Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.863
    Нема што да препознаваш...самите ќе се издадат ...тешко се диши под маска
     
    На RosettaStone, NarCis@, Dadusicka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    103.089
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден
    Надвор :sun: милина јас сеуште во кревет со моите мисли.
    Денес си имав сеанса самата со себе,потребно ми беше.
    Запловив во сопсвениот ум каде морав да направам неколку корекции редно беше.
    Од време на време знам да запнам некаде и во нешто што на почетокот ми се чини дека е само обична мисла но подоцнаа таа мисла и те како знае да ми направи проблем.
    Влегов корегирав и опп пријатно чуство и убави емоциии мир и спокојство.
    Колку само до неодамна го посакував овој мир.
    Какао на репертоар и некоја книга на нет за читање мојата маленкост мрзата не ми дозволува да тркнам до библиотека да си земам некој добар љубовен роман.
    Ај утре може ќе одам успат ми е за на работа па ќе свратам да си земам нешто благо за душава.
    Не сум воопшто да си стојам на зборот пр ми треба јога медитација но знам ќе трае ден два три може и недела и пак ќе се вратам на старо немам дисциплина воопшто.
    А имам потреба од балансирање и одржувавање во живот на духот и телото.
    Денес премногу духовно настроена така ми започна денот така нека тера.
    Кој е за какао нека повели :coffee: :coffee: :coffee:
     
    На eta, RosettaStone, Yowannty и 25 други им се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.016
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива и здрава за муабетов :bow:

    @LejlaD сакам да те гушнам еднаш силно :hug:

    Ај добар ден.
    Убаво ми почна денов, си купив саксии и хумус за кактусите :sun: Уште камчиња и песок ми фалат и ќе си ги пресадам. Ептен ме радуваат вакви ситници :D

    Немам ништо посебно за кажување, сакав само да ве поздравам :f:
     
    На RosettaStone, Yowannty, petunija77 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.003
    Допаѓања:
    180.013
    @JoyJoy me utesi so toa, kako svoja raka nishto ne chisti_mislev samo mene ne mi se pogoduva. Viknav zena da go ischisti stanot pred da se vselime, revizijata vika, ne e chisto kako jas koga bi chistela. Pa svakjam deka ne e do duplata devica, tuku do rabota radi reda.Ili sepak, do horoskopot e?:?:
    Se kandisav da odam na nov frizer, rezultatot ist- @Yowannty kje me razbere. Se nerviram, moram da naucham sama da se shisham, nema so ovie razbiranje, drva drveni se.
    I to, se klackam vo avtobus, nokti od vcera lakirani, frizura to be fine tuned by me, sonce sveti, prolet vo najava. Ubav den imajte:sun:

    Da dopisham- od mashki raboti,maz tura sol vo solarnikot(facepalm). Dovolno e falbi, neli;)
     
    На RosettaStone, Yowannty, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  5. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    93.791
    Пол:
    Женски
    Шо како моја рака?!?
    На маж ми раката ко што може да ја изриба кадата,моја нема шанси:D
    Затоа не му се мешам:)
    Скептична сум само кога друг ми вари турско кафе,иначе нема проблем.

    Вчера после долг разговор со мајка ми,сватив дека малце сум “забегала”,во ставови,крутост,себичност,па ме натера да се преиспитам и направам бек ап.
    Ова е до негде и резултат на тоа што сум сама овде,па малку сум преминала некои граници.
    Ај доста понеделнички филозофии..

    Од светлата страна на денов,си купив јаготки што мирисаат преубаво,уште на вкус да се оригинал^_^

    Убав ден да имате:sun:
     
    На eta, RosettaStone, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Ај добар ден :hug:

    Ненаспана, настината, па кошмари, сега ме боли слепоочницата на едно место, ко некој шајка да ми кова в гла. :doh:

    Ми се кука уште... ама нема. :muscle:
    Ќе си ги игнорирам мислите и пак ќе помине денот, како и секој претходен...
     
    На RosettaStone, Biljarkata, Yowannty и 19 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.728
    Допаѓања:
    322.848
    Секогаш кога си приредувам ваква сеанса се понервозна станувам, зашто упорно се обвинувам себе за се што излегло наопаку.
    Ретко кога се смирувам.
    Ама тоа е поради тоа што правам отстапки од СЕБЕ поради други лица кои баш и немаат значење во мојот живот.

    Добар ден драги лица
    Понеделник е, немам ништо за фалење, верглам како и секогаш до кај среда и така.
     
    На eta, RosettaStone, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Исто... секогаш сама се наоѓам виновна.

    Дај бе препорачајте некој психијатар шо го бива за психотерапија!?
    Навистина ми треба некој да ме исслуша, да си кажам и она шо ми е страв сама на себе да си го кажам.
    Мора некоја од вас да знае некој!
    Аман!
     
