Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.352
    Допаѓања:
    190.251
    Жабо,@zhap4e полна баричка ти посакувам:).

    Два града изодев, сигналите велат дека не сум на лош пат- годинава да завршам што не стигнав лани:party:
    Викате не е лошо да се дремне денес, ај баш да видиме дали ќе ме остаи дете:yawn:.
     
    На Jas!, kuc, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Абе, можи ли модераторите да го сменат она горе во анкетата?
    Сега сум во третата група, и сакам да си бидам пишана, кај шо припаѓам :angel:

    Аааа!!
    Идиот!
    Можело да се смени гласот..
    Го сменав..
    фала за ништо :rofl::rofl:
     
    На Jas!, kuc, Val-Dim и 20 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.736
    Допаѓања:
    213.836
    Пол:
    Женски
    Тебе на главнио ни град те пуштивме за да се асимилираш?Вртела паричка на Бадник,шо чупе ќе беше....(те зезам,да не ме сватиш озбилно)си знајш дека Сакам те:hug::*.Те подржувам за погоре напишаното,а моето го знајш-Овај горе душа бара,а не партали.Така да се знај што и како треба;)душа треба,а не.....
     
    На Jas!, Sesil, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
  4. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете од централна,со источњачки адети,но на факс западњаците ме научија да делиме мазник со париче во друштво,па игравме карти за пари,главно 10денарки.Куп адети и традиции,што ви се свиѓа превземете.

    Е со маж се срчкав првата година за Бадник,ова по велешки од свеки,ставаат тањир и прибор за Господ,па дури и храна и вино во чаша.Мене крипи ми беше:)
    Него па му беше покрипи што во мое село го канат Господ на вечера стоејќи на прагот со отворена влезна врата.
    Баш биле имагинативни предците наши:))
     
    На Jas!, Sesil, M&M и 32 други им се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Кај нас се кршеше и за Бадник и за Василица. Велес/ Охрид/ Дебар релација сум јас. А сите од ред комунисти
    Господ ни сме го канеле, ни сме го ранеле. Тоа откако се мажев, го разбрав дека требало.
    И после адети сме терале, како не....

    У позадина ми иде...." Ова мала је ко камен" ....не знам зашто се пронаоѓам во зборовите.
    Имав убава порака во инбокс....
    Толку од мене :)
    Убав ден
     
    На Jas!, M&M, Viktorijaaa5 и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Позајмив на брат ми пред два месеца 16.000 демек за зимски гуми. Купил само две, останатите ги потрошил и го фатив во лага. Будала ме направи, ама му реков веќе никогаш нема за ништо да му помогнам. Ни со прст нема да мрднам за него. Ама свој човек ако не ти го начука, пардон на израз, нема кој друг.

    Во врска со Бадникот само се крши леб и се дели за куќа, здравје и Господ. Останатите за нас. Друга работа што ми смета е што им ја местат парата на децата. Никогаш не би местел пара на свое дете. Кај се падне таму и точка.
    И преку глава ми е од муабети од типот не се пере, не се пегла, не се мие и што уште не. |(

    Заборавив. @zhap4e нека ти е среќен роденденот.
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.986
    Јас имам корени од цела Македонија, а дома нешто посебно адети не тераме.
    Лепче со паричка кршиме на Бадник, а на Василица не правиме ништо.

    Господ ни го каниме ни го раниме, што рече @EuHenIa, само татко ми со ред крши парче леб за сите: За Господ, за куќата, за мајка ми, за него, за сестра ми, за мене (а лани и за мим пошто со нас беше), за кучето и за мачорот (белким не пропуштив некој).

    И после бараме паричка како живот од тоа да ни зависи, а "победникот" е должен кафе да направи.
     
    На Jas!, Sesil, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    107.288
    Пол:
    Женски
    @zhap4e среќен роденден да си жива здрава и весела и уште долги долги години да го славиш.
    Се што ти лежи на срце да ти се оствари.
     
    На Jas!, kuc, Val-Dim и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Од глупости на денот издвојувам.. прво ќе ме згазеше точак :rofl:
    а после, си го утнав спратот(facepalm), приметив, поправив, стиснав копче и...пак правец кај комшиите, среќа на време се свестив:wasntme: ќе им улетав на ручек:D

    Па сеа може само да си замислам каква ќе ми биде годинава:drunk:

    @zhap4e најсреќен нека ти е:f:
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 32 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    Интересна ќе ти биде во секој случај. Може ако влезеш во погрешен стан ќе најдеш нешто интересно и неочекувано :wasntme:

    Денес сум онака хепи и лабава, не знам зошто, баш удри бригу на весеље ми е денов. Сеа гости чекам, да се изиграат деца.
     
