1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Која змија те забоде во срце нинџо?:tmi:
    Будна, моиве уште спијат. Дрмнав едно кафе и да видиме што носи денот.
    Треба шпански да се учи ама ....може и да одложам за утре. Забушавам. Кампањерос:makeup:.
    Вчера пријателски души размрдав. Секогаш кога идам мк мора приказните да продолжат каде што застанале.
    Има и една одвратна приказна т.е. судбина ама тоа е. Мора да се тера. Не ми се крши толку срцето колку што мозокот трескавично се труди да најде решение. .најмногу ме боли за 2 малецки душичиња, кои за ништо не се криви и не заслужиле. Ние возрасните бираме. Тие се раѓаат само во веќе одбрано. Ми се вика:swear:
     
    На marlonbrando69, lunicka, Yowannty и 22 други им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    174.402
    20190829_052407.jpg
    И што да мисли човек? :?:.... Уствари жена де,нели жена бараат :?: (facepalm)
    Ај д.ден:).
    Од сабајле се што започнав-на пола оставив... се спремив за на кеј-не отидов...извадив постелнина-за.бав така (facepalm)...извадив мастраф за проја-така остана...расеаност ,знам да е до тоа...Од друга страна па се тешам да склерозата е најубава болест-ништо не те боли,а плус секој ден нешто ново дознаваш :lol:(facepalm) (facepalm)
    И тоа...
    Ај :*, убав ден имајте си...:?:
     
    На Peco, WORRIED.BT, boomsleng и 26 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мојава денес се издига во 6и20, а преку недела ја будиме за да идеме на работа.
     
    На kuc, Yowannty, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    153.559
    Пол:
    Женски
    Децата се најдобри другари со Марфи |(
    Избегавме на викенд да се изрелаксираме малку, една глупа случка при крај на раб.време вчера ми го изремети мирот и не престанав да вртам мал милион филмови во глава, не знам да се исклучам значи ептен сум кретен :envy:
    Позитив на денот, се напукав бурек за доручек
     
    На marlonbrando69, kuc, Yowannty и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.098
    Допаѓања:
    188.517
    Добро утро,
    Ја имаме пораката на денот:rofl:
    Ни две жени не ме крпат мене, све е банда без команда|(
    Нити сонувам нит бутур. Бар во спиењето да можев да избегам до некоја друга галаксија.
    Му се лутам на маж. Тој ич не забележува. Чаре?

    Сакам бурек- варам грав.
     
    На Yowannty, Peco, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Се согласувам 100% :D

    Ај добро утро на сите :hug:

    Прво, и најбитно, денес не ми изглед толку страшно она од вчера.
    Фала ви од срце на сите... неверојатно е колку сте си поддршка едни на други :hug::hug::hug:

    Вчера детево температура ми крена.. во 2 нецели месеци, 3ти пат.. се ми се чини дека недолечена беше првиот пат, и затоа ја повторува на секое. Конечно вчера и' препишаа антибиотик, ваљда ќе се оправи асолно сега.
    Легнав до нејзе едно време, да си попрајме муабет, колку жал ми падна.. зачмаено од температурата, легнато, не мој ништо да прај, па си мислело на маките нејзини...
    Како некоја другарка и' пререкла нешто, па колку и' било тешко.. Ко чавче подзинато со насолзени очи ми објаснуваше... Срце на мама :l:
    Па ја тешев.. Едно така подолго филозофско предавање и' дршев за односи со другарки, па се зафркавав после дека имам говори за секој проблем, и треба да и' ги снимам, и да си ги пушта по потреба :D
    Многу знам друг да утешам.. сама себе-малку потешко...

    @Kate Rina 93 честитки мило девојче :hug:
    Нека ти е со лесно бременоста.
    Ептен ме радувате со вакви вести.. душата ми се полни.
    Да даде Бог, да се полни уште темава со трудници ... тие што сакаат де :inlove::inlove::inlove:
     
    На Ladyyyy567*, kuc, Yowannty и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.955
    Пол:
    Женски
    Честито @Kate Rina 93, со лесно!
    Нека се множат трудниците!
    Јас ќе си седам понастрана, да не ме фати мајата случајно. Доста ми се моиве, нека дава Господ кај што нема.

    Арни? Убав ден, ќе се искористи максимално со драги луѓе, сега спремам пита со праз и сланина, после и омилените мафини со банани, за скарата е задолжен мм. И така, бујрун кој сака, што повеќе тоа повесело.
     
