Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Вирус е.
    Старост не е
    За старост ќе си отвориме нова тема :rofl:
    Пиши ни дали се адаптиравте...
     
    На vitamina, Peco, Eli23 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    И мене никој не ме забележува на темата,нит му недостигам на некој,меѓутоа и не пишувам често..Како и да е редовно читам:!:Внимание сите сакаме и од домашните но и од туѓите;)
     
    На vitamina, anel, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    На тема кафани,си останав недокажана вчера|(
    Најчесто одиме во Џино,Ла Тераца ил Пелистер,за пијачка или за да апнеме нешто.И тогаш редовно се чудам во што никна ,,градот убав''.
    Одиме и во Гурмет,ама одамна не сме биле.
    Кога ќе го прашам мм за некоја кафана што сум ја чула од типот на некоја биртија,категорично ми вика ти не си за таму жено.Со друштво одиме кој каде ќе одбере.Последно во Оливе бевме,многу убаво и атмосфера и амбиент.
    За фамили ручек во лето Ореов Лад.

    На тема помош од мм.Не можам да се пожалам,не работи домаќински работи,усисивач,прашина,перење,пеглање-Не.
    Ама се друго,од поправка,носење тешки работи,сијалици,техничко технолошки работи и остало,не ми дава да допрам.И тегли ми отвара да не заборавам.:!:
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На vitamina, anel, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    :rofl:Добро е,значи исто мислиме дека не е старост.Уште малку ми остана време да се порадувам на тројчето напред,после ќе се смени:sweat:.Здравје само и се по ред.Па уште се адаптираме,најискрено а и многу сме кратко за да кажам да,се е супер и се знам кога не е така.Си имаат правила кои мора да ги научам.Сега учам во која канта какво ѓубре се става:^),не се фрла заедно хартија,пластика,стакло,и останато ѓубре.Кантите се по боја и секој ден се знае која треба да се изнесе и да ја собере ѓубрарката.Не е лошо,добро е,се функционира,и сите почитуваат правила прописи,како програмирани,нам ни беа чудни:?:.
     
    На vitamina, anel, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    На времето кога мислев дека за мене нема среќа во Мкд повеќе, имав намера да заминам во странство и да свртам грб на цел свет.
    Ама многу ми беше страв како некаде ќе се привикнам.Не сум јас 15 години па да имам време за адаптација.Плус оформена личност...што и да сакам да сменам кај себе, од старт јасно ми е дека тешко ќе оди.Затоа кај нашиве секогаш прво што прашувам е како се прилагодиле.
    Не е баш лесно после 35 да заминеш некаде во јабана и да се снаоѓаш.
     
    На Peco, Eli23, Abrakadabra и 8 други им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    @referentka, гарант ти си го пишувала алманахот во средно. Признаваш? :D
    Талент е ова, не е шала. :!:
     
    На vitamina, Peco, Eli23 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.313
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене, женски и дечки. :coffee:

    Вчера пола ден во ненормални главоболки го поминав, па со апови и чуда, па дури и накај 10 клапнав, запспав и не успеав ниту да ви се одјавам.

    Денес на терапија, па после да видам за наочари што ќе направам, може делумно и заради тоа имам главоболки, а и зашто не ми текнува да си зголемам фонт, ама ај... (facepalm)

    Се надевам дека денес не е премногу ладно надвор, зашто ми треба малку пешачење. Не можам веќе вака, цел грб ме боли. И морам да си најдам асално место додека работам на компјутер, така за да имам најмалку болки во врат и грб. :drunk:

    До сите кои не биле анализирани до сега: Немојте да се лутите (барем на мене), зашто дефинитивно вашите постови се читани и ценети, но не сте откриле доволно од карактерот, што не е нешто лошо. Тоа значи дека сте си ја зачувале приватноста во голема мера, што најверојатно и ви била целта. ;)

    Скај, си ме изнасмеала. Можам уште сега по ЛП да ти кажам која е книгата, видов дека ја има во издаваштво на Вулкан во Србија. :lol: Инаку, многу брзо се читаат овие книги, зашто лесно се навлекуваш и после само те тера да видиш што следува. :lol:


    Ова како јас да сум го пишувала. И да те исправам, јас секогаш те спомнувам во свои „анализи“ ;) Ем си впечатлива, ем си мистериозна. 8)

    @referentka жено, закон си со песничкиве. Инаку има една тема на форумов, на која можеш да напишеш песничка за некој член. Не можам да ја најдам, ако знае некој за што зборувам, нека стави линк. :lol:
     
