Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    пара на рака Мара за рака така викаа старине.
    да знаев тебе ќе те најмев,мојот мајстор па саде машки праи а требаше едно машко едно женско.
    ми се прочита ТУКА СУМ ПЕРАМ. Глеам сатот кога е пишано - 23:00 викам де што и е на женава ноќно време.... (facepalm) :rofl:
    блазесити. Јас најмногу што сакам е да имам голем кревет и сама да спијам на него
     
    На Sesil, Kate Rina 93, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.344
    @bittersweet сум присуствувала на 'инцидент' со порнич, и јас..
    Имам пишувано некаде по форумов мислам...
    На времето, кога се појавија локални, приватни телевизиски канали..
    Нова година, јас и брат ми, моите, и баба и дедо :D
    Дедо, Бог да го прости.. менуваше канали и врти-врти.. туп! порка!! одма после 12 саатот... 'разиграни' глумциве, шо да ти расправам :rofl:
    Сите се напрајвме дека не заприметивме, дедо само продолжи да менува :rofl:

    Иначе.. порано гледавме со маж ми...
    Сега, исклучиво сама :lol:

    п.с. ја знам сцената со Миранда :lol:
     
    На Espadrila, referentka, EuHenIa и 18 други им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.916
    Допаѓања:
    102.781
    Пол:
    Женски
    Чекај,животот е пред тебе...
     
    На Espadrila, Skorpija25, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    176.377
    Д.утро :hai:...
    Спремни ли сте ?
    Денов рано започна ,ама нема врска ... наспиена, кафе пиено ,шминка комплет-јер денес е ден Д |(.. нзм дали она ќе чувствува поглупаво или ја , ама знам да ќе се обиде да започне разговор со мене... а ја мртва сериозна ко увек кога е она у близина ]:) (facepalm)...

    Инаку ,среќна сум , и покрај сФе ...имам причина да станам насабајле со насмевка на лице ... ко ќе размислам боље,цел живот ми е таков (ко што вика другарка-среќа у д.пе имаш мори:rofl: |( (facepalm) ) ,освен 2те год.кои би избришала ...да можам-ко што неможам:|...

    Ај да не замарам |(...

    Нека биде убав денов ,ај :*
     
    На Espadrila, Peco, kuc и 27 други им се допаѓа ова.
  5. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    IMG_20190926_065504~2.jpg Добро утро убавици и по некој лепотан ;).
    Само да ве поздравам :)
    Се пие кафе на тераса, времево тмурно, но се надевам на прекрасен ден :inlove:.
    Терасава моја во септември, се уште во црвено обоена, но цвекињава сироти, некако со последни сили ми се борат :|.
     
    Последна измена: 26 септември 2019
    На Peco, kuc, WildMk и 25 други им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    добро утро на сите...
    нема ни 8 а веќе сум на второто кафе... |(
    Компјутерот ме чека, имам работа, а ме мрзи да го палам мозокот, убаво ми е вака... :angel:
     
    На Biljarkata, Peco, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.338
    Допаѓања:
    157.406
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Сум заспала непланирано вчера :) , среќа се избањав пред да ги легнам децата. Да не се можело до 11 да де издржи :envy:
    Јас сакав 2 деца, некако многу ми е исфорсиран муабетот "ајде сега трето", ок за тие што навистина сакаат ама во последно време нема некој да не го искоментиранова, она кампањана на бившата влада ептен изгледа имала влијание :D. Повеќе сакав машки и за второто цело време мислев машко ќе биде, значи не сум интуитивна :), ама куклава моја не би ја менувала за 10 машки :inlove:
    Сакам денес и утре малку помирни денови на работа преку такво ми е од гужви и хаос, ама да не се надевам многу :)
     
    На Espadrila, Peco, marchi-cool и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    264.547
    Пол:
    Женски
    Сите од сабајле кафиња јас храна да принесам. Киноа со доматен сос и кашкавалче. Позајмив ќумбе ми дадоа тегла сос :inlove:

