Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    @senjorita-v среќен роденден:party:@mal.ecka леле што убаво и ти уште едно дунде :l::l::l:

    Маж занимава детскиот престој:rofl:пробуваме да се изорганизираме за утре да им направиме на Матео и на Лети родендени, малку рано ама да искористиме дека скоро сите деца се тука, ни фалат само од едниот девер децата ама тие се на одмор низ Европа.
    Утре стигнува и бате и снашка со тортите и свекор и свекрва и еден од деверите, се плашам пак да не ме пријави гркинкава овој пат за хотел без дозвола.:wasntme::rofl:

    Ние сме многу блиски со брат ми, може дека сами тука растени без роднини само ние си бевме и од мали сме си блиски. Верувам дека и родителите имаат удел во тоа што не не делеа, као ти ќе имаш привилигиран статус зошто имаш мандало а ти потчинет зошто си женско, ни во делба сум делена зошто женско, мада ништо не ни значат парите и двајцата сите пари би ги дале за да ни се тука родителите ама животот не сакал така.
    Затоа мислам дека во Мк се чести тие расправии меѓу браќа- сестри а кога се само сестри еднакви се делбите и нема причина за расправии, мада родителите не се чуваат за материјални нешта ама ако едниот ги добива а на другиот се сите обврски нормално дека ќе има негодување и фрустрации.

    Ај една смешка за деца, брат ми сакаше само едно дете, се роди внук ми и пресреќен беше ама дека многу работи не сакаше повеќе за да не се чувствуваат запоставени, снаа ми сакаше три деца, ај го убедила за уште едно и оп близнаци и брат ми на тоа, епа жена, ќе си најде начин да мора по нејзино да биде.:rofl:

    Кај мм се голема фамилија, тројца браќа има, едниот брат има две деца, другите по три и кога ќе се собереме сите, цел чопор народ сме и тој си е близок со браќата и родителите, тоа е они што нај више и ме привлече кај него, семејните вредности, не би можела да бидам со некој што не си го сака семејството, тука сме на иста бранова должина.:)

    Со мм бевме помирени со фактот дека нема да имаме деца, Матео ни е миракл бејби мислевме дека еднаш ни се посреќило и толку ќе биде, бевме убедени дека ќе биде единец ама си викавме ете има полно први братучеди па нема да е сам.
    Ни се посреќи уште два пати:lol:и уште десет да беа сите ќе ги родев и гледав, не ми се проблематични децата, малку бучни ама за јадење, спиење не правеле проблем, по некоја беља тука таму е нормално, деца се, сега за сега многу се сакаат се надевам дека и понатака така ќе остане, не дека нема туркање, кубење итн ама не е постојано, инцидентно е.
    Со братучедите исто се блиски и се сакаат, уште од сега го жалам првиот дечко на Лети, прво кога ќе го види мм, па двајца браќа, па 10 први братучеди, па, па, па што викаше дедо ми покоен со црн повој го мотале.:rofl:

    Додека пишував ми дојде гркинкава на врата да се жали дека многу сме биле бучни, како од џунгла да сме дошле а не од Мелбурн,(facepalm)и реков да викне полиција и ја затворив вратата со некоја пцовка на грчки, едвај чекам утре бате да дојде со знамето.:devil:

    @JuLleE I feel you за забот:worried:мене прошлата недела толку ме болеше што отидов во хитната, се отрув од апчиња, ми се чинеше дупка ќе ми се направи во желудникот. Ме примија брзо, ме снимаа, немало процес никаков а боли упм, ми доаѓа сестра и ми носи апчиња за болка, ја прашувам што се ми вика oxycodone:o и викам сериозно oxy ми давате за забоболка ( поздрав @Annath ) немате нешто послабо, вика немаме, ок тогаш ќе си ја трпам болката, бог да чува и да брани, после се чудат од каде толку зависници.(facepalm)
     
    Последна измена: 27 септември 2019
    На Skorpija25, Peco, kuc и 28 други им се допаѓа ова.
  2. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки.
    Пијам утринско кафе се освестувам.
    Некогаш човек треба да размислува гласно и да побара помош и мислења од други луѓе.
    Вчера ако не размислував така ќе легнев на операциско столче бес да прашам за докторката.
    Сега се работи за мојот нос кој има голема девијација и ми прави проблем во дишењето.
    Ајде сега за нешто убаво, Денес е убав ден и на сите кој го слават Крстовден да им посакам среќна слава и именден.

