Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.352
    Допаѓања:
    190.252
    Нов е обичајов, отприлика откако постојат Скопјани;)... а веројатно и остатокот од светот, источно од Вардар.
    Иако, делумно вистина - западните територии, навистина кршат лепче за Василица.
     
    На zhap4e, LejlaD, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    е сега да не е муабетов нов од вчера. Кога теравме муабет со неа имаше нешто повеќе од 10 години. За Василица има и теорија зошто е тоа така ама еве за Бадник јас не ја знам теоријата. Кој ја знае нека каже. Ме интересира сакам да знам и јас
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Шо има врска кога 'е правилно' да се крши лепче?

    По битолски, мазник се дели со париче, на Василица.
    Мене ова со лепче на Бадник, поќе ми се бендисва... па си го 'присвоив'. :lol:

    Кој како си сака, така нека си прај.
    Битно е да не прајш лошо на други, не шо јадиш, кога јадиш, како јадиш.
    Џабе сите адети да ги тераш, ако 365 дена во годината, оговараш, вреѓаш, омаловажуваш, потценуваш некого... Да не праам муабет за поголеми безобразлуци...
     
    На mira.mira, dayla, eta и 33 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Ааа.... @WildMk не е интересно ако не се оговара. Се друго се може ама тоа...
     
    На LejlaD и stetoskop им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.989
    Јас Мара си ја сакам многу, а дури сега за прв пат имав можност да ја слушам во живо. Кај нас последно пееше во Борис Трајковски, таму не можам да одам.

    И' ги имам гледано концертите, прилично различен "репертоар" има секогаш, на пр. еден од последните во Сава, пола концерт на англиски пее, другата половина српски/хрватски, па и народно.
    А нејзини песни скоро да не пее.

    Не знам како бира песни :)

    Вчера почна со нејзини и скоро до полноќ нејзини пееше, после пееше екс ју, народно освен "Волиш ли ме" не пееше, а инаку свашта, од Чолиќ до Мерлин имаше на репертоар :)

    Она како појава е единствена и мислам дека на нејзин настап не може да ти е досадно, жива е, скока по сцена, комуницира со публика, прави зезанции, прави муабет... и пее од пети. Озбилно ова :)

    Обезбедувањето проба да тргне една жена, кога му се сврте "шта ти је бре, пусти жену на миру" :D

    Е сега, и настанов беше таков, со малку народ, сум била на свадби со повеќе луѓе, па можеби затоа и таа беше толку опуштена, седеше на маса со друштвото нејзино буквално на една маса преку мене, ако сакаше да оди некој докај неа немаше некој проблем. Имаше обезбедување, ама и многу од гостите имаа свое обезбедување јбг :rofl:

    Се' на се', јас на Мара секој викенд би одела, но во вакви или слични услови, и не би одела на класичен нејзин концерт оти знае и да глуши со народно.


    Сега вредеше за секој денар настапов (и целиот настан).

    Кога ќе можам ќе прикачам клипче некое.

    Ѕвер е :l:

    Еј заборавив момент еден да кажам.
    Имаше ептен "ку*наз" народ, значи храна/пиење неограничено имаше и се' беше врв, избор да шашардисаш, е ама, ако си лице Шкљ и не пиеш 5 Моети вечерва, не ти се брои. И отворив мени да видам како се со цени, 285 000 дИнари шише :drunk:

    А од вино ми беше интересно што исклучиво вина на Тиквеш имаа, е Александрија шише беше 70 евра... малце забегано, оти 300 ден. е некаде во продавница, ама ај увоз нели, ај ексклузивно нели, ама сепак...

    И од "бесплатното" вино беше Александрија, ама на точење, го губиш чаталот со шише на маса... јбг cheap ass сум :D
     
    Последна измена од модератор: 2 јануари 2020
    На Sesil, emiliana, ivi1987 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Колку е 285.000 во денари?
    Тука Моет е $50 шише во продавница, околу 2000 денари и ништо посебно не е.
     