    20190926_080021.jpg
    Ќе го спакувам маж денес, се уби од акање:smirk: Му најавив дејт у сабота не смееше да каже не ]:)
     
    На Peco, marchi-cool, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.699
    Пол:
    Женски
    Добро утро :coffee:

    @Sexybaby86 честитки за уште една лепотица ,само со лесно :hug:.
    Имам супер однос со сестра ми и многу се радувам кога ќе слушнам вака .Цел живот ќе си има пред се,вистинска пријателка покрај себе .Баш пред некој ден ми го пушти ова искрено ми го наполни срцето (како постара сестра )
    IMG-5ad176090b8d8a3c02c0b163b4a4e97b-V.jpg

    Се сложувам од збор до збор со Лилит ,како што поминува времето се повеќе чуствувам грижа на совест што ете ќе го оставам синко сам .
    Татко ми е пораснат сам меѓутоа никогаш не бил сам зашто до последно беше опкружен со вистински пријатели кои му беа буквално како браќа .Меѓутоа во денешно време тоа е реткост .

    @WildMk прво :hug:, и навистина кажа една работа на место :џабе да се одлучиш за второ или трето ,кога не е посакувано од едната страна или пак одлуката ти зависи од друг .
     

    Прикачени фајлови:

    На Peco, kuc, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.986
    Допаѓања:
    265.991
    Јас сум од многудетно семејство и тврдам дека нема поубаво од тоа.
    Они ми се моја подршка секогаш. Ние сме и многу блиски и имаме одлична врска.

    Туку почна да ме боли и друг заб|(.
    Аман веќе. Сега треба заб да правам.
    Ми тргна со забите:|.
     
    На marchi-cool, kuc, WildMk и 22 други им се допаѓа ова.
  11. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Снашке значи ти си била од наша страна на свадбата, а ја сите ги знам :D да најдам време да а премотам лентата :rofl:
    бтв стварно бе убави пирошки имаше :muscle:


    Ола лејдис енд френдс
    Мојто предузеќе чека уште ситници, 99% сме готови, стартуваме наскоро. Ми треба викенд да одморам да соберам нови сили за втор нов почеток во животта. Првиот нов почеток ми е супер, сега маваме рестарт 8)

    Убав ден :hug:
     
    На WildMk, EuHenIa, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    12.387
    Пол:
    Женски
    Девојки добро утро :D еве да почастам роденден ми е Screenshot_20190926_084753.jpg Screenshot_20190926_002018.jpg Screenshot_20190926_002032.jpg
     
    На Peco, M&M, marchi-cool и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    26.555
    Пол:
    Женски
    Добар ден убави луѓе :inlove:
    Беба се научи да станува во 7:30 :@ умрев за спиење а синоќа 100 пати ме разбуди за ц***а транс :^) сега сум ваква |-)
    Тегнам млеко со какао и бисквити, чекам Нескафе Голд од странција (fingers) дури стигнит ќе се лажам со млекце :D
    Гледам сте зборувале за сиблингс.... Во моментов сум во фаза дека бебка ми е доволна, дека ако имам друго нема да може да ѝ се посветам нејзе.... Од друга страна имам брат :inlove: со срце ко планина :inlove: многу сме поврзани и многу се сакаме (за сега, не знам, каква снајка ќе имам |() ако не беше брат ми не знам како ќе се справев со смртта на татко ми.... Од друга страна пак сведок сум на многу разнишани сиблингс односи, братучеди на татко ми, ни дојдоа на гости, и едниот влегува другиот излегува низ друга врата, брат и сестра |( .... Исто мајка ми била 3 пат бремена но за жал морала да ја прекине бременоста..... Секогаш ми е мака за тоа дека не сме 3ца, поделена среќа е поголема среќа, поделена тага е помала тага.... Кај свеки се многу деца исто и кај свекор ми, јас многу сакам голема фамилија, шо убаво беше на свадбата, за разлика пак од вујко ми кој е единствен брат на мама, и тој закасни |( (facepalm) така даа.... Се зависи од емпатијата....

