Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека претерувам со јадење 100 грама чоколадо, ама Бубче и Јуле ме шијат :D
    @LadyC јас сум 182 висока па си носам високи штикли. Порано колку и да јадев не ми се познаваше, секогаш имав рамен стомак. Сега брате мили, се ми се лепи у мев и спојлери. Ама си мцнав полче од 7ца и скоро две крофни со крем :tmi:
    Шо да праам, лето иде па со време да си се спремам :rofl:

    Петок вечер, со маж ми ја склопивме тв полицата. Прво наопаку ги ставивме даските, па ја опраивме и за чудо не ни се распадна :D
    Сабајле рано мајстори за кујната ќе дојдат конечно. Леле Драгане сум работава, конечно ќе се средиме :smirk:

    За 8 Март носам цвеќе за, негувателките, а од школо групно собиравме лани пари, се надевам оваа година исто ќе биде да не му ја мислам.
    За втората тема што би рекла @dunika или си кликаш или не.
     
    На bittersweet, NarCis@, Esmeralda-MD и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.196
    Допаѓања:
    139.505
    1. Лелееее, пак ли 8 Март |(
    2. Очите :inlove:
     
    На NarCis@, ivi1987, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.666
    Допаѓања:
    148.807
    Пол:
    Женски
    Вие сите излезени изгледа, ептен тивко ко за Петок :)
    Ја изгледав и оваа серија :( , а сите што ги бендисав ќе имаат уште сезони ама се се coming soon :(, треба да си најдам нова во меѓувреме
     
    На simonka93, NarCis@, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    La casa de papel?

    Jaс |-)

    Лека ноќ.
     
    На CameliaMiller, JuLleE, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Каква сaм таква сам имaм телефoн :D:D јaкo е :rofl::rofl:
    И јaс си сум снaжнa, мoјaвa снaгa тaмaн е зa чoвек oд 2 метрa :muscle::)

    1. 8ми oвде не се слaви
    2. Негoвaтa сaмoдoвербa, oчите, имa oстaр пoглед и дебел глaс a мене тoa ептен ми е секси, гoлеми рaце и испaкнaти вени ми се слaбoст, висoк е, и aј дa не нaбрoјувaм СЕ нa негo ме привлекувa:inlove:
    Леле нa 38 се пoнaшaм кo зaљубенa тинејџеркa :D

    @M&M кoј серии ти се гледaни?
    Вo мoментoв ми текнувa нa Lucifer, sex education, Wentworth, Grimm... Зaгледaј некoи oд oвие aкo веќе не ти се гледaни.
     
    На bittersweet, simonka93, NarCis@ и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.979
    Допаѓања:
    135.035
    Пол:
    Женски
    Mислев дека јас сум многу по благото ама ситница било моето. :worried: Максимум 2 реда чоколадо или 2 парчиња баклава, или 2 лажички мед со ореви јер само мед не ми е убав, еурокрем максимум 3 кафени лажичиња, крем бананки може 3 ама рум плочки од една повеќе не апнувам.

    Не! Пријавила ил не исто ми се фаќа, се навикнав да го прифатам тоа што не можам да го сменам.
    Како еве да докажам дека гинекологот ми наплаќа коа сестрата ги става парите во џеб или нејзин новчаник, не се никаде во никаква каса ставени? За не соодветно паркирано ... не можам дома да си влезам од несоодветно паркирање, ако не секој ден бар 3 пати неделно дремемe со кола пред пролаз и си чекаме некој да уплати ливче. Еден период редовно викавме полиција, ама не прашуваа за број на таблици и ако е колата на некој нивни или некој ,,ВИП" никој не доаѓаше, ако е на некој непознат ќе се нацртаат за 2мин и ќе пишат казна. Епа шо фајде, вака бар коа некој не плаќа казна зошто друг да ,,гори''. итн итн

    Поклон за осми март :?: ја би некоја ваква чинија и би ставила внатре плус некои бонбони шери или атлантик
    [​IMG]

    За тема 2 и јас би рекла исто дека или си кликаш или не, шо ако го има сите работи што ги сакаш ако му се лошо распоредени.:angel:

    Туку почекајте малце за Осми март има време, прво баклава за прочка да се направи :emo:
     
    На bittersweet, simonka93, ane.bella и 21 други им се допаѓа ова.
  7. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Ајмо кафааа, још мало па нестало:D 20200222_005412.jpg
    Нема за сите, прв дојден, прв услужен:D
    Толку е времето...
    Добро утро, добар ден, убав саботен ден:hai:
     
