1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    @toogood и јас имав свое време :) сега немам време, од 24 саати јас вадам 26 :) Магитерската ме чека во МК, овде сакав да запишам курс за шиење ( ме интересира чисто онака) ама време ..... тешко! Маж ми работи 12 саати, долго време беше само ноќна смена така да јас бев и мајка и татко и баба и дед нон стоп. Ем готви ем чисти ем станувај цела ноќ :) спиев од 8.30 до 10.30 сабајле, маж ми кога доаѓаше. Со 2 саати :) така да блазе си ти што имаш време за себе, тоа е мнооогу битно.
    Вежбањето кај мене ќе почека малку, почни застани правам :) еее здравје само да има, ќе дојде време и за тоа
     
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Po postot, znam deka si nekade taze imigrant. Jas toa go pominav pred 15 god. Se znam i poubavo od tebe. Znam kolku e tesko so malo dete vo nova zemja, nigde nikoj nemas. Idev vo skolo i ja nosev so mene ili nekogas sama doma ja ostavav ( na cetri godini). Probaj da go menadjiras svoeto vreme, eden den ke ti bide krivo. Napisi vo LP ako sakas.
     
    На bucimir и Annath им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Ќе излажам ако кажам дека не ми е драго што повеќе жени се активираа.Одамна мислев да отворам ваква тема ама се плашев да не биде осудена на пропаст.Додуше рано е да се радуваме да оставиме на времето.
    Време мое сакам да имам и потребно ми е .Ако не се осамам во текот на денот како да ми фали нешто.Пријателки онакви како што сакам да имам ,немам.Сакам опуштено но отворено пријателство,без користење на вага за мерење на услуги,со отворен разговор.Многу се трудев да зачувам пријателство со една пријателка,ама таа во сплет на животни околности се оддалечи од мене.Сега се обидува повторно да го заживее пријателството ама кај мене нешто умре.Не дека не се дружам ама некако поладно ја прифаќам.И не ,веќе не рипам со помош за секој нејзин проблем.Кога одев на работа имав колешки и дружење,за кога да добијам отказ сето тоа го снема,како и да не било.Сега тоа е само магла.
    Конкретно хоби немам,интересите ми се разликуваат во зависност од годишното време.Жал ми е што не можам да си дозволам дообразување,ама сега децава ми се приоритет.И тешко со една плата да имаш да ги задоволиш сите потреби.
     
    На bittersweet, Regenbogen, Teodora* и 3 други им се допаѓа ова.
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @lunicka Не е рано за да се примети успехот на темава.Доволен доказ е тоа што пола од нас да не речам сите при секое уклучување на форумот овде доаѓаме.Не дека не сакам да ги читам и помладите,и да дикутирам и со нив,но овде сум некако по опуштена и отприлика знам што можам да очекувам.
    Нема да речам дека ми е жал што си ја изгубила работата но сепак ми е криво кога читам за една зрела личност која знае што сака од животот а притоа сака и да работи а не работи.А со самото тоа и се ускратуваат многу работи.
    Но да гледаме и на позитивната страна.Седењето дома има и предности но најверојатно ако е на одредено време.Половина од својот живот нон стоп работам и тоа по своја желба.Променети две фирми ради сплет на околности и желба за напредок.Ова ми е прв период од животот во кој не работам повеќе од недела две.Но се надевам дека ке дојде најдоброто.

    Не сум прочепкала низ форумов,постои ли тема во која некој член бара работа а друг пробува да му помогне?
     
    На Teodora*, Annath и NoellePage им се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    @lunicka, баш вчера си го мислев истово. Колку пријателства на стенд бај, колку онака на здраво останати и некои кои пак сакаат да заживнат, ама не е исто. Никогаш не е исто. Порано бев поинаивна, но како што созреав не вложувам во непорватна инвестиција. Се е давање и земање, макар и на убав збор и енергија. Жал ми падна кога пред 6 години дојдов во нова земја и јово на ново се и немав некои пријателки. Сега кога работам, барем се социјализирам, а прашај ме како беше на почетокот? 1 година херојски издржав за подоцна да стане ништо. Ако научив нешто од животецов, е дека претопочитам познаници и пријатели на дистанца, не тип нон-стоп, да знам дека се тука за мене како што и јас сум за нив. Не дај Боже да се слуи нешто кому ќе му јавам? Му Благодарам на Бога за оние што останале и дошле во животов мој, и за сите други оти ме научиле на + и -. Само мака ме фаќа кога гледам како блиска пријателка се навлекла во некојси мамбо џамбо, а јас немоќна...
     
