Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Од општина и јас не добив,за другиве стварно незнам.
    Неможев со малава да одам да баарам,проверувам.
    Ама овие 20.000 богами ќе ги барам.
    @referentka незнаев дека може без јајце да се похова,фала ти.
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, fana и 12 други им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    85.272
    Пол:
    Женски
    :hai:
    За многу години празникот здрави,живи ,среќни и сакани да си бидеме...
    Бев до црква кафенце со бате и снашка испиено ,на ручек кај свекрвчево и после ќе одмарам од работата вчера:D
    @bittersweet Среќен роденден на синчето уште долги години да славите :^:
    @WORRIED.BT Среќна годишнина :d:
    Убав ден!!!
    @mal.ecka и јас зедов за детево ова ти кажувам пред 13 год ,побарај си што ти следува ..ова ти кажувам дека од ист град..
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    184.397
    Пол:
    Женски
    Добар ден другари :hai:

    Ја си праам филмови. Еве бебе нејќе да спие, рассрдено е, и се уфилмав дали е се во ред со мозочето. :( Не знам дали е поврзано, ама ете тоа ми е во памет, а знам дека ќе си се менува често... ама срце лешник.. :| На рака ми спие, како сеќава дека ја преместувам еве не знам.
    Ко вчера, го прашувам докторот, велам скокам нагло од кревет по бебе, дал има шанси да ми се отвори резот :tmi: тој па ми се насмеа и ми вели сум можела и банџи ако сакам да скокам, се било супер, немало шанси да се отвори. :whew: :wasntme:

    @bittersweet Најсреќен да е роденденот на момакот, среќна ѕвезда цел живот да го прати. :hug:
    Иначе да, окце рулз хиар. :D

    Среќен празник на сите, среќна слава на славениците и среќна годишнина на @WORRIED.BT . Да ви се множат годините во љубов и среќа. :)

    Овде парички за деца нема. Мицотакис вети во кампањата ама уште нема ништо. Јас чекам да ми се рефундираат парите од пораѓајот, фала боже што маж има едно од најдобрите осигурувања овде, оти ќе требаше да раѓам во државна болница, со многу дискутабилна хигиена, бубачки, лоши услови, пијани доктори и да не редам. :tmi: Во целата ситуација, добра работа е што наводно поради царски, ќе ни исплателе плус 600 евра. Пак за неа ќе одат, овде вакцините се плаќаат по 100-200 евра, ама во секој случај, неочекувано добро ќе ни дојдат сега на толку трошоци.

    Нарачавме пред некој ден машинче/апаратче за вода. Имаше добра понуда од 79 евра на 39, за 19 литри вода и топла и ладна. Највеќе ради топлата го нарачавме, мислевме ќе е практично посебно на зима. И сега, најверојатно останале малку, и ги сакаат за нив, се јавија да не разубедуваат да земеме друго. Не знаете какви банални изговори понудија. (facepalm) Кога видоа не оди, ок тогаш тоа ќе ни го прателе. Искрено, баш и не сум веќе сигурна што ќе пратат и дали ќе пратат нешто. Ту бре мизерно. :doh:
     
    На 24.07, Love 83, Tajnaotrovna и 27 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.383
    @Yowannty уште многу ќе менува. Ќе има денови кога ќе биде право мало ангелче, па ќе се прашуваш зошто толку спие. А и сосем спротивно, кога ќе те забавува и дење и ноќе, па ќе се прашуваш оти не спие.:D
    Тоа се вечните дилеми на сите новопечени родители. :D
    Се додек кака и мочка, поспива макар врз тебе:D, се е супер.

    Те читам за раната и иста бев. Дури не сакав да ја видам од страв , мислев кој знае колку е страшно и како изгледа. Пред да си одам докторот ми ја ѕирна и ми рече супер е . Нема ништо. Јас си велам што му е на човекот, па тоа тек 3 денови минаа, кој зне како изгледа. Докторка дома ми вели дај да ка видам раната, јас и викам аа не , страшна е сигурно.(facepalm) И ми вика добро де сакам да видам. И ми ја тргнува газата и вели е нема ништо, зараснато супер. Викам како нема?? Ми вика е види де. И стварно ништо, една бледо розе линија.:o Јас мислев црева течат.:rofl:

    @WORRIED.BT вечни и заљубени до 101 и назад!:l:
     
    На eli25, 24.07, Love 83 и 27 други им се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @bittersweet среќен роденден на баткото :party: :hug:
    @WORRIED.BT уште многу годишнини да славите заедно , секоја наредна поубава да ви биде :f: :d:

    Кај нас иста е сумата на сите што ја исплаќаат за дете, како се зголемува бројот на децата, така се зголемува и износот по дете.

