Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    285.262
    Пол:
    Женски
    А бе не се налутив ич само се дообјаснив,да не ме свати некој погрешно.:):hug:
    Еве веќе сега и сама @Lilit се дообјасни,штом е само одложување тогаш терај ,па и дете ако дојде во меѓувреме ќе се снаоѓаш.Штом не е да треба да заминеш на пр. на повеќегодишна работа настрана сама без партнер се друго може и истовремено.:hug:
     
    На fana, LejlaD, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    33.904
    Пол:
    Женски
    Дете па кариера ако е возможно ваква комбинација.
    Од многу причини би играла вака.
     
    На zuto, fana, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.413
    Допаѓања:
    78.314
    Пол:
    Женски
    Бесос пара тодоС
    #ималофајдеодшпанскитесерии
    Среќен роденден на малото лафче

    Едвај се разбудив.
    Ќе барам кафето кај е да се освестам прво
     
    На fana, duffi, LejlaD и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.251
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро:sun:
    И стварно никој не ме разбуди:clap:
    Си се наспав поштено, дури до 10 спиев. МаШ и некое кафе имаше оставено на маса, нешто налик кафе со млеко уствари . Несакајќи му се вклучила ринглата од шпоретот на најслабо , кафето оставено близу неа, па така млекото скиснало:tmi:.
    Ќе не запали сосе партали :fubar:.
    Уште една причина зошто 'морам' да станувам насабајле и да го испратам:)

    Прашањето на Лилит баш тешко.
    Прво помислив бебето е на пат, али па од тоа што ја читам одма ја тргнав таа мисла од глава, сигурно станува збор за планирање на проширување на семејството. Ама од мое искуство дека бебе не се прави баш така лесно:) јас ( ова искрено) би ја прифатила понудата. Ќешки во меѓувреме нека дојде бебето, ќе се организирам некако, татко ,баби ќе поможат. Еден куп жени има што се вратиле уште трет месец по пораѓај на работа. Сигурно не им е лесно, голема жртва е тоа, ама па посекако сето тоа е за добробит на цело семејство.

    Да допеглам ридот и да се спремам. Ќе ме носел на ручек дечкото. Да не трошам струја дома за готвење, денес бааѓи струја се потроши, три часа ринглата вклучена беше:)

    @Yowannty издржа, машки издржа:sweat::clap:
     
    На Viktorijaaa5, fana, Peco и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Дете.
    Без дилема.
    Кариера тука и не е кариера која максимално исполнува долготрајно.
     
    На zuto, fana, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  6. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Зависи тебе што повеке ти прави задоволство и те исполнува.
    Можам да ги разберам и тие што сакаат да прават кариера и тие што сакаат целосно да се препуштат на мајчинството.
    @marlonbrando69 најсрекен роденден на малото лавче :party:
     
    Последна измена: 7 август 2019
    На zuto, fana, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.217
    Пол:
    Женски
    Хелоу.

    Кариера или дете? Би рекла да се почне со број 1, а во меѓувреме да се работи на број 2. Ако дојде број 2, има време за организација, се’ се може ако се сака.
    Личен пример познавам, жена која ја примија на една раководна и доста одговорна позиција во една фирма, а таа беше веќе бремена. Иако не мораше и не сакаше, беше отворена и кажа дека е во рана бременост. Фирмата го оцени тоа како исклучително фер потег од нејзина страна, решија да ја примат и склучија договор да после 3 месеци откако се породи, се врати на работа, што таа без двоумење го прифати. Така и беше, еве ја сега работи и е беспрекорна во истото, а дома има бебе од 4-5 месеци. Алал да и’ е, јас искрено не би се откажала од породилното, но тоа сум јас. Има и поамбициозни од мене, ете за мене таа е жена за восхит, нашла на некој начин баланс да не запостави ни дете, ни кариера.
    Моментот е што приоритетите се различни за сите, нема универзален одговор.
     
    На zuto, fana, Peco и 29 други им се допаѓа ова.
  8. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.502
    Пол:
    Женски
    @Lilit имав слична недоумица пред 2 год,со тоа кај мене се работеше за најобична работа,не е којзнае каква позиција,сепак ми створи немир.