    Имајте убав ден поздрав.
     
    На Yowannty, Skorpija25, Peco и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Ние стандард од 7:30 на нога |-)
    За многу години да е празников и честито и вечно име на славениците :d:
    Денов убав ќе е сончев, се надевам.... Вчера бев на проба, шијам фустан, убав е ама не како што го замислив... |( ај ќе помине..... Некогаш сум булшит карактер... Се изразив лошо кон свеки :( а срцка е жената..... Не знам зошто така ми дојде..... Ми тежи во грлово кнедла :worried: офф.... Можеби хормониве можеби хороскопот 8-|
    Беба џавка, пијам какао млеко и бисквити ( како Ребека и јас :D секој ден иста рутина)
    Не знам шо да ви кажам друго....
    Убав ден убави луѓе :sun:
     
    На Skorpija25, M&M, Peco и 28 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Петок.
    Ви текнува дека кукав за ајвар?
    Тазе, дур се прави.
    Епа свеки и свекор купиле 20тина кила пипер.
    Ќе мешаме попладне.
    Вчера го испекле, денес ќе се пржи кога ќе отидам од работа таму.

    Ќе замешам. Малце, не многу.
    За 2 кришки и калап сирење.
    Може и тегла ќе добиеме, ќе ни трае цела зима.

    Бебево мое спиеше цела ноќ.
    Имаше тежок месец пустото.
    На почеток на Септември бевме на одмор, таму дуфташе цела ноќ.
    Е се вративме дома со стомачен вирус, што ја мачеше скоро цела недела.
    Со спиењето навечер секаков ред изгуби.
    Пројде скоро цел месец, накај 1 се будеше и ја зимав со мене на спална. Таман почна пак во креветче да ја враќам, завчера ставивме вакцина, па крена малце температура вечерта како реакција, пак кенкава, пак со мене.
    Маж се помири со спиењето во дневна.
    Вчера беше супер, а и многу умна, шетана, уморена.
    Сакавме нежности со маж, па ја преместивме во соба... рековме до 1, до 1, дај шта даш.
    И така мислејќи и чекајќи ја да стане, спиеше до 7.
    А ние фативме вечерни нежности, нежности во 3 - 4 сабајле од радост што дете спие, па и утрински нежности.
    Се будев да ја проверувам, чудно ми беше, па кога станував го будев и маж за галење.
    Она си преспа, а јас пак проверував... И кога спие, пак се будам... Мајка.

    Вртоглаво расте луѓе мои.
    Се разбира, ќе не продаде.
    Не е веќе бебе.
    Знае да се кара и вика ако не и е нешто по ќеиф.
    Знае да побара тоа што сака.
    Одговара на све со не.
    Стои на врата и вика ајде.
    И викаме падни и легнува на земја.
    Смешка ми е.
    Не знам како го заслужив најубавово и најумново дете (дека мое е де).

    Е мама и тато, уште не кажува.
    А знае да однесе мечето на тато, кој е тато, гледа накај тато. За мама исто.
    Вчера и дадов лименка пиво, викам однеси му ја на тато. И му ја однесе.
    Магистер мој.
    Мајка ако не ја пофали, кој.

    Уствари, кажува мама и тато, ама кај баба и.
    Нас ни ги тренира нервите.

