Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Вие вриете долу, а ние тука премрзнавме. Се истури дожд, ветер шиба со 90км на час, се мислев дал хулахопките да си облечам на излегување :wasntme:
    Што беше тоа лето? 8-|

    Добар одмор поштуем, ама не ол ин. Од кафанче до кафанче, сѐ да пробам. Исто ми излегува мене, ефтино за мене нема |(.
    Ама нели па затоа од јутра до сутра се ради, плус штедиме на флизер и забар мие дијаспортсите :wasntme:
    Мене изгледа сите планети ми се ретроградни. Сѐ и сите ме нервираат, ми скокаат по ганглии :worried: ама изгледа јас сум лошката. А пмс ни на повидок ;(
     
    На kuc, CameliaMiller, TeddyGrey и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    99.700
    Лејла, има периоди од животот кога стварно човек не може да си дозволи некои работи...
    Деца по факултети, едниот (не дај Боже и двајцата без работа), градба и сл.

    Јас зборев за тоа кога се може и додека се може.
     
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.822
    Допаѓања:
    214.653
    Пол:
    Женски
    Знам Еми,и затоа ве подржавам вас помладите,се додека имате помалку обврски и понатаму додека се децата помали,колку можите удоволувајте си:*.Тоа сакав да кажам,си летаат годините,не е исто на младост кога се шета и пензионерски:*
     
    На BoaVista, kuc, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.925
    Допаѓања:
    143.022
    За семејство и дете.
     
    На kuc, WildMk, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    99.700
    Па рече дека можеш да си дозволиш, ама си скржава...

    Небитно, ваши пари, ваши математики.
    Јас кажав мислење, не само за тебе, за х примери.
     
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    178.502
    Пол:
    Машки
    Владата е крива. Не превзема никакви мерки против топлото време.
     
    На kuc, TeddyGrey, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Едно е да имам и да не давам, друго е да немаш од каде.
    Скржаво не е ако имам 1000 евра на страна збирани со години ( зашто можам малку да одделам) па да ги лупнам за алл.
    Алл-пт ќе трае 7 дена, ами после???

    Иначе, алл не чини 1000 евра за фамилија, да бидеме реални.
    1200 е за четворица,плус нели треба некок денар да понесеш?

    Незнам коллави плати земате,ама просечниот Мкд работник тешко да си приушти ваков луксуз.

    Околу мене одат.
    И тоа по неколку пати.
    Во ресорти.
    Ама работат бизнис, не се прибрани дење-ноќе дома.
    Од две плати по 30 000,00 може да оставиш на страна, ама за што попрво тие пари да бидат.
    Доволно е еден заб да ти се расипе о ојдЕ одморот.
     
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    91.442
    Пол:
    Женски
    @Emy867
    Право збориш.
    Има такви луѓе.Имам таков братучед,куп пари ,наследи огромен имот кој го продаде и на одмор не одат..
    Важно му е да се собираат пари на сметка.:|
    Ни тоа не е живот да не си приуштиш никакво задоволство,да броиш само пари,богат си онолку колку ке потрошиш.:angel:
    Јас наместо еден алл одмор кој за 4 би чинел 2000 еур. мин.бирам летување по апартмани и шетање низ Европа,со деца.
     
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.454
    Допаѓања:
    18.707
    Сите сакаат луксуз,па макар и на 7 дена. Ние сме "патлиџан" туристи.
    Кој не сака да оди келнер по него и да го служи дур е спружен на лежалка?
    Кој има ќе си даде, кој нема патлиџаните во торба.
    Има луѓе на рати цела година плаќаат, има и такви кредит што земаат,а има и од оние како нас што си тргаат на страна за на одмор.
    Еднаш бевме алл за двајцата 1000€ фати,нормално дека бевме презадоволни и воодушевени,ама тоа беше пред да се земеме.
    Годинава секако ја утнавме за одмор,ама тешко дека ќе се решевме пак за алл (зошто за нас 1000 и те како се луксуз, во просек до кај 600-700 трошиме) бидејќи сега веќе имаме свој дом,па попрво би си ставиле фасада на пример него ли 7 дена за 1000че:D
    Ај може во некое подобро време ќе имаме и ние поголем буџет па нема многу да му ја мислиме што попрво со парите.
    До тогаш,пазарење во нашиве маркети,бавчичка од кај мајка за овошје и зеленчук и правец во некое студио или апартманче.

