1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    @bittersweet твоите цуциња изгледа направиле договор, мора будење на смени , немој случајно мама да седне.... јок, седнување и легнување нема додека не отидат на факултет :) кажав јас и го разбудив малото....што дремка беше ова, легна во 1-1.30, стана за 10 мин, па заспа па стана....а бе грбот ми се укочи на она фотелјана. Убаво шtо не сварив кафе тогаш по дефаулт се буди. Барем да одам до вц додека можам, седни стани е работава
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    @lunicka братучетка ми носи толку, има накај 50 год и три деца сега веќе факултетлии. Ама жената се одржува, рака на срце и завидувам ... јас се одржувам со еурокрем и чоколади. Зошто во 2 сабајле само тоа може да ме додржи будна. Ееее 38 ка, ..... јас по америчкиве величини сум ,L што значи кај нас пута пута L

    38 ка ... еми толку годинки имам
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.070
    Допаѓања:
    137.329
    А бе жени едни низаедни, ќе ви кажам убаво. Место да ме шамарате да се освестам, вие земавте да ме кандисувате за трето дете :D. А бе ми прпа, што да кажам. Да успеев да го кандисам убавиот мој, третото дете веќе ќе имаше околу 4 години, ама тогаш не сакаше. Сега па за беља почнува да сака, а мене на толку зборење за трето ме фати некој страв, и не знам сега каде и како да бегам :D.

    Евтината струја треба да ми се забарани, инаку машината за алишта кај и да е ќе ме пријави за злоупотреба. И да ви кажам искрено неделите кога сум дома малце ми идат на живци - цел ден нешто правиш, а баш и не се приметува. Денот го изгубив без да ги завршам двете работи планирани за денес - домашно германски и да се навежбам за една точка што ќе ја имам во четворток. И јас се зафркавам, битен настан ми е, а јас наместо да се спремам, се плеткам низ дома.

    Единствен ќар е тоа што направив ручеци и за утре и за задутре, така некако испадна. Многу ми се виде месото, па го поделив за 2 дена. Со овие две манџи го затворам готвењето за оваа недела - втората е боранија, па после неа домашните ќе ме молат ништо да не готвам неколку дена, да одморат малце од моите манџи :D

    Ај сега да повежбам за точката.
     
    На galapce, Annath, XMaN и 4 други им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Тоа блачкото нешто овие денови си го мавам без мерка, што ќе да е не знам. Арно си бев ослабнала, ама зимава ќе си станам баба меца изгледа.
    [​IMG]
     
    На Annath и bucimir им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.862
    Допаѓања:
    167.024
    e да си жива и здрава ама ова сликичката ме изнасмеа за сите пари јас демек на диета сум дееее уште се држам завршувам 2недела со -5 кг не за дуго млада свекрва ке бидам па да се одржавам хихихихи
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Значи знам за две феминки кои ми се блиски по годините.Ме интересира овие 5 други кои се да знам.Чисто информативно.Ако би биле љубезни јавете ми се во пп .:)
     
    Последна измена: 9 ноември 2014
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.862
    Допаѓања:
    167.024
    Јас не сум спиј мирно :P
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    На okcenzi и Annath им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Добро утро дами!
    Далеронче, кој се наспа, се наспа, кој не, не. Абе кој како ќе си ја нареди работата, така излегува денес .

    Јас ноќва бев дежурен синоптичар. На малово му се затна носето и само што сум легнала синоќа, помина сонот. Па се гњавевме капки да ставиме, па се нишкавме да се смириме и да заспиеме. И така мама од 1 и 30 нема затворено очи ( ти Ариелче, не читај тука :D).
    Туку сега треба да се одржиме денес будни, ама како?!
    Ајде на едно кафе појако, ќе ми треба само за денес :coffee::coffee:.