    На kuc, Yowannty, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.184
    Допаѓања:
    258.317
    Добро утро, иако е веќе попладне:).
    Извежбана уште од сабајле и денот може да започне (fingers).
    Кечапот купен, утре ќе се намачкам, да ја поносам косава, да не се џабе парите:D.

    Син ми исто прави за викенд. Станува рано, а за училиште се тегави.
    Ова мислам дека намерно го прават, исто како со кафето, баш тогаш им се пријадува и прикакува|(

    Денот лето. Уште од сабајле пече.:sun:
     
    На kuc, Yowannty, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  9. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    11.851
    Добар ден и убав ден.:sun:
    Сакав да пишам добро утро, зашто станавме пред пола саат, ама гледам повеќето тука сте станати уште во 6,7.

    Се наспав ептен убаво, дури лицето ми е потечено од спиење. Како бумбар сум. Тоа е ми е знак за квалитетен сон. :muscle:

    Денес ќе се шетка низ парк, ќе пазаруваме за дома.
    Вечер сум договорена со другарки на кафе, да се извидиме сите на куп. Ќе се пицнам, ако е само кафе. Една карирана суќна така ми стои во плакар, ја чувам демек за нешто специјално, ама ништо на повидок, па си ја испланирав за вечер да не ми пропадне џокерот.
     
    На kuc, Yowannty, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    @Kate Rina 93 честитки, со лесно, со убаво.:l:

    Маж бања деца, малку он нив, малку они него :lol: јас на боледување, заб вадев, снимка и вадење $790 aka 482 евра, поздрав @Annath @Dentina .:@:@
    Значи ништо нема поскапо тука од заби правење, ми вика да ми го извади живецот (root canal) $7500, му викам вади забот за тие пари сите во Македонија ќе отидеме, одмор ќе истераме и нови заби ќе си направам.:wasntme:

    Друго се од здравство е комплетно бесплатно ама затоа забарите се отров скапи, ај помина, барем лесна рака имаше, ќе ми помине како на кутре што викаше татко ми.:)

    @WildMk I feel you sister.:hug:
    :hug: И мене ми е за вадење матката, полна ми е со миоми, тие и ми предизвикаа последниот спонтан, јас се си одложувам, као не ми смета ама изгледа чекам нож до коска да дојде, вака самоволно не се одлучувам да одам под нож.

    Се запознав со една мома Македонка, во продавница бев со децата, не слушнала како говориме :lol: македонски, толку многу се израдува како некој најблизок да видела. Пола саат не гушкаше, не и се веруваше дека сум тука родена, многу убаво сум зборувала, сакав да и кажам да ги праша другачките на фемина и што убаво пишувам.:wasntme:
    Убаво се измаубетавме, од истокот е момата, се најдовме после и со мажите на кафе, му тргна муабетот и на мажите, тој Ирец ( акцентот кај е смајлито што се лигави) многу фини луѓе, ретко вака од прва некој да ми се допаѓа ама момата ептен ми бендиса, неделава пак ќе се дружиме, си најдов нова другарка.... јеееј.:lol:

    Толку на запад ништо ново, деца растат, Матео другата недела 8 години ќе прави, ми пораснаа деЦите, гркињава нешто не прави глупости, новава песна на Некст Тајм ни е на рипит и на најгласно што може, кул мама сум.:wasntme::rofl:
     
    На marlonbrando69, lunicka, kuc и 36 други им се допаѓа ова.
  11. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    106.739
    Пол:
    Женски
    @Kate Rina 93 честитки и лесна бременост
     
    На Martka, boomsleng, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    @bittersweet Битерке, па вие ги шиете и овдешните. Тоа 7 и пол илјадарки ваљда сосе коронка потоа одгоре .
    Имам колешки нострифицирани во Австралија и стварно ги гледам среЧно изгледаат на фб.
    Во мк за тие пари и стоматолошки стол ќе купат специјално за тебе од конескитр за 2 и пол 3 илјадарки и златен тепих.:*:
    Ние за канада добивме виза и таму се богатуни стоматолозите , ама ете јбг Јуроп из мај дестни.
    :drunk:
     
    На kuc, Yowannty, boomsleng и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.853
    Допаѓања:
    202.955
    Пол:
    Женски
    :drunk: :drunk: :drunk:
    Кај нас вадење и снимка мизерни 220 денари со фонд, приватно 1000. Root canal 400 денари преку фонд, без пломба, приватно околу 50 евра без пломба. Ех моја Македонијо....
    Баш и фамилијарен одмор, и заби нови и се ќе направиш.
     
