Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    62.052
    cup-of-coffee-with-heart_46949620.jpg
    Кооонечно ден кога најдов време малку да Ве читнам... иии одма да Ви кажам, прекрасни сте :inlove:
    Со прочитани мислења само од денес, сватив дека мнооогу ми недостасувате :hug:

    Надвор врне, ама топличко е... До пред малку седев на тераса, сама со шолја топол чај.
    Иии кулирав, сама со своите мисли. Маа и музиче слушав, дечките горе си прават собировка со друштвото и за промена вечерва решиле бивша ЈУ музика да пуштаат... Ме вратија со години наназад!
    Сте пишувале за млекото во кесички... Млади сте Вие штом не го памтите млекото во стаклени шишиња! Сигурно не сте ги виделе ни црно-белите телевизори и не сте слушале музика од ЛП плочи... Сеуште чувам по некоја плоча од младоста, жал ми е да ги фрлам, а грамофон оддамна немаме дома. ДВД-то го чуваме само заради касерите од 80-тетите години на минатиот век. Свадбата, првите чекори на поголемиот син, родендени... убаво ми е да ги погледнам понекогаш и да се потсетам колку млади и убави сме биле :)
    Хмм, да не ме разберете погрешно, сага со 50+ сеуште сум млада... плус зрела :!:
    Навистина така се чувствувам :tmi:
    Дневно пешачам по еден час и имам добра кондиција. Сама си чистам по дома, перам, пеглам, готвам... и се расправам со тројца возрасни мажи плус двајца осудесет-годишници :tmi:
    Иии за чудо имам енергија како кога бев многу помлада... добро, скоро исто толку :^)
    Мислам дека тоа е така затоа што цело време сум во движење, цело време сум во акција. Немам време да мислам на климактеричните промени, на брановите топлина кои што едноставно ги игнорирам, на спондилозната точка под вратот од која што понекогаш се шири болка... Мислам само на позитивни работи, па и нештата кои што во моментот ми изгледаат претешки за решавање се трудам да ги релативизирам и да ги погледнам од убавата страна... И такааа терам напред, животот е прекрасен :)

    (waiting) Хмм... пак ке треба да го вадам „арсеналот“ за каснење дома :D
    Ммм некаде се скита, четврток вечер има слободен излез... Многу сум добра брее :!: :rofl:

    Арсенал за тие што не ме знаат на темава... Приметив има многу нови друшки :hug:
    kasni.jpg

    @Milobebence среќна слава, за многу години убавини во домот и семејството :hug:
    @marchi-cool среќен роденден мила :f:

    ПС За малку да заборавам, со закаснување...
    Гооолема прегратка за @lunicka :hug:
    Среќен роденден +/- 40 :f::f::f:
    cake_animation-gif.gif
     
    На Kate Rina 93, lunicka, petunija77 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.843
    Пол:
    Женски
    Поздрав луѓе :hai:
    Не сум пишала на темава од јуни месец, до душа и на форумов по ретко влегував, сега како заладува времево и се затвораме дома ќе имам повеќе време за тука.

    Да кажам дека многу се радувам и истовремено да честитам на сите трудници во темава, честито и со лесно на сите, да не ве набројувам една по една машала доста ве има и не сакам да испуштам никоја :hug::f:

    Многу убави поводи имате за честитање па ај Честито слави, родендени, свадби...:beer::d:

    Од темиве што сте ги разврзале ме фати носталгија за минатиот век, читајќи сфаќам дека по рано беше многу по интересен животот.
     
    На petunija77, Sandrin4, mal.ecka и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.937
    Допаѓања:
    163.996
    Зеро вејст... колку смешно.
    Тука. Во Македонија.
    Побогу, контејнери палиме, банално е да зборуваме за зеро вејст.
     
    На petunija77, mal.ecka, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.074
    Пол:
    Женски
    '78 Генерација:hug:
    @Ordinary @WildMk :D
    Велат најпаметни во таа год се раѓале:rofl:
    Јас не паметам баш многу од рано детство.

