1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas imam mnogu suva koza, posebno posle 40godina. Probav miljon kremi i seuste baram. Ako nekoj ima sovet, molam da spodeli so mene.Odnapred blagodaram.
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
  2. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.704
    Допаѓања:
    268.917
    Пол:
    Женски
    исто и јас имам сува кожа и бас би сакла некој да препорача крема за сува кожа но истоврмено да е и за зрела кожа(антиејџ)
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Да си се потпишам дека прва станав (heidy)
    Ве читам вака си барате соодветни креми,срам не срам да си кажам дека јас сум сеуште на бекутан.:bandit:
    И тоа многу ретко,само како подлога под пудра.
     
    На Lisa_Maja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    137.336
    Ај добро утро. Денес станав напната, сигурна дека каснам на работа, а тоа алармот уште не се ни вклучив. Ич не ги сакам ваквите утра, ама на лајф радио ептен ми ги погодија песните, па се орасположив одма :) До толку што се мислам дали да пијам кафе или директно да прејдам на вишњовача :D. Под стрес сум некако и баш добро би ми дошла некоја чашка. Утре вечер би се подначукала, ќе ми се симне големо гајле, ама задутре сум на систематски, па ништо од бизнисот. Поарно да си седам мирна, отколку после да пасам трева како другиве кај мене на работа, затоа што им испонајдоа триглицериди, замастена јетра и штотијазнамшто.

    Јас исто така имам многу, многу сува кожа и единствено ми помага Еуцерин. Моментално користам Ку10, имаат и една за позрела кожа, а порано користев хидро пауер или такво нешто, не ми текнува. Користам само ноќна, и за преку ден и за навечер. Дневните креми ми се многу лесни, не ми бркаат работа. Сум слушнала дека и Виши биле добри за сува кожа, ама не сум ги пробала.

    За облекување - мене искрено посебно и не ми се сменил стилот. ОК, кога бев помлада носев пократко, и тоа е единствена разлика. Обично носам темни пантолани или сукња, некое весело тенко џемперче или кошула, весели обетки и шарена ташна. Ако немам шарена ташна, тогаш некоја марама или впечатливо герданче, иако марами многу и не ми стојат. Важно морам да имам на мене нешто барем малку шарено :D. Нагоре понекогаш сако, понекогаш џемперче, зависи што ме чека на работа. До душа почесто сако, некако поозбилно се чувствувам, па така и се однесувам :D.

    Високи штикли никогаш и не сум носела - убавиот мој е само 5-6 цм повисок од мене, па тоа е максимум што можам да си го дозволам без да ми се лути :D. Фустани многу сакам, ама многу тешко си наоѓам, па најчесто ги носам за посебни прилики, не за секој ден.
     
    На lunicka и imelda им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @kate21 Немој не и отварај профил на мајка ти оти остана без ручек.[​IMG]

    Инаку поздрав до сите околу и над. Вчера ве читав ама немав време да пишам, впрочем седнав малце и си викам стани оти остана работата не завршена, море отиде денот. А и скоро прочитав една поема за чистењето и работата по дома, па се утешив малце.
    Dust If You Must
    by Rose Milligan

    Dust if you must, but wouldn't it be better
    To paint a picture, or write a letter,
    Bake a cake, or plant a seed;
    Ponder the difference between want and need?

    Dust if you must, but there's not much time,
    With rivers to swim, and mountains to climb;
    Music to hear, and books to read;
    Friends to cherish, and life to lead.

    Dust if you must, but the world's out there
    With the sun in your eyes, and the wind in your hair;
    A flutter of snow, a shower of rain,
    This day will not come around again.

    Dust if you must, but bear in mind,
    Old age will come and it's not kind.
    And when you go (and go you must)
    You, yourself, will make more dust.
     
    На kate21, lunicka, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Баш е добра песнава! :)

    За штиклите и стилот (зборам пред бременоста, сега сум до 4цм), си ги сакам оние 5-10цм - се над тоа ми е неудобно, она што е под некако не ми фаќа око. Фустани многу сакам кога гледам на други, ама посто јас имам и гради и кукови, ко за мене тешко си наоѓам, па воглавно се сведува на комбинација кратка сукња над колена и кошула/блуза со детали како марама, интересен накит (забегав со купување на такви додатоци :$).

    И јас имам сува кожа, додуше понекогаш накај комбинирана иде. Голема мана и е што е и осетлива, па две пакувања од иста крема различно дејство ми имаат, второто при крај знае и да ме нафрли. Од Lush кремите ми се погодени, а моментално од Vichy имам Aqualia, ама не е нешто wow.

