Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Здраво живо :hai:

    Ве читам и тука со болестиве и аман значи, сите наоколу се болни. Побрзо оздравување на сите ви посакувам :hug: Јас ептен се чувам да не закачам нешто сега пред крај, ама одам во болница на контрола еднаш неделно секако, па освен да се молам да не фатам нешто што не треба, друга заштита нема :worried:

    Вчера некако ич не бев со сите, ама денес сум супер, сонцево позитивно ми влијае. Се мислам да направам палачинки, мм препека значи, жал ми е :D Да руча детево, па ќе ја пратам кај баба и’ да спие, а јас ќе си работам. Имам и алишта за перење, без тоа не се може никако :^)

    За 11-годишното девојче кога прочитав, коса ми се крена, особено како мајка на една, наскоро и две ќерки. Па уште и само 12 години затвор добил. Нек се гони и држава, и систем, и општество. Све у к*рац. Со свои раце би го задавила, нема ни до затвор да стигне, копито едно. За мајката нема да коментирам, не ја знаеме и не знаеме детали, само ќе кажам дека после таков трауматичен настан, девојчето сигурно не се однесувало вообичаено. Да не сме и’ во кожа секако :x И колку е само точно она дека децата треба да се воспитуваат да не кријат ништо од родителите, особено вакви дејствија како полов напад. Животот ќе го посветам на тоа да им го врежам во глава ова на моите девојчиња. Страв ме фаќа во каков свет ќе растат :x

    За Дуки Дасо, ужасен кинески квалитет се. Нема шанси веќе да купам нешто од таму, тоа што сум имала ми се испокинало и уништило за рекордно кратко време. Отпишани се одамна за мене.

    Убав ден да имате сите, шетнете на сонце ако сте во можност, убаво е и релативно чисто :)
     
    На eta, bittersweet, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.468
    Пол:
    Женски
    Малку не ми е јасно дали се работи за силување или не.
    Прогласено е за силување бидејќи законот така налага за однос со дете под 14 год.
    Но и да се работи за своеволно,11 години:(
     
    На M&M, Mr. Right, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.087
    Допаѓања:
    206.842
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy среќен роденден:^:.Добредојде:).За деца па и за возрасни да се работи слабост ми е,кога би имала некоја ,,сила,,не би сакала никој ама баш никој да страда-зборови да редам не можам.....:(
     
    На simonka93, kuc, ane.bella и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    А колку може да биде своеволно... дали дете од 11 години знае што е секс? Се сомневам. Силување е, како не е.

    За Дуки Дасо сум свесна дека е тешка кинештарија, само еден единствен пат купив, ама ептен ми се свиѓаше ташнава, затоа. Ќе и сменам рачки ако се може, ако не, здравје.
     
    На CameliaMiller, simonka93, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Добар ден друштво како е?
    Тешки теми сте начнале по сабајле, не би да се изјаснувам за случајов језа ми е.
    Тешка ноќ имав, какви акциони соништа сонував бетер од Брус Вилис у Die Hard. Се разбудив уморен ко стварно да сум го спасувал светот:tmi:
    Ајде кој е за кафе, Џони части
    [​IMG]
     
    На M&M, petunija77, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.693
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам јас :hai:
    За темата само ќе речам да не даде Господ на никој такво нешто да доживее. Верувам дека траумата е голема. Не знам што бидна со педофиливе. Многу чести случаеви за педофилија слушам.
    Само Господ да ги чува децата.

    Вчера максимално искористен цел ден. Бевме на преглед во друг град, па од таму ајде убаво е времето во Охрид да одиме. Во Охрид смрзнав:(, а со капут бев, веќе не ми се закопчуваше тој. Едно кафе набрзинка и ќе се враќаме дома. За назад пријатели не викнаа во викендица во Маврово на ручек/вечера. Стигнавме и таму, ко мајстор си каснав, пиперки со лук имаше .. Ги обожавам:lol: Ги изедов и притисокот ми падна. Кога си дојдов дома се комирав веднаш, а мм го испратив 3та на работа.
    Денес не го чепкам, до 5 нека спие:D
    Ќе се дружам со свеки јас:rofl:.