    На ѕидови беа залепени,Џони Деп ,Ривер Феникс, Себастијан Бах и Џордан од Њу кидс он д блок.На телефон не сум зборела баш,ни тогаш ни сега.
    Во продавници не ме праќаа(размазена:?:) па не се сеќавам на детали,ама памтам дека количински доста се купуваше брашно,зејтин.. ,да не нема.
    Се сеќавам на правењето домашен сок од шипки и бозел.

    Познат ми е и волшебниот свински сапун @Dentina :D
    Се сеќавам на играње ластик од јутра до сутра,првите хоум мејд фризури со кремче(facepalm) на излегувањата во деведесеттите:l: одење на екс ЈУ свирки(ако не пуштеа) и 501 фармерки.
    Бев вљубена во пејачот на групата Регина:inlove:
    Мислам бевме многу скромни генерации.
     
    На eta, duffi, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.935
    Допаѓања:
    81.668
    Вистина е ова,дека сода се става .
     
    На WildMk, Annath, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    да си ги врзе патлиџаните за кољата, евентуално лозјето да го врзува со нив, трета опција да става чушки у замрзнувач у нив :tmi:

    И јас го памтам млекото во кеси, свежо млеко за варење од млекара Сопот. Коа ќе ми текне дека стоеше во гајби пред маалски продавнички, лето - зимо и бутур не му беше. Сеа секој производ ем куп стандарди треба да исполни, ем пак не чини ко поранешните.
    Гумени бонбони имаше на рефус во пластични садови, наплата по парче, во некои дуќанчиња дури и пинцети имаа за да ги вадат од садот :lol:
    Па рум плочки исто рефус, ако продавачот нема 5ден ситно за кусур или базоока мастика ако нема 2ден, гумено бонбонче ако нема денар :lol:

    Имаше баба ми, вака рециклираше текстил, се што е скинато и веќе не употребливо се цепеше на ленти и потоа се плетеше. Истото се правеше и со најлонските кеси. Плетениците од текстил стоеја крај оган, во ходник, пред врата, тие од најлон во купатило. Некои и торби плетеа од кесите ама на баба торба не и требаше :angel:
     
    На petunija77, duffi, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.843
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам и јас на млекото во најлонче бело со зелени и црвени букви.
    Кај нас млекарот го оставаше млекото на едно ѕитче и секое сабајле одевме да земаме млеко, и сега се чудам како никој не го крадеше.

    Сапун од сода и свинска кожа и уши и Мајка ми и вареше на баба ми, нели како што рековте тој нај убаво перел |( а миризбата :puke:
    Шампон строго од бреза се користеше и субрина во мало најлонче :emo::D

    А нај јако ми е кога ќе ми текне во лето во ПП секогаш ни ја запираа водата (и уште ја запираат) и ни носеа вода со цистерни, нај јаките тепачки сум ги видела баш пред цистерна , летаа кофи, канти и шишиња на сите страни (facepalm)
     
    Последна измена: 8 ноември 2019
    На petunija77, Alisa22, Sandrin4 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Тргнах...мајка Македоња, чекај ме...твоја сум #ednae #celadae
    :*
     
    На duffi, WildMk, Ordinary и 25 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Добро утро.
    Од што имам работа денес, неможам ни саглам да спијам.Милион бројки имам во глава.Несакам да ја прокоцкам довербата кај шефовите.

    Свински сапун??
    Ееее....:o
    Страшно лошо мирисаше ,ама баба не се делеше од него.
    И така еден ден некој ни кажа ( пак онс лудо тинејџерство) дека ако изрендаш свински сапун и му ставиш хидроген, добиваш плава боја на коса исто како Колестон:D.
    Е, тоа ми беше првиот контакт со свинскиот сапун.
    Речено-сторено.
    Бруцошки извеани, една другарка сама дома, друга хидроген купи, јас сапун набавив...и тргна нашето прво искуство:D.
    Се фарбавме.
    Абе, без грам памет:worried:
    Кога испаднавме од бања, сите четири како жути пилиња во косите:|
    Да не ви зборам, од златни коси,партал на глава си направивме.
    Мерлинки ќе се праевме|(
    Моите паднаа во несвест кога ме видоа.
    Тогаш мајка ме фати за рака и ме однесе на шатирање, троа од троа да ме направат да личам на човек.
    Ете ви и друг податок за свинскиот:D

    Одам да се спремам, се читаме во текот на денот.
    Форумов ми е како пауза меѓу две орди од бројки,ме релаксира.

