Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Ќе се дружиме летово со бебе у ох планирам да седам бар месец дена. Се пораѓам и до 40 не планирам да се соберам во гнасново Скопје.
    Ептен сакам да те видам. Ептен . И да ми кажеш како можам тие срценцата да ги најдам да те тагнам. Како квантна физика ми е твојот ник. :rofl:
    Те гушкам силно најсилно! :l: :hug: :*


    Ииии @Dadusicka ти посакувам најголемите километри да ги поминеш на најубави дестинации! Честито кола! :l:
     
    На Dadusicka, kuc, Kate Rina 93 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    :inlove: ќе шеткаме бебуш покрај езеро :inlove:
    А за срцињата, кога го направив профилот користев таблет и имаше срциња на тастатурата, кој знае шо сум мислела тогаш :tmi:
     
    На Dadusicka, kuc, Kate Rina 93 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Ама и Константин ќе си има друштво таман со твоите :l:
    Едвај чекам да ти кажам, само се да е ок :)
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.417
    Допаѓања:
    250.432
    Има секакви ликови на форумот, што се враќаат, реинкарнираат, со дупли профили итн. Тие и не прават некоја штета освен што тролаат.

    Има секакви во суштина. Како и помеѓу нас нели.
    Има и такви кои ужасно фалат на темата, а се личности со огромни срца, мајки, борци и херои, кои за среќа ги имам и на социјалните мрежи па дружењето и комуникацијата ни продолжи.

    Денес е ден за Дани наша:l: @danichap
    Оти е голем човек. Многу и не знаат за нејзиното големо срце, ама таа е жена херој. Она и @galapce.
    Фалат овде :hug:.

    Ве тагирам во вашата матична тема, е така да си знаете:*.
     
    Последна измена: 21 февруари 2020
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 29 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.305
    Пол:
    Женски
    Добар ден :f:
    Јас дојдов да кажам дека под итно морам да се сменам и една маана да ја исечам во корен. Премногу, ама премногу идеализирам луѓе, настани, ситуации. И после... разочарување. Аман веќе, стара сум за вакви работи, нека ми удри некој шамар или бокс :punch:

    @Esmeralda-MD што и да е, побрзо да се види и да се излечи. Се надевам за брзо ќе бидеш добра :hug:
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    И после кажете дека форумов е анонимен. :D
    Додуша јас никогаш не се криев, и имам доста девојчиња кои ги познавам или лично или пишувавме многу порано, ама у каков бубањ сама се ставив со работата многу комуникации прекинаа и иако знам дека и ден денес да се видиме имаме за што да збориме, премногу се радував за дел од нив што можев да бидам дел од нивната долгогодишна борба и јуначки да истераат да станат мајки, е тие жени колкави срца имаат не сте свесни. Не бев ни јас додека не се зачленив на фемина.
    Пак ме акаат емоции, пред плачење сум.
    Сакам кога сум дел од нечиј успех, ние луѓето сме такви човечки битија што со ситници можеме да се задоволиме, не ни треба многу.
    Човек да помине на пешачки , да го пуштиш само и да ти климне те исполнува, јас не знам зашто не ги гледаме тие ситници, туку се почесто се давиме самите себеси во негативни мисли, па и така и ни тера...

    Пардон за емоцииве, брзо ќе минат. :D
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Не си стара прво, туку имаш надеж.
    Не можеш да смениш што веруваш во луѓето. :*
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.207
    Допаѓања:
    181.305
    Пол:
    Женски
    Море стара и за ќотек :|
     
    На Dadusicka, M&M, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.036
    Допаѓања:
    206.153
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене,конечно кафе.Зовреа рибите за ручек кога ќе се готови,небаре недела дена гладни,нејсе јадат веќе,можам :coffee::smoke:.@Еsmeralda-MD со помин да е,направи испитувања и дај боже се во ред да е:hug:.Како Нарцирска сум па Цацко ми е крив кога доживувам разочарување ама ум не ми иди...:*.Сонце печи,ме убива променава температурна-колено ме боли едвај одам.....
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    172.853
    Пол:
    Женски
    @Esmeralda-MD :hug:

    Лежам цел ден..се наклукав со апчиња, сега да се избањам и да одам на роденден.. Едвај мрдам..

    Ај сега бидете прави другачки и пишете ми некоја убава порака за прв роденден на детенце..
    Се гледа колку сум неарна, дури и мозоков не ми функционира како што треба:(
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    169.863
    Пол:
    Женски
    Ќе си испланираш да шеткаш викендов и ќе ти се случи нешто од ум да те извади.
    Ај белким за арно ќе е.
    Се 'врзав' за кревет. Нема шанса да мрднам, бар денес Не.

    Пратив маж по зеленчук.
    Све дошло на нула.
    Една краставица се маа по дома, и таа спурена:doh:
    Да видам што ќе дом'кне баш.

    Едит:
    @Dadusicka Дадуш , пак те заборив.
    Со здравје да си ја бучиш тојотКата:party:
     
    Последна измена: 21 февруари 2020
    На Dadusicka, kuc, Kate Rina 93 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Немам мислење... само си читам...