    Воедно да се извинувам што не ве почестив вчера, а ветив. Цел ден средував и уште не сум средена од славава. Па така си велам дека денес ќе имам малку време да ги пренесам сликите во компјутер и да пуштам нешто :).
    Ама да ти кажам искрено кога и да помислам да ја отворам ф. инстаграм, секогаш ме постесетува на тебе. Односно од еден твој пост, кога еднаш пиша дека не сакаш никој да видиш во морална поддршка за оние кои сакаат да ослабат. Ме зaмисли да ти кажам право:D:P.
     
    На bittersweet, pilenka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам подобро да не спиете од децата отколку од маж ви.Притоа не мислам на .... Значи како по обичај овој си дојде загреан и спремен за кавга,заспа во дневната едвај го разбудив да си легне,цел ноќ шкрипи со забите,зборува нешто,млати со рацете,еднаш дури и ме удри во сон,па кашла како да има туберкулоза ...сум заспала сабајле кога стана и отиде на работа.Затоа и од лошо има полошо.
    Вчера ми донесоа и покана за свадба за 2 неполни недели.И пак се фрлам во депресија што ќе се облече,сите ќе сакаат со нешто да се подноват.Изгледа јас ќе искомбинирам од тоа што имам.Не ми се даваат пари за нешто што ќе се облече 6 часа и после ќе стои во плакар.
    Денес немам поим што да правам за ручек.
    Планирам да се отркалам малку низ продавнициве и до блискиот парк.
    Добро утро!
     
    На bittersweet, pilenka, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Стигнав да ве поздравам сабајлео само. еве како ми почна понедлнички утрото (инаку се наспав).
    Оп во 6.00 на нозе, едно апченце од оние за жлездата, турање ѓезве со вода и правец купатило.
    Помина и тоа водата врие, ај кафенце и ѕир на темава. Дур испрочитав се летна времето.
    Газ преку глава, абе не можам да си најдам од оние кошулкине за недомаќинки, партали куп.
    Болест тоа шопингот.

    Нејсе уклучив пеглата запеглав малку една од напред колку да не се гледа.

    Синоќа ми ги пишува отценките на еден лист хартија, за на крај да ми рече ќе поправам до полугодие.

    Што Цако ме тераше да отворам Е-дневник (до сега не отварав) и што да видам.
    Македонски 3-ка(додуша писмено 4-ка).Зоврев:envy: и звонам и викав Македонски тројкааааааааа па каде живеш ма ти!
    Станувај веднаш да не доаѓам сега да те извлечам од кревет, а она ноншалантно: Добро мааааааа ќе поправам утре има совет тоа е, ама за полугодие 5-ка ќе имам. Чекам тоа родителската да се засрамам малку таму.
    Чудесна земја е оваа наша Македонија
     
    На bittersweet, Annath, Teodora* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Ич да не се срамиш.Сега даваат нели евидентни листови и никој нема да ти ги види оценките,особено ако седиш сама во клупа.Ги спомнуваат најслабите и најдобрите ,оние во средина не ги чепкаат (а нашиве се такви).Лупаш таму автограм,инаку саму таму го ставам мојот ценет потпис и готово.
    Си мислам добро што нема 2 единици ќе ме оставеше класната на разговор кај неа и ќе ме прати кај школскиот психолог.И што ќе правам во таква ситуација,само ќе трепкам.
     