    На kuc, Yowannty, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.098
    Допаѓања:
    188.517
    Не беше речено доматен сос? Не е ваљда стварно кечап?:o Ѓаволот бил во деталите.
     
    На Dadusicka, JuLleE, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Имам еден куп работи, седам и читам +/- 40ка бебе спие....
    Имам грутка в гради.... ;(
    Сакам да се случи некоја магија, чудо и се да заврши :|
     
    На kuc, *Ribolovka*, Yowannty и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.385
    Пол:
    Женски
    Колку ви е досадно на вас иселениците.:D
    Кј нас е повторно шема.
    Избори!!!:headbang:
     
    На kuc, *Ribolovka*, Yowannty и 24 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.767
    Допаѓања:
    145.269
    За друго не, ама пари за избори секогаш има.
     
    На kuc, boomsleng, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    98.705
    Добар ден, реков на другаЧките да им го закачам, мене убаво и многу реално некако ми се виде:l:.

    Се жениш пред триесеттата, затоа што така треба.
    Нормален си.
    Имаш две деца.
    Диплома.
    Работа.
    Сметки за струја.
    Сметки за телефон.
    Летување од десет дена.
    Можеби 15.
    „Украден“ викенд во Виена.
    Плус здравствено осигурување.
    Плус животно осигурување.
    Пензиско осигурување.
    Сметки за греење.
    Брзаш дома после работа.
    Денес е недела.
    Водиш љубов секоја втора недела.
    Со изгаснато светло.
    Мирно.
    Мисионерски.
    Понекогаш и во четврток кога ќе ти откаже психијатарот.
    Биди нормален.
    Петок е ден кога твојата едноставна жена готви боранија.
    Се откажа од сонот да одгледуваш пчели.
    И од тоа често да се смееш.
    Одиш во теретана, затоа што така треба.
    Возиш во колона.
    Никогаш не претекнуваш.
    Некако не умееш повеќе да сакаш.
    А би сакал.
    Подоцна и тоа ќе исчезне.
    Лажеш дека си добро.
    Лажеш дека се смееш.
    Лажеш.
    Не ти смета прашината на твојата омилена плоча.
    На целиот грамофон.
    Пушиш скришно.
    Ги пцуеш возачите.
    Ги пцуеш пешаците.
    Ги пцуеш велосипедистите.
    Ги пцуеш соседите.
    Ја пцуеш сопругата.
    Ги пцуеш децата.
    Го пцуеш животот.
    Сметки, сметки, сметки.
    Имаш премногу брчки.
    Имаш пар години во странство.
    Некои бегања од вистинскиот „ти“.
    Се опиваш понекогаш.
    Никогаш сам.
    Со друштво.
    Затоа што така треба.
    Пееш, затоа што велат дека таквите луѓе се радосни.
    Во август ќе го отплатиш кредитот.
    Имаш 20 години повеќе.
    Чекаш лифт.
    Страшно си смирен кога ќе се расипе.
    Чекаш во ред.
    Чекаш во банка.
    Чекаш жената повторно да ти рече „те сакам“.
    Чекаш повторно да ја засакаш. Го чекаш летото.
    Чекаш да ги „изучиш“ децата.
    Чекаш да ја омажиш ќерката.
    Чекаш да го ожениш синот.
    Чекаш да се пензионираш.
    Ја чекаш следната година.
    Ја чекаш следната година.
    Ја чекаш следната година.
    Ја чекаш следната година.
    Ја чекаш следната година.
    Чекаш светли времиња.
    Чекаш поубаво утре.
    Да бидеш среќен.
    Соблечи ги чевлите.
    Оди бос.
    Тогаш смееш да одиш и по тревата.
    Бањај се кога се разденува.
    Зборувај за работите кои ги сакаш.
    Никогаш немој да ги превртуваш палачинките со нож или со рака, само со фрлање во воздух.
    Ќе ја одлепиш од таванот, не се грижи.
    Научи се да кршиш јајце со една рака. Играј си во супермаркетот со услужната каса, тоа е благодат.
    Лулај се во три часот наутро.
    Нарачај 5 топки сладолед.
    Насмеј се на предупредувањето „само за деца“. Помини под прскалките во паркот!
    Застани пред врата со сензор, плесни со рацете, па прави се дека се отвориле под твоја команда.
