1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743

    Јас сум презадоволна! Ова ми е омилено зимско јадење. Е сега, обично е појадок, ама супер идеја ми даде да го минам денов...
     
    На vitamina, LivingGlam, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.177
    Ај добро утро....
    браво за мене, сега станувам...а никаде не сум поканет на журка, што значи сам ќе се забављам вечерва...:lol:
     
    На VladeMila, vitamina, green.eyes и 7 други им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.992
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Добро вечеер.
    Мужми го испратив на прослава од работа,јас се се испружив и одмарам сега барам некое филмче да гледам а и си земав и занимација.
    IMG_20151224_192727.jpg
     
    На vitamina, green.eyes, kristina.k и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    182.643
    Пол:
    Машки
    Добра вечер
    Вака ќе биде за празнициве :)
    12360420.jpg

    Јас колку што знам, се вика Божик, а не Божиќ.
    Божиќ е на српски.
     
    На toogood, VladeMila, friendy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.992
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743
    На Nausicaa, Espadrila, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    182.643
    Пол:
    Машки
    Баш затоа што ние немаме ћ, ставаме ќ, а треба да биде к.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Реков нема да пишувам до утре ама нема спиење за мене, легнавме сите на спална, таман заспав, Матео ми акна лакт во глава, таман пак сум заспала Конта ме исклоца во стомак, после падна од спална рикна на цел глас сите ги разбуди.(facepalm) Видов не видов ја земав мадам и се симнав долу во дневна божем ќе спијам ама мадам решила дека и е доста спиење и сега ги чекаме сите да станат и да отвараат подароци.:lol:

    Галапче јас лично не го славам овој Божиќ, одам во црква на миса со мм и семејството негово, на вечера и ручек кај родителите на мм ама не е мој празник, му правам чест на сопругот исто како и тој мене што ми прави за нашите празници. Децата ги учам за разликите измеѓу двете вери, дека нема врска Божиќ со Дедо Мраз, кој доаѓа кај нас дома и кај другиот дедо за Нова Година, дека сме исто ама во различно време и на различен начин го прославуваме денот.
    Истото и мене ме учеле како дете, сум учествувала како и сите други деца во предствите за Божиќ, немало на кој да се фалам што и како сум добила од дедо Мраз зошто школската година веќе била завршена, подароци добивавме за Нова Година а на Божиќ го славевме и сеуште го славиме раѓањето на Исус.

    Ги слушам веќе децава како глувчиња сите разбудени чекаат дедо им да ги викне за да се симнат долу да отвараат подароци а и тој е буден само сака малку да ги измачува, да си почекаат, ги учи као на трпеливост.:lol:

    Мм ми пушта порака ме прашува каде сум.......бркам швалери, кај може да бидам во 5 сабајле.:P:rofl:

    @kristina.k нека му е среќна крштевката на синчето.

    Нека им е честит Божиќ на сите што го слават денес.:)
     
    На Mrs.Bass, kjukli, WORRIED.BT и 20 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743

    Ај читни во правопис.
     
    На Nausicaa, Espadrila, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    182.643
    Пол:
    Машки
    @kukla21
    БОЖИК И БОЖИЌ

    Во врска со името на овој празник меѓу родените зборувачи на македонскиот јазик има извесни дилеми

    ВАСИЛ ДРВОШАНОВ

    Еден од најголемите христијански празници е празникот во чест на раѓањето на Исус Христос. Дел од православните христијани, меѓу кои и православните христијани во Република Македонија, овој празник го одбележуваат на 7 јануари. Во врска со името на овој празник меѓу родените зборувачи на македонскиот јазик има извесни дилеми. Имено, некои Македонци празникот го именуваат со зборот Божик, а други го именуваат со зборот Божиќ.

    На што се должи оваа двојба во именувањето на празникот во чест на раѓањето на Исус Христос? Поделеноста во именувањето кај современите зборувачи на македонскиот јазик, пред се', се должи на фактот што овој празник различно се именува во македонските народни говори. Едниот или другиот збор е „легнат“ во дијалектната основа на родените зборувачи, така што секој од нив го употребува оној збор што го научил во најраните години од својот живот.

    Пред да ја прикажеме распространетоста на зборовите Божик и Божиќ во македонските говори, ќе го предадеме толкувањето на овие зборови во лексикографските трудови.

    Имено, во Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје во 1961 година, од составувачите: Тодор Димитровски, Благоја Корубин и Трајко Стаматоски, под редакција на Блаже Конески, првенство му се дава на зборот Божик. Авторскиот тим, на страница 40, во првиот том од Речникот, го толкува зборот Божик и Божиќ, а под заглавниот збор Божиќ, нотиран на истата страница во првиот том од Речникот, авторите наместо објаснување, не' упатуваат на зборот Божик, сп. Божиќ и в. Божик. Да напоменеме дека вообичаено „со скратеницата в. се упатува на зборот на кој му се дава предност во употребата во однос на зборот од кој се упатува“.

    Во Бугарско-македонскиот речник од М. Младенов, Д. Црвенковски и Б. Благоески, под редакција на македонскиот текст на Крум Тошев, во издание на „Просветно дело“ од Скопје и на „Нолит“ од Белград, што излезе во 1968 година, зборот Божич, на страница 34, е означен како дијалектизам. Авторите упатуваат на стандардниот збор Коледа во бугарскиот јазик, кој е преведен на македонски со зборот Божиќ.

    Во Српскохрватско-македонскиот речник од Ѓ. Милошев, Б. Груиќ, М. Ќорвезироски, Б. Благоески и А. Џукески, под редакција на Крум Тошев, во издание на „Македонска книга“ од Скопје, објавен во 1984 година, на страница 26, зборот Божиќ во српскиот и хрватскиот јазик е преведен на македонски со зборот Божик.

