1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.226
    Допаѓања:
    283.989
    Добар ден мили мои.
    Јас сакам еден добро утро пост да пишам, ама не иде.
    Секој ден како од зимски сон да се будам, лежам, лежам...па психички и физички се спремам да станам и да го напуштам креветот додека обавезно ми поминува барем во делче од секундата мислата низ глава некој да не ми удрил ќотек додека сум спиела:rofl:.
    Оти мачна многу не сум, а и коскиве не се толку стари де си се тешам:worried::$.

    На моменти ми фали воља, ама си се дотерувам и негувам:inlove:
    Кога станувам, ова малку покасно од вообичаено и пред легнување користам од клиник колекција за сува кожа. Сапун, тоник и крема за суви делови а врз нејзе доаѓа преку ден хидратантна а навечер анти ејџ крема. Шминката ми е скоро целосно од клиник исто така и е најчесто нежно и дискретни. Подлога, течна, камена, руменило, маскара и сјај - нежно карминче. Спас за сува кожа. Против првутот на глава спас најдов во шампоните против првут на виши.
    Истиот и го купив и на мама. Кај нејзе пустата огромни корузи имаше.
    Само жена дали осетлива глава, се измила еднаш и почнало се да ја чеша и си рекла леле вошки фанав од децана. Одма шампон против вошки си купила и чешел:D.
    Важно на крај и она презадоволна, нема вошки а и после неколку миења кожата на главата и се смирила целосно а и првутот го немало.
    Нокти дома средувам, депилација истотака дома. Не сакам да ме пофаќаат- Од броун си купив апаратче за депилирање кое е ефикасно и безболно.
    На фризер на 2 месеци, таму ме фарбаат.
    Последниов месец сум осетлива на мириси, па ниту од кремите за темо, ниту уљата ниту парфеми имам фанато. Едно арно, штедам:rofl:
    За алишта трошам многу, ама па и не жалам:rofl::tmi:

    Сеуште им се спровирам во другана тема од модни критики.:bandit:

    После многу турбуленции животот е убав.
    Само треба да ги следиме своите соништа и да не се предаваме.
    Без разлика колку е тежок моментот, ние сме кројачи на сопствената иднина.
    Драстичните чекори донесуваат и драстични измени.


    Туку дома ја имам најдобрата кафе машина. Италијанциве ја усовршиле подготовкава на кафе до уметност.
    :coffee:
     
    На Mama25, ozbilnazena, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lisa_Maja

    Lisa_Maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj od vas domakinki maka maci so vlagada po dzidovi,osobeno u kupatilo.Krecivme pred pola godina a gledam kaj prozorecot u spalna(a novi se pvc),crni tocki.Mislam deka se sirat.Dajte nekoj predlog...
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Благодарам за поддршката и одговорите. Дефинитивно купуваме.
    Сега уште малку да ве погњавам :lol:.
    Каква да одберам?
    Сигурно ќе биде некоја помеханичка, но не и некоја со дигитален дисплеј. За тоа барем не посоветуваа многумина. Од кој производител да одберам, што ме советувате? Или нема врска?
    Простете за гњаважата :$.

    Srekickе, е ајде кажи што би ми фалело да бидам бременка за второ :wasntme:?! Ќе бидам само малку поизморена, нема да има стокмено ручече секој ден... Тоа ќе биде во глобала. Ама пак затоа мм ќе ми готви, ќе ми суредува и чисти и се’ ќе ми биди погодено. За тоа барем не му се секирам ич, зашто кога се породив, се’ тој ми средуваше дома и ручек ми правеше, се‘. Тој ме заменуваше потполно низ дома. Фала му на Господ што ми го даде таков каков што си сакав :).

    Да ти кажам право ме врати во детството за правослмукалката.
    Не знам дали се сеќавате (на тие горе -долу што сме генерација) на весникот Наш Свет што ни го даваа на училиште, во основно. До сега брзо ги чував сите весници, ама овие моиве (мајка ми и татко ми) изгледа им го пронашле крајот.
    Во еден од нив имаше баш на една од насловните страни дека Кинезите измислиле ваква правосмукалка, а ние деца како деца се смеевме на училиште. Добро се сеќавам на нејзиниот изглед, дека беше потполно иста како онаа сега што ја рекламираат.
    Ах, детство...:l:

    Lisa_Maja, и ние го имаме истиот проблем, ама нажалост во дневната. Единственото решение што не посоветува искусна личност (и благодарам ) е само ставање на сторопор и повторно малтарење. Друг начин на внатрешна заштита и нема, нажалост.
    Ние веќе се одлучивме. Наредната година и тоа нешто ќе го средиме.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Серафимче, ние сега купивме од Нептун за поклон, вградна на Беко, 45ка, со 5 програми (сосема доволно, дома секогаш само 1 користам), без дисплеј и слични глупости - за 14.990 со Happy картичката на Нептун. Оригинално беше 19.000ден.
    И од мене имаш (y) за машина, ОДМА купувај ^_^
     
    На Serafima и lunicka им се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ja imam beko masinata veke 5 godini ija koristam sekoj vtor den...prezadovolna sum i epten si ja sakam....najmnogu mi koristi od site aparati vo domakinstvoto....uste za peglanje da izmislea nekoja...najomrazena aktivnost mi e momentalno
     
    На Espadrila, Serafima и lunicka им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички!
    Нема да ви се верува ама до пред 10 мин.немав струја.Ова да задува во Бугарија кај нас ќе снема струја.

    Стилот за облекување кој го немам,го опишав претходно,а ова за нега на лице што да кажам.Моментално користам крема на Биотен од која не сум задоволна,и Биодерма која е супер ама ми е скапа.Нема шанси повторно да си ја приуштам,Ги загледував на Лореал и Cera di cupra па ќе видиме.Ич не сум дисциплинирана ме држи еуфорија од секојдневно мачкање за после заборавам.Имам некоја чудна комбинирана кожа која не е остро одвоена ,туку има делови кои се суви или баш мрсни.Сепак најмрсна ми е т-зоната единствено што сум поредовна е што ставам АД капки во пределот околку очите.Ама пак си имам брчки нели печат на годините.Она што ние жените го забораваме е да пиеме вода,зашто на тој начин најдобро се хидрира кожата.Се фарбам сама веќе со години,бев плавуша,па црвенокоса,сега бринета.
    Депилација со крема и бикче,редовно се мачкам со млеко за тело.Инаку обожувам козметика и со задоволство би ви ги превртела козметичките торбички.:P
    @Serafima не се двоуми за машината.Голема помош е и никогаш садовите не можеш да ги измиеш како што таа ќе го направи тоа.Особено стаклото.Јас имам Горење и задоволна сум до некаде,не би ти препорачала од таа марка да земеш.Се некако мислам дека и фали нешто а не знам што.:?:
    @Lisa_Maja велат дека влагата особено се јавува ако имате профилни прозорци,зашто добро дихтуваат.Јас со влага не сум имала проблем ,има сега посебни средства и за чистење и за премачување.
    @Annath Не ме плаши те молам.Се уште не сме зеле дрва за огрев баш синоќа пак се карав со овој.Ако не земеме дрва кај секоја од темава ќе дојдам по една недела на гости,ќе си ја протерам зимата.(fingers)
     
    На bittersweet, Espadrila, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.490
    Пол:
    Женски
    Морам за машиниве за садови да се вмешам, од љубов не од друго, најпаметниот подарок од свадба ми е, многу си ја сакам. Бош имам не знам за колку души е ама од поголемите е и ја пуштам секоја вечер со некој исклучоци да скокнам некогаш.
    Ај сеа и за кремите да пишам некој збор, порано имав исклучително сува кожа, не ми беше замисливо да се измијам наутро а крем да не ставам. И тоа некој помрсничок како бекутан, нивеа, солеа. Е од кога се породив некако се нормализира кожата на лицето а и телото па летно време не ставам преку ден крем или ептен малку некој хидратантен. Сега користам Dove и е ок, а поодамна овде од форумов се просветлив за cera di cupra крем за лице за сува кожа е супер ама има некој тежок мирис на ружа кој никако не можев да го сварам.
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Јас сува кожа имам, ама Cera di Cupra сепак претежок ми беше
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    @lunicka , со задоволство би те примила на гости во секое време, овде парното не го гасат, дома шетаме по кратки :D
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    Со влагата, или повеќе како кондензирани ѕидови во домот, си имам и јас проблем. Ми укажаа дека е од добродихтувачките пвц (или алуминиумски, не знам какви ни се) прозори + поликолор на ѕид. Не можел ѕидот наводно да диши од таквата комбинација..А и држи вода муабетот.... Бришев во неколку наврати ѕидовите, па направив реорганизација на мебелот и увидов дека најмногу ми се појавува на места каде е затнат продорот на воздух до ѕидот. На пример позади троседот, кој е залепен на ѕидот. И изведов уште 300 рокади дома, ама веќе се нема појавено.Е сега , останаа траги на ѕидот, ама напролет ќе ги решам. Ова летово не бев психифизчки и материјално спремна на варосување :D
     