    На Jas!, kuc, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    И мене то ме нервира, и никогаш не сме и' ја наместиле.
    Ама.. секогаш стои овај муабет:
    'Кај кој и да се падни, сите ќе бидеме среќни.
    За мама да биде среќна, мора и тато и ти да сте среќни.. Ако вие не сте, џабе паричето'

    Што всушност е и вистина.
    ебати победата, кај шо награда е работна обврска :lol:
     
    На Jas!, kuc, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  12. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    11.905
    Јас таква грешка направив еднаш.
    Спаѓам од лифт и директива накај вратата, без да приметам дека сум еден спрат подолу.
    Поѕвонив на ѕвончето и ми отвара постар човек :o Од внатре уште неколку глави ѕиркаат, ме гледаат зачудено. А јас стоев стаписана неколку секунди. Не знаев што се случило.
    И упорно пробував покрај човекот да ѕирнам, со поглед ги барав моите.
    Пропелтечив неколку збора и заминав накај лифтот.
    Гарант си помислиле дека сум ментална или крадец.
    Оттогаш си погледнувам бројчето на врата пред да се фатам за квака.
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Само кај мене дома изгледа не се бара паричка. Ниту на Бадник ниту на Василица :tmi:
    Со маж сме тоталка контра и никакви адети не тераме, воопшто не следиме традиција. Но немам ништо против кога гледам дека луѓето им се радуваат на ваквите настани, само нека се среќни.
    Со колкава радост мајка ми секоја година ми се јавува да ми каже кај кого се паднала, со голема надеж и верба во гласот за поубава и побериќетна година, со надеж за подобро здравје за сите.
    Секоја година свекрва ми става и за нас топеница во чинија и ни се јавува да ни каже ако ми се паднала паричка мене или на маж. И паричките ни ги чува таа. Со денови се спрема за коледарчиња, си пее по цел ден, спрема гранчиња кои мислам дека потоа во камин ги гори.
    Топлината од нивната душа ме грее, иако воопшто не учествувам во адетите.
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
  14. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Како сте друштво? :hai:
    Помина нова година, не си поминав убаво, лути со маж ми ја дочекавме, јас на едната страна од гарнитурата, тој на другата. На полноќ си рековме само Среќна нова и си легнав да спијам. Денес е веќе подобра ситуацијата ама што дека. Помина нг.

    За бадник кај нас т.е кај моиве се прави комад со париче, се става посна трпеза гравче, комад и риба мора да има и една столица за Дедо Боже се остава со прибор. Децата пеат по куќи маскирани на денот на бадник штом се стемни малку.
    За василица само лебче со париче правиме.

    А овде кај што сум мажена не знам какви адети имаат. Мислам и овде за бадник се прави комад со париче. А децата викаат од сабајле по куќи.. најверојатно :?:
    Ќе видиме годинава.
    Ептен мака ми е што не смеам да се движам многу, да ја направев посната вечера.. добро само комадот со париче ќе го купев,дека не знам да месам.
    Ај може следната година,кога ќе биде и бебушот со нас:D
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.482
    Допаѓања:
    183.783
    Пол:
    Женски
    @zhap4e Среќен Роденден! Нека е брилијантна годинава ко тебе. :party:

    На скала од 1 до Јованти колку сум нетачна што ги собрав сите новогодишни украси и китенки на 1ви Јануари навечер, односно вчера оти ми збоктиса бришењето прашина нон стоп? :wasntme: Ма е*ав матер на се, што беше за миење измив, што за тресење истресов, што за бришење избришав, сортирав и собрав се. Живчана. (facepalm) Бебле уште не знае ништо, и плус спалнава ми е и дневна и спална чат пат и трпезарија, па не можев стварно да добришам прашина. :wasntme:

    Кај мајка ставале паричка на Бадник, кај татко на Василица, па и двете беа присвоени, и откако памтам за себе на двата дена сме имале лебче/комат со паричка. Овде имавме вчера Василопита. Ја купивме додуша. :wasntme: Господ никад не сме го канеле, прв пат слушам за тоа, ама парче секогаш имало. За Бог, за куќата, за секој од нас и обавезно за кое било милениче и да сме го имале во моментот.
    Верски правилно е на Василица да се крши лебче со паричка, ама се сложувам дека кој како си милува, на кој како му е пренесено и драго да си следи обичаи. На крајот на краиштата, битно е само да сме на број и среќни, па што е битно кој ден ќе се врти паричка. :)

    Годиништа по ред пред да се преселам се жалев на мајка дека откако престанала да ми ја мести паричката престанала и да ми паѓа. Па една е мајка, пред да се преселам поочигледно не можеше да напраи да изгледа
    :D
    B9BC378C-D49C-466E-8915-A2EEA8A49B73.png
    Седиме на маса и сите знаат и чекаат ја да го земам обележаното парче, јас нормално си земав друго. Коа те нејќе среќа, те нејќе! :D