    На simonka93, Peco, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.666
    Допаѓања:
    148.807
    Пол:
    Женски
    Само што ја завршив sex education,ги изгледав и you и dearlth to me, почнав вчера една 13 reasons why, ми се виде добра. Втора серија со средношколци, ама ептен ми се интересни, се спремам за средношколски проблеми, уште некои 4г ме чека па да не сум неспремна :)
    За мене една Мока од кафето на @PUPICA прва си дојдов.
    Ми се спиеше уште ама децава решија рано да станат :yawn:
     
    На simonka93, ane.bella, referentka и 19 други им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Добро ви утро.
    Саботно гледам има ранобудни. :D
    Константин ќе го оставам да поспие а јас ќе се послужам од латето. Такво некое полабаво.
    Дајте идеја за ручек ве молам? Аман ми се темни кога сум без идеи. (facepalm)
    @ivi1987 182 мила? Ова ретко го слушам, а уште поретко го гледам. :)
    Би носела високи штикли да е мм бар 190. Ама 10 му фалат и ептен грубо изгледам пола глава над него. :D
    @M&M гледај ја Grimm , предобра е . Има бајаги сезони и е сосема различна од се што си гледала. :inlove:

    Јас се приврзав со Чикаго Мед моментално. :inlove:
    П.с. а Прочка кога е?
     
    На simonka93, ane.bella, Sesil и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Добро утро, другари :hai:
    Рано се будам, касно легнувам....малку спијам, Ама убаво се чувствувам(fingers)
    Со висинава одсекогаш си имав "проблем" се со пониски дечковци завршував....ама имаа харизма, или фалинка:D што викa @JuLleE ....
    Штикли не носам, |(

    Сонце ќе нема денес:envy:...таман се спремав за скитање:angel:

    Ако ти е топло на душата, Сонцето надвор, не значи многу:?::makeup:

    Нека биде убав денов:hug:
     
    На bittersweet, simonka93, ane.bella и 25 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.666
    Допаѓања:
    148.807
    Пол:
    Женски
    Дечки едно т.е. повеќе прашања за пасошиве, гледам на мвр сајтот има термини до 20ти март после не дава. Мене ми истекува во Јули, може да поднесам уште сега за нов? Стариот го задржуваа кога поднесуваш за нов? Да не останам скроз без пасош неколку неееци м? Во мај може на пр да влезам во Грчка со 2м важечки пасош??
    Пак ја начнав темава :)
     
    На simonka93, ane.bella, referentka и 12 други им се допаѓа ова.
  12. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Добро утро 20200222_081104.jpg денов ми е наменет божем за шопинг ,ама тмурно ,ветер дува , се мислам дали воопшто да излегувам
    Мислев кафе сама да си пијам станав во 6 ,доручек направив ,седнувам да ве читам и кафе да пијам ....ете ти ги еден по еден .....мислиш работен ден е ....им викам поспијте си рано е уште ....
    Се мислам и ручек негде да истераме ,ама немам идеја каде :wasntme:
    Убав ден да имате вие високи и стројни ,ниски и постројни hug::sun::l:
     
    На Skorpija25, simonka93, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    ^Јас бев со големиот на една недела пред истек, никој никаков проблем не ми направи..зависи како ќе ти се погодат.
     
    На referentka, ivi1987, Bozica1980 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.173
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Истото прашање го постави човек пред мене сега пред некој ден во мтв , ама и од мое искуство во декември вака е:
    Пасош ти задржува 100% и може да те зезнат да останеш ни тука ни таму
    И можеш да одиш во Гр со два месеци пред истек.
    Наводно проработел оној на мвр 071 929292 ( ваљда вака беше бројот) пробај таму прашај сепак за секој случај. :)
    П.с. стариот го добив назад у јануари со новиот. Штракнат со дупки дека не важи. :)
     
