1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    До пред некое време ќе кажев кариера дефинитивно.
    После 3 години неуспешни обиди не сум сигурна. Веројатно треба коцките да се поклопат. Не значи дека истото за сите важи. Кај мене и работата знае да биде бајаги стресна. Или јас дозволувам да биде. Јас за мене би сакала дете. Ама па немам сериозно добра понуда за работа.
    Ако е платата сериозно убава, јас би прифатила. Па со убавата плата можеби ќе бидеш поопуштена и побрзо ќе стигнеш до детенце.
    Не знаеш што до што води во животот. Некогаш треба да потегнеш промена на едно место за да се наместат работите на друго.
    Филозофски расположена.
     
    На fana, Peco, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Само тука се работи за кариера не за обична работа која ќе се работи дур дојде бебето .
    За кариера треба континуиран ангажман и кога ќе се роди бебето.
    По мене прво бебе па кариера и континуиран напредок.
    Е сега битно е кој колку е амбициозен и колку кариерата му е приоритет и извор на лично задоволство.
     
    На fana, friendy, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.344
    Мене извор на лично задоволство ми е, никој да не ме замара и форсира. :$
     
    На fana, Kate Rina 93, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.265
    Допаѓања:
    27.103
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте денес?
    За темата погоре, не сум паметна што да кажам. Да сум јас во прашање, би одлучила првин кариера заради повисоката плата, па успат би работела и на дете. Ама секој си ги знае приоритетите во животот.

    Имам кажано на форумов, во мојата работа нема можност за градење некоја си кариера, ама има добра плата за во наши услови. Е сега, стресна е некогаш многу, работам од телефон и после 17ч, некогаш и доцна во ноќта, ама таква е работата. Сето ова не ми сметаше толку многу пред да се породам, ама сега со бебо не знам како ќе биде искрено, се плашам. Не сакам нервози од работа дома да носам, и да ми влијаат на секојдневието со него и мм. Барам активно друга работа, ама моментално нема ништо :(

    И пак да ви пишам, ај кажете рецепт за колач со праски? Бидете другарки :)
     
    На Viktorijaaa5, fana, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Одлагањето ваљда не значи одлагање за 3-4-5 години? Непланирани работи се случуваат..за година ипол,две. Шознамја:))
     
    На fana, Peco, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    128.019
    @Bubce38 има убав рецепт,можеш со било кое овошје да го направиш.
     
    На fana, Kate Rina 93, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.265
    Допаѓања:
    27.103
    Пол:
    Женски
    Каде да го најдам? :) Или @Bubce38 пиши ми ЛП ако можеш.
     
    На fana, Kate Rina 93, EuHenIa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    12.034
    Допаѓања:
    180.251
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 7 август 2019
    На fana, Kate Rina 93, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.045
    Допаѓања:
    190.625
    Пол:
    Женски
    Здраво другари :hai:
    Да ви раскажам една приказна.
    Кога сум имала 2ипол-3 години, сум видела негде кукла која ми привлекла внимание и сум побарала дома да ми ја купат. Арно ама, дете, не сум знаела да објаснам каква сакам, сум ја нарекла “бајло-лајло” па никој не знаел за што точно се работи. Дедо покоен, кој се ми удоволувал, шетал по сите продавници само за да ја најде барајќи ја како “бајло лајло” и нормално никој не го разбирал. Тој сирот им велел внуката така ја вика, а тие кревале раменици. :) Па на крај ме земал мене и само што сум ја видела сум ја препознала. Може многу од вас ја имале исто. Руска кукла, пластична, ништо посебно, ама ми е спомен од дедо и мене многу ми значи и ден денеска така си ја викаме по дома. Без малку зачувана скоро 30 години.
    EDB38012-8AB5-4346-803C-0D949B204197.jpeg

    Си ја земав овде, заедно со уште едно кукле кое ми е од забавиште и исто со прикаска зад себе. Арно ама, иако фемили анималс си заминаа минатата недела, зад себе вака оставиле, а ние тек вчера вечер приметивме
    DCEFFC3F-45B0-43D1-86D7-2806E3F4B632.jpeg
    Ај што се послужиле со неа без прашање, ај што ја скршиле, па уште си ја вратиле така во кутија и не спомнале на никој. :@
    Можда претерав ама вчера више не можев да издржам и му реков на маж среќа што живеат на другиот крај од земјава иначе градов ќе беше мал за нас. Да беа овде или немаше никад да стигнеме до земање или брзо ќе се разведевме, оти со нив да се гледам често ќе значеше војна. Кожа ми се ежи од нивниот безобразлук и некултура. Некои луѓе навистина срам немаат. :@

