Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    @Ariel фала ти за табелата за, алергии, си ја зачував. Јас строго никако надвор, според табелава :( Пред три години ми открија бронхијална астма, сега пак на контрола, дефинитивно е астма, алерготест преку крв и на сите имам позитивен резултат.
    Со години се само кашлам, затнат нос, синуси и едно-две амоксиклав ми даваа, сега сум алергична на пеницилин.
    Тмурново време ми делува на нерв. Плус и пмс. Едно кафе малку ми беше, да пијам второ ќе е премногу.
     
    На M&M, Sesil, Kate Rina 93 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ко остаревме :rofl:

    Ај добро утро на сите :hug:

    Кашла-буфта дететво, ти се чини 50 годишен пушач е!
    Страв ме фаќа да ја слушам.
    И' го почнавме антибиотикот од синоќа.
    Ме плаши кашлањево многу.

    Навистина треба да се зборува со децата уште од мали, а и да се научат да можат да им се доверат на родителите. Не само што треба да знае што е сексуален напад, туку треба и да чувствува дека може се' да каже дома, а да не биде искарано/истепано.
    Оти и да знае дека не е во ред нешто, ако не се доверува дома, џабе е... пак ќе помини незнаено тоа што се случило... или ќе се дознае прекасно, како во случајов.

    За пријавувањето ич не би...
     
    На eta, M&M, Mr. Right и 27 други им се допаѓа ова.
  3. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.903
    Допаѓања:
    272.522
    Пол:
    Женски
    Како бре 50 + - бе ,нели годините се само бројка8-|
    Ме мрзи и да лежам а не да пишувам .
    А тек треба на работа да се оди.И да се :talk:
    Инаку 14 цел ден во славење ќе сум го поминела.Ама не со луѓе кои ги сакам бе.Ај вино ќе пијам,Трифун ќе славам.:rofl:
    Ма сосем нешто десето ќе се славело..

    Ова за девојчево е страшно ама имам контакти со таква група на луѓе кај кои не е чудно и да не приметат .Запоставени деца има ,млади девојчиња турнати во бракови,па и во проституција од сопствените родители.Жална ни е социјалната држава која ништо не презема..
     
    На EuHenIa, M&M, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.110
    Пол:
    Женски
    Ова е најбитно мислам. Ако се плаши и се стега дома да каже ако ја/го мачи нешто, може да настане голем проблем.
    Големата со тешки маки кажува нешто кога ја мачи, посебно од кога почна во школо. Ама изразот на лицето ја издава. Вчера беше многу нерасположена, ама цело време повторуваше дека е многу изморена и дека само сака да лежи. Успеав некако да допрам до неа, па си ја отвори душичката, се изнаплака и ми кажа што ја мачи. После разговорот беше друго дете, весела и расположена.
    Испадна дека девојче ја закача, сака да и наредува и не ја остава слободно да движи. Претходно друго девојче ја малтретираше, ја штипела под клупа цело време и ја кубела.

    За случајот со девојчето многу се вознемирив, а за жал не е единствен случај и некако многу често почна да се повторува.
    Едукација фали, прво кај родителите па после и кај децата.
    Од една страна не се криви родителите, ама од друга страна мора да се присутни во животот на детето и да го следат однесувањето. Не може во ваков случај дете да се однесува како ништо да не било.
     
    На EuHenIa, M&M, Mr. Right и 23 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе, да ве прашам...
    Купив едно ташниче од Дуки и Дасо, ама многу му е кратка рачката, за да ја носам асолно попреку ко поштар :D
    Лајно изедов шо не ја пробав таму.
    Да не знајте кај можам да купам подолга рачка? Само рачка...
     
    На M&M, Sesil, Kate Rina 93 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Добро утро.:hug:
    Побрзо оздравување на сите болни.
    Какво преименување на темава, нели ние на 29 сме застанати.
    Добра е идејата на Стеки за секој роденден да добиваме честитки за среќен 29ти роденден. Мене лично многу ме бендисува.:D
    Колку помалку мислиме и се замараме со бројки толку подобро.

    Поздрав друштво.
     
