Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    259.296
    Пол:
    Женски
    Ќе фатев да се објаснувам за филмот и убавината ама ми текна дека за вкусови не се дискутира па ќе :x

    Варам киноа, мртва гладна сум. Тоа пијачката синоќа ми го откопа желудникот, сум остарела ни за пиење не ме бива ]:). Сарма има за ручек сонце глеам ќе има значи може денес да се шетне низ градов. (hollest)
     
    На Peco, Mr. Right, Sesil и 22 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ај добро утро.

    Не гледам Оскари, никогаш не сум гледала... ама по сликава, тпа ми се жениве наши.
    Прво и основно, ни една не знае да фати асолна поза за сликање.
    Толку немало некој од некоја модна агенција да ги подучи како да позираат за фоткање???
    Македонска организација, мора да потфрли во нешто.
    И шо е со фризурата на таа Тамара (од вас ги учам и имињата:lol:) ??
    Флеш бек од 80тите.

    Со месеци го молам маж да почне да чита и пишува на форумов...
    Стаса до регистрирање профил и на тоа остана :(

    Ајде по едно кафе за сите...
    10.jpg
     
    На Mr. Right, emiliana, Sesil и 22 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Да станам да си го допијам кафето, доста сум мрза..
    Едно мое размислување ако може околу тоа зошто не зедовме Оскар.

    Во една сала се најдоа луѓе кои цел живот им е посветен на глума, качиле 20 кг за улога, симнале 20 кг за улога, или ко Деп-свој остров со винарија и таму го учи ликот што ќе го глуми нареден да се поврзе со него и тоа трае со МЕСЕЦИ. Доживотно посветени и буквално секој чекор им е поврзан со работата.
    И наеднаш доаѓа Атиџе.
    Мислам.. секоја чест за филмот и ликот на Атиџе, ама реалноста е таа.

    вие арни?
     
    На Sesil, T.e.d.d.y, mal.ecka и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски

    Ама тоа е уметност, глума. Ханиленд е филм што ја отсликува реалноста, документарец, и тука нема што да се учи, вежба или маскира, се прикажува вистински живот. Мислам дека Америве не сакаат такви „шлаканици“ за освестување. Башка, American factory е продуцирано од компанијата на Обама.
     
    На eli25, Peco, Skorpija25 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе не ни ускратија ништо со тоа што не добивме Оскар.
    То Холивудски актери кои се одлични, може никогаш Оскар да не добијат, не пак ние со еден документарец, не сме го превртиле светот.

    Плус, одлуките ги носи комисија која е комерцијализирана до даска.
    Аман.. Америка...
     
    На eli25, Mr. Right, emiliana и 20 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.087
    Допаѓања:
    77.116
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро.
    Пијам кафе и не знам што со себе. Компјутерот ми е на поправка, тешко мене ако не може да се направи. Ќе го папам за сите пари.
    Ама ај, се надевам нема да бидам толкав малер :|

    Бојава на коса како мед, наредно фарбање уште посветла. Ми се чудат сите од кај толку храброст за промени :D

    Оскари немам навика да гледам, може дека секогаш почнуваат многу касно па ми се приспива уште пред да почнат.
    Тамара е многу убава жена, само фризот и е утнат а и фустанот на градбата на тело не и стои.
    Ама кој ме прашува мене :D

    Ај убав ден да имате :f:
     
    На Mr. Right, emiliana, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Honeyland да не беше номиниран за Оскар немаше ни да го гледам оти јас ретко гледам документарци.
    Добар е, има убава порака, не знам што се бара во таа категорија па да кажам светот не видел нешто вакво досега.
    Ама нашо е, па подршка нормално.

    За нас и двете номинации е успех со оглед на нашата филмска продукција.
    Оскар ќе беше премногу добро за да биде вистинито.
    Лео после колку време доби Оскар, ние од прва сакаме]:).
     
