Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    53.448
    Пол:
    Женски
    Добар ден женски и Пецо:sun:
    Денес подобра од вчера, а со тоа и по расположена.
    Навистина обожавам да ве читам :inlove:

    Да кажам прво за бојата на коса.
    Смеѓа сум природно, бев црна неколку години, црвена 4 год, па си ја вратив мојата за одма после една недела да се фарбам пак црвена. И така околу 7 год си бев жиж црвена:makeup:
    Потоа почнав по малку да ја потемнувам и завршив со утната боја на коса,близу црна ми ја исфарбаа:@ и бев на друго место веднаш другиот ден ,ја шатирав од пола надолу. И сега нормално изгорена ми е.
    Порано имав коса до половината. Ми текна ја скратив до над раменици. Сега ја пуштив малку, ама пошто е изгорена, после свадбата пак ножиците ќе играат(lalala)

    За желби , сега за сега сакам едно бебуле и јас:D. Уште не сме почнале активно да работиме. Ама после свадба се надеваме ќе биде.
    И уште една желба имам. Да не им недостига ништо на моиве блиски. И на сестра ми,мојата друга половина:)Да не ги мислам.
    Не би можела да сум среќна јас, ако на нив нешто им фали.

    Имајте убав ден другарки:hug:
    Таков ми е денот ,денес сите ве сакам:D
     
    На BearMe, Val-Dim, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    78.333
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190722_101144.jpg

    Добар ден.
    Кафе испиено, јадење не мора 8)
    Желби, освен да сме здрави и живи и умо да не нѐ напушта, друго не мора :D

    Многу ми е интересна темата странција. Па очекувања, што како мислите дека ќе е, што сѐ сте подготвени да жртвувате.
    Гледам на сите тоа ви е желбата.

    Од денес почнува жештоко. А до вчера истураше дожд. Влага левел 9000. Не се диши :sweat:
     
    На M&M, BearMe, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Само да се пријавам и да ве поздравам:hai:
    Стасана сум до 542 непрочитани пораки:tmi:
    Белким до среда ќе ве стасам...
     
    На friendy, M&M, BearMe и 30 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.755
    Пол:
    Женски
    Многу теми имате никако да постасам, имав бурен викенд со многу телесни течности и многу нервози, читај одвикнував синко од пелени.

    Кока кола претежно гола, ама во зима кога ми е ладно знам и со нешто облека. Ја би со алишта нагоре обавезно, ама се буни мм. Не би поддржала никој во неверство, не сакам да го имам уште тоа како товар. Нема да кажам ама нема ни да поддржам, не дозволувам и да ми кажат, пресекувам.

    Неостварена желба ми е да ослабам, се трудам ама изгледа не доволно. Сакам да немам едно 30 кила. Ама пошто за тоа сама треба да направам нешто, односно да се откажам од благо, не се важи. Е сакам да имам трејлер, кампинг комбе, ама од оние убавите сосе вц, сосе се. Сакам и да се иселам од државава оти друго чаре нема. Е тука многу не можам да направам оти само јас сакам, другата половина не е сигурна. Сакам и да ги немам долговите, да имам повеќе за живот и да не се мислам од 25ти до 1ви како, понекогаш уште од 20ти се мислам. Трички желбички, ах да има една златна рипка.

    Дете не е вришталче, мирно е, ама е во оној период Мама! Мама! Мама! по сто пати на ден. И нормално е, мама е се на светот, бар додека не дојде тета на гости де. Јас толкава љубов кон тетка и дете не сум видела, не брка сите по дома додека е тука тете. На баба му што му беше до скоро љубов за сва времена и вика Иш Иш бабо! Мислам дека би не мењал за тете одма.
     
    На friendy, M&M, BearMe и 25 други им се допаѓа ова.
  5. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.292
    Допаѓања:
    65.624
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден на сите!!! плус и Пецо...

    Ве читам ама никако да пишам...за желбиве седам и си мислам, човек како старее е порационален и не очекува многу од животот, се сака колку се може...

    покрај желбиве за иселеништво каде е најубаво??? како одредивте дестинација за селење ?
    или се е подобор од овде?

    п.с. секако многу се чуствува дека луѓево навистина си отидоа од државава..
     
    На M&M, BearMe, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    Добар ден народе... и секако, Добар ден Пецо :lol:
    Како поминуваат годините, сфаќам дека желбата "нека има здравје, се друго е небитно" е всушност најважната и најискрена желба што човек може да си ја посака....
    Сте збореле за селење... порано имав желба да си одам од државава... откако променив некои навики во животот и почнав да размислувам и да се однесувам поинаку, ја изгубив таа желба. Едноставно, сфатив дека животот и тука може да е добар ако знаеш или умееш да си ја наредиш работата. Особено, последниве години често патувам надвор од границите, па така заклучив дека никаде не е идеално, односно секаде има добри и лоши работи... затоа дома сме едногласни околу таа тема.
    Инаку, јас на работа, излегов до продавница, мислев дека ќе припаднам што изодев 200 метри по сонцево...|(
     
    На andrejko82, friendy, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  7. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Добар ден на сите:sun:
    Желби ...немам моментално. Ме фатило некоја мрзоволна состојба кон животов,ништо не сакам.
    Деновите си течат, работа еден куп, се ми е слеано, најчесто не ни знам кој ден во неделата e.
    Среќа што маж ми ми е светлината на животот, деновите се преживуваат само заради него.
     