    На RosettaStone, M&M, NarCis@ и 15 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.728
    Допаѓања:
    322.848
    Јас без пардон си кажувам се:D затоа и глава ме боли после:tmi:
     
    На WildMk, RosettaStone, M&M и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.134
    Допаѓања:
    258.936
    Пол:
    Женски
    :inlove: тапа сте. Сликата беше у контекст на муабетот со терапевтите. Али ок не е секс па не може да стои тука :mm:
     
    На WildMk, RosettaStone, Yowannty и 14 други им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Здраво друштво како сте?
    Временцево боље од пролет, барем полен уште нема:sun::D
    Неколку пати се фаќам како сум препаметен кога треба да советувам други а кога ќе дојде ред за себе го бирам најглупото решение:doh: Еве и сликовито:D
    20200217_132018.png
     
    На WildMk, RosettaStone, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Јас сум ваква :sun: иако ме тераат да бидам ваква :emo:
    Не им оди од рака :?:
    Сакав да кажам-посебен круг во пеколот за оние што не ставаат слики од производи на пазар3 и реклама5.
    Продавам кола мерцедес Ц класа. Слика НЕМА дој види ја у свирипичино ако сакаш :emo: и таквимити работи.
    И посебен круг у пеколот за агенти кои мрзата ја препишуваат на клиентите. :x
    Не знам дали претерав со фстаци па ми се :puke: или од глупостите што ги изнаслушав од 10 па наваму.
    Ааа да. И имам една колешка што редовно ме напиња ајде второ, ама бар не се чувајте ако биде-биде муабет ми прај... И и реков дека НЕ МОЖАМ ДА ОСТАНАМ ТРУДНА.
    Си го купив раатот со лага. Преку глава ми дојде да сум арната.
    Меркур ретрограден од вчера попладне и се осеќа баеги.
    Вие арни? :sun:
     
    На RosettaStone, petunija77, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    И кај мене ретроградниот се упалил изгледа.
     
    На RosettaStone, JuLleE, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.867
    Допаѓања:
    271.877
    Пол:
    Женски
    Само што стапнав на работа нервози.Промени кои сакал не сакал на некој начин ќе те засегнат.А што арно си беше некој период.
    Па и диета почнав кај да е да си набавам и розеви апчиња за залиха.
     
    На WildMk, RosettaStone, Yowannty и 18 други им се допаѓа ова.
  15. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Едвај се движам, се ме боли:sweat::sweat::sweat:
    Како три дена на буре да сум седела:Dтака ли викаше Миле:?:
    Малце повеќе што прочепкавме викендов низ двор, ми се одразува денеска:sweat:
    Уште еден доказ колку сме улежани и закржлавени од зимава]:)
    Златна пролет, златно сонценце:)...
     
    На WildMk, RosettaStone, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.585
    Допаѓања:
    52.692
    Пол:
    Женски
    Добар ден друштво:sun:
    Како сте ми?
    Јас сум супер.Само што се вратив од скриниг. Бебка моја расне, лепотица, 390 грама е и личи на мене да ви кажам:makeup:
    Деновиве не можам да ве дочитам :D
    Маж зеде одмор, па цело време се шеткаме некаде.
    Во план ни е петок да одиме во Тино, има добра понуда на групер. Нека користи тој спа, јас ќе го гледам:D

    За чистење, мм ми помага многу.
    Кога лежев и не смеев да станувам тој готвеше, ми ставаше да јадам и креваше, ама буквално се чистеше.
    И денес е исто. Ако јас чистам може да зготви тој нешто за јадење, јас да измијам. И задолжен е за усисување и за џогерот:D Да не сум усисувала јас во оваа состојба:D
    Одам сега да го фатам купот со алишта да го испеглам:whew:
     
    На eta, WildMk, RosettaStone и 23 други им се допаѓа ова.
  17. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    21.467
    Малку помош жени
    На термо печка ставив кошула да ми се суши, и сега на печката е отцртано од цветче до гранче баш се, цела кошула :(
    Да ми препорачате некое средство со кое би можело да се исчисти :?:
     
    На NarCis@, Dadusicka и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.003
    Допаѓања:
    180.013
    Коментар во стил на форумскиот идол @Peco - А ти си 39 кила?;):lol:
    Се зезам, срцка си, ме потсети јас ко бев трудна со моево, првото ехо кога видовме лице, не можевме да и се изнавоудушевуваме:inlove:.
    Ај да пробам да не го запечам ручекот, пишете нешто весело- ми треба. Уште ме држи нервоза одсабајле:swear:

    Едит- @V.odolija јас не разбрав, ти треба да ја исчистиш печката или кошулата?:?:
     
    На WildMk, Yowannty, Kate Rina 93 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    21.467
    Печката
     
    На LejlaD и Milobebence им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.003
    Допаѓања:
    180.013
    Оцет?:?:
    Ај некоја подомаќинка ќе каже, знам пегла со очет се чисти ако се залепи.
     
    На LejlaD, Milobebence и V.odolija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.