    На M&M, Dadusicka, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Исти курац ми е која е бројката...
    За една недела 42 ќе ми се напрат :muscle:

    Јас би сакала честитки во плик. Фала многу :makeup:
    :D
     
    На petunija77, M&M, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    103.184
    Пол:
    Женски
    Машалаа пуштај адреса :*
    Лани 38 роденден го славев во Острог преубави спомени еден свештеник ми рече дека до сега не видел некој роденден да слави во Острог и дека било уникатно.
    Сеа овој септенври 39 г кога ќе полнам сакам со либето на плажа со торта овошје и шампањ.
     
    На eta, EuHenIa, petunija77 и 30 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.965
    Нова ќе треба да си отвориме, оваа ќе ја остаиме на доминантниот подмладок:D. Ние околу и преку 40 сме реално малцинство.

    Де бре, рачка(facepalm). Ама разбирам, на се штедат, страшно глупо тоа штедењето нивно. Ретко нешто да купам а да не му треба да си го модификувам за свои потреби.
    Во чаршија кај ташнарите да пробаш:?:?
    Ако не се снајдеш до на лето, пиши лп каква боја требит, јас ќе ти најдам:nod:. Поштарка да будеш:*
     
    На Yowannty, M&M, ane.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    Кај ташнарите во чаршија, ваљда. Прошетај, разгледај, прашај, па ќе ми кажеш и дали менуваат рачки на ташни :D ако не е проблем оф корс :D
    Имам и јас мака со ташна од Дукидасо, ми се скина рачката на припојот со самата ташна, и двете рачки на исто место. И планирам да ги сменам скроз. Иако чаршијата ми е на пет минути пешки, немам кога да одам, освен да затворам ординација.
     
    На Yowannty, M&M, ane.bella и 17 други им се допаѓа ова.
  11. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    @WildMk @Annath за корекции на чанти има едно мајсторче кондураџија-ташнарџија како да се изразам точно не знам, ај попрецизно човеков се разбира од изработки со кожа. Се наоѓа спроти Зегин во Буњаковец и Порта Буњаковец-тие кафените згради, веднаш до пекарата кај што беше порано бутук Прчла.
    Го бива да процени дали има оправка или не.
    Ти чупе рачка си бараш а?|(
    Ај те посоветувале каде да најдеш.
    Тегнам кафе, газов ми потона во канапето, кран не го дига.
    Чекам да видам ддв-евциве колку ќе ми пуштат на сметка, со тие пари се частам со моиве во ресторан.
    Минатиот пат бев во новиот арапски ресторан спроти Винил кафичот, а овој пат па зависи од сумата може и во Дестан на десетка со кромитче ама тоа понатаму.
    За девојчето. силувањето, мајката што (не)направила не би, душа ми се тресе од вакви девијантни појави, да се исплашиш дете да растеш и одгледуваш во таква џунгла со предатори. Во мое време на тие години нели се случи наставникот по музичко да малтретира ученици, па тогаш тоа беше табу, па демек му местат да добие отказ а човеков со дијагноза си бил отсекогаш ама некој роднина на тогашната директорка. Искрено не знам што да пишам да не грешам душа ама некои болести џабе лечење, превостипување нема искоренување и таквиве не се за интеграција во општествово ама па кој денес е тотално исправен? Е од тоа ме фаќа морничава језа особено кога дете е вмешано во случаите;(
    Ај нека е поубав денов од вчерашниот:hai:
     
    На Yowannty, EuHenIa, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  12. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Случајов со девојчево свесно го избегнувам. Искрено, не сум паметна што да мислам, што да пишам...

    Независно од тоа, да не ме разбере некој поинаку, од ден во ден се запрепастувам колку родители буквално ги оставаат децата препуштени сами на себе.
    Никој не може да ми каже дека тоа е заради трка со време, обврски, проблеми, или дека такви се единствено родителите бизнисмени, што би рекле старите, оние зафатените.
    Не, нема правило.
    До родителот е.
    И мене ми е на работа хпл секој втор ден, и мене ми се шета со другарки, мм и сама со себе, и мене не ми се готви чисти секој ден, и мене ми се дремнува попладне, да не редам.
    Па, се од тоа занемарувам или се организирам, комбинирам, ама време за дете во секој поглед и секој ден се има и мора да се има!