    @JoyJoy Среќен роденден:party:
     
    На eta, simonka93, bittersweet и 29 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Лелеее јас па утепав од носење едно ташнуле од Дуки Дасо, еве 1,5 год го немам симнато, не е мрднато и покрај тоа што е и доста специфичен материјал.
    Сега ме потсетивте дека имам 3932287248 ташни, ама ко ќе заносам некоја, како таа единствена да ми е:D

    Со мислите сум на море...
    Што убава цена ни дадоа од Грција(poolparty)
    Условот воопшто да ја отвори куќата во мај е да донесеме ракија и да помогнеме тревата да се искоси во двор:rofl:
    Дека сефте со нас ќе отвора сезона, да сме повлекле нога:D
    Секако ќе прифатиме, ако треба и ќе зачистам без да побара и така чистам по куќи, хотели, па можеби и 10 дена гратис ќе даде:rofl:
     
    Последна измена: 12 февруари 2020
    На simonka93, bittersweet, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.954
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене:f:
    Сонував цела вечер пациенти, како прегледувам. Веќе ми фали работата, намалија и не ме бараат толку на моб како првите денови од кога сум на боледување:(
    Последниот пациент ми бил најсмешен во сонот, го носат еден дедо неговата фамилија, и реагираат дека заборавил да множи, и сум си мислела па што е битно на 80тина години, да знае да множи.:?:
    И сум почнала да го испрашувам колку се 3х1, одговорил 3, 3х2, одговорил шест, и 3х3-извикал бебе (наместо девет):Dсме се изнасмеале и сум им рекла дека ништо не му е на дедото:D

    За девојчето незнам што би кажала, греота, жално.;(
    Крив е човекот, незнам дали 12 години се доволни за злоделото што го направил, за ваквите случаи јас сум за смртна казна, џабе е и затвор и психолози кога девојчето цел живот ќе има трауми.за девојчето коски ме тресат, која карлица човече, не е доразвиена за бременост, па и пораѓај, па и доење:( ;(
    Родителите не е можно да не забележале, но не ја знаеме нивната страна, колку се едукативно подковани, социјално и општествено:whew:
    Долго е за дискусија, ама на девојчето најтешко му е, не е ни свесно што му се случува:(
     
    На eta, simonka93, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.468
    Пол:
    Женски
    Секако дека не знае, но имаше во Британија многу случаи на овие години бремени,бар по медиуми што ги пишуваше,и ги родиле и живееле со партнерите ,се сеќавате на 14 год.татко?!
    Доколку се работи навистина за силување,нема дискусија.
    Но,не можеме да исклучиме дека се вљубила, ја завеле,дете несвесна за последиците,во пубертет, отишла предалеку.
    Порано влегуваат во пубертет,и навистина и многу девојчиња на 11 веќе имаат дечковци и не е нереално да било своеволно.:|
    Премногу брзаат да пораснат.
    Многу е реално,за жал,фали едукација.
    Ова е аларм,под итно да се воведе.
    Се сетив на едни бивши комшии во зграда кај моите.
    Девојчето од 12год.одеше со 22 год.Да останеше трудна ке беше силување по закон.
    Јас кога и да ги видев,зборев педофил е овој.
    Но тие останаа заедно и ден денес,имаат 2 деца.

    Затоа велам,многу малку информации има,се пишува дека била штитеничка на социјални грижи,де мајка и не приметила.
    Кој воопшто се грижел за девојчево?
     
    На simonka93, kuc, Yowannty и 22 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.913
    Пол:
    Женски
    Се работи за девојче од ромската популација. Знаеме колку се едуцирани, и како се одвиваат овие работи во таа заедница, за жал. Не дека е помалку значаен овој чин, ама не не би ме изненадило и доброволно да било. Како и да е, греота за тоа младо тело да поминува низ се ова.
     
    На simonka93, Yowannty, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Абе луѓе, во мое време имаше многу ,,развиени,, девојчиња кои имаа дечковци доста повозрасни.
    Пример ние бевме 5-то одделение а ТАА имаше дечко средношколец.
    Имаа секс, знам, зашто таа ни објаснуваше како оди таа работа, а ние се гадевме од лапање:^)
    Ама навистина беа ретки таквите девојчиња, на прсти од една рака се броеја.
    Денес многу ги има.Можеби интернетот ги забрза во раст, ама сЕ си знаат.
    Добиваат м...ја на 8 -10 години и стануваат способни за репродукција.

    Прво се прашувам - како мајката не осетила, не видела...
    Второ си одговарам - јас и дробам мелко за доручек и и објаснувам како се мести влошка (извинете за ова) а таа се онади надвор, од каде да знам...