    Ај да одам на доручек, моите живеат блиску до моето работно место, па им се најавив да ми спремат 8)
     
    На lunicka и friendy им се допаѓа ова.
  7. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    Хм...за стилот на облекување. Ако се сретнам со некоја школска од средно, дефинитивно нема да ме препознае.Фармерки, патики, блузон, дуксер, маичка, кошулка ми беше стилот. Како што всушност и доликува на средношколка. За излегување малку по префинета варијанта, ама спортска линија да кажам.
    Сега, не дека сум уфирцана, далеку од тоа. Ама здолништа за на работа- задолжително. Се разбира нивната должина е околу колената. Подолго може- покусо-никако. Не за друго - дебели ми се нозете :D. Сукњата може да е цигаретка тесна или лесен глог, А буквата стил.За нагоре кошула со сако, кошула со лесно џемперче или пак со оние плетените болеро-џемпер. Сакам дезенирани хулахопки, ама малку ми е несоодвето за на работа да шпартам со сексиљави дезени на нозете (кои нели исто така ми се доооолги и сексиљави :D ), па затоа ги избегнувам за на работа. Најчесто носам сукњи и фустанчиња, поради тоа што ми се покомотни и попријатни. Сакам и панталони, ама задников се потешко го собирам во некои, а и во тие во кои ќе го соберам, не секои ми стојат убаво. Фустани носам класични, ко за на работа, тиролка или слично, од практична причина како што спомена погоре некоја од вас, без многу мислење одзгора што, и одоздолу што :). Штикли сакам и носам. Не многу високи 3-4-5 цм штикла, бијана шус стил (мислам ме разбирате). Тоа не значи дека ми се сите на Бијана, напротив. Кај мене е проблемот бројчето, имам мала нога, така да некогаш можам да начекам на расподажба добро чевли со добра цена, а кога најмногу ми треба да не можам да најдам ни скапи. Таа е. Но, носам и балетанки и длабоки а рамни чизми...а бе се....;). Знам и некој ѓердан или марама да замотам околу вратот.Фармерки одамна не носам, не ми е убаво, ме стегат на стомак, ме притискат....и не ми е удобно чинам.
    По дома се знае. Три пара тренерки. Едни за чистење и готвење, кои слободно можат да си дозволат да бидат исфлекани, измрсени и слично. Едни здрави а постари за дома седење и едни убави и понови за да одам до некаде. До комшивка, во маркет, до било каде....И ги обожавам.Тренерка грл. Најудобно ми е.
    Шминка, минимална. Малку пудра, малку руж, малку маскара , понекогаш моливче, и/или кармин/сјај. Минимално викам оти не ставам сенки и туш. Не за друго- не умеам :wasntme:.
    А и јас сум во потрага по некоја фина крема за лице. Чуствувам потреба дека ми треба. Лицето не ми е тоа што ми беше. Му се гледа уморот..А моментално ставам што најдам дома, за колку да ставам солеа, нивеа, па и бекутан...Фризура вош ан гоу. Ама па не е лоша...барем ми ја пофалуваат. Вадам прамени кога ми текне,на фризер, се фарбам на месец, месец и пол плус, кога на фризер кога некоја пријателка ќе ме нашљака.... Ноктите си ги растам, мои се и здрави се. Одвреме навреме ги лакирам француски маникир стил, или со безбоен. Фино изгледаат. Депилација да- не прескокнувам.
    Пишувам и читам и не ми се верува...цел реферат имало да се каже за мојот стил....а не се доживувам така
     
    На lunicka, bittersweet, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Најпрво да ве поздравам овде, па потоа надолу низ темите :*. Откако ја отвори Луничка темава, неизбежна е прва да се отвори, па потоа се’ друго. За ова ќе ти дадеме орден Луничке, орден, оти го заслужуваш :hug:.

    Катенце, да ми ја поздравиш мајка ти многу. И наговори го малку татко ти да ја пушти малку на свеж воздух :lol:. Нека си ја разлади главата од секојдневните обврски. Ако нема ручече, ти мила си тука. Веднаш ќе те ангажираме. Да се усовршиш пред да те омажиме :*.

    Да ве прашам нешто...
    Ве читав пред неколку страни, а не стигнав да прашам. Како сте задоволни од машините за миење садови? Сакаше мм да ми купи, ама јас го прекандисав, женава млада била, ќе миела рачно. Ама сега ме фати нешто да ме боцка за неа. Тој само ми се смешка под мустаќ и ми вика е сега нема. Ама ќе му седнам и ќе биде :D, класична жена, ако не те убеди не може да биде.
    Некако бе многу гости ми се собираат последно време?! Не можам со тањирчиња, чаши да ги стигнам, се живо се вади до последно. Вака планирам да си купам една „свекрва“, па да ми замива тањирчиња :$.
    Некој предлог да ми ги олесните макиве и да ме посоветувате?!
     