    Буквално уста пена ми фаќа од зборење за се и сешто, прилагодено на негова возраст.
    И ете ти го на пример, ќе му се испушти „цркни“, „пукни“, „мајчината“...занемувам:sweat::sweat::sweat:

    Секое утро во градинка се воздржувам да посочам на пар деца, учителките да им укажат на родителите.
    И во градинка си ги знаат зафатени родителите и индиректно ќе си кажат дека имаат проблем со тие деца, но, реалноста е таа.
    Да, до општеството е и сите пропратни работи, но, пред се до родителите е.
    Како расте, страв ме фаќа...
     
    На M&M, Mr. Right, ane.bella и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас @PUPICA страв, ме фаќа што не' чека допрва.

    @RosettaStone далеку ми е Буњаковец, таму одам инцидентно, еднаш до два пати годишно. Ама ај, да видам за ташната, дека не ми се фрла, здрава е, само рачките се скинати. Не знам што мајка барав да купувам од Дуки Дасо, ама ептен ми фати око. Мада може и во мене е проблемот, ако ја преполнувам, па тежи.
    Себастијанки златни, на времето хит беа, ви текнува?

    Дај кажи подетално кај е тој арапски ресторан, Винил е во зградата на Граве, така?
     
    На Yowannty, M&M, petunija77 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.003
    Допаѓања:
    32.379
    Пол:
    Женски
    Може ли јас да ви се приклучам на темава?

    Гледам сте се распишувале за 50+, а јас таман мислев со 39 што ги полнам денес баш за тука дека сум.

    За почеток частам торта. Муабети после.
    [​IMG]
     
    На eta, M&M, petunija77 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    103.184
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден и добре не дојде
     
    На M&M, eli25, Kate Rina 93 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Често не е до фирмата и тежината во торба, едноставно се си има рок на траење. Јас го научив човечево дека имам една омилена торба од првиот прекуокеански лет од првите плати си ја купив пред скоро деценија. И уште ја имам и ја довлечкав и во станов(facepalm)
    Многу ми е штосна ама ми се изрони рачката и сакав да ми ја сменат. Советот од мајсторов беше дека не може да ја репарира дека можам да си купам каиш па да ја извади рачката и стави модифицирана од каишот ама тоа значеше да се модифицира торбата и не сакав да се чепне ич од ич, си стои само за спомен.
    Така оди да ја процени само дали може да ти се оправи или не.
    Арапскиот ресторан е нов, шефот Nikola Kadmos им е поранешен шеф од Marriott Sahar/Индија, еве ти фб
    https://www.facebook.com/allspicegourmetfood/
    Имам и нешто постирано во поинаков фем.инста. Мене многу ми се бендиса телешки шиш мислам се викаше со специјални некои арапски зачини. Салатите им се феноменални и така.
    @JoyJoy среќен роденден:^:
     
    Последна измена: 12 февруари 2020
    На ane.bella, eli25, Роберт 7 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Среќен роденден :party:
    И добро ни дојде :hug:
     
    На M&M, eli25, Kate Rina 93 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.061
    Пол:
    Женски
    :hai:
    И детево буфта кашла сега ја носев на доктор ,но битно нема ништо на гради само грло црвено:x
    Температура немаме но затоа цела ноќ се дежураше ,а затоа денес ќе одмараме ...
    Ништо не кажав туку едно кафе да испијам не е лошо...
    За случајот со девојчето не коментирам само Господ да ги чува ,ама дека сака пазење сака оти има многу нерачунливи во мислите...жално во секој случај...
    Убав ден да имаме!!!
    @JoyJoy Среќен роденден и добредојде..
     
    На Yowannty, M&M, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    Фала за инфо @RosettaStone знам каде е. Ќе мора да се проба во скоро време. Сакам арапска храна, едно време во Аладин киснев.
    @JoyJoy среќен роденден, да ти се множат. Помала те мислев, ти врсничка си била. И добредојде во клубов :D
     
    На kuc, M&M, ane.bella и 14 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.110
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден и добро ни дојде :f:
    @Annath Дукидасо се катастрофа за ташни. Јас ранец купив од таму, ми се уништи за кратко време.
    Ако ти е поблиску полициската Беко во Центар, во кулите има човек што поправа ташни, обувки, патенти менува. Јас сум презадоволна од него, немало утка до сега. Пишував тука за него пред некое време, можеби ќе може да ја среди.
     
    На Yowannty, Mr. Right, ane.bella и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.