    На vitamina, anel, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.328
    Допаѓања:
    278.534
    Пол:
    Женски
    @Esmeralda-MD мило ми е што си тука и биди поредовнаА како е малото на школо се среди проблемот?
    @evangelina.ina се замолува да биде што поприсутна на темава да не се губи на долгорочен рок:)
    @anel добре дојде назад и чекаме впечатоци(мислам беше некаде подалеку)
    Е така јас ќе бидам задолжена за тие понеприметливите да ги мислам и активирам.:hai:
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На vitamina, anel, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    81.580
    Добро утро! Очи подотворени со кафе,можам да напишам нешто без да доручкувам букви:$
    @referentka ти се восхитив женче вчера во една тема.Така треба.Не ги разбирам жените што ќе споделат некоја хорор приказна ,ако е очигледно дека некој бара подршка и охрабрување.
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На vitamina, Peco, Lady Phoenix и 8 други им се допаѓа ова.
  10. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Добро утро женчиња:)
    Се мислев дали да се пријавам или не,дека немам што да ви кажам...
    Дали кафе уште не пиена,не јадена па сум :drunk::drunk::drunk:
     
    На vitamina, Lady Phoenix, Eli23 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Добро утро Женчиња и мажиња по некое како што некој љубат да кажат. Посакувам убав ден денес некој степен потопло и поубаво временце од изминативе.
    Гледам вчера било интересно односно читам но и убаво се завршило со подадени раце како и што доликува. Само да истакнам дека секоја професија си има свое значење и своја тежина , така да не се оптеретувајте и не се замерувајте за тоа, овдека сме за дружба и да си се испокажеме малку поинаку од домашните дружби.
    Рефка ја читкам во поетски стил и убаво расположена.
    mama89 Поздрав и знам дека повеќе изреагира емотивно на спомените од таткоти одколку што скаше некого да навредиш и те подржувам во тоа и знам дека е тешко е да се исконтролираш кога ќе ја почуствуваш празнината на некој близок кој многу ти значел во животот. Но испадна доблесна и се извини браво.
    Дечки да не го тупам се читкаме денес
     
    На vitamina, anel, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    За машките нема добро утро, а ....ако, ако...:^)
    Или посебен поздрав мислеше за мене..а.... :wasntme:
     
    На vitamina, Peco, ALISA0000 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    Добар ден друштво :D
    еве ме и мене, малку покасно на работа денес, ама заглавив кај Цвета... супер режим ми даде, ама треба цел ден да јадам... не знам дали ќе го постигнам тоа, толку количински да внесам јадење :wasntme:
    Како и да е, од утре посериозно, денес полабаво, да купам се што ми фали и со Господ напред, белки ќе си ја оправам крвната слика :)

    И така... вчера се разочарав со ракометот. Во принцип не ги плукам спортистиве наши, се трудат и се, ама ова вчера што го направија не им го простувам :!: продадоа веќе добиен натпревар :?: :tmi:

    Сакам спорт, ама фер натпревари. Вакви не :)

    Имајте убав ден... кафето ви го препуштам, јас со какао ќе заблажам душа :D повелете
    [​IMG]
     
    На vitamina, anel, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    @Annath, а знаеш ли дали Цвета комуницира преку меил со луѓе од други градови? Ме заинтересира со режимот за крвна слика, ама не би одела до Скопје. :(

    И со среќа да ти е. :)
     
    На mama89, Lady Phoenix, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.183
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може и преку мејл, ама првата консултација да ти биде тука во Скопје. Ако сакаш бројче да ти дадам да се јавиш да прашаш.
    Инаку, овој режим им го дава претежно на сите што сакаат да слабеат, горе-долу кај сите е ист по она што ми го кажуваат.
     
    На vitamina, Lady Phoenix, Mrs.Bass и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Да се пријавам и јас кратко.
    @Eli23 со памперс одеше пакетче? И ние имавме ама беа поинакви работи, имаше дури и милка млечно чоколадо, кое јас сама скришум изедов за две секунди. Ова пред диетата :lol:

    @friendy на која програма оди досие х? Леле колку ја гледав серијава порано. Ептен ја сакав.
    Една вечер одеше една епизода со девојчето што со очите ги движеше работите и кога се заврши легнав. Кога почна се да ми се лула наоколу, да ѕвецка. Бев во шок, леле прво на што помислив беше тоа девојчето од серијата, се извадив од памет. Оно земјотрес бил :D Како се погоди. Никогаш нема да ја заборавам случката и серијата.

    Абе јас не разбирам нешто. Па кажете си фино лепо. Прво демек никој не ме спомнува, па се туткам, па после јас се само нашалив (а воопшто не звучеше како шала) па и некој друг крив, оти погрешни дијагнози и анализи, па и имам внимание од кој треба. :drunk:

    Ај добро утро.
     