    Знам ве потеков со нив, ама морав да извадам од себе. :@ Се надевам попладне кога ќе одам да чистам во станче нема да најдам уште некоја последица од нивниот престој. ]:) Не сакам пред очи да ми излезат, колку ми омрзнаа. А не мрзам никој во животов. :envy:


    Иначе Бубче издржав. :D Да издржам уште денеска оти ми се чисти, плус и да извадам и нервоза и после више ама ич не ми е гајле кога ќе биде. :)
     
    На Love 83, 24.07, Viktorijaaa5 и 34 други им се допаѓа ова.
  10. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас бев/сум студент на општа медицина, останав бремена на 21 година, на 22 родив, дојдов во Германија, ја родив беба и сега сум дома и ја гледам. Беба искрено не беше планирана, случајно, дека јас млада, уште студирав, ама тоа е, додека бев бремена појма немав што ме чека, како со бебе, сега јас сум во втор план додека не почне на градинка, ама тоа е нешто најдобро што ми се случило.
    Имав многу желби за понатаму, сакав да се изградам прво како личност, а потоа семејство да формирам, ама не е се како што јас сакав.
    И овде имам големи можности, ама како што кажав додека не почне бебе на градинка не можам така да ја оставам па да си ги терам моите работи.
    Зборот ми беше, ако мислите и ако сте спремни во исто време и бебе и подобра кариера, направете го тоа, иако врапчето на рамото иде само еднаш, јас би ја прифатила понудата макар и бебе да е на пат, во Мк е полесно и за чување на бебе, и во градинка да оди.
     
    На fana, WildMk, friendy и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    145.537
    Lilit, терај моја верзија, јас се измачив, па ќе ти споделам искуство. Јас отидов на нова работа со 5 месечно бебе. Конкурирав кога имаше 3 месеци. Маж ми , Господ да го поживее, направи се за да имам и кариера и дете.
    Он чуваше додека бев на работа, а дете немаше ништo скусено. Одев по 8 саати на работа и доев 21 месец, за брзо и унапредување добив, еве сега одам уште нагоре, плус и добив огромна стипендија, и никаде не запрев, зареди дете. Ја родив, ја чуваме заедно, маж си тера кариера, јас си терам кариера, ама многу си помагавме.


    Прифати кариера, ако останеш трудна, ќе си работиш 9 месеци без проблем, после 4 месеци седи дома со дете (некои и одмори имаат вака и боледувања) дотогаш веќе ќе бидеш докажана на работа, па дај на маж породилно, ти терај !!

    Тешко е упм. Не спиеш со ноќи, дете цица цела ноќ за да надокнади за цел ден, ти неспиена, а нова работа и мораш 200% концентрирана да си, маж нервозен, поспан, уморен,ти уште позаникаде од умор.... Ама се издржува. И ќе имаш се.
    Мојата шефица има 3 деца, и нејзината шефица има 3 деца. Двете се под 40 години.

    И не заборавај, новата претседателка на Европската комисија, има 7 деца. Само кај нас децата се пречка на жените или кариерата е пречка на жената. А ти можеш и двете.

    [​IMG]
     
    На Viktorijaaa5, ALISA0000, fana и 29 други им се допаѓа ова.
  12. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Понесена од моето искуство не е точно дека со добра плата ке бидеш поопуштена и побрзо ке дојдеш до дете.
    Сериозно убавата плата си носи многу одговорности, и понатаму секое унапредување поголема плата, поголема одговорност. Буквално ти си виновен за се што се случило на твоја смена.
    Секое унапредување повеке и повеке стрес, посебно ако си во приватниот сектор. Работата и стресот си ги носиш и дома после работа, па колку и да се трудиш да се контролираш некој од домашните ке си го собере ни крив ни должен.
    Да не зборувам за тоа и дека 24 часа треба да си достапна на телефон и ако не си на работа, па може да се случи и на сред нок да ти се јават, дури и тогаш кога си слободна, па и на одмор.
    Баш кога имаш слободен ден фирмата решила да свика состанок, на кој присуството е задолжотелно, па ти отишле плановите во вода.
    Ако не дај боже ти се случи да не можеш да останеш бремена подолго време, па да треба да се влечеш по доктори и да отсуствуваш од работа, е тогаш е веке сериозен проблем.
     