    Во првиот том од Речникот на македонската народна поезија, обработен од Мирјана Гигова, Тодор Димитровски, Димка Митева и Германија Шокларова-Љоровска, под редакција на Тодор Димитровски, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, што излезе во 1983 година, на страница 142, паралелно се предадени двата збора Божик и Божиќ.

    Во првиот том од Толковниот речник на македонскиот јазик од група автори, под главна редакција на Кирил Конески, во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, објавен во 2003 година, зборовите Божик и Божиќ се третираат како апсолутни синоними. Имено, на страница 160 од Толковниот речник, паралелно се предадени зборовите Божик и Божиќ со објаснението ’Раѓањето Христово, голем христијански празник‘, а под заглавниот збор Божиќ, на страница 161 од Толковниот речник, се дава споредување со Божик. Треба да напоменеме дека „со скратеницата сп., во рамките на објаснувањето на значењето на зборот, се упатува на синонимен збор или на збор што е во семантичка врска со толкуваниот збор заради објаснувањето на неговото значење“. (Наводот е од Воведот на Толковниот речник, на страница 16.)

    Од собраниот дијалектен материјал во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за потребите на проектот „Македонски дијалектен атлас“, од каде што ги користевме податоците за Божик и Божиќ, благодарение на љубезноста на соработниците на проектот, може да се види распространетоста на овие зборови на македонската јазична територија. Иако недостасуваат податоци за голем број населби од пиринскиот и од егејскиот дел на Македонија, сепак, може да се констатира дека во македонските народни говори преовладува зборот Божик во однос на зборот Божиќ.

    Што покажуваат лексикографските трудови и изворниот дијалектен материјал? Сите лексикографски трудови и материјалот од македонските народни говори ги бележат двата збора Божик и Божиќ. Во српскиот и хрватскиот јазик, според користениот речник, не постои зборот Божик, а во бугарскиот јазик зборот Божич е означен како дијалектизам.

    Наспрема српскиот и хрватскиот збор Божиќ и бугарскиот збор Коледа, стои македонскиот збор Божик. Оттука произлегува нашето мислење дека барем првенство треба да му се даде на зборот Божик, како што му се дало првенство на овој збор во Речникот на македонскиот јазик, под редакција на Блаже Конески, уште во 1961 година.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.514
    Допаѓања:
    69.278
    Пол:
    Женски
    Hello, it's me...:music:
    Сум си задремала јас читајќи.:yawn: Си ставив кафе да се оправам малку, па ако некој е за малку подоцно кафе повелете.[​IMG]

    Си го симнав The Intern да го гледам вечер, нормално со додатна опрема. [​IMG] :mm:
    :hai:
     
    На Eli23, Mrs.Bass, kjukli и 16 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743
    Ова е нечиво толкување, не како е правилно. Згора на се, било кој збор е поправилен од Крисмас, што беше поентата.

    И не тупи, да не вадам оригинал документи, тури пијачка и пушти музика.

    @RainBow супер филмче :)
     
    На bittersweet, friendy, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  13. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.149
    Пол:
    Женски
    Ubava komedija @RainBow si odbrala,jas pred nedela dve go izgledav a deneska go simnav Crown for Christmas,pocnav so boziknite romantiki :lol: se nadevam dobar film e.
     
    На Mrs.Bass, vitamina, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.946
    Допаѓања:
    182.643
    Пол:
    Машки
    До 19-ти век, жените немале права, во 20-век жените се избориле за своите права, а во 21-век, жените се секогаш во право.
     
    На mareane, friendy, vitamina и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.591
    Допаѓања:
    264.445
    Пол:
    Женски
    Многу мудро!
     
    На friendy, vitamina, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Цел живот жени се борите за право, право право па не ли ви се здосади и нели не ви стана монотоно се на право искрено не можам да ве сватам
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.591
    Допаѓања:
    264.445
    Пол:
    Женски
    Ќе го јадеш Петре!
     
    На vitamina, kristina.k, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.070
    Мм кога вели дека одење на забар му доаѓа еднакво убаво како масажа јас му велам дека не е нормален :lol: А оно уште ве имало такви - чудњикави :^) :lol:

    Умник ни јас немам вадено, сите ги имам, дури и пломбиран еден, еден уште не ми пораснал, значи не сум умна до крај сеуште :DШтом викате тежок за вадење, недај Боже да дојде до тоа, единствено со целосна анестезија да ми го извадат:worried:
    Голема бев, а мајка си ја тегнев со мене да ме помалку биде страв.
    А интересно, до мојата работа порано, блиску имавме забар и тој човек ми имаше многу помогнато да се опуштам, кога ме виде таква сета пребледена ми велеше: дојди седи, кафе ќе се напиеме, ред муабет и после ко мало дете со играчки, скоро неприметив, а се качив на столче и не ми беше страв. :D
    Забарот ме има прашано дури да работам кај него, а немам баш никаква врска со стоматологија или медицина воопшто. Сигурно му се допаѓав :D
    Одбив се разбира, а можеби требаше нешто од занаетот да фатам. :D

    Денес посебно тежок ден. Еден од оние денови кои подобро да можеја да се преспијат.
    Толку бев под притисок од обврски и во домот и надвор од него, да накрај седнав и почнав да плачам од мака. И накрај ништо не завршив. :| а и тоа што тргнав да завршам се случуваше некој малер па подобро ни да не се нафаќав.
    Утре е нов ден, нова милост.
    Се надевам утре ќе е подобро :)
     
    На bittersweet, mareane, Lady Phoenix и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.085
    Пол:
    Машки
    Никако, ќе ми треба какво јадење
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.449
    Он може секој ден го срка. Затоа ете не прашува оти уште не ни здосадило :rofl:
     
    На mareane, VladeMila, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.