    Последна измена: 22 јули 2019
    На friendy, BearMe, kuc и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.011
    Цитираното бе @zuto . Бев социјална, сега мајка констатирала дека сум дивурија, и веројатно е во право, скоро се што сретнав од човек во МК ме нервираше, најарно ми е да си ќутам, сама. А и родителите, мрчатори. И то. Може па до средината е, шознам, сите: лути стани си лути, лути легни си:?:

    За желбите:
    Ако 82 ти е година на раѓање, ептен си престарена|(. Се се може, само да се сака:!:

    @WildMk е разумна особа и нема да ми е срам да прашам: шо е сене синапово? Не живеам таму, не ви ги разбирам овие често употребувани, мистериозни кодови:(
    Иначе откако се оствари странството и нормалниот живот, мене некако желбите ми се потрошија. Или сум зен, или сум во депресија:?:
    Мислам, сакам јас стан како од @vitamina , со тераса и поглед како од @Yowannty ама да не е многу жешко, да нема комарци... уште не сум го смислила кај да биде. И летување на море сакам, исто го бирам ко стан да ќе купувам(facepalm). Ама ко ќе смислам јас, рачунајте се остварило.
    И сакам ммм да ослаби 15кг, ама тоа незнам колку зависи од мојата намисла:D

    У последно време се почесто мислам, а да ја гласаме @NarCis@ за прецедник?! И тоа на влада:handshake:
    Ко ќе се оправи државата, може и морето до Гевгелија ќе стигне, нит за шетање не ќе мора граница да се врви:bandit:
     
    На friendy, BearMe, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Добар ден женски и Пецо (да не бидам јас покусо со поздравот)

    За одењето од државата многу пати сме дискутирале, некогаш и ,,коси кубеле''. Самиот факт што народот масовно се евакуира, пардон, иселува значи дека дното е допрено па и пробушено. Уште повеќе говори фактот што кој излезе од тука тешко дека се врати назад, можда некоја мала незначителна бројка.
    Мене највеќе ми пречи менталитетот кој е многу поголем проблем од сиромаштијата. Едноставно народот е злобен, себичен и безчуствителен (македонка сум и јас, аман - заман не ме пријавувајте пак, за својот народ зборам :D )

    Од сабајле ме застанува една комшика, нак**чена до немај каде. Комшиите до мене куче чуваат, неврзано, секаде шета, на сите им натрчува, не е опасно, сака да си игра ама не има изглеа доста плашливи. Измет на секаде низ маало. Плус галама шо праи. И сега комшиката збесната да сме се собереле да реагираме да го мавнат од дома, ако не она ќе го труела :x:worried:
    Познавајќи ги двете страни, никој не е разумен. Ај првите земаа куче, океј, нек си чуваат ама бар нека го врзат еве неќум да иде во мојот двор уште помалце да ми залетува на кај мене, паника ме фаќа. Инаку кој што сака нека си чува. Лаење не ми смета јер е неспредливо помала галама споредено со галамата од околните кафиќи. Од друга страна, како бе така ќе посегнеш отров да фрлаш? А што куп мали деца играат во маалото... Буквално секој си гледа само своја страна, а закони не важат за никој.
     
    На V.odolija, M&M, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    а како ви влага по дворови? немате огради?
    куче не се чува врзано во двор, треба да е пуштено,ама дворот треба да им е добро заштитен,не смее да излага туку така.
    Викнете инспекција,може ќе ги казнат што го шетаат неврзано,па нема да го пуштаат повеќе.
    а за лаењето, и моето лае, ама јас имам усул,ако не прекине 5 минути одма внатре го прибирам...
     
    На friendy, BearMe, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.781
    Допаѓања:
    285.273
    Пол:
    Женски
    Од сите желби најубава ама и најмалку осварлива е таа на Нарцис.
    Јас секогаш се надевав дека ќе се оправи нешто ,дека ќе тргне и затоа никогаш не направив чекор да заминам туку се што правев беше за подобро утре овде.Ама нема фајде џабе.Но времето ми поминало овде заглавив со станбени и др.кредити со професии со кои вонстранство можам само веце да чистам и така...Се нервирам што и децава немаат желба за заминување и бираат професии со кои никаде не се оди.Ама ништо не можеш со сила. .
     
