Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    153.312
    Пол:
    Женски
    Ај здраво :)
    И кај нас едно 20тина деца, од кои една тура 10тина со моиве заедно, најблиските комшичиња од зградиве, многу беа слатки :inlove:
    Како сне се склупчиле сите 4ца на гарнитура како сардини, зверче спие, мм демек гледа серија и подзахрчува, синко се загледал во серијава на татко му, јас да ве читнам :)
    Денес времево душа дало за шетање ама не е добро малово, ја изнесов до лулашки на 5м да ја фати малку воздух почна да плаче дека е уморна :(, нема сила сирото :(.
    Ние уште да испржиме риба и лебче на брзински, тоа мм, не е само на Алишан либето по месење :D, се зезам мојов му е мерак вака за бадник едно лебче да збрчи не дека знае да сука :)
    И јас ќе ја подзакарам @Dust , не е важно што не си му официјално жена, ако те викаат оди, зошто да си сама. И мм додека ми беше дечко доаѓаше кај нас за бадник, и јас сум одела кај нив.
     
    На Jas!, boomsleng, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    176.631
    Пол:
    Машки
    Јас обратно разбрав, дека свеки не давала да се крши лепче за будуќа снајка.
     
    На Jas!, Sesil, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.815
    Допаѓања:
    173.217
    Пол:
    Женски
    Јас не живеам со моите ниту он со мајка му..
    Јас живеам со него во посебна куќа и ако сака да крши тука, нека крши па после може кај сака да одиме да кршиме, кај мајка му или било каде. Ако не нека си оди кај мајка му и толку..доста е.
    Не е проблем да кршам лепче било каде, проблем е почитта што не ја добивам од копуков .. можам да кршам лепче на 10 места, јас не сум ти некој верник, тоа за традиција ми е, не за не знам што..
    Дошла и сестра му со внукот и ми вика идеш ли, дома се сите.. му викам чекај да се симнам и ќе одиме.. Се симнувам а тој веќе заминал. Му пишав, зошто не ме чекаше, 2 мин беа во прашање? Не идам сега како 13то прасе се осеќам, уживајте си во ручекот.. ми пиша само - одлично.:D
    И такви се нашите љутешки..ама можеше да почека да се симнам, 20 скали се во прашање..
    Немам намера да се објаснувам ама стварно ми е мака..
    Нормално дека ќе преземам нешто.. тиквата меѓу нас одамна е пукната, не сакам ни да кажам до кој степен. Очигледно дека секој ќе си оди на своја страна..т.е единствена што ќе си оди сум јас.. пошо на ироничен начин ми понуди дури и карта да ми купел(facepalm)


    Она ќе крши ако одам, лани кршеше и за мене ма да не со драга воља.. онака ради реда со реченицата, е да годинава треба уште едно парче.. :D
    Мака ми е што мојов не сака дома со мене да си истера традиција а после у мајчинаму нека оди. Ете и јас ќе одам кај сака да крши лепче..
     
    На SexiLy, Jas!, boomsleng и 33 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.517
    Допаѓања:
    211.738
    Пол:
    Женски
    Само ќе ја гушнам:hug::hug::hug:@Dust,можеби сум грешка,дај Боже да сум,но имам чуство дека покрај љубовта што ја има за него и ја тишти,мачи нешто.Но таа ми е силна јака Прашинка,така да со се знае и умее да се справи:*:hug:

    Ќе ѓи договориме нашиве мажи да не соберат,колку да не клацкаме по сокаци:hug::*:nod:

    И по старо жените се столбот на куќата,или вратот,како и да сакаш така.Нај возрасниот или нај стариот -домаќинот-домаќинката го крши лепчето или врти мазниче.

    Не бре Прашинке,истиот останува,само што на збор сега ми признава-близнаци се ти велам,мешал некој прсти:D.Има уште време твојот за на збор само да признае,да потпорасни како близнаков му:*
     
    Последна измена од модератор: 6 јануари 2020
    На Jas!, kuc, Bozica1980 и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Не е убаво тоа од негова страна ама ич. Откога сум во брак се знае, дали под кирија или во наше, лебче се крши кај нас дома, јас кршам, ни мајка ми ни татко ми ниту пак кај нејзините. Кај и да си за Бадник дома да си. А утре е Божиќ може кај родители на гости да се оди. Јас сум толку терсене што не давам на маса да се стави сарма, зелка, макало од мајка ми или мајка и. Се знае, наша куќа, наше лебче, наша вечера, наши правила. А кој се лути нека му стои, дома кај нив што сакаат, кај нас по наши правила.
    Може сум терсене ама си штитам семејството
     
    На Lolipop23, SexiLy, Majuska83 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.524
    Се инатите, а Алек ич не е во право!
    Договор куќа гради, не може еден само да си влече како му е ќеиф.
     