    Сере ко лудо. А и јаде ко лудо.
    Се бара, па дома имаме рестрикции. Се е скриено.
    Во прв ред на фрижидер стои кисело млеко, јогурт, тоа да гледа само.
    Ма да и тоа бара. Дај шта да даш е.
    И манџа јаде, секаква. Некоја не со толку сласт ама јаде. Гладна да не е. Нема на кого.

    На работа, петочно.
    Во мојава работа, обично петок е гужва, ама има изузетци...
    Коа ти зависи работа од грците... Што да објаснувам, ако не е штрајк, празник им е, ако ништо не им е, пак си се спори. На добар пат се да ги заменат црногорците...
    А уствари и со нив работам, поретко, ама побрзи се жими се.

    Петок, ко што реков. Убав ден. Викенд.
    Ајвар. Сонце. Есен.
    Вчера кога задува, летаа мали ливчиња, трепереа. Како дождче од есенски лисја.
    Мислам од бреза беа. Врз кола ми дојдоа.
    Како на филм се осетив.

    Убав викенд.
    Да го испратиме Септември достојно. Убав беше. Задоволителен.
    Како и секој мој Септември.
    А Октомври ... е тој е посебен.
    Годишнини, слави, сезона на руска, кифли...

    Можам да не престанам да нафрлам мисли, како што ми доаѓаат.

    Ќе се сопрам.
    Чао.
     
    Последна измена: 27 септември 2019
    На M&M, Yowannty, Viktorijaaa5 и 36 други им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека те обожавам, нели? Баш заради твоиве расфрлани мисли :* И да не видам кој пишува, одма знам дека си ти :)
    Биди секогаш вака среќна, и наоѓајте време за нежности секогаш, и со маж и дете :inlove:

    Многу сум емотивна деновиве, само си поплакувам вака ко ќе прочитам или видам или чујам нешто убаво :l:

    Уште не сум отишла на работа, со мм имаме некои обврски, ќе гледаме станови :wasntme: Долга приказна, ама за убаво е :l:
     
    На M&M, Yowannty, Viktorijaaa5 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дојдете ни комшии, кај нас се продава стан. Ќе бидат другарки лепотиците.
     
    На M&M, Peco, Dadusicka и 15 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    78.125
    Пол:
    Женски
    И оде ми деј оф :devil:
    Ама ако.

    Добро утро.
    Се спремав набрзинка и без кафе излегов.
    Страв ми беше да не ми стане лошо од него 8-|
    После работа у провод, закажано ми беше.
    Ме насамарија и недела да работам :devil:
    Ама после 3 дена плус ќе им барам, ми скисна веќе. А може и 30

    Уште рано насабајле се омрсив. Ја у кои спаѓам? Ни сум трудна, ни сум дете. Пишете ме у старите и просто нека ми е и од мене и од бога 8)
    Гледам тежок празник било. И мене ми е тешко. Ми се плаче за кафе
     
    На M&M, Dadusicka, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    22.068
    Како сте дечки , да не ве демнам само да ставам по едно кафе.

    Овој викенд сме сами со малото , мм ќе биде три дена на службено патување надвор од Мк.:doh:
    Живеам во мало место каде нема асален парк место со трева да го однесам за да се истрча.Или на лулашки , каде по ретко одиме , или сме во двор кај мајка ми.

    Смислувам декорација за есенско фотографирање.Не сакам да го носам во фото студио туку дома во дворот.Лани беше преубаво , ме прашуваа каде го носев да го сликам, а бога ми и од тоа што го видов од декорациите на неколку фото студија , моето беше најубаво.
    Мама ја обожава есента па затоа со голем ентузијазам осмислува декор за во двор :sun:

    Убав ден денес , празник , и строг пост било ,ама невестава уште сабајле си поткасна од животинското чоколатце на малото.