    @Esmeralda-MD :hug:
    Ти посакувам побрзо да завршат со тестирање, и што и да е (ако нешто воопшто е), да биде лесно и брзо излечиво :hug:
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.233
    Допаѓања:
    103.061
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug: :hug: нека поминува што и да е брзо и лесно
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Пријавувате неправди? Гинеколози што наплаќаат бесплатни прегледи? Несоодветно паркирани? Насилство на дечиња, го гледаш плаче во продавница и мајка му му мава шамар? Намерно удирање со кола во куче? Фрлање ѓубре на улица? Гласна музика во комшии во 3 сабајле?
    И како се справувате со гневот кога никој ништо не презема? Стварно ми се плаче од нервоза
     
    На WildMk, senza.parole, Kate Rina 93 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    93.713
    Пол:
    Женски
    @Mantub неодамна водевме дискусија на темава..
    Дел пријавуваат,дел не,има такви што пријавиле и “се изгореле” од самите жртви.
    Свесни сме дека е најправилно и здраворазумно да се пријави било каква неправда,НО во земја како нашата,односно корупциско дувло,за жал не функционира ни закон,ни казна,ни правосилност.
    Пробај сама да го исканализираш гневот:|

    @Esmeralda-MD ти посакувам добар исход од испитувањата:hug:

    Убав ден дечки,мојот тече со поткревање на хигиената во домот на повисоко ниво:D
    Се читкаме вечер:f:
     
    На Dadusicka, bittersweet, Kate Rina 93 и 25 други им се допаѓа ова.
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Да поздравам , да честитам за арно за убаво @Dadusicka upload_2020-2-21_14-21-32.jpeg со среќа да си ја возите новата кола.
    @Esmeralda-MD што и да е нека поминува ако треба и приватно да платиш мислам ако имаш можност,а не да те маткаат по клиникине едно:hug:од мене.
    Луѓе денес видов драга личност која многу ми се најде во тешките денови во болница не толку далечната 2016 година од 5 дена поминати заедно давајќи си утеха една на друга не си ги разменивме тогаш мобилните телефони дали што бевме сеуште комфузни незнам што се случи беше од друг град и така изгубивме контакт денес ја сретнав се преселиле во Скопје со видно зголемено стомаче колку се израдував.И така времето топло,искористив едно прошетување до пазар и назад.Вечер на роденден со синко и дошол викенд и опет јово наново.
     
    На WildMk, Dadusicka, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    @Esmeralda-MD пуштам среќичка се да биде ок :hug:

    И мене ми треба од тие шамарите.
    Не научив и не научив да се штитам од луѓето. Си останав наивна будала што гледа добро во сите.
    По не знам кој пат сум разочарана од некои луѓе.

    Моментот - ми се плаче ама немам каде го имам сега.

    Одвај чекам да одам дома да изгушкам деца.
     
    На Esmeralda-MD, CameliaMiller, WildMk и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Тегнам кафе број два и се спремам за пешачење. (hollest)

    Рози ја приметив, се посомневав ама некако не ја марев. Ме умараат такви конфузни мислења па ја скокав увелико. :smirk:

    Божо ми текна за ташничињата те читав, овие у капитол што ги има. Убави, ама не се за снагава моја. Димензиите се... толкацка ташна а ја толкава жена... :worried: Па кјут и смешно ми дојде у исто време.

    Не пријавувам, ама се заканувам дека ке пријавам. И магично не ми наплаќаат. А дека ке се смени нешто ако ја пријавам - нема. Ке се среди работата дур да трепнеш. Гинеколог кој треба да е у пензија нападна млада пациентка и работата се заташка. Дури и настанот се заборави.
    Џабе ке си губам драгоцено време со пријави, ефект нема да има.
    Напад врз друго лице не пријавувам, дискутиравме на темава. Ке си донесам беља на глава, па сакајќи да помогнам, нема да можам слободно да шетам на улица. Зарем има институција и закон која ке ме заштити? Жртвата никој не ја штити, та за Ребека ке се секираат.
    Социјални служби има? Не, јер на секој семафор има по најмалку 3 циганчиња кои просат. Ветер ли е, дожд или сонце, они се голи и боси. А и у дом, ке ги силуваат и коа ке излезе на телевизија ке се заташка. Пуф, ништо.
    Гласна музика у маало немам, за свадби и остали веселби никад нема да пријавам, една ноќ ке преживеам.
    Ѓубре? Ркули? Па оние што треба да го спроведуваат законот се први кои фрлаат ѓубре под ракав.
    Гнев не чувствувам, веќе не ми е важно. Во мојот балон ми е супер. А и границите ми се отворени. :!:

    Кој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На Dadusicka, kuc, Kate Rina 93 и 23 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.227
    Допаѓања:
    169.863
    Пол:
    Женски
    Како го размрда Виши (или Кара )форумов, алал вера!
    Фрчат мислења, де овде, де во сдк, во фмќ, прашања за форумот..
    И да не постои треба да ја измислиме:rofl:
     
    На kuc, Kate Rina 93, Ariel и 15 други им се допаѓа ова.
  20. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.858
    Допаѓања:
    271.704
    Пол:
    Женски
    Јадев риба варена ,демек ја динстав на пареа,го загорев тенџерето плус.:devil:
    Да ти се плукнам и во диета и во лепота.Душава ми смрди сега на риба.:puke:Да барам мастики.
    #јакмуабетсинаправив#]:)
     
    На Esmeralda-MD, Dadusicka, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.