    На bittersweet, MacenceEna и Espadrila им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ако најдеш таква тема и јас сум заинтересирана...пиши ми
     
  7. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    757
    Само на брзина сакам да ве поздравам сите на темава:hai: која е најдобра во последно време на форумов.Искрено мислев да се откажам од овој форум зашто имав впечаток дека на него останаа само деца а кога луничка ја отвори темава сватив колку сум била грешка.Јас повеќе читам одколку што пишувам тука,но темава е прво што отворам,плус деновиве баш и немам време па е и единствена.Поздрав
     
    На NoellePage, lunicka и Annath им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    "Неможе нам нико ништа јачи смо од судбинеог,
    могу само да нас мрзе они што нас не воле." (смајли што игра оро)
     
    На NoellePage, Lisa_Maja, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.368
    Пол:
    Женски
    ke ne proglasat za separatisti na forumov
     
    На Lisa_Maja, artemidis и Annath им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Поарно сепаратисти отколку терористи кои што ги има на одредени теми.
    Лека ноќ.|-)
     
    На Lisa_Maja, Sky-butterfly и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    И јас ве немам поздравено мили жени! Не можам, деновиве пак не ме држи место, од компјутерот ми се гади значи! Мислев поминаа мачнините, ама ете ги, се вратија во полн замав (facepalm)
    Ќе поминат знам, само многу е напорно ( нека не читат тие што се мислат за второ, трето. Слатки маки се тие ахааа 8))

    Вие ептен многу теми свртевте, - жени и се е можно :D

    Јас се облекувам во зависност од прилика и ситуација, можам се да носам, од штикли до старки. Ама она што најмногу сакам се фармерки, добри, кожни чизми ( по можност браон боја / многу сакам чизми на браон нијанса), горе кошула/блуза и џемпер и јакна/капут/мантил.
    Накит не носам, воопшто не го сакам, некако ми тежи, повеќе сакам шал/марама.
    Обично ми даваат помалку години од што имам, имам младолико лице, отсекогаш сакав нега на лице и тело, не дека давам некои големи суми на пари, ама не се запоставувам. Сега во овој период користам козметика од Афродита и Алверде, бидејќи кожата ми е сува, на лето барам нешто полесно.
    Додуша, сега во бременоста не се сеќавам кога ставив крема за раце, од нив посебно ми се гади, ама затоа ќе надокнадам ]:)
    Уф, цел извештај. А да, се запишав вонредно на факултет, ама книга не ја погледнав откако останав бремена, ми се гади :lol:
    Ај здравје полека, никаде не брзам ^_^

    Убава вечер ви посакувам, а ја во овие ситни сати одам да му се пуштам на фрижидерот, ако желудникот нешто ми прифати воопшто. :(
     
    На bittersweet, lunicka и Annath им се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Добро утро :)
    Ете после првото кафенце да кажам дека слободното време дома го пополнувам со читање книги - имам Kindle читач и ептен ми се погоди. Телевизија немам асолно седнато да гледам којзнае од кога, само тенис повремено следам на SportKlub.
    Иначе за женско друштво, си имам 6 поблиски пријателки - старосватицата, една другарка од средно и една од факултет и со нив можам баш се да си кажам, и се знаеме и како дишеме што се вика, и уште 3 пријателки со кои на недела-две обавезно седнуваме на кафе и муабет (мм ми ги вика "оговарачко друштво", ама јас тоа не признавам 8))
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Реков не отварам е-дневник ама црвот ме јаде. Не знам со ова децава што да се прави!
    3-2-3- по некоја четворка тук-там петка ни за лек.:envy:. Па ќе се утешам, тоа се само бројки.
    Уфффф.
    Толерирав до сега, ама од сега сукало ќе игра.
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mamaMace