    283927da07e3d1fb345bbaf1e6fcaa69.jpg
     
    На M&M, Yowannty, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    261.492
    Пол:
    Женски
    Не планирам ништо веќе...дете стомачен вирус закачи буквално цела ноќ око не склопи. Ене ја спие сега, жал ми беше на болки се жалеше цело време не знаев што да и дадам. Сабајлево и температура качи па од далеронот и заспа.
    Сакам чоколадо и кока кола. Страшно е што и двете ги имам во кујна |(
    Имајте ден поубав од мојов :mm:
     
    На Petar80, M&M, Yowannty и 28 други им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.192
    Пол:
    Женски
    Мајка ми цел живот во средина спиеше. Се мазевме ептен ко деца, а и ден денес знаеме да и се пикнеме од двете страни. Е сега и внук ми легнува :D Луѓе колку тоа дете ја сака мајка ми. :l:

    Со сестра ми сме блиски, јас ја сакам на моменти и повеќе од себе, таа па малку е посебична. Иако за лошо, за арно тука е. Животот не научи дека мора да се чуваме само ние сме си.

    Месам, сукам, тегнам. Пофалби од сите, посебно денес кога се поретко тоа се прави по дома.

    Сакам 3 деца ама ако почекам уште некоја година тешко да се 3.:D
     
    На M&M, Yowannty, Skorpija25 и 30 други им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Со помин нека е,што побрзо:hug:
    20190927_111259.jpg
    20190927_112108.jpg
    Како што е редот да ве почастам по еден шампањ,дека лудувате по мене:D

    Гладна година,спржив две јајца и отворив кисело млеко. Во моментов ми текна дека ова беше доручек кога одев кај баба на гости...ах колку ми фалат старите,барем еден да имаше жив :(
     
    На M&M, Yowannty, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  12. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.045
    Пол:
    Женски
    Добар ден лепотици и по некој лепотан.
    Работно денес прва смена. После ќе одмарам. Утре ајвар ќе правиме|( после 2 смена на работа ..кој како мене.
    Да се прашувам јас, не се мачам ич за 5 тегли ајвар. Ама ај..
    За деца, јас сакам 2 да имаме, за трето можеби, да видиме како ќе се условите понатаму.
    Ние сме 3ца.
    Две сестри и еден брат. Сестра ми е мојата половина. Душа ми е таа. Со брат ми не сум толку блиска. Уште лета со паметот. Ќе се опамети, рано му е:D Ама за помош, за совет , тука е.
    Сакам големо семејство :)

    Нека потрае сонцево:f::sun:
     
    На M&M, Yowannty, Skorpija25 и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Баш би сакала, ама далеку е. За мајка бараме, да дојде поблиску до нас, зошто утре со две деца ќе ни требаат две баби :D Макар и само за носење/земање од градинка да е, помош е. И не може сама, години си врват, старее :( па да ми е во близина:l:

    @Bozica1980 нека минува побрзо :hug:
     
    Последна измена: 27 септември 2019
    На M&M, Peco, Dadusicka и 20 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.299
    Допаѓања:
    278.198
    Пол:
    Женски
    Од утрини џип турнеја по планини и за малку во провалија ќе летневме.
    Ќе мрчев уште ама ај,празник е ...
    На идење за на работа сретнав една баба идеше од кај внуката на која и го чува детето кое е веќе големко.Значи прабабата чува внуци и за се и помага на внуката.Женава витална со ќеф го прави тоа.Е тоа е СРЕЌА...,да доживееш правнуци да гледаш...
     
    На Majuska83, M&M, Yowannty и 29 други им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.232
    Пол:
    Женски
    Баба ми ги исчува и двете на братучедка ми.Негде 75+ беше тогаш.Има остеопороза и старечко перде на очите,ама за нив леташе.
    И’ проодеа држејќи ја неа,па ги думкаше со не знам која сила дур дедо ми им свиреше на гитара.
    И јас така растев.Нема пари и играчки кои можат да го заменат таквото детство.