    Јас на твое место би ја прифатила работата,а во меѓувреме би си работела и на случајот бебе.Бременост не е болест,состојба е,можеш да работиш до крај,а бебе да оставиш и на 3 месеци во приватна градинка.
    Живеам во општество кое така функционира и не гледам никакви штетни последици.
    Ти посакувам успех,и на двете полиња да се оствариш во најдобар ред:)
     
    На Viktorijaaa5, fana, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  9. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    22.243
    Кариера би одбрала а во меѓувреме нека се работи на темата дете.Како што размислуваат и повеќето.
    Зошто? Затоа што ако бркаш кариера неколку години и го одложуваш бебето , можно е и да не биде одма плукни залепи кога ќе посакаш да го имаш.
    Може и некоја година ќе потрае тоа исчекување на бебе па ќе се обвинуваш самата зошто си чекала.
    Одбери си кариера и работи си на случајот.И обичен работник да бидеш , детето ќе те исполни на секое друго поле.Нема споредба.
    Ама , зависи што повеќе сакаш.Не мора да значи дека секој размислува исто.

    Хелоу Фолкс :hai:

    Сакам и јас да одам на работа.Знам дека имам кажано неколку пати претходно. Ама , многу сакам.Досадна сум си сама на себе веќе.

    Држете ми среќа овој месец , со моите два факултета белким ќе се најде нешто и за мене (fingers)
    Ако не , ќе се запишам на трет.
    Лажам.Ќе го убедувам мм за странство.

    Имајте убав ден :sun:
     
    На zuto, fana, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    285.262
    Пол:
    Женски
    Често вака кога се зборува за кариера,унапредувања и сл успеси на раб поле ве замислувам дека се сте некои инЏиЛерки од нека тешка и ептен барана област или доктУрки специјалистки или биохемичарки кои работат на откривање на некој нов лек или стварно незнам што ама се радувам што еве сеуште кај нас имало можност за кариера за убави плати и сл.Во реалниот свет во село мое реетко скоро ич не се среќавам со такви луѓе.Кај нас ако некој успеал да мрдне од мртва точка е или со некој приватен бизнис наследен од неговите или со тешка и расипана политика или се омажил оженил за некој странец со книги...
     
    На zuto, fana, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    22.243
    И јас така си замислувам @mareane :Dкомплекси ќе си набијам :D
     
    На zuto, fana, WORRIED.BT и 15 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.412
    Пол:
    Женски
    Уф, јас ништо од ова не сум.
    Ја камионџија сум малтене.
     
    На fana, M&M, Shelea и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.531
    Допаѓања:
    18.918
    Ух огладнев додека ве дочитав.
    Од вчера сабајле се немав уклучено,7 страни со мислења(facepalm)
    Да почнам со ред:
    Убаво ме утеши сега,јас какви удари чуствувам а тек сум една недела пред 8ми месец,што ли ќе биде до крај(facepalm) ко ќе ме шутне во слабина или доле кај јајници ѕвезди бројам,маж се потресува да не треба да на лекар:D
    Јас редовно мојот си го пресоблекувам навечер:D
    И една капка пот да има менува маица,па така во последниов период легнува накај 11,јас уште будна и ќе го видам се пипка околу врат, прашувам дали е испотен и како мало дете менуваме маичка:lol:
    Јас гласам за дете:)
    Од лично искуство,затоа што кариерата ми беше на прво место,детето го одложував и после кога се решив 9 месеци неуспешни обиди и негативни тестови.
    Само тој што поминал низ сето ова може да ме разбере каков стрес и нервоза е тоа. Па уште кога ќе слушнев дека некоја си "х" особа останала бремена срце ми се кинеше.
    Прво чекав регуларно да ме пријават,после да изминат 12 месеци,па ај овој договор да го потпишам па ај следниот... и веќе кога видов дека не се прави така лесно дете дигнав раце од се и не ми беше битно што ќе биде понатака со работата..еве и сега можно е да не ми се продолжи договор па после породилно да останам без работа,ама една цел во животот ќе остварам-ќе станам мајка. Работа ќе се најде,има време 10 месеци да се мисли на таа тема.