    На ivi1987, dunika, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    @CameliaMiller кај нас на Тиквеш шише во ресторан е 450 ден :).

    Добра е Мара, јас летово ја слушав, а сестра ми и беше на концерт.

    Салата топ, сите ми ја бендисаа(fingers)

    Денес цел ден патувавме. Возев едно 80 км и ми се преспа, па фино препуштив волан и спиев :drunk:.
    Одморт за мене започна :party:
    .
     
    На Sesil, ivi1987, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.706
    Допаѓања:
    175.577
    Пол:
    Женски
    И овде на фри шоп моетот е 50-60 евра, а во тобако можеби да е 70 -80 еур.

    285.000 ден е околу 4.700 евричи.

    Се разбудив од спиење.
    Се фаќам за лице- горам.
    И без да мерам Т знаев дека е висока, па одма земав 2 парацтамола. Мерам сега - 39, 4.
    Сама сум . Ќе чекам да делува апчето , ако не делува врвам на болница.
    Не качувам јас волку Т , се исплашив некако сега:(

    Едит: Сега гладам дека во динари е цената(facepalm)
    А баш се зачудив зар не знае Битер колку е курсот еур/ден:rock:
    На половин од прилкика иде со денарот:), значи околу 2350 евра
     
    Последна измена: 2 јануари 2020
    На Sesil, ivi1987, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200102-021825_Samsung Internet.jpg
    Да не се многу тие динари за едно шише?
    :^)
    Јас дон перињон пијам :$
    (Се зезам, алооо)
    :rofl:
    Шампањ/просеко ми е е шптицер мене.
    А тоа добри 8 години не можам ни да помирисам. Не прашувајте зошто :$

    Се молиме за деј оф.
    Ми го ветија бадник.
    Погодете кој ќе јаде пица, сам дома :rofl:
    Си купив чадор на амазон, чекам достава
    Се мислам што друго ситно да се почестам

    Ај јас знам зш не спијам, туку вие објаснете ми се 8)
    3.30 е (facepalm)
     
    На Sesil, ivi1987, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    154.484
    Пол:
    Женски
    Колку е ново не знам ама откако знам за себе, а имам 40 и кусур, било вака, во различни краишта различни обичаи има ништо чудно. Него арно што праша Рефка и мене нешто ми се блокира умов па не ми текнуваше кога како што, не за друго да се спремам за коледари.
    За која Мара зборите, за Шерифовиќ? Камке кај си шетала што се вакви цениве :o
    Едвај отворив очи, волку тешко будењево одамна не ми било.
    Ајде добро утро :coffee:
     
    Последна измена: 2 јануари 2020
    На Sesil, ivi1987, marchi-cool и 17 други им се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро :coffee:

    Вчера лежерен ден, маж на еден крај, јас во омилениот ќош и мрзи невидени. Па ајде ќе излеземе, но не излегов од кола бидејќи корнев на лук од претходниот ден, само не знам зошто воопшто се замарав со тоа.
    Вечерта кулирање со лајт божиќен филм, Крисмас принц и во 9 веќе почнав да зевам.
    Овојпат недомаќинка до немајкаде, за ништо не бев заинтересирана, ништо од јаденици не ме влечеше, индиферентна дотука и назад. Ниту салата, кифли, печење меса, дибидус.
    Планирам шетање и шопинг кај комшии и само тоа ми е во памет, едвај чекам да мрднам, од август не сум киднала некаде, многу ми фали.

    Оваа сусам салата од Теди многу ја сакам и еднаш за декорација направив од неа како бомбици, па дел ги извалкав во потпечен сусам, дел во буковец, дел во мелени ореви, дел во сув магдонос и така во шарени бои од тоа што ми текна. Многу излезе декоративно за на маса, а за вкус нема утка :nod:

    И тоа...
     
    На eta, Sesil, ivi1987 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    60.992
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова 2020...

    Лошо ми е од вино и од салата (онаа со сусам, руска, шопска, грчка, пилешка со цвекло:puke:)

    Годинава да биде се што посакуваме!!!