    Баш прееска мм ми кажуваше како некои биле во Албанија и вика багатела,презадоволни. Викам од што?
    Па од јадење пиење,на плажа 10 пијачки ни 5 евра не ги фатило,секој ден по ресторани јаделе,спиеле во хотел и се тоа за 600 евра.
    Во ред, имале можност да бираат и кај ќе јадат и тргнале со една торба алишта,ама каква е плажата,околината?
    Поарно со патлиџанот на убава плажа и чиста вода,него да се задоволувам со ефтина цена во ресторан.
     
    На kuc, WildMk, Dadusicka и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    99.700
    Колку плаќаш ти за заб расипан па одморот да ти отиде одма од тоа?

    И кој рече за алл, реков за општо приуштување работи кога се може, не само одмор.
    Нешто што ќе те израдува, ќе те крене...било што.

    Денеска има секакви понуди кој знае да ги најде. И поефтини и поскапи.
    Лани со мајка бевме во хотел на вториот крак во септ со доручек и вечера, плативме по 250еу по човек со превоз за седум ноќи.
    Не ресорт, ама многу солиден хотел.
    Сакав да најдам, бев упорна и најдов.

    Така да не е право така црно и бело, илјадници евра, не знам што.

    @Cosmi , тетка ми купи два стана у Ск(БЕЗ КРЕДИТИ), ама чекаше баба ми да умре, за она да облече асална гаќа (жената си купувала гаќи, си чувала).
    Брзаше да ги зграба, оти она нема, другите нека си купат.

    После дедо ми почина, па го поднови маж и со тренерките од дедо ми.
    Те до толку.
     
    Последна измена: 10 август 2019
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.925
    Допаѓања:
    143.022
    Ласт минут:) има многу евтини алл ако начекаш.

    Ама си викам, поарно да средам дневна. Или да почувам за базен у двор следна година. Или да купам нов телевизор. Или соба на дете да средам. Или дворот да го уредам. И се нешто друго е побитно.

    За мене не е одмор ако чистам и готвам. Тоа е само друга локација за 7 дена, а маката како дома да си.
     
    На kuc, WildMk, Tajnaotrovna и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    91.442
    Пол:
    Женски
    Оди на одмор.
    Создавај спомени и себе и на твоето дете, и на твоето семејство.
    Телевизор,комода,и се друго ќе се купи.
    Игрите покрај вода со твоето дете сега на оваа возраст ќе немаат рефреш.
    Погрешна ти е филозофијата,пред многу години и јас истата ја имав,не ми се трошеа пари па смислував те фасада да ставиме,па прозори да смениме....
    Можеш,оди на одмор.
    И одморот е потреба,не е луксуз.
    Инаку не мора да готвиш,ние често бираме апартмани со скара,па ни е задоволство да вртиме скара со пиво и салата или купуваме,не верувам дека некој прави турлитава на одмор,туку брзи оброци.
     
    На Lolipop23, kuc, CameliaMiller и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.180
    Допаѓања:
    137.491
    Пол:
    Женски
    Мене ми е битно да прошетам, за храна нема да цркнам никаде, сеедно дали хотел или некоја собичка. Не готвам комплицирани работи ни дома, ниту па имаме повеќе од еден зготвен оброк дневно така да во ни еден случај не сум затворена во соба цел ден и да готвам. А и не одам сама на одмор па само јас да готвам :angel: Појадок и вечера ни се леб и еурокрем, ладно сендвиче кој со што сака, некое овошје, јајца на око или кајгана веќе во готвен оброк спаѓа. Нешто може и готово да се купи. Ама може на некој терет му е и еурокрем да намачка :?:
     
    На kuc, CameliaMiller, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.925
    Допаѓања:
    143.022
    Ама дете не јаде леб и еурокрем. Или паштета, смоки, чипсови. 7 дена се 21 оброк и 14 ужинки за едно дете, плус сокови цедени. За нас сме минале со леб и паштета, ама дете не ранам така.

    Кога бевме помлади и без дете, не ни мислев дали има јадење, ама сега не е исто. Најлесно веројатно ќе беше кога доев да одиме на плажа, ама немаше пари тогаш.
     