    На fana, WildMk, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    Но , @Cka така може лесно да страда здравјето.
    Не секој може физички и здравствено да го издржи тоа темпо,па после налет кариера кога ке отиде здравјето.
     
    На fana, WildMk, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.399
    Допаѓања:
    222.482
    Пол:
    Женски
    Среќно нека е лавчето,со ксмет и бериќет низ живот:)
     
    На fana, WildMk, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    145.537
    И од лежење дома страда здравјето, и од неактивност физичка, и од стрес само со детето, и депресија заради седење дома, и од наследни болести, од куп работи. Млади сме и можеме тоа да го издржиме. А ако не правиме ништо поради страв дека ќе се разболиме, поарно само да чмаеме.


    Има плус витамини, здрава храна,се се средува. Мене свркрва ми носеше брокули салата преку еден ден за да издржам, на работа пиев по литро сок од лимон... Јас на ништо не одам со идеја дека ќе се разболам. АКо е пишано, на одмор автобус ќе ме удри.
     
    На Viktorijaaa5, fana, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.778
    Допаѓања:
    93.312
    Пол:
    Женски
    [
    Во ред ,супер што ти си можела но не секој може да ги издржи двете работи одеднаш без да страда здравјето.Голем напор и стрес е тоа за секој организам.
    Пр.со 4 саати спиење да можеш и бебе да гледаш и работата грешки да нема,поготово ако имаш хронична болест.
    А не гледам и зошто толку брзање,кариерата за амбициозни не бега,работам со клиенти од секаде,многу од нив и на 50 почнуваат кариери и бизниси тешки со деца веке големи,само кај нас кариера се подразбира за 30 ти години ,а на 50 се чека пензија и шетање во парк.
     
    На SexiLy, zuto, fana и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.528
    Пол:
    Женски
    Биолошкиот часовник отчукува брзо. Кариера се гради и на 40, плодноста не е на така високо ниво на таа возраст, реално. Не сакам да звучам демотивирачки и навредливо за тие што на 40+ се обидуваат за бебенце само зборам за фактичката ситуација. Сепак секој си знае за себе најдобро, некои повеќе ги исполнува мајчинство, некои кариера...
     
    На 24.07, zuto, Viktorijaaa5 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.708
    Пол:
    Женски
    Добар ден...
    Фатив период со малку подобра мрежа па да ве читнам:D
    Ја би кариера.. нема причина да разглабам, некои не би разбрале зошто, а јас ќе треба да се објаснувам до утре..а не можам.
    Денес овој мојов турбо работи, јас се осеќам бескорисна, само го гледам и се чудам8-|
    Некогаш е страшна мрза а некогаш му се восхитувам на упорноста..
    Овие два дена ми годи ептен времето, ме тера да спијам:rofl:
    Не знам дали сум ви кажала ама тука по нашиве ливади има може неколку милиони скакулци. Порано ми беа одвратни а сега не ми ни сметаат8-|
    Само по нашите ливади има можеби 200-300 (а може и повеќе) ластовици и си летаат нон стоп..:inlove: ептен се музикални:lol:

    Денес се најадов дарови од природата.. сака некој сливи?
    Кој знае колку изедов, некој пролив ако ме фати ќе биде "интересно":rofl:
    20190807_143353.jpg


    Денес резимирав дека со животецов одам 2 чекори напред 3 назад, па 3 напред 2 назад.. и си стојам во место. Ама не ми е лошо до толку за да се жалам..

    Да одам да наберам уште некоја слива за вечер:inlove:
    Останете ми паметни и убави:hug:
     
    На EuHenIa, 24.07, Viktorijaaa5 и 26 други им се допаѓа ова.
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.413
    Допаѓања:
    78.314
    Пол:
    Женски
    Снао, не лажи луѓето, не се сливи таВа :$

    Идење напред, назад, сите сме така.
    Кој вика сѐ напред му иде, лаже.

    Стигнав второ кафе да пијам.

    За кариера не знам што да кажам.
    Уствари знам. Од пишено не се бега. А мене ми е пишено да сум мрза :wasntme:
     
    На EuHenIa, 24.07, fana и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.013
    Допаѓања:
    174.708
    Пол:
    Женски
    Џанки:D се у мое село..
    Дива слива да бидам попристојна, да не рече некој оваа наркоманка станала:D
    Тука како ги викате не знам..јас не ги викам сами ми паѓаат по глава додека седам под сенка под нив:rofl:
     
    На Skorpija25, EuHenIa, 24.07 и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.