    Убав ден девојки
     
    На eta, Peco, petunija77 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Ме насмеа бре Рефи ,:hug:
    Ај д.утро и од нас :)
    Спремна ,чекам да бидне време да одам ...2 дена без кола -ко без нозе сум :|...

    Денес Митровден,убав ден ...да си беше се ко што треба ,вечер ќе одбележувавме :l:... живот јбг :| ...како и да е ,вечер пак ќе се опнам у венчаница на 15мин.-да се подсетиме на денот :| ...

    Ај :* убав ден имајте
     
    На Peco, petunija77, Tajnaotrovna и 28 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.775
    Допаѓања:
    214.215
    Пол:
    Женски
    Добро утро и убав ден имајте.Тегнам чај и уживам во мир и тишина.Сапунот свински-самварен го викаат овде,уште се прави-ако ви треба да се распрашам за калапче:D...
     
    На Peco, ane.bella, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Денес тие што прават вакви работи Хипстери ги викаат :) , еее колку напредни биле бабиве :)
    Добро утро, Петок денес:dance:
    Да допијам кафе па да се спремам, се стуткале дечкиве во мене им се спие, а треба да ги размрдам за школо градинка, утре ќе се тегнеме подолго.
    Среќна слава именден ако слави некој и убав ден да си имате :)
     
    На Peco, ane.bella, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Колку имам да ви пишам, од постери со My girl, до телефонски сметки баснословни - еднаш затоа што вртев на клуб на осамени срца (кај ми бил умот не знам)... До еднаш од вртење на квиз островот на скриеното богатство... За второто не признав никогаш дека бев јас (иако бев магарица на факултет... Абе идиот невиден)… до толку што татко ми беше убеден дека нѐ украле и отиде смени оператор (facepalm).. таков демек слушнал дека и на други така им правеле и јас тука со клизачи - да да... (а не дека се работеше за мое глупаво "претчувство" дека ќе победам во квиз кој не е измислен за некој да победи во него)... Абе идиот невиден. И тоа ко што реков - магарица. Со маж ми бевме заедно тогаш и само тој знае а подоцна ѝ признав и на сестра ми. Сега ме потсетивте, можеби треба да им признаам на моите дека сепак нивната глупава ќерка ако на факултет, сепак не пораснала, и како тогаш кога била "осамено" срце и овој пат била неодговорна со пари и чисто речено - глупава. Сакав да ви пишам и за возбудата кога добив телефон во соба, па кога проработе идентификатор (уау можев да видам дечко ми кога ме бара).. со тој дечко многу верглавме по телефон, што мајка ми кога доаѓаше да нѐ провери дали спиеме јас имав финта - го покривав телефонот да не свети и слушалката ја пикав под јорган .. па ќе заминеше и после продолжуваше муабетот. Ах времиња.

    Туку да скокнам од доенечкава положба, и да будам фамилија, оти за 45 минути треба да тргаме на патешествие накај Македонија. Посакајте ми мирна авантура денес, оти сабајлево по ноќој тргаме по патен лист, а после и накај аеродром.. летот е тек вечер, па ќе биде весело денес...
    Да можев ќе се начукав и пијана ќе го преживеев патешествиево. А патем не пијам алкохол... Никогаш. Е до толку е работава.
    Ама ако нешто ме држи полетна е симитот кој утре ќе го смачкам за доручек. Со ладен јогурт. Оргазам. :d:

    Останете поздравени и најубав петочки ден ви посакувам. Со симит и јогурт. Или бурек и јогурт. Ма што и да е со јогурт.
     