    На Annath и Daleron им се допаѓа ова.
  14. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)
    Како хаотично почна денов додека да стигнам на работа се уморив (facepalm). Секој работен ден иста приказна алармот звони во 6,00 јас викам само уште 5 мин. кога гледам по пет минути 6,30 дошло. Брзо рипај, ставај кафе, туширај се, облекувај се ( ништо не ме собира :worried:) и цело време како расипана лента повторувај АЈДЕ МАМЧЕ СТАНУВАЈ ЌЕ ЗАКАСНИМЕ ..... После еден саат конечно принцезата станува и тука започнува патешествието. Што да облечам ( а што и да предложам џабе уште не дослушала несакам вика), Каде ми е оваа блуза оние фармерки ( а баш тие како за беља не се исушиле), која јакна да ја облечам ладно ли е топло ли е ми треба опрема за физичко дај бела маица дај стегач дај пари АУУУУУУУУ :devil:. Почнувам да се потам ( џабе се туширав потрошив вода, струја и козметика) само гледам на саатот времето лета таа абер нема. Прво ќутам после почнувам да викам дека сто пати сум и рекла да спреми се што и треба пред да си легне, ама кој те слуша и да спреми до сабајале ќе измени. И така во 7,50 конечно излегуваме од дома јас натоварена трчам ќе се утепам со штиклите а таа како да тргнала на прошетка(facepalm). Влегувам во кола со сите ташни, ранци, ќеси, хамери фрлам се на задно седиште, прво ги барам клучевите во ташната во која којзнае што се има, конечно ги наоѓам да ја запалам колата не пали Лелееееееее ужас :devil:. После неколку неуспешни обиди кој знае како запали и конечно тргнуваме како на рели. Во 8,00 ја оставам пред школо следува те сакам ме сакаш, а јас :whew:. Вадам тоа несесерот за да се :makeup: (да не исплашам некого) и продолжувам да се борам со утринскиов луд сообраќај по скопскиве улици. Во 8,30 конечно стигнав на работа да се одморам малку :D. Ама се расприкажав, а денов само што почна :$
     
    На SV1911, bittersweet, pilenka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Убаво ме потсети и јас да отворам Е-дневник .Само да почекам малку да не ми дојде многу нервоза за едно утро. Околу 12,00 ќе отворам :)
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Добро утро, или добар ден ако повеќе милувате :D еве ме мене од работа, конкретно од паузата за јадење. Не дека ми треба пауза, пошто баш и не се отепувам од работа периодов, ама без доручек не функционирам. После може цел ден да не јадам (кого лажам, ако ништо друго, благо сигурно ќе јадам). Како да се откажам од благото, дајте совет. Кај се оние времиња кога лесно слабеев :|
    Овие два дена сме сами со малиот, мм отиде во Истанбул. Да не бев на работа и да не ми е малиов у фаза на јачање имунитет, ќе одевме сите тројца. Ама здравје, некој нареден пат.
    На сите што се мислите за второ или трето, не знам што да ви кажам... јас не можам да се кандисам за второ, страв ми е... од бременост, од породување... за неспиење веќе навикната сум, тоа ќе го поминам, ама од самата бременост и од самото породување уплав имам, а порано не се замарав толку. Башка имам страшни болки во половината, што значи царски не ми бега, и тоа со општа анестезија... најголемиот мој страв. А со малиот така се породив, не бев ни свесна што ми се случува. Сега не знам дали би била доволно храбра пак да поминам низ истото... и така... затоа се двоумам...
     
    На Serafima, bittersweet и lunicka им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
  18. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Добро утро и од мене...јас сабајлево го започнав со вообичаениот ритуал, миење садови од синоќа, си припремив цвекло, морков, јаболко и лимон, па 2 јајца од препелица и корн флекс со јогурт. Ручече си направив вчера за денес и сега ќе одам малку да прошетам, да си докупам работи за бебчево и за мене да не ме изненади порано се плашам.
     
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.277
    okcenzi ми го разубави утрото со оваа голема ВИСТИНА!!!
    Daleron ти благодарам што ме потсети да отворам Е-дневник!!! Оваа учебна година заборавив на него! Но, подобро и да не отворев!!! Од малкуте отценки внесени во Е-дневникот само една ми се допадна! Вечер кога ќе се вратам од работа ќе има СОВЕТУВАЊЕ дома!!!:)
    Пријатен ден ФЕМИНКИ околу и над 40, бидете :) и 8)!!!
     
    На okcenzi и Daleron им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добро утрона сите и на пролетта во Ноември.
    Одамна не сум спиела до толку касно.
    Со каффенце пред мене,биоелектра и отворена врата од тераса влегов да проверам која од вас кога се разбудила денеска. :D
    Денеска пазев да не станам на лева нога.
     
    На pilenka и Annath им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.