    На Jas!, kuc, Bozica1980 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.524
    Тогаш будуќи сопруг е за ќутек.

    Ако мајка му не ме почитува мене, значи ни него не го почитува, и обратно.

    Ако јас/тој некаде "сметаме" заедно, ни еден нема да оди.
    Макар кај мајка било.
     
    На Jas!, kuc, Bozica1980 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.815
    Допаѓања:
    173.217
    Пол:
    Женски
    Ехе...може некад ќе најдам таков маж и јас. :D
    Затоа што семејство за мене е она што ми е дома, маж и деца ако ги имам. И тоа што јас и тој ќе го принесеме на трпезата. Немам ништо против кој сака и денес да ми дојде на ручек, ама лепче за другите нема да има.. А ако живеам во иста куќа со свекрва или ете со моите, ќе подголтнам и ако инсистираат ќе кршиме едно лепче.

    Не е битно.. помина веќе.
    Ќе си истегнам пита јас за Василица;)
    Ма да можно е до вечер и лепче да си месам:D кај моите е традиција навечер да се крши и да се вечера и нели трпезата до сабајле да си стои..така да со паметов мој што го немам, се е можно до вечер:lol:
     
    На Jas!, boomsleng, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.517
    Допаѓања:
    211.738
    Пол:
    Женски
    Алек на Прашинка наша близнак да не е со мојов?Треба да се испита тоа,оддамна го приметив:?:.Дури сега на овие години мојот почна да ѓи,,гледа,,,нештата кои ѓи пропуштил или заради неговите мене ме забаталил-штета ништо не се враќа назад,ни младост ни годините отидени јабана.
     
    На Jas!, kuc, Bozica1980 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Уште настината до трт. Имунитет малку послабо и од ептем слабо:))) Тиква ставена да се пече. Пита праз чека ред. Грав..татко ми се фатил да прави. Каша попара ќе е, стандард ама, човекот нејќе да се тргне од кујна:))
    Ем невесте ми забегува, ем татково. Пошто уште ни е назад зимата (if you know what i mean), За сега, едини сојузници ми се тим - невестови:)))
    Брат се прибра. Супер чашка ми донесе за да шетам ко мадам фенси со кафе у рака и џиџани фламингоси (hollest):D и ќебе си добив за да се умотувам по сите правила и прописи...ко и до сега. Ко да ме прочитале луѓево шо ми треба и шо планирам да си купам..и ми купиле:$
    Втора недела чекам снег. Гледам некои слики од Софија..се' снег има. Не отворив да видам дал стварно има снег во моментов ама, така ме потсети на првата година од мојот студентски живот.. колку снег имаше тогаш, потоа никогаш не се напунија улиците чак толку. Преубаво. И т‘ј.:bug:


    Купив макало од тинексот кај нас. Макало се прави од варени компири - истолчени, праз и варени црвени пиперки. Во тинексов, денеска, макалово го направиле со нешто налик остатоци од вчерашни ли, завчерашни ли печени компири (кои го продаваат)..кои ги насецкале... делче недоварени компири. Да не зборам вкус закиселено.
    Ми иде да одам и да им го треснам од глава. Бљак! Бљуваници. Ти се плукнам во тинексот скапан. За ништо веќе не им влегувам. Ама за ништо оти ова не им е прв пат.
    Вакви мајмунлаци и курташаци играње со храна да си прават по дома. И газди и вработени. Мајмуни!
     
