола лето со сендвичи од дома. Па си цуцаме тој кафе, ја леден чај во бар, и не секој викенд.
    Е кога ќе фатам некое париче на грепки, оти маж ич никогаш не фаќа |( :D тие пари секогаш ни се за некој клуб сендвич или тост, за да можеме да останеме малце поише. Лежалките се од 7евра нагоре што исто не ни одговара моментално на толку трошоци.
    И плус годинава си носам кикирики, харибо и мешани семиња со нас во бар колку да се заситиме малце. Гледам грциве си носат сешто со нив, па и во бар знаат сендвич од џеб да извадат, никој не им се буни, реално се нема пари за се, па си велам што па и ја домашна сум, и срам не срам си носам грицки. :$



    Мене перцепцијата за нас многу ми се смени откако се преселив. Е сега, некој што отишол на запад, си продолжува да плука по нас, еднакво и поише, оти отишол во систем што функционира. Ја дојдов во бетер на пример, па за мене е поинаку. Ние се жалиме на администрација, ама споредено со нашата, овде е 10 пати полошо. Кај нас бар секој има некој пријател да бутне, да помогне, а честопати ми се десило никој да не ме знае, ама ќе ми заврши побрзо работа. Овде убиј боже. Ако заглавиш, заглавено е. А свекор и свеки се професори во пензија, ако професор нема контакти не знам кој има поише. Ама нема тоа овде.
    Далеку по конзервативен народ се, а јас мислев ние сме конзервативни. Честопати не знам како да се вклопам во муабет од чудење за што се дискутира. Па со друштвото на маж овде што се дружиме, повеќе се скроз обични муабети и заебанции. Е најдобрите другари негови со жените, едните живеат во Норвешка негде, едните во Барселона, тие попримиле западен менталитет и многу ми се погодени за дружење, ама ретко се гледаме.
    Другарки овде имам Британка, Италијанка и Романка.
    Сега често знам да кажам дека ние сме арни, ма какви има, ние супер сме.
     
    На do-re-mi, Dadusicka, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Не се лутам ма, те учам како да лафиш :D
     
    На BearMe, senjorita-v, LejlaD и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.707
    Пол:
    Женски
    Добар ден:hug:
    Свадбата во саботата ја истеравме многу убаво:party: ја дадовме невестата, скршија мажите огромно стакло и направија ред други глупости:lol:
    Е арно ама после тоа болна легнав(facepalm)
    Како тргнало и во мозок ќе ми најдат камења:lol:
    Пред години во бубрег, сега имам напад на жолчкава.. догодина кој знае на што(facepalm)
    Плачев од болки:sweat: мојов ме гледа и не му е верно јас да плачам од болки..
    Знам еднаш пишував тука дека цел абдомен ме боли и личи како да е слепо црево ама не е... е тогаш остана неоткриено ама сега го разбрав телово што сака дс ми каже..изгледа требало подобро да слушам:lol:

    Во селово наше од неделата до денес умреа 4 души.. не се роди ниедно. Поразително, нели? Само ја слушам камбанава како дрнка и морници ме лазат..

    Знам дека си имате теми ама не ве читав наназад, многу за читање имам а не сум способна баш, само лежам:envy: ќе коментирам во друга прилика..

    А да..ново е што и земјотрес имаше тука деновиве:sweat: аман веќе..
    Кој е за ручек? Пошо јас не смеам месишта..;(
    59394041_1992499367544656_3095919315807895552_o.jpg
    Се читаме:hug:
     
    На Dadusicka, M&M, BearMe и 29 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.841
    Допаѓања:
    145.581
    А сте ги виделе Англичаните низ острови ? Како пуштени од некој ланец. Баш Малерозна како што ги опиша.:D
    Оставаат ѓубре кај стигнат. Башка и понашањето им е баш вакво како од ланец. Луѓето баш конкретно си ја сфатиле работата дека се на одмор.

    Баш секакви од секаде има.
    Ништо не ни е де:D
    Не мора за се едно нешто да се претерува.
    Брача Срби бар се топол народ. Си сакаат муабет. луѓево.:D

    Не би можела да го кријам од мм форумот кога си висам на него. И секаде ми е по дома вклучен.:D Ипод,лаптоп,телефон. Како сум се логирала и така останало.:D
    Со име,со презиме со се ме знае. Не верувам да читам. Ама му читаам колешки на глас. Е сега дали баш од ,,нашата,, тема не знам. Могуче. И онака сме популарни.8)

    И ние сакаме бич бар и се со него. По можност да има и да се апне нешто , па да не си одиме дома.
    Сендвичи, вода секако си носиме. По некоја грицка , нешто ситно, има во торбата. Кифлички обавезно.:D Го пробавме мали, оти лани два пати си преспиваше на плажа, дали ќе го биде и годинава и супер е.:party:
    Спиеше на плажа исто како и дома.

    Бели лаги кој не кажува, тоа за доброто на бракот е.:D
    Колку ја купи чантата? 1000 ден.:wasntme:
    Нови ли се штиклите? Нееее:D
     
    На V.odolija, do-re-mi, Dadusicka и 25 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.756
    Пол:
    Женски
    Не сте виделе изгледа словенци тинејџери, хаос! Пред 6г ова време на Крф, не собраа од агенција не частат ноќно капење на една вила над Ипсос. Ахам! Словенци се џиткаат пијани, џиткаат девојки пијани, една ја ѕвекнаа во ивицата на базенот и ја раскрварија, сирота девојка, а таа најтрезна стоеше. Истураа пијачки во базенот, се лигавеа... ни преседна таа забава, демек беше за нас македонци ама овие упаднаа, сместени во вилата биле. Од тогаш ги заобиколувам кај и да ги видам. Лани црногорците, типични црногорци, мрзи, лежи на 6ти ред лежалка, дете 2г го пуштила во вода, тоа се тресе од страв не може да ја најде мајка му, се фатило за мене не ме пушта и дрхти, иде мајкава со цигара нокти од 10цм и Џе си љубави, шта је било? Искулирана! Во Грција и наши и срби и секакви, ми сметаат што остатоците од овошјето ги оставаат на плажа, во корпите отворени или ги закопуваат плитко во песокот па дете дур си игра може и некое распаднато парче лубеница да извади или да го изедат оси од што се навртени околу. Се на се, балканци сме, иста семка, сите сме заникаде.
     
    На kuc, M&M, BearMe и 13 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    222.305
    Пол:
    Женски
    Ајде бујрум те :)
    20190718_121846.jpg

    Од утре почнува пак пеколов.
    Уште денес да искористеме.
    Тужен ден некако.

    Немам што да кажам посебно

    Поздрав друштво!!
     
    На Dadusicka, M&M, BearMe и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.