Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Ај сега сите од времето на Ситније циле ситније кај @stetoskop и Лепа Брена на гости, в недела:!::D
     
    На kuc, dunika, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Само да ви кажам дека тоа во Охис не е што кажуваат, трае веќе три дена и е многу, МНОГУ сериозно.
    АРМ ќе биде вклучена и последиците може да бидат катастрофални.
    Да размислиме дали е баш денот за да ни биде баш гајле, јер петок.
    Никој не сноси одговорност и не вклучија аларм за тревога.
     
    На Kaetana, petunija77, senjorita-v и 14 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Ни го скратуваат дефинитивно
    Одземање телефон и компјутер на одредено, у срце го гаѓам :D, тренинг не би скратила и јас, едвај се наканивме да тренира нешто.
    @LiliBoz не знаеш баш зошто плачело т.е. зошто мајката не реагирала така да немој да судиш. Син ми на 2г се дереше на цел глас во сред бисер дека бил гладен а јас не сум сакала да му дадам да јаде, само затоа што имаше гужва во една фурна додека купувавме нешто а он сакаше одма да му дафам кифла, можам да замислам што мислеле луѓето околу за мене. И ова е само еден пример, во вакви напади на лудило за рака полека дома па дома се објаснувам, надвор џабе, уште па некој да ми искоментира и ќе треба да се степам. А уствари се имам искарано со 2 тетки поради коментар зошто плачел.
    @JuLleE среќен нека му е роденденот на дечкото, најсреќен да е :party:
    Да допијам кафе приберам дете од тренинг па на именден ќе се оди
     
    На Kaetana, bittersweet, wendy2 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    143.480
    Каква и да е казната, важно е да се спроведе доследно.

    Најчесто им кажував дека мора да учат и можеби ќе мора да прескокнат некој тренинг, за да можат да постигнат со учење за да си ги поправат оценките. Маш казнуваше и со неодење на сите активности, вклучувајќи и спорт. За телефон, барам додека учат телефоноте да ми ги дадат мене. И ако требаше да поправат, ги испрашував и ги враќам се додека не научат убаво. Не е ова добро, треба сами да си се организираат, ама не ми се ризикуваше.

    До кај 7мо одделение вака, после станаа посамостојни. Сега ќерче сама се треска од земја ако добие послаба оценка, а на синко ако има потреба ќе му подвикнам, па си учи.
     
    На andrejko82, Kaetana, petunija77 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.940
    Пол:
    Женски
    Не сакам да разглабам. Сакам да не реагирам на такви ствари. Да не ме допираат.
     
    На WildMk, LejlaD, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Е супер што се треска.
    Ќе се треска после и на факс, и на работа... и така животот во трескање.
    Се би дала да не скокав музичко и да не скокав тенис и танц. Живеачката поарна ќе ми беше денес.
    За моите родители немам замерки, освен важноста на школото која неоправдано му ја даваа. Немаа проблеми да мора да ми висат и да поправам оценки, ама трубењето дека е најважно да си успешен, преголем притисок ми правеше. Подобро ќе беше да ме учеа да се справувам правилно со стресот.
     
    На andrejko82, Kaetana, Ariel и 11 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Е тоа е веќе друг муабет, и мене не ми е пријатно кога гледам како дете плаче или го караст ама не знам што е позадина на приказната.
    Него што е работава со Охис, има некој што живее таму? Се излеала опасна материја, на вести викаат дека само вода од миењр цистетни се излеала
     
    На dunika, Love 83, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.940
    Пол:
    Женски
    Веруј ич не судам, повеќе во афект тоа го велам како може. Јас многу се потресувам на детско плачење. Нетипично многу. У пм

    За охис тек сеа видов лилит коа пиша. Јасно е од што ќе исцркаме
     
    На WildMk, ane.bella, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  9. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    – Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, истакнува за МИА инспектор кој е на терен.
     
    На Kaetana, senjorita-v, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Филтрирана вест за да не се шири страв. А треба, зошто животот ни е загрозен и треба нешто да преземат околу тоа.
    Арм се на терен, од единицата абх, од државниот тв сервис цел ден притисок за која вест да ја изнесат.
     