    П. С. И 3то дете на мајка ми би било машко, јер со мене тешко да се справи сестра, и искрено не сакав сестра :lol:

    Убав ден убави луѓе :hai:
     
    На M&M, Peco, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сте ми ја начнале најболната тема...
    Единка сум.
    @Lilit кажала се што и јас би кажала.

    Е сега... имам едно дете веќе... и тука имам дилема...
    Да е до мене и до мои себични побуди, не знам дали би раѓала второ.
    На второ би идела, само за првово да не е само. Не знам дали е тоа правилна побуда за второ дете.
    И со мм не сме на две чисти дали сакаме второ. Секако не одма, би почекала уште некоја година.

    Брат/сестра е најдобриот подарок што родителите може да ти го дадат за цел живот.
    Болеле некои работи, па и не само за болните работи и некои радости што не се споделуваат со родители немало со кого да ги поминеш.

    Да почнам од тинејџерството - кога почнав да разбирам.
    Не можев за симпатијата и првиот бакнеж да зборувам дома отворено, колку што би зборела со брат/сестра.
    Има другарки да, ама сигурно е поразлично најдобриот другар да ти е дома и секогаш на твоја страна.
    Па и другарките кога ќе те разочараат, секогаш во таков момент имаш другар дома. НАЈДОБАР.

    Највеќе ми фалел брат/сестра кога се разболе мајка ми.
    Веќе иако бев оформена и возрасна особа, сама проаѓав низ такво нешто првпат. САМА.
    Којзнае колку би значело да имав некој што го поминува истото. Со мене.
    Сигурно не би било полесно, ама барем не си САМ во иста каша.

    Смртта на родител.
    Ја пројдов сама.
    Да. САМА.
    Татко ми изгуби брачен другар, ама јас изгубив родител.
    Иако е тука со мене за се, не бевме исто.
    Јас еден ден ќе го изгубам и него.
    Е тогаш дополнително ќе научам што е тоа САМ.

    Тоа што го осеќам сега со татко ми, обврската да го посетувам почесто, ќе ми беше поделена.
    Верувајте, многу е напорно, ако не секој, секој втор ден да идам кај него. Замислете да имав некој да ме замени.

    Ова ми е многу болна и тешка тема и не може а да не ми застане кнедла во грлото.
    Треперам секогаш кога мислам на ова.

    Ете, се омажив, нема да сум сама, ама другчие е. Мажот не ми е загарантиран, не ми е род.
    А сестра ти е сестра. И да се скараш, знаеш ќе се смириш.

    Убав ден.

    Сакајте си ги браќата и сестрите.
     
    На M&M, Espadrila, Peco и 31 други им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.370
    Допаѓања:
    222.167
    Пол:
    Женски
    На kuc, WildMk, eta и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.218
    Допаѓања:
    145.494
    Вчера ќерка ми рече, само ние немаме бебе дома :(
    Сакала братче.
    Не сакам да раѓам, стварно немам силии време за второ, а не сакам ни да родам за да има некој со кој ќе си игра и ќе се забабува кога ќе порасне. Не е фер према второто.
    Ние бевме тројца и ми фали галамата и гужвата дома. А страв ми е и за ќерка ми дека кога ќе порасне е биде сама :( Ние ќе умреме, а она....
     
    На Majuska83, Peco, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.282
    Допаѓања:
    168.266
    Не е лесна и обична одлука.
    Нека не ти влијаат одговорите тука, НО еве имало исклучоци кои тврдат дека не им фалело и баш ги брига, среќни се што родителите не направиле грешка.
    Но мислам дека повеќето луѓе исто се чувствуваат во ситуацијата.
    И најгрозниот изговор е кога ќе слушнам - ееее па ти, денес бар има домови, ќе си платиш ќе бидат подмирени или ќе си платиш човек или а оние што им живеат децата далеку... реалноста е соооосема поинаква. Но и непредвидлива. Што ако има милијарда. Имам другарка со мајка со алцхајмер, нема татко, нема браќа или сестри...ова е пример еден во 1000 можеби ама постои.
    Уникатно чувство е.
    Сега трбухом за крухом, ама се случуваат ситуации кога... нели викаме здравјето и животот се најважни...