    На ane.bella, referentka, ivi1987 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Од што ме мрзеше синоќа да се бањам, си навив саат сабајле во 5 да станам и на раат да се средам.
    По Марфи, Неда се разбуди во 5 мин до 5, со плачење, па се разбуди и сестра и и ништо од моево бањање.
    Па ги спремив и со такси кај мајка во 7:30 отидовме, па таму се бањав, еве ме сега со полуисушена коса, во 57ца одам на работа.
    Мм цела недела беше до 24 на работа, од 7 сабајле :worried: демек денес да го оставевме да поспие, ништо, и него го испоразбудија рано рано.
    Си се изжалив утрински :D
    Вчера влегов во ринг со Битолчани :), мореееее ептен прљави играчи испаднаа, да не ме знаеја моиве на работа шо чоек сум, ќе го јадев стапот. Ама па по мое излезе, ја истерав правдата.
    Не ми се лутете Битолчанки, не генерализирам, ама оваа клапа шо ме нападна ептен волци излегоа.
    Кичма ме боли, ми се темни на очи. Денов мутав ќе е.
    Посакајте ми празен салон да не морам да цупкам цел ден на штикличињана.
    Убав ден на сите
     
    На bittersweet, simonka93, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  16. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Женски
    Добро утро, давајте кафе кој имаше ставено:yawn:.
    Неделава беше напорна и стресна и уште ми трае оти и денес на работа сум. Релакс ќе ми е денов ама пак кога не си дома...А колку ми се иде дома да си испијам кафенце со маж, па со малата гушкање, нормално ако сака тоа госпожата:!:. Ама немаа, дури после пладне.
    Вчера вечер бев на роденден у кафанче, со стари мои друшки на маса седевме и сфатив колку ми фали повеќе дружба со нив. Се гледаме но тоа е многу изретчено, обврските не изедоа.

    Постов малку хаотичен, ама мене очите ми паѓаат, разберете ме:D

    @EuHenIa ти посакувам празен салон, да си одмориш ноги поштено(hollest).
    Ај сега и ти мене посакај ми исто:rofl:.
     
    На bittersweet, simonka93, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро! :coffee:
    Маж вежба, ене го пред мене и ми одвлекува внимание :drunk: Јас дремам и му завидувам што си вежба, ми фали и мене.

    За привлечност... Ме привлекува убава насмевка, тоа ми е прво што забележувам надворешно. И широко лице. Потоа, хуморот, ме привлекува посебен хумор. Мрзам вицови и тапа смешки. Харизма да има, некоја убава енергија, позитивност и оптимизам. И широки рамења :!:

    Инаку, алал да ви е за благото, отсекогаш сум се чудела како некои луѓе можат да изедат тони благо и да не им се слоши. :bow:
    Не сум јадач на благо, повеќе од 1-2 коцки чоколадо не можам, почнува да ме пече грло и да ми е грозно. Со месеци може да не каснам благо и да не ми фали.

    Бог да чува за раскажувањата по другарки за некоја членка од форумов што прави во животот :^)
     
    На ane.bella, simonka93, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.515
    Допаѓања:
    173.817
    A јде кафе
    20200222_081909.jpg
    Малово со 38 ... ама не се дава , спремна уш од 7ч чека да ја возам ...
    Им се дивам на двајцата за амбициозноста ... на татко им се метнаа по тоа прашање ... а јас-па сеуште знам да застанам у место и да се чудам што даље ...(facepalm)

    Како и да е , убав ден денес ...јес да е задушница некоја ,ама... ако стигнам ,ќе отидам ,ако не -знам да нема да ми се лути ,јер малото (децата)пред сФе ...

    Ај :*
     
    На ane.bella, simonka93, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.257
    Ај добро утро :yawn:

    Ако сите пријавувате, ќе се смени начинот на кои се третираат пријавите.
    Ако сите велите: Џабе е - и никој, или ретко пријавуваме... нормално дека ништо нема да се смени.
    Не одзема толку време пријавувањето, колку што може добро да донесе... па макар и да не се проследи...

    За 8ми март не купувам поклони.
    Ако се договорат децана на школо нешто да купат.. нека купат.

    Првата година свекрва ми се испоналути за тој пален поклон.
    Си имав кажано и претходно, дека не славам 8ми март со фарси и не примам и не давам поклони.
    Најверојатно не ме сфати сериозно, па ми купи една блуза, а јас нејзе ништо.
    Кога ми ја подаде, и' кажав дека стварно не сакам и не давам поклон.
    Се набурса, ја зеде блузата и ја смена со машка и му ја даде на маж! :D

    После се навикна..
    Сега дури и се заебава кога иди 8ми март: Шо сакаш да ти купам, а? - па се клешти ко зелена. :lol:
     
    На bittersweet, Skorpija25, ane.bella и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Фискална да ти даде
     
    На Bozica1980, WildMk и LejlaD им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.