    На vitamina, anel, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.363
    Допаѓања:
    261.813
    Пол:
    Женски
    Ливинг не сум сигурна од каде си (Охрид мислам?!) тогаш мислам ништо од Цвета. Ама оди различни денови во различни градови. Она е ок ама останатите кај неа за џабе се плеткаат низ канцелариите :) А во деновите кога е она е страшна гужва и мене тоа ме одврати од подолгосежно одење.

    Друго дојдов да кажам...денот кога ќе ти почне со кршење и срчи е тој ден да си го преспиеш лепотице :) Или да си чистиш од сабајле.
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На vitamina, Peco, mama89 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.482
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Прво да и одговорам на @kukla21, не сум пријавена ама постоеше голема можност дотичниот господин да ме измаршира од фирмава без последната плата и да си останам со прст во уста, затоа е оваа општа радост.

    Е сеа ракометов, не го гледав и не знам чуму оваа еуфорија кога се знаеше од старт дека оваа година ништо од бизнисот, играат со усијани глави, се повторуваат грешки кои секоја година ги прават и уште се чудиме.

    Во врска со режимите, мој совет е да не си играте мајтап со тоа, познавам стотици кои успеале да симнат многу и ги вратиле килограмите инстант бидејќи се вратиле на старо. Проучете си го телото, видете што му одговара што не му одговара, не давајте пари на лист хартија на кој има намирници кои сите знаеме дека треба да ги јадеме. Укуцајте на google крвна група, видете што ви прија што не според тоа, почнете пополека, заменете бело брашно, бел шеќер и сол со поздрави варијанти и веднаш ќе видите реакција. Пијте многу вода и незасладени чаеви и резултатот и без 100те евра на Цвета ќе ги има. Мое мислење, не мора да е така. И вежбајте. Јас доцна разбрав многу работи ама ете тоа ми помогна сега во бременоста да не накачам килограми кои не смеам да ги накачам. Анат многу убаво рече, ми дала храна која нема да можам да ја изедам цел ден, затоа што на организмот му требаат 5 оброка, 3 главни и 2 ужинки, мора да работи на нешто постојано, а не да се изгладнува и да страда. Организмот е со меморија, памти и враќа, мисли дека ќе го лишувате на секое едно од храна и наместо да троши масти ги троши готовите калории од мускулите, па вие останувате само на сало, кожа и целулит.
     
    На anel, Peco, Lady Phoenix и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Esmeralda-MD

    Esmeralda-MD Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    42.451
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам,и морам да кажам Оти јас и баш не бев воодушевена дека морам да си ја напуштам родната грутка,каква таква моја си е,и ми е најубава на свет,но морав.Сакав да имам вистинско семејство,а не да бидеме семејство три пати во годината.И токму тоа ми беше поттик да го направам тој чекор.@mareane подобар е сега,носеше гипс на ножето,но фала богу што не се случило поголемо зло.Исплашен е многу и учителката ми кажува дека не сакал да излегува во дворот,му било страв да не го турнат пак.Зборуваме дома се тешиме,дечиња секогаш сме тука за нив
     
    На vitamina, anel, Peco и 12 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.773
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден.
    @Sky-butterfly На Fox во 22.00 часот. Денес премиера.
    Не знам во која држава си, ама знам држави каде отпадокот кој го фрлаш го мериш на вага и спрема тоа колку си фрлил толку плаќаш. Разумно, зар не!?

    @referentka Би се привикнала побргу отколку што мислиш. Си има ред, се си функционира. Ако не функционира, тогаш народот не остава инаку. И таму има пропусти, ама тоа е висока политика, не се замара народот како овде. Или ако се замара тоа е еден ден во годината, денот кога се гласа.

    Летоска кога бевме на одмор се запознавме со едни Срби иселени повеќе од 40 г. во Канада. Си правиме муабет општо за состојбата во Македонија-Србија. Дека кај нас е тешко да опстанеш во работа (како што и е) и човекот рече дека со нашата струка нема да си богаташ, ама солидно можеш да живееш. Просечна плата кај нас како беше 15.000-20.000 така лажат, не е ни 12000, нема врска. Кг. свинско во европските држави е 2 евра. Кај нас дупло. Колку плаќаме за храна во споредба со примањата? Епа паси Македонче!

    Се извинувам, можеби звучам негативно. Во моментов државата ни е каша-попара.
     
    Последна измена: 26 јануари 2016
    На vitamina, anel, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.