    Сега срце ме боли што на моето дете бабите и дедовците ке му бидат туѓи.Колку и да ти е крвно стродство некој,не се ствара иста врска кога го гледаш 2 недели годишно.
     
    На Petar80, M&M, Yowannty и 30 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мое бебе го чува прабаба му.
    Стално се зезаме, реткост ќе биде да се чуе тоа во иднина. Уникатна ќе ни е.
    Жената луѓе подмладе со детево, трча лета, ја прооде.
    И ми се фали, веќе не и требало апче за да заспие. Кома си е навечер.
    Плус и она спие со бебево, заедно тераат пладневна дремка.
     
    На M&M, Yowannty, Skorpija25 и 27 други им се допаѓа ова.
  17. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    33.890
    Пол:
    Женски
    Поздрав друштво
    Се мислам кафенце да пијам, ама немам од моето омилено јакобс милка чоколадно капучино. Барав големо пакување ама нема по маркетиве. А последното што ми го донесоа од Германија се испи. Сега имам друго некое германско со дупло чоколадо ама не е тоа тоа. Незаменлив ми е вкусот на јакобс милка, ќе мора на парче да купувам. Кога ќе се навикнам на нешто оди па смени го.
    Со ајвар се обезбедивме за годинава. Мм нарачал и ни донесоа 18 тегла благ и лут. Околу 2800 денари плативме. Мармалад од сливи некое тегло купивме од подравка, јуфки од стокомак. Сега можеби уште нешто ситно лутеница, ако има јадачи доброволци. И толку ќе биде, доста е за годинава...кисело не јадеме.
    После градинка на роденден во игротека, радости невидени за синко.
    Треба и на фризер да се оди некој ден за шатирање. Уште да се решам кој, само си одолговлекувам.
    Во понеделник ни е годишница, па се надевам ќе славиме заедно на купче оваа година. Не паметам последно кога баш на денот сме славеле. Ама ако и накнадно да биде ќе е слатко.
     
    На Petar80, M&M, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.755
    Пол:
    Женски
    Јас вака посабајле.
    Заспав дете па ќе шетнам час два..
    Да земам и тракаташки за дома обожавам да ѕиркам по дукани со мерак го правам тоа
    20190927_085953.jpg убав ден
     
    На Majuska83, M&M, Yowannty и 29 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Внучка ја чуваше баба ми,копија на нејзе е.
    Леле како си зборуваа,играа,заедно смоки со играчка јадеа,што за едната тоа за другата.
    Колку само се сакаа,не можете да замислите.
    Толку ми е криво што не напушти,толку беше посебна.
    Се расплакав:u:
     
    На Majuska83, vitamina, Yowannty и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.696
    Пол:
    Женски
    Денес убав ден ,температуриве идеални ,сакам да потрае сонцето :sun:
    Да ве почастам торта :^::^::^: малиов жив радосен сега ми кажува дека почнало да му се ниша забче :lol:.За нас право доживување со оглед на тоа дека ни е прво(прилично доста касно ќе почне со менување на забчиња) а неговите другарчиња веќе имаат и неколку сменето.

    Сега разговараме која опција е подобра дали на забар да го вадиме или дома .Храбар е доста на забар па не се плашам од реакцијата ако одиме таму .

    Само ме праша дали кога ќе го извадиме ,да го ставиме под перница и дали ќе дошла ноќта Забче самовила да му остави паричка :inlove:.Иако е веќе поголем се уште верува во бајки ,па дури и дека Дедо Мраз постои.:l:
    Не сакам јас да му ја расипам таа илузија ,секако од деца дали на училиште или во маало ќе дознае .

    @Tajnaotrovna на убав празник значи славите годишнина ,мене ми е именден :hug:

    @Bozica1980 со лесно нека е ,побрзо да оздравите ,нас до вчера не држеше ,скоро цела недела :hug:
     
    На M&M, vitamina, Yowannty и 26 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.