    На Dentina, Peco, petunija77 и 32 други им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    184.318
    Пол:
    Женски
    Добро утро другари :coffee: :yawn:

    Јас сум ‘89 генерација, ама имам колекција на плочи зачувана од моите. Разновидна. Од Битлси до Шабан Шаулич, од кога имал коса и тоа! :!: :rofl:

    Секоја вечер мајка оставаше на едно ѕидче празно шише, за следното утро млекарот да го земе и да остави ново со млеко. Дури и пари му оставаа така еднаш месечно под шишето. (facepalm) Уште го памтам шишето. Оти според мајка, мораше да е различно од сите други, за да недај боже го смеша. Па беше покусо и пошироко, и темно како пивско. :D
    Еднашка на татко ми покоен му светна сијаличката. Дедото има само една крава, едноставно невозможно е да носи млеко на 50 места. И го откажавме. И оти почна се поводесто да е. :D Е тогаш се префрливме на тие во најлонче. :)

    Имавме 2 мали црно-бели телевизорчиња, кои ни стоеја во подрум и на кои игравме нинтендо. :D А еден огромен што го памтам во спалната кај моите, немаше далинско, имаше само 7 програми и мораше да станеш и да типкаш во еден дел на него, за да смениш програма. Прв тач модел-систем. :rofl:

    На 18 фатив прв дечко со кој висевме на телефон по цела ноќ. Имавме еден огромен зелен жичан телефон, кој кога ѕвонеше го слушаше цело маало. На него вртевме во вистинска смисла на зборот. :D Тој ни стоеше во ходник. А во дневна демек малку помодерен, бел, со стискање дугмиња. Тој брзо рикна, ама затоа зелениот уште работи, само не е во употреба. :D Утрата го пречекував татко ми пред да оди на работа, дур висев на телефон, и многу се нервираше и се распраавме за тоа. А за сметките.. ја исклучи опцијата да можаме да бараме, само да не бараат. :D И тоа со финта. Сметал дека не е во ред према другите ние да не ги бараме, па ја вратил назад по старо после првиот месец, ама мене не ми кажаа. :D

    Одмрзнав кифлички од вчера вечер. Бар се надевам дека се одмрзнати оти ги мислам откако сум будна. :wasntme:

    Убав петок ви посакувам. :)
     
    На Dentina, Peco, marchi-cool и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Нула отпад тема, во Мкд е како да фрлиш грам сол во море.
    Useless.
    Не за друго, луѓето немаат свест ниту сакаат да се едуцираат на таа тема. Имав шанса да слушам и сведочам одредени техники за food waste и само тоа ми има смисла, но генерално ние сме едно огромно ѓубре од народ, депонија од држава и тешко ќе се оправиме.
    Освен немањето свест, зачараниот круг е поткрепен и со никаквото имплементирање закони и казни. Или барем едукација.
    Пазарам со торби, не возам автомобил, рециклирам храна, пластика ама знам дека тоа е малку. Незабележително, но утешително. Воедно, рециклирањето пластика има поента само ако знаеш дека секое парче пластика што ја користиш, ќе се реупотреби. Засега само Ромите собирачи успешно го чистат градов од таа пластика. Нула отпад функционира само на ниво на систем. Ние тоа го немаме во Мкд. И затоа имаме ѓубре, запалени контејнери, гаден воздух и се' што е можно лошо за една животна средина и добробит. Тргнувам од најмали работи - во Кам напишале во редот кај овошјето и зеленчукот "Ве молиме не ги користете ќесите за други намирници освен зеленчук и овошје". Зошто? Затоа што секој втор пензионер пика по џебови ќесиња, за недајбоже. Со внатре сијалица и еден лимон. Го имам видено тоа. Или три ќесиња и внатре паричникот, јогуртот и банананите сите одделно. Зошто? Нели тие беа свесните што користеле зембиљи и кошници? Баба ми без кошница не тргнуваше на пазар. Сама правеше сапун од костени! Сите платнени торби беа со намена - таа од Факс за јуфки, таа од Вегета за набран чај. Проѕирни зембиљи за компир, праз. Дрвени сандачиња за шеќер, сол. Никаде пластика.
    А ваму, ќеса со ќеси. Пластично самоубиство на планетата Земја.