    На Jas!, boomsleng, Viktorijaaa5 и 30 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.304
    Допаѓања:
    37.213
    Пол:
    Женски
    А зошто мажите кршат лепче, а не жената?
    Жените евентуално ако нема маж во куќата.
    Нели по ново жените се столбот на куќата. :wasntme:
     
    На JuLleE, ane.bella, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.815
    Допаѓања:
    173.217
    Пол:
    Женски
    Не, туку има секаде такви сероњи како нашиве...да ми простиш на изразов..
    Единствена разлика меѓу мојов и твојот е тоа што твојот прогледал а мојот ќе си остане слепец додека дише..:D
    Колку сум забаталена дури и душа ме здоболува кога од другари негови добивам повеќе внимание и почит него ли од него.. вчера баш имав таква случка каде што другар му што пред 1 недела дојде од странство се нафати по црни патишта натрупани со снег да ме однесе горе да си ги земам работите што ми останаа, а мојов 2 месеци го молам и ми идеше од земја и јас да се треснам ама и него :D
     
    На Jas!, boomsleng, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.524
    Мислам треба најстариот.
    Дур беше баба ми жива таа кршеше.
    По старост после неа е татко ми.

    Кај нас јас сум постара од мим, али пошто верувам во рамноправност, ќе кршиме еднаш јас еднаш тој, а може и како сватови на пола прво :D
     
    На Jas!, kuc, Yowannty и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Јас знам дека традицијата е најстариот во домот, ама кој како сака, нема грев кој и да го крши. Знам дека не е убаво да се сече лебот со нож, ама пак ќе речам секој како милува
     
    На Bozica1980, Sexybaby86, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И јас ќе кажев вратот.
    Така баба ми велеше.
    Мажот е главата на семејството и тивко накај мене ќе се свртеше и ќе шепнеше - ама жената е вратот, а главата се врти кај што вратот ќе каже.
     
    На Jas!, boomsleng, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.276
    Допаѓања:
    226.755
    Пол:
    Женски
    Нема кај нас тоа. Годинава дека не е во топчиња го исеков во кујна и го стаив на маса. А во принцип топчиња праам.
    Кој кое сака нека зема.
    Нема ни најмал ни најстар. Никој не е повеќе вреден за да е прв или помалку за да е последен.
    Го чекам маш да ручаме и да му ја легнам.
     
    На Jas!, boomsleng, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.767
    Допаѓања:
    145.269
    Многу цепидлачите, за ништо. :) Не зборувам за случката со Прашинката. Неа само ќе ја гушнам.:hug:
    За понатака умна е она, си знае како треба.:hug:

    Ние сме како Камелија, кавги, чудби не правам за вакви работи. Правам како ми се прави во даден момент.:D Гледаме да ги испочитуваме сите, како и они нас. Првата година си правевме дома сами двајцата. Ми беше мерак. После бев бремена па као ајде да не се мачам јас, кај неговите. И ни се дојде убаво така. :D
    Девер ми е тука, се собираме сите, а он е ретко дома за празници. Си носам јас тоа што сметам дека треба. Се водам по традицијата од мајка ми и баба ми. Крашник со кромид и пастрмче или крап. Свеки си прави по нејзино. Па мешаме ,, моето,, и ,, нејзиното,, и си вечераме сите. :)
    Е на Божиќ одиме на ручек на сто места. Кај свеќи пак, кај баба ми комплет со моите, таму е збиранката, па кај другата баба, па кај баба му на мм. Ние уморени, ама сите испоштувани и задоволни.

    Нека има вакви денови да се собираме за убаво. :l:
     
    На Lolipop23, Jas!, boomsleng и 31 други им се допаѓа ова.
  18. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.337
    Пол:
    Машки
    Ама глава без врат не бива, па ни врат без глава:D
     
    На Bozica1980, ivi1987, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.524
    И јас тоа викам.
    Само да се збираме за арно, се' останато ќе прилагодиме на сечии желби.
    Битна е волјата.
    Ако така гледаме јас не сум никаков верник, па може не треба на маса да ме викаат, или за да "стојам на моето" може не треба ни да седнам на маса.

    Важно е семејството и да сме на куп и живи.
    Се' останато... небитно.
     
    На Jas!, kuc, gjoker4e и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.174
    Јас не сакам одење кај други, макар и родители за Бадник. Бадник е за дома. Откако се веривме, сами сме ние и не одиме кај никој, ни па ни кршат за нас.

    А ова, што господинов не чекал ни 20 сек, и избегал, па јас ни на мачорот не му правам така. И она одлично после.... прашинке, заслужуваш почит. Секој, не само ти.

    Иначе, заради квасецот на Алишан мене лепчето за никаде ми излезе. Демек ај не и се дигнал нејзе, па се исплашив и 2 стаив. Не да се дигнааааааааа ене го рошаво. Хорор
     
    На Jas!, Viktorijaaa5, kuc и 29 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.