  11. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    само јас испаднав на рака садови да мијам.ааа нека помине нова година и јас купувам машина за садови :):). денов помина убаво како за среда :).многу битно е што момче е добро и кола е добро, родителската е откажана за наредна недела така да може малку да се насмееме.:).
    за гости нема проблем ние сме на панелки слободно дојди :).
    за мувлата да ви кажам искрено до пред 1 година имав супер решение ама на некој му текна да прави надворешна изолација и сега есенва пак ми изби и ќе ги потепав. сега мора да правиме ние внатрешна за да нема мувла.инаку користам саво се шприца мириса на хлор како на базен да си , ама 3 месеци раат си.
    крема за лице пробајте ја италијанска ја има една од грозје се прави, природна демек, ја има во виола аптеките.ова за тие што имаат сува и дехидрирана кожа.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Повеќето те советуваат да купиш, а јас не те советувам, само ќе ти ги кажам лошите страни.
    Јас многу мразам кога ќе видам некое садче миено-недомиено. Лошата работа со машините за садови е што ако садот не го исчистиш од тврди предмети, ем нема да биде измиен, ем може да ѝ направи проблем на самата машина. Тоа значи дека пред да ги ставиш во машина, мораш да ги поминеш со вода.

    Втората работа е што, машината никогаш не може да види дали некаде нешто сепак било прилично застоено и треба да се фати со другата страна на сунгерчето.

    Во превод, кога ти доаѓаат гости и си одат, па имаш многу садови, машината е супер, бутнеш све наеднаш и уживаш. Ама ако сте двајца-тројца дома, тогаш не можеш да ја пуштиш машината за три тањирчиња и 6 парчиња од приборот за јадење. Мислам, можеш, ама нелогично е. Треба да ги ставиш, да си постојат, па да пуштиш. Плус, да им пуштиш еден млаз, за нешто да не се залепи цврсто.

    Тоа е тоа.:handshake:
     
    На kolovoz, Serafima, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.754
    Пол:
    Женски
    @lunicka елај си при мене :D, цела недела е 35 степени, дрва ни се мислена именка.:lol:

    Ние денес си ја крстивме малата.:inlove:
    За Матео спремав дома, за Константин викнав кејтеринг ама за малава не можев дома никако, си отидовме во кафеана и чиста работа.
    Алкохол којзнае од кога не сум се напила, од две чаши шампањац почна јазикот да ми се плетка, да си се кикотам како тинејџерка некоја, весела пијаница сум.:drunk:

    За стил, јас бре немам стил, татко ми вика дека ми е џамбаз стилот, ич не сум се метнала на мајка ми.;(
    Мајка ми беше дама права, си беше родена со стил, се гледа на секоја слика од мала си го имаше тоа дамското во неа, како Одри Хепурн, таква беше.:*
    Јас и кога сум најдотерана и средена се гледа дека не се чувствувам како во своја кожа, брат ми го наследил тоа за стил од мајка ми, тој и во долна маица и бермуди изгледа како да ќе го сликаат за насловна страна на Вог.:)
    Тренеркаш стил:D само никогаш не купувам комплет тренерки, како мафијашине:D само долни делови купувам и со маичка на кратки или долги ракави сум најчесто.
    Сега кога е топло во 3/4 панталони и маица на прерамки или летни фустанчиња, кратки, долги ги обожавам а на нозе од сега па до април, мај цело време сум во апостолки.
    Штилки носам многу високи, од мала штикла ме болат нозете, добро е што е мм висок па можам да носам 15 см штикла, кога излегувам со другарки дека тие сите се пониски од мене, носам балетанки, незгодно ми е во штикли кога им висам над главата.:rofl:
    На работа кога одев си имав униформа а на нозе патики.