    Ми се претвори детето во 1000 зошто 1000 затоа, најголем дел од прашањата не можам да му ги одговорам 8-| Упорен е неверојатно, не се откажува додека не добие задоволителен одговор :D Снемувам идеи и креативност за одговори :D
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, Sandrin4 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    137.339
    Пол:
    Женски
    Следува. 5000 за прво, 20 000 за второ и 60 000 за 3то дете.

    Зар и нашата општина дава пари за дете? Не сум знаела. ...
     
    На Tajnaotrovna, mareane, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Да да, дава :)
     
    На Yowannty, dunika, EuHenIa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Легачам и ве читам.

    Ја туширав Рефче и ја облеков целата во чисто.После 30 мин гледам се облекла во други алишта.
    Ај, реков, знае така да се пресоблака, нека ја,нека и мине меракот.
    Отварам во корпата за пеглање каде се гужваните алишта,што да видам, малава изгледа се подмочала и затоа се пресоблекла.
    На Рефосаниов му велам- оваа од мала научила како да не мафта:D
    Итри се денешниве деца:D
    Јас ко мала смотана бев.
    Еднаш и јас вака ко малава сеа, ама.ги фрлив гаќите од балкон па и ги даде комшивката на мајка ми во рака,па оваа ми удри ќутек, еден за срамот што го претрпела,еден за чинот на подмочување.
    ...и останав жива:D
    Денес на децИте не смееш ништо да им речеш на страна, не било вАспитна мерка.
    Затоа ни кењаат на глава.
    Туку,секој своето нека си го воспитува како умее најдобро,животот ќе покаже дали неговото "школо" е ОК или не.
    Има дана за мегдана.

    Според кодекс на работа,несмеам голи нозе без хулахопка.
    Морам пак да мењам газда.
    Е ај пробај сеа со хула, ама да не полудиш:drunk:
     
    На 24.07, Love 83, Tajnaotrovna и 30 други им се допаѓа ова.
  9. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    22.114
    Добар ден и за многу години денот :f:

    Каков е тој стомачен вирус со кој сте во минус кг ? Може и во ЛП да ми кажете :D (џаст кидинг)

    На нас ни исплатија од државата за прво дете 5000 ден. а од општината нема никакви парични средства мислам.

    И јас не можев да ги почастам другарчињата од школо со чоколатца затоа што роденден ми беше за време на зимскиот распуст.Маки.(facepalm)

    Пак неспиена , малото не спие убаво , се буди , плаче... почна да поткашлува од вчера , а пред два дена бевме на преглед немаше ништо ни на гради ни на грло.И пак малку тт синоќе.Аман веќе , нека поминува се :(

    @bittersweet Среќен Роденден на Конта , голем да расте и многу радости да ви носе.
    @WORRIED.BT честитки , да ви се множат годишнини.
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, Sandrin4 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.083
    Допаѓања:
    154.656
    Пол:
    Женски
    А од кога е ова 20.000 за второ? Јас за првото земав 5000 од о.аеродром и 5000 од г. Скопје ѕака беше тогаш, за второто само 5000 од аеродром колку шѕо се сеќавам. Ова мора да е нешто ново.
    @WORRIED.BT честито годишнина златна да дочекате :)
     
    На mareane, kuc, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.482
    Допаѓања:
    91.185
    Пол:
    Женски
    Колку што знам јас ,20 000 ден е за второ по ново,ама со поднесено барање во центарот за социјални работи се добива надоместок. (Лична карта,мајчина книшка,извод).
    Ако нема пополнето барање не исплаќаат.
     
    На mal.ecka, kuc, Yowannty и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.443
    Допаѓања:
    143.607
    Ова многу ме нервира. Мажите со сакоа, жените со хулахопки. Сандали никако. Сигурно го препишале кодексот од Гренланд, нема друго објаснување. Разбирам дека треба да има некој ред, ама треба и памет да се прилагодат овие работи на нашите временски услови.