    Будни од 7. Затнати носеви. Не ми се оди на работа, сакам да ја гушкам и да јадеме супа во црвеното чиниче со точки. Ми е жал кога е настината, не знае што ја спопаѓа. И заби згора на тоа нови, два пара петки. Животов е некогаш џем, некогаш стврднат еурокрем.
     
    На M&M, Peco, petunija77 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.382
    Допаѓања:
    259.929
    Помина роденденот, со 60 гости, од кои околу 50 деца:drunk:. Лудница:D. Наредна година во патики ќе одам, нозе неам значи:).
    Синко пресреќен :inlove:. Тоа најбитно.
    За наредна година има нова тема и роденден - Џорџ Горила(facepalm). Се надевам ќе се предомисли |(.

    Вечна слава и име на сите што слават денес:*.
     
    На Martka, M&M, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  17. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.697
    Пол:
    Женски
    Добро утро :coffee:
    Кафе ,фемина и добра музика ,добитна комбинација утрово .Пмс присутен а треба да се вежба ,па да се крене малку расположение .
    :dance:

    @Milobebence среќна слава ,за многу да си ја славите и убаво да си поминете денес .Среќна нека е и на сите други кои слават .
    @JuLleE среќен нека му е роденденот на малиот :^:.

    @referentka (highfive) ,и јас со една другарка го имаме правено истото со свинскиот сапун :tmi: ,сакавме ептен плавуши да бидеме .Кога ме виде мајка ми....одма под казна се знае :rofl:.Па среќа имаше една комшика само што се врати од Франција и ни даде розев спреј за коса ,па од "плавуше ",се направивме пинк во косите.И хит бевме ,нема што :lol:
     
    На M&M, Peco, Tajnaotrovna и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    107.430
    Пол:
    Женски
    За многу години денов
    Ви благодарам на сите повелете на слава.
    @JuLleE среќен роденден на синко жив здрав среќен најсреќен да биде.
     
    На Martka, Peco, Tajnaotrovna и 18 други им се допаѓа ова.
  19. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Добро утор

    Ова за вчера:
    Пројде ми још ед’н д’н у живот а да не ми гу треба Питагорина теорема... :D

    Среќни родендени, слави и имендени на сите кои слават :)

    Мали не ми е ок, до инхалатор стигнавме, чекаме и резултати од Фчерашната контрола уф козле сити.
    @Alishan30 да не бевме на иста слава вчера :D
    @Sesil по муабетиве, прогнозирам дека сме генерација, +- 1 год :D
    @stetoskop гољФ GTD 6-че за тебе
    VOLKSWAGEN-GOLF-00.jpg


    Толку за утрово, се одјавувам
     
    На M&M, Tajnaotrovna, ane.bella и 19 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.937
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Не ви кажав за завчера.
    Возам јас од кај панче накај кружен пред железара.
    Излетува на улица мало маче, дехидрирано, не реагира на свирка, едвај оди по улица.
    Укочува сообраќај тој од спротивно, укочувам јас од моја страна, да не излета под тркала. Мачето едвај свесно. Излезе човекот го зеде го тргна во дворот. Имаше дете во кола.
    Точно, ништо не му оставивме, претпоставувам ни тој немаше шо да му остави, ама ете, се потруди да не го згази некој. Позитив на денот ми беше тој момент. :)

    Петок денес. Станата од 4. Мали збрлавен скроз. Денес ќе е бетер јер е дома. У понеделник здравје ќе го носам во градинка. Нека одмори малце од таму.
    Се чудам викендов кај да тераме ако е вакво времево..
    Идеи имате?
     
    На eta, M&M, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.