    Бебле, маж и мачор спијат. Маж хрчи ми се чини секој момент ѕидовиве ќе распукаат, ама не! Никому тоа не смета. Јас ако прошепотам, одма сите 3ца ќе се разбудат! :envy:
     
    На Jas!, Sesil, Love 83 и 31 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    Јас денес имав убав, лабав ден. Бевме и на лизгалиште, добро е, не се сокршив :whew:
    Ептен интересно поминавме, особено синко.
    Полнам батерии, дишам со полни гради.
    Се рестартирам и рефреширам.
    Морам.
    Еве една слика, море си море
    20200102_140101.jpg
     
    На Jas!, Sesil, kuc и 33 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.986
    А замисли ем да не ти се падне, ем да ти е работна обврска :D
    Очигледно плишковци кафе не знаат да напраат.
    Ама ни паричка до сега не добиле :D
     
    На Jas!, ♡BuBaLe♡, zhap4e и 19 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Ако годината ми е како денов, сама да си појдам в зандана, да поштедам некој од отепување.
    Арно кажале, ако најдеш арен човек, отепај го да не се мачи.
    Да им се плукнам и во државата, и сервисни услуги. Да нема асален човек да организира нешто како што треба.
    Цела држава крахира, нема греење, нема топла вода.
    Цело сабајле се расправам со индијанци на телефон и во живо. Не знаат како да решат еден обичен проблем. Не дај боже да имаат елементарни непогоди како кај нас, како глувци ќе умреме. Никаква организација, 5 менаџери на 1 работник. Не се знае кој пие, кој плаќа.

    На позитивната страна, ми стигнаа чадорите.

    @zhap4e среќен роденден сесре
     
    На Jas!, kuc, ♡BuBaLe♡ и 22 други им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.713
    @zhap4e најсреќна да бидеш. :hug:

    Ако цела година ми е како денов, прекрасно ќе биде. Шопинг и една прекрасна вест :inlove:

    Ве гушкам :hug:
     
    На Jas!, kuc, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.706
    Допаѓања:
    175.577
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас .
    Нели сношти се осетив топла па мерев Т и 39, 4 ми покажа.
    Као испив парацетамоли 2 и сум заспала. Сабајлево коа се врати мм добра бев . Му кажав , се зачуди. Ај легнавме као да спиеме, измерив 38 беше. Ми даде и кафетин еден со парацетамол и легнавме. Сум се комирала и јас со него до 15 ч. Стануваме и ме фаќа за чело, топличка. Ајде пак топломер ставам.
    Го вадам и има што да видеме. 41 , 38-|. Го растресува убаво као и ај од почеток. Мерам и пак исто, 41,2 вториот пат.
    Се шекна маж. Колата и директ болница. КС и црп ми прави. Раце му се тресат , одвај ме наслушува. Пцуе! Да не го фалам ама многу е фален дека воспаление на плуча нема промашено, испуштено.
    Јас имам ХОББ, имам и височки Ле, ама тоа било друго. Чекаме резз и си збори и пцува во себе. Ако испаднело воспаление на плуча ќе си ја скинел дипломата. Не било можно да промаши вакво нешто и тоа на жената со која спие. Долго ме наслушува и си мрмка - чисто е бе, чисто е упм. Слушај Бубо, слушај убаво, сам си збори.
    Го фаќа паника. Ми зема крв и за тумор маркери.Дур чекаме резз почнувам да кашлам и од нервоза повратив. Трча по мене со топломер. Мериме пак ( веќе има поминато пола саат од домашното мерење). Т е 37, 2:wasntme:. Не е можно вели. Зема друг топломер . Исто!
    Да ви кажувам дека ги донесе топломерите од сите одд.?
    Таа е температурата.
    Па почна да ми се дере каков ми бил тој топломер дома.
    А он ми го има донесено. Мн знам каков е . Плав е по боја:)
    Стигнаа и резз. Одлични!
    Коа зема да ме гушка , да ме дига во раце.
    Па кичма го фати, зш тој 15-тина кг полесен е од мене:D:D.
    Абе циркузи.
    Па си седнавме да си прославиме.

    Се вративме дома.
    Зема тој да се мери Т со фамозниот т . 40 на рамно му покажа на него. Коа го џапоса у канта.

    И така .
    Отечев, ама морав да споделам како ми почна годината.
    Мене некако ОК ми се виде ова:inlove::D.
    Мислам и кашлањето ми го снема у секундата коа почна да ме "плака" мм:)

    @zhap4e голема да растиш друшке:f:. Годинава најсреќна да бидеш:l:
     
    Последна измена: 2 јануари 2020
    На Jas!, Sesil, candy.cane и 39 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.