    На V.odolija, M&M, friendy и 24 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    И јас многу сакам... ама скептик сум дека ќе биде...
    Станица е на Фејсбук, со 'инспиративни мисли' :D
     
    На M&M, friendy, Sofi.ja и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Имаме огради. Ама дошол поштар не затворил, излегува некој гостин не затворил порта, или мислејќи дека сум ја затворила само сум ја тргнала и си го начекувам во дворот коа се прибирам дома. Прва прилика ако начека порта отворена некаде си влегува. Ги имам видено нив си седат мака немаат додека кучето ми ровари по двор, ми ја истурило кантата, ми копа по цвеќиња... хаос.
     
    На BearMe, Kate Rina 93, NarCis@ и 9 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.345
    Е не можи така.. и треба да им се побуните.
     
    На BearMe, Kate Rina 93, NarCis@ и 7 други им се допаѓа ова.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    Јас не сакам да си одам одовде, ако се прашувам лично јас. Маж ми уште помалку. Но, за децата би заминале и двајцата и работиме на случајот. Мислам дека децата би имале подобар живот и иднина надвор оттука. Мене искрено ми е страв заради сиот товар кој треба да го носам ако успеам во намерата, ама поголем мотив од децата немам во животов. Откако се родија, цел живот им го посветувам нив и навистина сакам да им пружам колку што можам повеќе.
     
    На M&M, andrejko82, Viktorijaaa5 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.502
    Пол:
    Женски
    Знаете ли колку ми е мака што тоне државата?Многу.Не знам дали бев мала и несвесна за се околу мене,ама се ми се чини како посреќни да беа сите.
    Не мислам само на парите,богати нит сме биле нит ке бидеме,ама ете..ко наеднаш да отупеа сите,ко да се изгуби целата култура на живеење,онаа нишка што го држи достоинството на еден човек во секоја сфера.
    Бев надежна до пред некое време,ама не повеќе.Миргација и исселување е многу нормална и природна работа,ама кога на 80% од граѓаните на една држава,цел и желба им е да ја напуштат,пиши пропало.

    @zuto ги спомна децата.Па децата се иднината,што друго би било мотив.Во земја без можности,детето би имало приближно или за нијанса поквалитетен живот од родителите оти толку се капацитетите.
     
    На KuklickaSk, M&M, Skorpija25 и 28 други им се допаѓа ова.
  17. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    33.904
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се надоврзам кратко.
    Џабе е и бунење и расправање и пријавување. Ако не можеш нормално ко човек да се разбереш, се е џабе. Луѓе без осет. Осетот се изгуби.
    Децата сакале животни, ако сакаат чувајте си ги дома, а не цел комшилук да трпи. Не знам колку кучиња се проврвчеа од што нели толку добро беа гледани, едно го згази кола, другото дал од глад дал од болест си умре, премногу слабо и истоштено делуваше... Сите беа така пуштени низ двор. Со последното хорор беше, кај пуштено цело време и чест гостин во нашиот двор па навечер ко ќе се разлаеше не можеш да спиеш летно време, а згора на тоа се собираа по него други кучиња огромни, да не можеш во сопствен двор да си влезеш или излезеш. Така комшиката настрада, ја нападна сосема друго куче кое беше дојдено по кучето од комшиите.
    На сите жалби и поплаки добивме изговор дека "Нас се ни сметало".
    Сега си имаат мачка...и таа ни е гостин понекогаш, еднаш дома ми влезе ме исплаши, бидејќи не очекував. Бар е далеку помирно.
    Пред да земеш некое животинче прво треба да си свесен дека треба да имаш и време и услови за сето тоа. А не само да се земе и да се остави на милост и немилост, само да си се гледа.(facepalm)
     
    Последна измена: 22 јули 2019
    На Skorpija25, friendy, BearMe и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    145.537
    Апсолутно заради дете сакам да си одам. Најлошо образование имаме у Европа и 82IQ просек. Само подалеку
     
    На M&M, andrejko82, friendy и 19 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.437
    Допаѓања:
    279.426
    Од мое искуство, ако веќе го најдеш "човекот" - ни една друга држава, удобност.. не е тоа тоа.

    Тие 6 месеци мајнд блоуинг ми беа, оти имав пари, за сметки не му ја мислев, на работа никој не ме газеше... АМА...

    Ужасно ми фалеше. Ама онака мислам физичка болка осеќав. А не бевме тазе да речеш, 3 години веќе бевме заедно.
    А и моите колку ми фалеа... абе душичкава ми се дробеше на песок ситни парченца кога ќе го видев татко на Скајп.

    Единствена утеха и мотив ми беше што знаев дека ќе си дојдам. Да немав точна дата на враќање, ќе полудев.

    Секоја чест на оние кои можат да заминат, јас капа им симнувам.
    Знам дека животот далеку ќе е многу подобар, ама јас барем немам храброст без најблискиве.

    Само ако е нож до коска, за леб да се нема, би заминала.
     
    На V.odolija, M&M, Skorpija25 и 27 други им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    28.877
    @CameliaMiller така викаш оти сигурно имаш родители и роднини на место. Мене освен планиниве не верувам дека нешто ќе ми фали оттука. Се додека се маж ми и децата со мене јас мислам дека можам се и секаде.
     
    На V.odolija, M&M, Viktorijaaa5 и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.