    Во мое време (звучи како турско), само за првото дете следуваа околу 3000 денари. Нормално, ги носеше поштарот, директ на врата :)
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.791
    Допаѓања:
    214.332
    Пол:
    Женски
    Добро е ако има ваква мерка за прво,второ па и трето дете.На времето(сега јас како бабите) за прво дете даваа една торбица и по нешто тетра пелени,бенкици памучни ,шпилхозни,капче,во превод колку без ич да не е,.Толку само за првото,за наредни јок,барем кај нас така беше,сега појма немам, нека кажат помладиве....
     
    На 24.07, lunicka, Tajnaotrovna и 17 други им се допаѓа ова.
  14. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите :)
    @bittersweet среќен роденден на дечкото, @WORRIED.BT честита годишнина, најмалку до златна свадба да терате :)
    За многу години денот. Баш ми е некако убаво празнично чувството на душата. И како да е недела.
    @referentka кога ќе ги стави сликите од храна знам дека е празник или недела :)
    Добра работа е ова исплаќањето од општина или држава, ако исплатат секако. А за близнаци како исплаќаат - по 5000 како за две први или 25000 за прво и второ? :) Морав да прашам смешно ми падна.
    Немам ништо ни за фалење ни за жалење... Ама тука сум ве читам и ве дружам.
     
    На bittersweet, mareane, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.647
    Допаѓања:
    152.832
    Пол:
    Женски
    Фала ви женички за чесститките...со убаво да ви се враќа...

    И во мое време 3000 за прво даваа...за второто ништо...а нити прашав дали ми следува нешто...

    Ако не да,си родам уште едно?!

    60.000?!
    Не ми се верува...ќе најдат некоја дупка за да не ги исплаќаат,сигурно...
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На Tajnaotrovna, mareane, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    @referentka хулахопките и штиклите ми се најомразен дел. Ако има негде летни панталони шалвар стил, ем нозете покриени ем не осеќаш дека се покриени. Имав еден пар сиви, од една мак.текстилна не памтам името, за 350денари душа им извадив пет години.
     
    На Tajnaotrovna, mareane, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    @Sesil и ти од нашта општина со @happygirl м?
     
    На happygirl, Milobebence, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Откажав посета на рисортот, решив да безделничам цел ден:tmi:
    Ми се поднаљутија пар персони, ќе им пројде]:):D
    Дете "плива" во када и пее "Македонија се раѓа", еве веќе 10 мин на рипит:drunk:не знам од каде ја слушнал, далеку сме од патриотите:tmi:
    Не пофаќам ништо ради празников.
    Среќен да е, здравје и ксмет сите да имаме.
    А и се ме мрзи, буквално ги трошам последните сили...

    Пари земавме и општински и државни и тоа преку ред, без нешто негде да бараме:Dама па лично се јавија да идеме да се сликаме на врачување, ги измарширав за сите пари:D
    Пупче ги испи до денар, за аптамил:tmi::rofl:
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    137.339
    Пол:
    Женски
    Ново е од коа се укина законот за 3то дете. Фактички сега даваат за прво и второ, до октомври тие што ќе родат 3то ќе бидат опфатени со стариот закон т.е 10 години некој надоместок од 8000+ денари, тие после октомври еднократно 60000 ќе земат за 3то.
     
    На Tajnaotrovna, mareane, Sofi.ja и 12 други им се допаѓа ова.
  20. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Прашање за 1000000 долари. Ако родам сега уште едно дете, ко второ или ко трето ќе ми го рачунаат?
    Која среќа сум јас, ако биде тоа, ќе сменат закон ич нема да исплаќаат пари :rofl:
    Ќе седам мадро, немам ја нерви за 3то дете па и 600.000 илјади да даваат.
    Сфаќе @bittersweet среќен нека му е роденденот на баткото, туку не сме се договориле ние, која мома да ја праќам за снаа, малата или големата ;) :)
    @WORRIED.BT вечни да сте :) што убав ден за свадба сте имале.
    Инаку и јас почнав да се пакувам за одмор. Пешкирите за плажа и купаќите се спремни :sun::sun:
    Убав ден на сите
     
    На 24.07, Tajnaotrovna, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.