    На Viktorijaaa5, WildMk, Sandrin4 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.822
    Допаѓања:
    214.653
    Пол:
    Женски
    Кога и да сме биле на одмор,во апартман секако сум носела нешто зготвено и замрзнато,нешто од сувомеснато за сендвичи и сл.Супа брзо се вари,на одмор специјалитети нормално нема да готвам,салата полесни јадења.Гиро,пица понекогаш на вечер,не сме трошеле премногу.На враќање поголем трошок правевме,за деца попусти да се искористат оти школска година во најава
    Ранци,патики,во тоа Џамбо тетратки прибори,облека,е тогаш трошокот.Но поевтино ни идеше со попустите за разлика од овде на почеток на учебна год.Но пак би рекла кога би можела да си дозволам зошто да не е хотел,убаво би било.Математика секако сме правеле,колку черга толку нозе пуштени,не можам да се луксузирам 7-14 дена,а после тоа да свирам.@Cka е во право,со мало дете пред се на него се мисли,кога се поголеми и јадат слично со нас полесно е
     
    На kuc, Viktorijaaa5, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  16. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    19.491
    Пол:
    Женски
    Последен фамилијарен одмор ми беше кога големиот беше втора година средно(сега има 23 години) и тоа беше 3 дена во Охрид и 4 дена во Струмица.
    Потоа пред 6 години во Грција заедно со синовите и сега само со малиот син.
    Ех м имаше кренато кредит за одмор во Дубровник(едвај го исплативме:headbang:).
    Големиот има спомени од одморите стварно прекрасни беа а малиот воопшто не се сеќава..
    Овој одмор ни беше патлиџан одмор и преубаво поминавме:)
    Зедов плата дадов плата плус сум заборчена 250 еур за да замини малиот на турнеја..Мајка за пример сум:DНо среќни сме:)
    Имам добра плата и нека потрае..Имам и трошам и немам глобален план..
    Ол инкл..можеби со двата синови:inlove:Тоа ќе биди еднаш и доволно ќе ми биди..
    Лета поминувале а јас се убедував дека сум супер мајка што успева еден одмор во Охрид за големиот и една турнеја за малиот да ја покрие..Позајми пари,враќај скоро цела година и така многу години:( Се надевам од дното на душата дека тоа е минато и конечно ќе живееме како нормалните луѓе..
     
    На TutiFuti, Lolipop23, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    164.545
    Детето утре ќе ти се отсели можеби и нема ни да му бидат ни куќата, ни мебелот во неа што ќе го смените за некоја година битни, ни потребни.
    Ама затоа спомените секогаш ќе ви бидат и секаде ќе си ги носи.
    Имавме едни комшии што децата не ги носеа никаде, изградија куќиште демек за децата, па го опремуваа, децата пораснаа кога се стабилизираа, ама веќе не беа за одмор сите заедно.
    Ниту едно од трите не живее со нив, а што е најтажно во земјава се, во истипв град, а во куќата има место за 4 семејства.

    Тоа е...
    Одморите со моите ќе ги памтам засекогаш. Спомените макар што сум била и многу мала да се сеќавам, ама насмевката на мајка ми кога раскажува како сум си донела маче од плажа во хотел, е нешто што мене ми прави среќа, а потоа од поголема спомени.
    Идејата со ол инклузив ти е само отпор да не отидеш или или или ситуација како изговор дека е луксуз. Па или одам ол или не одам ич. Море одам секако и се предавам целосно, морето е здравје, спокој, мир, не можам да објаснам што се ми прави да ми е убаво. Не ти дава мир кутијата у која ќе се сместиш колку песокот, морето, мирисот, звуците, генерално промената.
    Собери се, спакувај се и оди.
    Дури и да готвиш. Не е само ништо да не се прави, да готвиш дома и таму ама ич не е исто.
    Башка што да не ти навлагам, витамин д ти треба и те како, а и на дете. Маслените капки се ништо!
    Да одиш! Не се скржави.
    И друго би ти рекла, ама доста е. Да одиш.
    И да ти кажам нешто, ти не си сељанка, само сељанките викаат така - или одам да одморам у ол инкл или ич, тоа за неизживеан народ, а ти не ми делуваш за таква.
    Да одиш и 10 пати на ден да правиш манџи на балкон у Неа Пори ама да одиш!!!!


    Ама те напнав... АМА ДА ОДИШ!!!
     