    На bittersweet, kate21, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Добро утро женчиња

    [​IMG]

    Да ви кажам само за крема: Еве веќе 2 месеца користам домашно направена од монахињите во манастирот во Слепче. На база на пчелин восок е, јака, буквално треба да се гребе па топи низ прсти. Тие ја даваат за сува кожа на раце, лакти, петици, безразлика, ама јас првиот пат ја ставив на ќерка ми на газето, беше раздразнета од ВЦ шољата во градинка. Ништо до тогаш не и' помогна, освен оваа крема, и тоа во рок од 2 саати, со еднаш мачкање!
    Тогаш решив да ја пробам и на лице, и еве од тогаш не сум ја променила :makeup: Сега, реално, јас сум под дејство на труднички хормони, ама пак ми се виде огромна промена на лицето. После пораѓај ќе ви кажам разлика :D
    Иначе ја земам директно од манастирот, 100ден е кутивче мало, како тие за привезоци што се, ама сосем доволно за 2 месеца, пошто е мрсна и по малце се греби и топи. Сестра Ксенија ми рече дека ќе испраќала поголема количина и кај еден дечко во Капиштец што зема и продава и други работи од кај нив, така да, ако сте заинтересирани, ќе ви кажам кога ќе стигнат во Скопје.
    Моја најтопла препорака е барем по 1 кутивче да има секој по дома - што за себе, што за бебе/дете, зошто е најприродна и предобра :)
     
    На SV1911, Mama25, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :hai:

    Ранобудна денес, синко ноќеска спиеше, успеав 5 саати да врзам :party: Баш наспана и одморена се осеќам :D Ај да не го подречам, па да имаме вечер пак целовечерна забава+afterparty. :D

    Јас со години лутам со кремата за лице :doh: Имам комбинирана кожа, сува на образите и брадата, малку мрсничка на челото и носот. Едно време ми се погодија на Гарниер кремите, па после на Нивеа, после на Еуцерин, па на крај завршив со Нивеа софт обичната за раце што се употребува :D Чудно, ама лицето тогаш најубаво ми беше. :^) Моментално користам Garnier Nordic Moisture Match, за лицево ми е супер, веќе 5 месеци ја имам. При крај ми е, планирам да ја сменам, да пробам пак со Еуцерин, некако мислам дека сега повеќе ќе ми одговара на кожата. :?:

    За стилот на облекување......ништо посебно. Порано повеќе се дотерував за на работа :D така тазе вработена многу ентузијаст бев, па посветував многу внимание на облеката. Класични панталони со џемперчиња или кошулки, поретко сако (само за некои состаноци кога сме имале). Е после од кога почнаа да се случуваат разно-разни глупости во фирмата изгубив воља, па почесто си одев со фармерки и рамни чизми/балетанки. Ретко некогаш штикли и панталони, почесто во зима. А за излегувања си задржав повеќе дотерување, секако. Моментално омилена облека ми се пижамите, нели, од разбирливи причини :D Кога сум веќе кај пижамите, многу сакам некои штосни и необични, шарени :D Си најдов на попуст баш такви, 3 пара по цена за 2 ^_^ Ќе ја посетам продавницата наскоро :D
     
    На lunicka, bittersweet, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене, како падобранец улетувам на темава :D
    Глеам за стилови и креми расправате. Ех, за облекување што знам, не сум сменила нешто посебно од порано, блузички на V и кошулки, фармерки, панталони,штикла до кај 7-8 цм (без разлика дали се чевли или чизми, за сандали може повисоко оти љубам платформи), сукњи сега поретко, ама пак ги носам. Марами и обетки задолжително, други детали не носам. Фустани само по свадби носам, не ми се комотни за секој ден. На работа носам униформа, па гледам што полесно да сум облечена, оти се пресоблекувам по двапати само на работа... уф |(
    Креми за лице - преку ден кога сум на работа ББ крем ми е доволен (сеуште), а по дома кога ќе си го исчистам, само крем од невен ставам, па сега лицето фала Богу ми е супер. До кога, ќе видиме. Боја на коса не менувам додека не почне ептен да ми белее, нокти правам еднаш месечно, на потстрижување еднаш на пет-шест месеци. Сакав да пуштам коса, и пуштив до под рамена, ама ми стана никаква и почна многу да ми паѓа, немаше форма, и пред две недели удрив ножиците, сега си имам убава форма и шишки, и плус како помалце да ми паѓа (или само се тешам). И така...

    А бе жени, слушнавте за невремето што се очекувало деновиве? Што ќе се дешава со светов? :o не знам дали да верувам или не...
     