    Фрли капка или две вода на врела рингла, и замисли дека си волшебник кој прави магии (во случај да немаш врата на сензор во близина).
    Шетај покрај река.
    Стави го прстот во реката, нема да останеш без него.
    Води љубов.
    Наутро.
    На пладне.
    Во самрак.
    Навечер.
    Во два.
    Во три не можеш, тогаш одиш на лулање.
    Води љубов постојано.
    Насекаде.
    И не со секого.
    Никако не со секого.
    Ако имаш можност да водиш љубов на некој кров од зграда, по сликарско платно замачкан со бои, со коса заплеткана во темпери, НАПРАВИ го тоа.
    Ако немаш таква можност, прво купи платно, па создај ја приликата.
    Сликај – со неа.
    Или со него.
    Закачете ја сликата над каминот.
    Сите гости нека прашуваат од каде ви е сликата.
    Вие само смешкајте се загадочно.
    Држете се за раце под масата.
    Погали ја по стомакот каде што е ремек-делото на вашата сликарска техника.
    Љуби.
    Гушкај.
    Скокоткај.
    Танцувај.
    Простувај.
    Фантазирај.
    Патувај.
    Не пропуштај на направиш фигурички од пластелин.
    Не го пропуштај првиот јоргован.
    Ни последната лубеница.
    И тоа да се измачкаш со јогурт.
    Или да причуваш нечие милениче.
    Смеј се.
    Смеј се многу.
    И не ја покривај устата со рака , затоа што имаш еден крив заб, само нека е здрав.
    Повеќе болат кривите патишта во животот.
    Направи мусака.
    Направи семеен турнир во карти.
    Читај цел викенд.
    Искисни.
    Слушај музика со различни децибели.
    Обој ја собата во жола боја.
    Пеј, ако така се чувствуваш.
    Плачи, ако така се чувствуваш.
    Купи шатор.
    Најголемиот во продавницата. И опрема за кампување.
    Сложувај сложувалки.
    Барај ги родителите редовно, затоа што го сакаш тоа.
    Јави се иако е доцна.
    Посоли ако не е солено.
    НЕ ги заборавај пријателите.
    Не заборавај работи по „џебовите“, таму има и некои важни ситници.
    Стави малку повеќе пена во бањата.
    УУУ, нека има многу меучиња.
    Зборувај „по старски“.
    Понекогаш самозалажи се сам.
    Зборувај за работите кои ги сакаш.
    Зборувај за луѓето кои ги сакаш.
    Не е тешко да се најдат луѓе кон кои не си рамнодушен.
    Не е тешко да се сака.
    Зборувај и за работите кои те измачуваат.
    Зборувај. И слушај.
    Биди грижлив и сомилосен.
    Помоли се тогаш кога искрено го чувствуваш тоа.
    Негувај ја љубовта.
    Кажи НИЕ, наместо ЈАС.
    Не бегај од себе. Не се плаши.
    Убав си и насмеан и кога си намуртен.
    Па што ако знаеш само два акорди на гитарата.
    Гради во себе, не околу себе.
    Засади хектар некалемени цреши.
    Донеси ѝ семе од нане и оригано од службено патување.
    Чекај, па ти немаш служено патување.
    Стана онаков каков што сакаше да бидеш.
    Тогаш веднаш оди со велосипедот до пазарот и купи.
    Биди креативен, НИШТО НЕ Е ГЛУПАВО ако намерата е ВИСТИНСКА.
    Обој го својот свет.

    Сабота без работа. Дома и мир:sun:.
     
    На SV1911, Martka, Alien_92 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    90.385
    Пол:
    Женски
    Ај парите кој ќе ги трпи кампањите пак:drunk:
     
    На kuc, boomsleng, mareane и 13 други им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    78.063
    Пол:
    Женски
    20191019_120138.jpg

    Мене баш ми е забавно. Бучат хелихоптери над мене, над 8 се.
    Полиција на секој чекор.
    Чекам пауза па да идам и јас да попротестирам.
    Викаат не требало да излеземе од Еу.
    Претежно повозрасни луѓе се

    Го гледав премиерот, како бањато маче жален.
    Наместо да трчаат по еу, требаше да се справат со криминалците и да отвораат работни места.
    Ама па никој мене не ме прашува.

    Позитив во денов, малку огреа сонце :D :sun:
    Ладно нек си ибе мајката
     
    На kuc, Ariel, Cosmi и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.