    На Mr. Right, emiliana, wannaBeMomma и 29 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.726
    Допаѓања:
    149.741
    Пол:
    Женски
    Ама зошто да се разочараат? И тимот и Атиџе, 2 номинации за оскар малку ли се? Колку награди собраа по други исто многу значајни фестивали. Не знам зошто секогаш вака се размислува, ако не земат главна награда дека е за разочарување, дека ништо не направиле. Мм го гледаше Американ фактори јас на крај го фатив, беше во депресија неколку дена, значи остава впечаток очигледно. За екипава ова е голем чекор и можност да се промовираат и да направат контакти со многу важни за нив личности. За женава не ни верувам дека би можела да се вклопи во друг начин на живот после толку години, но се надевам дека нема да биде заборавена.
    Не ги коментирам филмовоте ниту еден немам изгледано, а сакам сите да ги гледам :). Фустанот на Тамара и мене не ми се допадна, фризурата посебно, ама па не е толку битно. Ќе пробам денес малку да гкедам од снимките.
    Добро утро, убава недела да си имате :)
     
    На WildMk, Mr. Right, emiliana и 20 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Во нашата земја од секоја единка може филм да се направи.

    Имаш трагедија: сам, без пари, без работа, без дом...
    Имаш комедија: сам , без пари, нез дом а со скап мобилен апарат
    Имаш љубовен: сам, без пари, без дом ама со 10 гладни деца
    Имаш акција: сам, без пари, без дом па краде за да преживее
    Имаш трилер: сам, без пари, без дом па прави сплетки за на крај херој да излезе
    Имаш порно: сам, без пари, без дом па се онади за да дојде до некоја пара

    Значи, избери жанр и шибај прави филм.Темите се широки, актери колку сакаш.

    Добро утро
    Понеделник е народе, кај јануари, па и февруари ке биде долг бидејќи јануари длабоко пенетрира во наредниот месец.
    Ништо ново, идемо даље.
     
    На WildMk, Peco, emiliana и 20 други им се допаѓа ова.
  10. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Ух ни кафево не ме оправа:yawn:
    Медените беа и си останаа медени ама не знам за главни улоги и филм кои освоија, ај да прочепкам да не ми остане раб.со Оскарчето гледана не догледана8-|
     
    На Mr. Right, emiliana, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    84.064
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да сум го пишувала...
    Ни медени ни ледени сум гледала си легнав,а и никогаш не сум била љубител за гледање Оскари...
    Нареден ден гледам кој каков фустан носел и толку,а и кој зел награда:!:
    Кафе и фемина и пак понеделник ...лета време.
    Убава недела!!!
     
    На Yowannty, Sesil, Kate Rina 93 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав говорот на Феникс добитник на оскарот за главна машка улога. И навистина и заслужен оскар и говор како шамар за човештвото. До тој степен од себичност и егоизам прво сме одвоени од природата и нејзините основни начела а на крај одродени еден од друг и изолирани секој острово само за себе. Убаво потенцираше тој дека треба лична промена, ама некако се ми се чини дека на крајот се' останува само на говор.
    Такви сме човештвово и покрај сите постигнати напредоци и можности кои ни се на дофат.
    Филмската уметност и воопшто уметноста е магија и ставање во калапи е едно од најтесноградите опции и уништувач на уметничкото во уметноста.
    Ама живееме во материјалистички свет кои не само што ни ги валка душите туку и ја онечистува pure art.
     
    На WildMk, doubleg, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Како што е ред да ве почастам мое драго виртуелно феминско и омилено друштво за роденденот на синко мој. Да ми е жив и здрав, голем да расте, живели.:d:
    слика2.jpg

    Слика.jpg

    Синоќа се журкавме дома, денес журката продолжува во градинка.
    За филмот немам што да кажам, ниту го имам гледано, ниту некогаш сум гледала оскари.
     
    На WildMk, Peco, Emy867 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.880
    Замислен како кратки видеа со пораки за зачувување на природата, а реализиран како документарец со две номинации за Оскар, Медена земја постигна неверојатен успех.

    Идејата за кратки видеа не е нешто ново - нашиот народ не чита, а не гледа ни видеа подолги од 2 минути, па кратки видеа се најсоодветен формат.

    Медена земја, поради успехот на еден куп фестивали, привлече внимание и кај оние кои никогаш не би изгледале документарен филм, особено не толку долг. Успеа да ги привлече луѓето да изгледаат филм којшто вообичаено не би го изгледале.

    Филмот, за разлика од кратките видеа, многу подлабоко ги третира темите и ги наведува лугето да размислуваат за прашања за кои вообичаено не би размислување, а се од суштинско значење.