    Образованието ни е слабо.
    Мора да се обрне внимание на сексуалното образование и да не се чека ИЧ !!!
     
    На eta, simonka93, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.796
    Пол:
    Женски
    Ако е Ромка, тогаш не ме изненадува индиферентноста на мајката. Јас претежно работам со ромска популација, и реално, не е ретка бременост во тин години. Најмладата трудница што сум ја имала тука, имаше 14 години. Можеби веќе и родила, што знам. Не го оправдувам тоа, ама во мајндсетот им е да раѓаат рано. Па имам пациентки на 40 години што се веќе баби. А на иста возраст сме :(
     
    На CameliaMiller, simonka93, Yowannty и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.159
    Допаѓања:
    259.291
    Пол:
    Женски
    Колку тешко се канам да направам некои работи деновиве тоа чудо е. Се испеков на сонце, да го соберам детево од школо па ќе видиме како ќе тече денов.
    Видов еден капут у Вајкики се мислам дал да се вратам да го купам или викендов парите на искачање да ги дадам :lol:
     
    На simonka93, kuc, Yowannty и 22 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.903
    Допаѓања:
    272.523
    Пол:
    Женски
    И покрај напорите на општесвото за едукација на ромската заедница сепак тој менталитет за ептеннрано мажење останува.Има многу кон на 12 ,13 години ги мажат.И повеќе од пола се оставаат премажуваат,раѓаат деца од разни партнери...Со мене се породи девојче од 13 години едина сама го преслакаше капеше бебето и имаше млеко по една чаша измолзуваше.Да се чудиш.
    А и во мое време еднондевојченкога ние плачевме по мајка и татко во првите одд таа зандечјивци збореше.Во 4 5 одд одешенсо женет човек и на 15 се омажи.Сега е нормална фина жена на место.Навреме се изживеа и се смири.
    Ич не оправдувам мажење на млади години.Две школски од ќерка ми се омажија едната има бебе другата е бремена.
    Како беше она :овие што се мажат на 35 40 што мислат кога ќе имаат време да се разведуваат!?
     
    На simonka93, Love 83, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.532
    Пол:
    Женски
    Абе оти не пишувате во темата за силување, јас ретко отворам 40ка, а баш сакав дебата за таа тема. Во темата за силување го објавив текстот.

    Прво и основно ако тргнеме настрана девојчето колку е возрасно и свесно треба да се каже збор два за силувачот.

    Еве ќе ископирам што пишав во другата тема како резултат на објавата на порталите која гласеше вака:

    Трето силување му е ова на господинот, од 2 Јануари до некни. Сега не е осуден, туку одреден му е 30 дневен притвор. АКО го осудат максимум 12 години може да добие. Ај девојчињава ќе ги учиме да немаат секс од мали, машкиве да не силуваат кога ќе ги научиме?
     
    На Skorpija25, Роберт 7, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Малку е максималната казна, дефинитивно.
    Еднаш се испозанесов, организирав протест со барање за зголемување на казните за полов напад врз дете, и за поинтензивна едукаија во школите... Помалку од 10 души се појавивме.
    И новинари дојода, и се', ама за кој кур... од 2000 пријавени, стапот напрчен.

    Нема 'своеволно' за дете под 14 кај нас, иако јас би рекла и под 16 треба да е, пошто се рачуна дека не емотивно и психолошки способно да даде согласност.
    По дифолт е силување.

    Па и не разбирам, рецидивни и сериски силувачи како не ги пикаат затвор доживотно??
    Ич не е во ред ова.

    Иначе, дека зачестија нападите, не зачестија. Само сега повеќе се зборува за тоа, отколку пред 20-30 години.
     
    На simonka93, Yowannty, happygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.965
    Едно време се зезавме со фмќ, дека срам им било влошки да купат, овде ни е срам да ги пишуваме нештата со полно име?:?: Месечен циклус пиши го, ама пиши го. Инаку првото болдирано се коси со второто, како да имаме сексуално образование, ако е табу да пишеме менструација? Значи, не е тоа вулгарен збор, не е навреда, не разбирам зошто е цензуриран.
    За тоа со млекото и влошките, ме изнасмеа, за првиот дел де.
    Ама ми текнува, @bittersweet објаснуваше како ги има научено децата дека никој не смее да ги пипка, ако некој ги задева што да прават. И нејзините деца се мали. Може малку смешно е, уште незнае газот да си го брише а ти му воведуваш сексуално образование, ама во време на предатори, поарно да го научиш ти, како родител, отколку да научи на погрешен начин. Мене баба ми кажуваше за циклус уште на 8 години, јас се чудев втф, ама па после, ко се деси, бев спремна. И мајка ми нормалмно ми кажа, ама малку подоцна, првото :^) од баба ми беше.