    Убав ден
     
    На ivi1987, Peco, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    142.154
    Ставив слика у темава, види ја, ама вака како 0ли е поубава на изглед. Маж ми ја бендиса.

    Оганот е пагански обичај, а со него се означува ѕвездата која ја седеле тројца кои го барале Исус кај се родили ги однела до местото каде се родил. Затоа се палат, во знак на тој момент. За Василица не знам.

    Паричка за Бадник е обичај, ништо верски поврзано и во дел од македонија се крши лепче тогаш. За василица се става во пита, и означува како светецот Василиј на сиромасите има дал пари во лебот кога немале.

    Правила нема, од обичаи и традиции е само поврзаноста со своите предци, чувството на дома, на - и моите вака правеа кога бев дете и ми беше убаво, па сега го пренесувам на моите деца.

    Сакам традиции, сакам да слушам за обичаи. Во време кога си го губиме коренот, убаво е барем нешто да зачуваме од ова парченце земја, ако не можеме името, територијата, јазикот и народот, тогаш барем обичаите.

    Еве еден обичај за денес - Игнат. Од денес расте денот, а се намалува ноќта. Затоа и верувањето дека каков ќе биде денеска денот, така ќе биде цела година :)

    Од цели за годинава - да си го чувам семејството.
    4 години беа битки - со кирии, со банки, со газди, со општини, со мебел, со мајстори, со градинки, пелени, болести, нови работи, губење стари работи... се уморивме. Време да почнеме да се одмараме.
     
    На eta, Sesil, zuto и 29 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Ако цела година се суди по Игнат, тогаш да кажам дека сабајле кафето ми истече, љом ми направи по шпорет.
    Некогаш-ретко кога на Рефо ќе му се случи вакво нешто (немора од кафе, од билошто друго кога се вари), викам ко некој заб да ми вади на живо, а утрово ќутам и бришам.
    Не сум праведна, тоа сакав да кажам, не асекого може да му се случи кипење врз шпорет.
    Само што еве јас сум амнестирана од 5 минутно викање:^)
    Ајде, ќе се коригирам, имам време и уште многу работи за учење.

    Минатата година ме следеа грешки од минатото, се надевам дека ќе ме следат пак, тоа за да не заборавам колку сум грешела во некои работи , спремна сум да сносам одговорност и товар.
    Нема бегање.
    Што сум заслужила, тоа ќе си трпам.
    Не се љутам, не се жалам и спремна сум да прифатам животот да ме научи како НЕ требало.

    Нареднава година сакам се да се движи полека, да нема избрзани потези, да биде се промислено.Морам да признаам дека да не е ,,овој,, што е до мене, пак ќе биде она ,,брз кучка слепи кучиња раѓа,, затоа и добро се надополнуваме, тој е вечна рачка кочница.
    Знам да бројам до 10 кога треба да се донесе одлука, ама бројам брзо, требало бавно.

    ...и на крај да си се пожалам....се сеќавате кога ви пишав дека позјамив пари ?
    ...е....нит ми се јави од тогаш, нит ги врати.
    Ниту на порака за НГ одговори, напротив, го исклучи и виберот.
    Од една страна, ми пропаднаа парите изгледа.
    Од друга страна, драго ми е што знам дека веќе никогаш нема да ми се јави и да ме побара.
    Алал нека се парите, за арно нека ги троши, ама мене очи нема да ми види повеќе.
     
    На eta, Sesil, ivi1987 и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.188
    Пол:
    Женски
    Рефке, штом му дадеш некому пари на заем, пиши пропало на пријателството, роднинството, што и да е...ретко се случува спротивното. Ако гледам дека на мој близок му требаат пари, а имам да му дадам, ќе му дадам и не ги барам назад. Ако прифати се разбира. Има и совесни луѓе, не дека нема, само ретки се, не секој враќа во рокот. Само имам забележано, дека кога некој од мака позајмува, гледа што побрзо да ги врати, а кој позајмува за да остварува мерак, не се замара со враќање. Ама пак, до човекот е.
    Каква ќе е годинава, не знам. Се надевам убава и мирна.
    Новогодишни резолуции и желби немам, освен да поработам малку на себе и да бидам подобра личност. За себе.