    Тоа е..
     
    На M&M, marchi-cool, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.032
    Допаѓања:
    190.547
    Пол:
    Женски
    Добро утро другари :)

    Ја сакав син. И секогаш велев јас синови ќе имам :D и иако 2ца доктори ми рекоа дека носам машко на почеток, јас си чувствував дека е женско. Едноставно знаев.
    Ама тоа не беше пречка да го реметам маж, дека ќе си биде мамас литл бој, леле леле леле... :wasntme: затоа тој ме реметеше мене после откако ни потврдија за женско. И уште ме ремети. :D
    Дете бре. Секое за својата мајка најсакано. Бог или во што и да верувате или не верувате да ве благослови, да си дочекате сите што чекате, со по неколку. Со целото срце ви посакувам. :l:

    Кога се селевме, долу во подрум налетав на книга Македонски Еротски Приказни, многу постара од мене. :lol: Колку сум се смеела, колку просто опишано.. валда типично за тоа време. Темата каде имав сликнато и постирано делови од неа веројатно е во канта чим не ми ја наоѓа. :)

    Моите и кај мајка и татко покоен, се по 4 деца. Како уште сите си се држат заедно алал да им е. На тато мајка, биле 9. Братучетка моја супер функционираше сама, ама сега има ќерка и синче и секогаш одново е изненадена како малите покажуваат грижа едно за друго што таа тоа го немала.
    Мислам дека се е до карактерот до човекот.
    Ја што дека имам брат. Прво, го боли ташак за било кој освен за гзот негов, друго, колку јас и мајка ми сме малтретирани од него, што све јас и неа сме преживеале и што се таа уште преживува ради него, бог нека ми прости ама честопати посакувам да бев сама.
     
    На M&M, Biljarkata, Peco и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.104
    Добро утро. Од 7ипол будни и денсаме во дневна.
    На темава - без сестра ми не можам да си го замислам животот. Ние сме две различни страни на светот, но една без друга не можеме. Како помали, мислев дека не ме сака, дека ќе бидеме туѓинки и нема да се зближиме поради преголемите разлики во карактери (3 години е постара), но излезе дека таа е моето рацио, јас нејзиниот емотивен мотиватор. Како стареат нашиве, толку повеќе се зближуваме, потпорни ѕидови сме една на друга.
    Незаменливо е чувството кога под јорган у Маврово си раскажуваме тајни, додека мажите горе палат скара. Врска за цел живот, кармичка. Со ќерка ми, тоа е посебна приказна. Односот кој го градат како внука - тетка, е нешто невидено, вљубеност и среќа.
    Ми се приплака. Ја обожавам мојата даде.

    А вчера на подиум соблеков штикли. Ексик и мода и све. Тргна свадбата со џин тоници, заврши со аперол шприц, некако ептен ми стана фина таа пијачка. Маж ми ме фати за струк и ми шепна дека може второ дете за година две. Се пресмеав, оти на пијано ја направивме првава ќерка, гарант на пијано ќе биде и втората:D.
    Сакаме второ дете. Иако знам дека ќе полудам легално, во смисла - тешко е, напорно и слично, сепак сакам. Не само од побуди дека треба ќерка ми да добие брат или сестра, туку, сакам да родам. На две и би запрела.
     
    На M&M, Peco, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
  20. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.755
    Допаѓања:
    284.882
    Пол:
    Женски
    Тешка е темава....
    Убавоне данда може секој минимум по 2 или 3 деца да има,да пораснат сите заедно да се сакаат и почитуваат,да ја делат и радоста и маката.
    Ама не иде све по книга...
    Изнапишав цел реферат ама избришав.
    Нека стои болката внатре во срцето закопана...
     
    На M&M, Biljarkata, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.