    На bittersweet и lunicka им се допаѓа ова.
  12. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Нееееееееееее грешка. Купуј машина обавезно. Често ми се збираат гости па кога ќе си одат (многу често у 2 у 3 сабајле) ај среди ги садовите. Вака напикај ги у машина и кујната ти е средена. Имам candy и ја користам веќе 20 години.
    Вчера вечерта со момето правевме пита со спанаќ, со готови кори. Излезе топ (мада питата денес треба да ја носиме на ручек кај другарка). ииии кујната средена за секунда. Измив само ванглата кај што го миев спанаќот и цедалката, другото у машина.

    Требаше питата у фрижидер да ја ставиме па да се пече денес, ама .... гладно момето... а и мерак и беше ;)
     
    На lunicka, do-re-mi, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    @Serafima, јас не можам да се замислам без машината за перење садови. На рака мијам само она што не може во неа, а малку се такви работи за среќа, друго не пипам :) Посебно чаши, чинии и тенџериња, се оди веднаш во машината. На Candy е, стара веќе 20тина години, па додека ја држи векот (поправана е пар пати, ама ништо крупно, само морам таблети да користам пошто откажа диспензерот за прашок) ќе тера, после нова во рок од два дена :D

    Не знам дали веќе го имам ефектот на јагнето што викало "волкот, волкот", ама престанав да верувам на најавите за зимска апокалипса што секоја година ни ги сервираат. Особено бидејќи кај нас климата се смени - ако порано се знаеше дека времето од Белград следниот ден доаѓа кај нас, сега веќе не е така, па затоа и минатата зима што беше многу снежна и ладна низ цела Европа, кај нас не се осети многу, после имавме голема среќа и со поплавите и невремињата. Затоа и верувам дека дури и да фати јак студен бран на север, кај нас нема да биде баш толку страшно. И пред две години имавме снегови, па ете преживеавме...
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На lunicka, do-re-mi и Serafima им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @Serafima Машината за садови е благодет :)
    Вчера вечерта, додека ја полнев помислив на некои мислења од темава дека е непотребна и си реков утре ќе дискутирам за ова. Серафима, не се мисли.
    Кујната секогаш ќе ти биде средена.
    Садовите измиени како што сама нема да можеш да ги измиеш (60 степени рака не трпи...кај мене програмата економик е на 60)
    Ќе си ги заштитиш рацете од хемикалии.

    Јас толку си ја сакам што дури веќе не ја викам машина. Си ја крстив МАРА :angel:
     
    На SV1911, Mama25, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    137.336
    @Serafima никако да не се мислиш за машина за садови, кандисувај мажот и купувајте. Без претерување, не можам да си го замислам животот без неа.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    @darcy, заради тоа и јас викам, секоја година ни сервираат нешто, па не знам ни јас дали да верувам или не...

    @Serafima за машина за садови не двоуми се ич! Одма купувај ако си во можност, ќе видиш раат од миење садови. Јас и тенџериња и тави мијам во неа.
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Lisa_Maja

    Lisa_Maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    I jas prethodnite 5-6 god koristev garnier ili nivea,razlicni,malku eksperimentirav,ama poslednite 4-5 meseci sum na Becutan,top e:rock:,baska mi mirisa na bebence...
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Се осеќам постаро денес и од гугл мапата.
    Have a nice day. :*
     
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    @Serafima ме изнасмеа мори...трудна со второ :rofl:. Епа не си до толку де.
    Туку за машината го имаме правено муабетов ама мора пак да ти кажам. Знаеш колку сум се нервирала после ручек кога ќе се свртев да ја видам кујната. Полн судопер со садови, а маж ми 5 пати вода да пие, 5 различни чаши ќе извади, ама откако ја имаме машината (мојата е Електролукс, а 9-10 особи) сум преродена. Напукај се внатре, одма измиени, плус било кој да е, на рака нема шанси така да ги измие. Светат.
    Туку јас сакам да си ја купам онаа правосмукалкана од топ-шоп што сама чисти, е тогаш ќе бидам спасена :D. Седење, цел ден:rock:
     
    На AngelOfArh, bittersweet, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Serafima Мене ми е втора машина за миење садови. Првата ми беше Горење и беше помодерна, втората си ја зедов Бош од оние пообичните и поефтините (ми рекоа дека оние што се помеханички помалку се расипувале).
    Кога ми се расипа машината сватив каков благодет е да ја имаш. По цел ден бев во кујна на водник и имав купишта садови, а со машината кујната ми е средена вчас.
    @Srekicka На ваква ако мислиш и јас би сакала една со се мачката.:lol:
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На Srekicka, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.