    Филмот, поради неговата длабочина, поттикна широка дебата за пораките коишто ги испраќа. Многу повеќе од кое било видео. А тоа беше примарната цел на филмот - да ги наведе луѓето да размислуваат на темите коишто ги третира.

    Филмот немаше никогаш да стане реалност, без следново:
    1. Големата желба на Атиџе да ја раскаже својата приказна
    2. Визијата на тимот дека имаат одлична приказна
    3. Довербата што нарачателите ја имаа во тимот и почитување на нивниот избор, што и не се случува така често. Затоа што за време на снимањето имаше милион предизвици.

    Без доверба и почит, може само да се потоне. А на нашето општество страшно многу му фалат овие заборавени вредности. И токму тие вредности се тесно поврзани со, според мене, клучната порака на Медена земја, применлива во секоја сфера од животот.

    9D2BFE49-ACFA-45B5-9BA1-95E623CE52C5.jpeg

    Имам една желба, поголема од Оскар, а тоа е дебатата да не застане тука. Да размислиме и да направиме сѐ што можеме да живееме во хармонија со природата. Да не мислиме само на себе, туки да ги почитуваме и потребите на другите. Да настапуваме со доверба, а не со недоверба. Поголема финснсиска добивка да не ни биде едиствениот мотив во животот. И секој од нас да направи некоја промена, секој да тргне од себе.

    И на крај, сакам да го имам истиот жар во очите кога работам, како екипата кога зборуваа за филмот, додека го работеа.
     
    На WildMk, lunicka, emiliana и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Убаво би било човек да се промени, ама за жал, премногу сме алчни и себични...и Медена Земја и многу други ја носат пораката, ама некако не се свестуваме. Успех е ова, секако. Клучно е што беше препознат и прифатен во светот.

    @LiliBoz , заборавив прееска, честито сертификат! Па да бидеш одлична и успешна во работата!
    @Tajnaotrovna да е жив и здрав синот, голем да расте, среќен роденден!
     
    На Peco, Mr. Right, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.880
    Мора да се менуваме и мислам дека полека почнуваме. Во светот сигурно, кај нас со многу мали чекори, ама оди напред. Барем во делот на заштита на животната средина. И важно е да се зборува за тоа.

    За жал, не е така во делот на почитувањето на другите и довербата. Ако нешто ме боли во Македонија, тоа е.
     
    На WildMk, Bozica1980, emiliana и 18 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.089
    Допаѓања:
    206.875
    Пол:
    Женски
    @Tajnaotrovna да е здрав,жив синот,убавини живот да му дари:^:.За Медена земја @Ariel i @Annath веќе кажаа се што сакам да кажам.На крај краева како да доби оскар,само се надевам дека барем малку во секој од нас ќе разбуди нешто,ако не многу и малце ќе е добро за сите нас:)
     
    На WildMk, kuc, Sesil и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Од друга стрна академијата беа толку реални што го наградија за најдобар филм Паразит,корејскиот филм,слика и прилика на општеството во кое живееме прикажан како трагикомедија.
     
    На nena2010, WildMk, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.737
    Допаѓања:
    140.138
    Добар ден
    Ако да си пишувам пак тука:$:)

    @Tajnaotrovna среќен роденден на синко, голем да расте:^:
    @ivi1987 мислам си ставала слики претходно, ако сакаш стави слика да те видиме. Знам дека ти е пократка косата. И јас се фарбав плава (сакав бела ама фризерката си направи по нејзино, рече поубаво ми стоело вака:)(facepalm)) и сега барам фризури. Носам кратка боб фризура, ама сакам да сменам.
    Не дека ми стојат кратки ама ете размислувам.

    Јас многу немам што да пишам. Сама по цел ден со 4годишна ќерка и 2месечно синче. Турбо по цел ден. Вчера излеговме на пола саат, се осеќав ко цел ден во спа да сум била :DУште да можам да намалам килажа и да си обновам гардероба многу добро ќе биде.
    Почнав од косата, па ќе видиме. Оти инаку, депресија, еве ја тропа на врата:sweat:

    Имајте убав ден, тие што сте на работа па и полесен ден(fingers)
     
    На WildMk, bittersweet, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Здрав и жив да е, секогаш среќен и исполнет!!! :f: :*:l:
     
    На Kate Rina 93, LejlaD, mareane и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.