    Вчера цел ден имав гости. Една братучетка со малото. Детево скоро 10 месеци,мирно милина да го гледаш.
    Јадеше овошна каша,седнавме ние јајца,салатка и тој отвара уста:D го накркавме и во кревет.
    Дојде време за ручек,зеленчукова каша, проба малце ама не беше баш гладен. Ене ја во кујна стои,брокулата мириса ми иде да си повратам. (Како ли ќе готвам за мое утреден:D) ај хормони...
    Вечерта бевме на роденден, вечер сме на гости кај другар,утре на слава,во недела на детски роденден, еден куп активности неделава:lol: ако нека има,да ми поминува побрзо времето ,а и летово:D

    Поздрав другари:hai:
     
    На fana, Peco, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    6.075
    Допаѓања:
    112.924
    Пол:
    Женски
    Ако е за одреден период не би размислувала дефинитивно би одбрала кариера би ја грабнала можноста што ми се нуди а откако ќе се реализирам таму и заработам доволно би размислувала за дете.
    Како и да е што и да одлучиш со среќа нека ти е биди успешна и реслизирана во она што ќе одлучиш.
     
    На fana, Kate Rina 93, Sesil и 8 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.344
    Добар дееен :hug:

    Јас, како ужасно неамбициозен чоек, кој се води по моментални чувства, не правам долгорочни планови.
    Кај ќе ме носи ветрот - таму.
    Ако ми се пружа можност за кариера со висока плата (што е физички невозможно), ќе прифатам, ама и тоа не значи дека ќе ја терам. Ако нешто не ми се допадне, се откажувам...
    Исто беше и за дете, не сакав и не пробував, додека не посакав онака... од петици, тоа ме држеше 2-3 месеци, забременив баш за толку... Да не се случеше додека бев во тој филм, не знам дали повторно ќе посакав. А ако не, можно е и да не родев никогаш.. а можно е и инает да ме фатеше, па 5 да родев со ин-витро.. А можно е и се' друго измеѓу.

    Сакам кога не планирам :inlove:

    :D
     
    На fana, M&M, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    128.019
    @Lilit
    Јас би одбрала кариера па бебе,мислам дека кога бејби ќе дојди на свет ќе бара поголеми жртви,одговорности,па сама повеќе можиш да напредуваш.
    После ништо не е исто
    Можеби сум грешка..
     
    На fana, kuc, Kate Rina 93 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.251
    Пол:
    Женски
    И јас имам инат во мене и 10 да родам со инвитро. Ама Не бива ниту едно:)
    И инвитрото некогаш не е решение.

    Разбрав што ќе ми подари маШ за роденден. Случајно разбрав, несакајќи. И сега не знам дали да се правам на три ипол утре дека сум изненадена или да му кажам дека знам.
    Поклонот малку невообичаен е , мислам не е во негов стил , ама убава работа ми се гледа:o
     
    На 24.07, zuto, fana и 19 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.344
    Знам... ама го земам во предвид, тоа што почнавме да работиме на бебе, брзо откако наполнав 27. На 28 родив.
     
    На fana, kuc, Kate Rina 93 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    128.019
    Јас би глумела дека сум изненадена]:)
    Море јас и мојата голема уста,по некој ден ќе му кажам дека сум знаела:devil:
    Ќе се пофалиш што е?:smirk:
     
    На 24.07, zuto, fana и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.217
    Пол:
    Женски
    Уф, далеку од ова, иако мојата неостварена желба ми беше да бидам докторка. Зошто и како бев спречена, не би да навлегувам, но ќе се каам цел живот што не се изборив за себеси и моите желби.
    Сега работам многу честа професија без која ниедна фирма не може да се замисли, но имам раководна функција од пред некоја година и заради тоа ете можеби поголема плата од вообичаено, но преголема одговорност за која и таа плата е мала. Врти сучи, идеално не е никогаш, ама не се жалам. Сум била на многу полоши позиции во минатото.
     
    На fana, Peco, friendy и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.