    (facepalm) Јас во 4-то плачев оти не можам да разберам што е тоа општество (по ЗПО), некој се изживувал:o. На 10 години?:worried: Мене културолошки шок ми беше една во 2ра средно ко остана трудна и се омажи на 16, ама јас од тие заостанатите сум, што немаат време да се разведат пошто после 30 се мажеле:D. Ама па продолжен е животниот век нели, 50-тите се нови 30-ти;), може ќе стигнам и таа работа.

    Дури беше ќерка на балет, читав интервју со Мае Маск, мајка му на Елон. Тоа е тој ентузијазам дека се нема време да се биде стар(hollest). Убав, инспиративен дух ме зафати:)

    Едит: @KateKane кај ви е таа темата за силување? Не искачаме ние многу одовде, не знам кај да барам.
     
    На eta, WildMk, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    103.184
    Пол:
    Женски
    Во психологија
     
    На WildMk, ivi1987, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata убаво е кога те инспирираат луѓето, работата, нешатат кои ти значат. За тоа од рани тинејџерски години што започнуваат сексуални активности(независно од кои причини) не знам што паметно да кажам:x
    Омажи се роди и уништи си ја младоста ете толку на таа тема.
    Ама па и општо земи се и раѓај ми е бесмислено, сепак секој со своите преференци.
    Јас лично не би имала толку комодитет да шетам и си го планирам слободното време како сакам.
    Пред некој ден налетав на бившото либе и си турка типов количка со второ, а врсници сме ама мене ич не ми значи тоа да не секое моите деца па моите деца. И тој беше и остана дечар и јас сакам деца не дека не. Ама па толку нападно не знам, дал е неизживеаност дал чудо за чудење:o
    Ама покрај образовниот систем многу е битно и родителите и емотивно да се зрели за таа улога. Под тоа подразбирам да се свесни дека се пример за своите деца и вербално и со дело. И да треба објаснување на нештата без пусти срам.
    Еве на тема менструација ќе ви спомнам за ситуацијата на моја другарка.
    Мајка општи лекар а татко виден функционер ама со фанатични религиски видувања. Постојано одеа на литургии се раскажуваше како човекот е божје дело, другарка ми во 8мо не сакаше да одговара за Дарвиновата теорија од толку религиозно домашно воспитување. Муабетот ми беше од дома и покрај тоа што мајка им беше докторка ништо не им објасниле на неа и брат и што е месечен циклус. И другарка ми некој ден отишла во тоалет и заборавила да пушти вода и после отишол брат и што да види крв па кога почнал да писка дада ќе умре крвареше во тоалет(facepalm) Па ај како да им се објасни на децава се како е. И ден денешен се сеќавам на ова. И брат и стана доктор после, која иронија.Некогаш и премногу презаштитничко родителско однесувањее не е во ред ама ич од ич да не им се каже и тоа не е во ред. Родителство не е шала, не се децата роди ги пушти ги улицата да ги гледа, расте и воспитува или школото само.
    СЕ наручав, да поседам па во поход(hollest)
     
    На Love 83, happygirl, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Веќе пишала Кате. Не добил, туку може само до 12 години да добие што во секој случај е многу малку.

    Па не верувам дека не знаат. На зет ми внук му, мајка му му нашла во историја дека гледал порно, а тогаш имаше он 10-11 години.
    Друг случај, среќавам група на деца, 4-5 одделение да беа, како гледаат голи жени. Ако имаат по 10 или 11 години, ама денешниве деца не се толку наивни и глупи.
    За другото не би да коментирам зошто и како.

    Повеќето родители ич не се замараат со децата. Што е толку срамно да се разговара со детето, машко или женско небитно, за секс, за менструации, за заштита, за можни последици?

    Се нафукав и фатив хоризонтала. (tumbleweed)
     
    На simonka93, WildMk, Love 83 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.