    Добар ден да кажам...на работа сум иначе, сама самцата, жив човек нема ни по улица. Сите спијат....
     
    На Sesil, Mr. Right, ivi1987 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.292
    Допаѓања:
    226.862
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро.
    Добро почна денов, ќе видиме како ќе тече. Улициве празни за мерак. Ама коа се празни и јас не сакам да сум тука. И ова зимо нема зимување. Не дека не можевме да си дозволиме.. Туку немаше никој воља за ништо. Има едно правило за луѓе што медитираат. Ако немаш ни 5 мин вр да медитираш денес, онда ти треба медитација од саат вр.
    Така и со одморот се осеќам.
    Ај. Ќе штедам за лето де.
    Имајте убав ден.
     
    На Sesil, Peco, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  17. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    60.992
    Пол:
    Женски
    не си сама, и јас сум на работа..а навистина Скопјево спие..|-)
     
    На M&M, ivi1987, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.231
    Пол:
    Женски
    Добро утро, и јас сум на работа, но потејно е.
    Има некои доаѓаат, и им велам денес бегајте од болници, и за нас и за нив би било добро за цела година.:)
    Гужвата од 10 почнува, кога ќе се наспијат сите, така да:^)

    Многу кошмари сонувам последниве денови, се нешто ме дави, гуши, убива, синоќа во 2 часот препотена вреснав, па маж со темјан се исшета по собите, и со крстена вода. Душичка-го исплашив:( потоа мирно спиев, сега сум многу расположена:sun:

    Убав ден имајте:f:
     
    На eta, Sesil, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.484
    Допаѓања:
    183.800
    Пол:
    Женски
    Добро утро другари :hai:

    Ако годината ми е како денов, значи ќе останам ненаспана. :sweat:
    Само мене маж не ми ја бендисува сусам салатата (wtf) Ама затоа ја, свекор и свеки ја бендисуваме па.. :D Праев и таратур. Само со краставици и многу ореви додуша, ни таа не ја бендиса. |( Ама затоа се дави во руска. :D Овде не праат крем салати, купуваат, а купечката не е воопшто налик домашна. Кога прв пат пред некоја година му кажав дека ќе напраам, негодуваше, не јадел тој тоа, ама затоа сега мацка за сите пари. :D
    И свекор ме пофали вчера оти ги мафнал сам салатите што останаа од Божиќ 8) па вчера им пратив пак. :)

    Чекам машко кафе, па ќе се гледа некоја серија. Денеска опуштено. Ќе шетавме, ама душа немам. Ми фали сон. Времево сончево со денови, вчера посебно топло беше 19 степени. Аман нека потрае, не ги можам дождовите.
     
    На eta, Sesil, M&M и 27 други им се допаѓа ова.
  20. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    31.697
    Пол:
    Женски
    Среќна нова 2020 година ви посакувам на сите, добро здравје да вe следи и многу среќни моменти дa создадете oвaa година.Позитивни мисли и многу љубов.

    Честитки за сите кои имате причина за прослави периодов а @Bubce38 тебе честитки за титулата ,заслужена е .И мој фаворит беше :l:

    Убаво помината новогодишната ноќ дури и малиов прв пат издржа да ја дочека ама највеќе поради огнометите што татко му му ги вети .
    Секоја година премногу се спрема за новогодишната ноќ и нормално се ќе остане за цела недела мислам има јадење .Салатата со урда е навистина внусна и јас ја обожавам ама мм не јаде урда па морав уште една со павлака,сланина,кашкавал, краставички,оревчиња,лукче и сушен магдонос .Исто многу е вкусна .

    На денешниов празник ,кај мајка е адет да не се иде по куќи ,по гости.Тука не е .
    Убав ден да си имате сите ,денес и цела година што следи :f:.
     
    На Sesil, M&M, ivi1987 и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.