    На Kaetana, dunika, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.940
    Пол:
    Женски
    Ќе ви кажам у понеделник ако ми стигнат материјали
     
    На dunika, WildMk, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ми иде да се смеам на сликата па и на модата.
    не знам јас како би казнувала уште сме на почеток од школото ама мене казните за намалени оцени ми беа смртни казни искрено. Еве и ден денес а и дете праќам на школо и не сваќа чему такви казни сум добивала. Значи сулало да игра и со температура да одам на тест. Од соба да не излезам додека не научам и не бидам испрашана а излагање со друштвото само ко ќе донесам поправена оцена.
     
    На andrejko82, WildMk, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.043
    Чекаме.
    Деновиве таа рута ја одам, печење на очите имам, мислев рандом е, со прокулин се лечам, оно... слепи ќе останеме.
    Ебате државата.
     
    На petunija77, mal.ecka, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.219
    Пол:
    Женски
    А што всушност се случува?
     
    На WildMk, ane.bella, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.388
    Допаѓања:
    262.061
    Пол:
    Женски
    Хемиска фабрика оставена на заб на време, баш се може да и е. Што и да кажат како вест ништо нема да им верувам. Од тој линданот страв имам 35години, татко ми цел живот го зборува. Какви ни се институциите само се надевам дека нема да им текне и со него маркетинг да прават дека ќе го дислоцираат за наше добро.
     
    На Martka, petunija77, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.940
    Пол:
    Женски
    Лонг стори шорт таа почва ќе е токсична минимум 100 год. Со секој дожд ќе испарува дел по дел од неа.
    А колку воздухот е токсичен моментално треба да измерат. А верувам веќе знаат. Не е некој процедурално долг тест за одредување.
     
    На petunija77, dunika, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.936
    Допаѓања:
    203.219
    Пол:
    Женски
    За линданот се знае дека е длабоко навлезен во почвата, оти секако е фрлен така, раширен е на голем дел од територијата на Скопје. А сега што истекува, богзнае. Не кажуваат да не се дига паника, и оти не се способни да се справат со нешто вакво.
    Тешко нас и нашите деца.
     
    На Kaetana, mal.ecka, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  18. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    За Охис одамна имам читано неколку истажувања кои ја поврзуваат фабриката со здравствени проблеми кај децата, а системот за чување на отпадот од пред 40+ години веќе им се распаѓа, па содржината истекува во почвата, а од таму во подземните води. Страшно!

    Најжално е тоа што еден куп ќе најдат време и желба да излезат во кафана, ама малку имаат време да кренат глас на протестите против загадувањето. Не дека често ги има. Неколку месеци бев во Мк, никаков протест против загадувањето немаше - лето беше, башка никакви избори на видик да се организираат.

    Нареден пат кога ќе се вратам, самата ќе организирам протест, макар и никој не дошол.
     
    На Kaetana, bittersweet, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    101.699
    Пол:
    Женски
    IMG_20191108_192311129.jpg
    Еве доказ од моето време,стикерчиња залепени на стаклото од креденецот во кој си чував книги.Сега е во подрум ама и стикерите се тука.Постерите одамна ги нема...
    Не ми се отвара ФБ,од лоши вести.Секаде напуштени луѓе,болни деца,ѓубре на сите страни...сега и ова со хемикалијава...секој ден сме поблиску до пропаст,лошо е што нема да е брзо и наеднаш,туку ќе се мачиме и ќе си ги гледаме гревовите.
    Градов половина е блокиран,важно Брена ќе ни пее и ќе си ја однесе нашата улица под мишка, која плаче за асфалтирање...
    Памтам и млеко во кеси и јогурт во триаголник,и мото колачиња и сликичките од животинско царство за кој добив пакет со чоколади поголем од мене.
    Базока мастики...
    Струмка зелена ,жолта ,црвена...снешко и капри сладолед..
    Лимонадата на плоштад ...се прашувам како тогаш не се заразувавме кога пиевме во чаши само заплакнати....
    Се помина,па и животов се одтркала...
    П.с.во контекст на празников на градов
    Анкета
    -Што се десило на 11 ноември?
    -Немам појма,ја си иду по Треќу македонски...(улица):D
     
    На Kaetana, bittersweet, marchi-cool и 26 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Еве што вика Википедија за токсичноста на конкртнава супстаницја:

    2019-11-08 19_37_42-Window.png
    2019-11-08 19_37_59-Window.png
     
    На Kaetana, Sexybaby86, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.