    mamaMace Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    164
    доста ме плашите со ова е-дневник.ние сме уште мали ама вака како ве читам мене коса ми се крева од тоа што ме чека.ама си се тешам со тоа дека ајде ќе научат па ќе поправат. за другарство ептен ми се погодило имам 2 другарки и еден другар.се дружиме од средно и за да немаме проблем со мажи и жени се договоривме да си станеме кумови едни на други и потоа и венчани кумови си се наместивме.така да ако има желба од двете страни за другарство тогаш тоа опстојува.еве викендов на пример бидејќи момчето мое неможеше да дојде на шопинг јас си бев со другар ми и да ви кажам искрено така си поминавме феноменално што мислам дека одамна така не сме си направиле муабет. гледам сите пишувате за стил за облекување ама јас немам стил.на работа гледам да ми биде пријатно тоа што го носам, а за надвор од работа што ми дојде прво до рака.штикли почнав од годинава пак да носам ама само на работа.
    ај после пак почна гужвата.
    имајте убав дождлив ден.
    а за скопјани еве еден линк
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Пред некој ден разговарав со класната на ќерка ми. Жената се пожали буквално од сите ученици - “од време на време пројавуваат интерес, ама многу кратко ги држи... сега и они видоа дека на екстерното поминуваат одлично, па калкулираат со нас“.
    Јас ова го сватив дека децава најдоа начин како да ги притиснат наставниците, во смисла ај ако смееш стави ми 3, ама јас ќе добијам 5 на екстерно па ќе видиш ти ...
    Јас кажувам за моето дете. Се убивме од учење, без претерување и пак оваа година килаво малку. Направи кикс на 2-3 писмени, и ок ... се случува. Ама зошто бре наставнички оцената на тест е оцена за се???

    Добро Ви утро девојчиња :coffee:
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva Токму тоа сакав д го кажам и јас. Не секое дете го бива за тестови. Пример со мојата ќерка.
    Таа е брзозборка, умна интелигентна, ама бре па не ја бива за писмено изразување! Математика во ред, ама не можам да разберам кога историја или географија ќе им дадат тест и таа отцена е мерило за се. Најверојатно професорите не сакаат да се замараат со испрашување. Дај тест и завршена работа.
     
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @Daleron не знам што да кажам. Веројатно наставниците сакаат да си имаат покритие, црно на бело ако утре се деси да има несовпаѓање на оценката која ја ставиле и онаа добиена од екстерно оценување.
     
  18. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Јас денес сум свечено поканета :)на родителска. И знаете што од сабајле бев опомената да се облечам убаво ( божем за на работа необлечена одам). Како да е поважна мојата гардероба од оценките кои овој пат класната јавно ќе ги чита:worried:. Решив да се облечам во црно за да бидам незабележителна, а ќе се обидам да најдам место во задниот ред (facepalm). Па си се тешам не се битни оценките важно детето ми е интелегентно ама го мрзи да учи:D Нека е здрава и жива ако има среќа ке успее во животот.

    Гледам пишувате за гардероба, шминка, козметика па ај и јас да пишам нешто. За лице користам природно направена крема со прополис, од шминка користам се -обожавам да се шминкам и да експериментирам, а од гардероба најпријатно се чувствувам во фустанчиња. На работа носам најчесто фустанче комбинирано со сако и не многу високи штикли со некој додаток марама или ланче. Понекогаш носам сукња, а панталони многу ретко. Сакам да носам само работи во кои се чувствувам пријатно, а најмногу ме нервира кога сум премногу облечена, не се чувствувам комотно. Косата сама ја фарбам затоа што за црна не е многу важно, а ноктите престанав да ги правам , од причина што не можам таму да седам 2 саати ме фаќа нервоза. После 8 месеци успеав да ги опоравам природните нокти и сега само ги лакирам, најчесто црвени.

    Доста беше цел реферат напишав :tmi: одам да испушам една цигара :hai:
     
    На vinozito1 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Za ocenki i mazi ic da ne mu se sekiras. Toa e menliva rabota.Sekoj ke go najde patot vo svojot zivot. Ostavi decata da uzivaat.
     
    На sanjaeva и Daleron им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.371
    Допаѓања:
    200.772
    Пол:
    Женски
    Добар ден од мене! Ми се допаѓа што е темава поактивна, и плус нови членови се зачленуваат. Ќе биде интересно, ќе биде 8)
    Битер, честито крштевка на Летка! :D (браво за мали, што убаво си го скратил името, ем македонска верзија опнал:rofl:)

    За оценки не знам што да ви кажам... рано ми е уште да мислам на тоа, ама знам дека нема да форсирам дете. Уште сега покажува интерес за учење, ама во школо може да биде друга песна. О том потом.

    Ај бујрумте на кафица
    [​IMG]
     
    На bittersweet, ozbilnazena, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.