    За лицето веќе со години користам само хидратанта крема со ув заштита од Lancome и бб кремите од кај нив, не се шминкам многу, многу, римел, сјај и толку освен нели кога некаде излегуваме па сум со полна ратна опрема.:rofl:
    Инаку сум манијак по млека за тело, не знам веќе колку имам, можеби преку 30 отворени сега во моментот, нонстоп купувам.:wasntme:

    Ама се распишав и јас:talk: ај почастете се за крштевката на Летиција, а колку се нервирам Матео ја вика Летка.:@

    [​IMG] [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Barbie20, NoellePage и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Miroslava

    Miroslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    21
    Здраво и од мене. Нон стоп Ве читам, ама мрза сум за пишување. Имам 40 години, ќерка од 14 години и син 6 месеци. Бебево не подмлади. Иако сум ненаспана и уморна, гледам да си најдам време за фемина макар и со синот во раце (како сега на пример). Супер тема, Ве читам и понатаму :)
     
    На IvaSand, Tamatam, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.490
    Пол:
    Женски
    Луничка ја препороди Фемина!
    Што мајки се зачленија, не сме веќе 13+годишен форум.
    Браво
     
    На Mama25, Annath, Cka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Треба цела една под-категорија за нас :$ @mihajlo м?
     
    На Annath и kolovoz им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Каква подкатегорија, не доаѓа во предвид!
    Михајло спремај референдум за отцепување....

    СПОЈЛЕР ::: симболичен де, како оној на Каталонците :)

    (како се става текст во спојлер :lol:)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    ај добро утро и од мене .... ме снема два три дена, по дома со малотони малку надвор зошто од синоќа добивме поларен студ и падна температура -4, а завчера беше 28 .... и имало торнада, па има . Ко да не сме во Тексас, еве снег можеби во недела ...излегување надвор амин! Читам муабетите за машини за миење, еееее спас. Само овде ич не им чинат, нашава е пластична внатре и луѓе, бучи толку многу што не се зборув во дневна и баталив, се на раце мијам. А мк имавме горење и топ! Метална внатре, кога ќе ставиш средство за чостење светнува, да ти е мерак, а овде купив исто ко да си плукнал. Катастрофа!
    Е она за шминкање, дотерување, депилирање .... одев на козметичар и си бев ептен средена, топтан депилација :) ама дојдов овде и ..шишање обично е 35$ минимум, без средување со фенирање, депилација е 70$ мин само за нозе , за веѓи е 25$ ... шминкање јоктур, едвај можам веѓи да искубам еднаш месечно, а и депилација баталив со епилаторче пошо неам време. Крема .... бекутан :) ми прстија моите со пакетич, сиким ти студент сум ....
    ајт бегам, да голтнам тро кафе пошо мслово се комешколи :) поздрав!
    а да, си ја купиб siuth beach diet, и планирам да почнам кај и да е. Како торта сум!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Bas me raduva sto ima tolku odziv temava.Pisuvajte seuste za stilot i kremite, jas bi dodala i slobodno vreme.
    Kako go koristite vaseto slobodno vreme ( mislam na vreme posle rabota ). Imate li nekoe hobi, ucite jazik, vonreden.fakultet, redovni gledanja so priatelki (pr: sekoja sreda rezervirana za...) ....
    Imam jas sekoj den svoj saat dva koj na nikoj ne gi davam.Bas nisto ne me interesira vo toa vreme, toa e moe vreme.Redovno vezbam (3 pati nedelno).
    Ucam fakultet, nakraj sum (uste mesec), a pole toa planiram nekoj jazik da zapisam.
    Ne sum mnogu po shopping, nejkam turkanici i prodavnici.
    Prijatelki, mecteam da imam, ama nazalos nemam. Imam mnogu sto bi rekla kafe piacki. Tolerantna sum, soslusuvam zatoa i imam mnogu od tie taka nareceni kafe piacki ili lollipop friendship ama se na se nisto solidno.
    Kako e kaj vas?
     
    На Annath, Sky-butterfly и bucimir им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.754
    Пол:
    Женски
    ^^^Па веќе сме како отцепени, сите прво тука гледаме и читаме а тек после ѕиркаме по другине категории, ако остане време де.:lol:

    Ме потсети сега @danichap за кафематите, првата работа што ја купи сопругот кога почнавме да живееме заедно е кафемат, ја исфрли мојата онака бејсик модел и донесе една професионална, мојава не правела добро кафе, италијанец бе.:P
    Свекорот ме бендиса како снаа затоа што сум уживала во кафето не сум го шмрнувала наеднаш, за него па е цела процедура кафенисувањето.:lol:
     
    На Moira, Annath, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.