    Последна измена: 10 август 2019
    На Lolipop23, SexiLy, duffi и 30 други им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум била алл...што знам ,за мене е тоа скапо.Второ и никогаш не можам унапред да го испланирам одморот зашто не зависи од мене , туку и од другите.Трето секогаш кога одам на одмор имам грижа на совест за мајка ми а до пред некоја година и за свекрва ми.Да ги обезбедиш од леб до јадење,да најдеш некој кој ќе ги ѕирка,лекови...страшно многу обврски.Па мали деца ...неретко одморот ми беше измачување.Сега децава не сакаат со нас си беа и двајцата на одмор ама па сега трошокот за одмор ми е поголем.Син ми сам си плаќа ама ќерка ми потроши сама како сите четворица заедно да одиме.Па си реков дај нешто да сменам ,зашто мебелот од минатиот век почна да ме гуши.
    .загазив и сега не останува за одмор.(facepalm) Два пати сум била со платени оброци во животов и тоа ми беа најрелаксираните.Само за кафе мислев и тогаш не се замарав што ќе јадат децава тие 10 дена како @Cka на пример.Јадеа што јадевме и ние.Можеби и плитко сум размислувала тогаш.:x
    Не сум за тоа дека треба парите да се ложат а ништо да не си видиш во животот.Познавам и такви и патлиџан турист во кој и јас се вбројувам а и оние кои се по разни дестинации постојано.И пак парата е пресудна.
    Ама да се радувам на купот пари а да не помирисам море е тоа не бива.Не знам каков ќе биде животов ама ако дочекам да бидам пензионерка нема да седнам во место.Тргам некој денар на страна за не дај боже а другото на шетање.
    Јер животот се може да ми украде ама патувањата се само мои.
    #какокојзнаекадедасумбила
     
    На duffi, kuc, Viktorijaaa5 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.626
    Допаѓања:
    185.251
    Пол:
    Женски
    Ја од тие причини скроз отсакав куќа. Кога ќе ми текне колку куќата си бараше, и колку одмори се пропуштија ради тоа ептен ми е криво. Кој си има и може за двете супер, ние како семејство секогаш биравме, или кровот или одмор, или дворот или одмор.. се нешто секогаш мораше да се среди.
    Сега сакам станче, и со маж да шетаме.

    Ете на пример јас сум таква што не ми значи ништо прослава за роденден, да треба да соберам луѓе во ресторан со шеќерни маси и чуда, ја би секој нејзин роденден да можам да сме на различна што подалечна локација и да пратам слика на вајбер на мајка и свеки од мафин со свеќичка од плажа. Ќе си порасне, ќе си слави како сака и сигурно нема да сака да не дружи нас.

    Годиништа не бев била на одмор. Сеа што се погоди да живеам тука па гледам плажа на лето. Ама не е исто да можеш да си дозволиш негде да отидеш и прошеташ. Не се бунам, во моментов и ние штедиме.
    Едно време ми беше чудно кога некој ќе земаше кредит за да отиде на одмор, па ќе го отплаќа цела година. Сега и те како сум ок со тоа. Ако тоа е начин да избега од нашето убиствено секојдневие, башка колку толку да одмори, прошета и да создаде спомени, ич немам против. Или домат-одмор. Ако тоа е единствен начин да се истурка одмор, што да не. Нека шета човек, немаме секогаш таква опција.
    Ја овие 2 години бирав. Или до кај мајка на некој ден или до островов до нас. Толку се можело. Жими Атина што отидов годинава, ама морав оти година пред тоа имав датум за во министерство. А ја обожавам Атина, а не можев ни да шетам, бев уште во фаза кога повраќав цело време.

    Иначе и ја редовно егоисти коментирам. За себе, а според тоа вклучително и за детето свое. Имав случај од блиски. На одмор не и купиле лубеница на ќерката оти била многу скапа. (facepalm) Дете од 4 години ти бара лубеница, а башка што се ситуирани, еве не знам, ја мислам родител ќе прескокне оброк за него, ќе оддели од уста ама дете нема да трпи... уште не знам и не ми е јасно како не и купиле лубеница само оти била поскапа од кај нас. (facepalm)
     
    Последна измена: 10 август 2019
    На Lolipop23, duffi, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Ете имам пари.
    Ама не ми се трошат кога решавам битно прашање.
    А не дека не би отишла

    Инаку пре би камп приколка да си купам и да ја средам унутра неголи да ги дам на олл. Ќе нема планина и езеро кое нема да го посетиме така.
    Ама ко што вели чка.. Скржава сум.
    Скржава сум од што не знам кое попрво да го решам.
     
    На duffi, kuc, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.